ЉУБОВ КОН БОГ

sveti-ignatij-brjancaninov-rr
Љуби Го Бог онака, како што Он заповедал да Го љубат, a не онака како што самоизмамените сонувачи мислат дека Го љубат.
He паѓај во занеси, не придвижувај си ги нервите, не се распалувај co материјален пламен, пламенот на твојата крв. Угодна жртва на Бог е – смирение на срцето, покајност на духот. Бог co гнев се одвраќа од жртвата, која се принесува co гордост за себе, макар тоа да е и жртва паленица.
Гордоста ги придвижува нервите, jа распламтува крвта, го оживува паднатиот живот; а смирението ги смирува нервите, ги скротува движењата на крвта, ги уништува фантазиите, го умртвува паднатиот живот, го оживува животот во Исуса Христа.
Оддалечи се од секое дело, збор, помисли и чувства кои се забранети во Евангелието. Co своето непријателство кон гревот, кој толку му е омразен на сесветиот Бог, покажи и докажи ја љубовта кон Бог. Прегрешенијата во кои ќе паднеш од немоќ, веднаш лечи ги co покајание. Но, подобро труди се да не си ги дозволиш таквите прегрешенија, co строго бдение над себе.
Внимателно изучувај ги Божјите заповеди во Евангелието и труди се на дело да ги исполнуваш, труди се евангелските добродетели да ги претвориш во свои навики, во свои особини.
Совршенството на љубовта се состои во соединување co Бог; напредувањето во љубовта е поврзано co необјаснива духовна утеха, наслада и просветеност. Но во почетокот на подвигот, ученикот на љубовта треба да издржи лута борба co себеси и co својата длабоко повредена природа.
molitva-za-bolni
Злото кое се сродило co паднатата човечка природа и за неа станало закон, станува и војува против Божјиот 3акон, против законот на светата љубов.
Љубовта кон Бог се заснова на љубовта кон ближниот. Кога во тебе ќе исчезне злопамтењето, тогаш си блиску до љубовта. Кога твоето срце ќе биде осенето co свет, благодатен мир кон целиот човечки род, тогаш си на дверите на љубовта.
Ho, тие двери се отвораат само co Светиот Дух. Љубовта кон Бог е дар Божји во човекот, кој co чистотата на срцето, умот и телото, се подготвил себе за примање на тој дар. Според степенот на подготвеност е и степенот на дарот, бидејќи Бог и во Својата милост е праведен.

Слушајќи од Писмото дека нашиот Бог е оган, дека љубовта е оган и чувствувајќи го во себе оганот на природна љубов, немој да помислиш дека тоа е ист оган. He! Тие два огна се во меѓусебно непријателство и се гаснат еден co друг.
Природната падната љубов му ja распламтува крвта на човекот, ги придвижува неговите нерви, му ги буди фантазиите; светата љубов ja лади крвта, ги смирува душата и телото, го привлекува внатрешниот човек на молитвено тихување, го потопува во опиеност co смирение и духовна сладост.

Многу подвижници, кои природната љубов ја примиле како Божествена, ja распламтиле својата крв и фантазија. Состојбата на распламтеност многу лесно преминува во состојба на бесомачност. Наоѓајќи се во состојба на распламтеност и бесомачност, многумина сметале дека се исполнети co благодат и светост, па така биле несреќни жртви на самоизмама.
Знај цврсто дека љубовта во Бог е најголем дар од Светиот Дух, а човекот само може co чистота и смирение да се подготви себеси за примање на тој дар, кој го менува умот, срцето и телото.
Залудно се трудиме, бесплодно и штетно, кога бараме пред време во себе да откриеме возвишени духовни дарови: нив, во одредено време ги подарува милосрдниот Бог на оние, кои постојано, трпеливо и смирено ги исполнуваат евангелските заповеди.
• Некои, кога ќе прочитаат во Светото Писмо дека љубовта е највозвишена меѓу добродетелите (доблестите), дека таа е Бог, почнуваат да се трудат во истиот момент, во своето срце да развијат чувство на љубов и co тоа ги проникнуваат сите свои молитви, мисли за Бог и дела.
Бог се одвраќа од оваа нечиста жртва. Он од луѓето бара љубов, но вистинска љубов, духовна и света, а не измислена, телесна, извалкана co гордост и сладострастие. Невозможно е Бог поинаку да се сака, освен co срце исчистено и осветено co Божествената благодат.
Љубовта кон Бог е дар Божји, таа се излева во душите на вистинските слуги Божји co дејство на Светиот Дух. Напротив, онаа љубов која спаѓа во нашите природни особини, се наоѓа во состојба на повреденост од гревот, која го опфаќа целиот човечки род, целокупното битие на секој човек, сите особини на секој човек.
Попусто ќе се стремиме кон служење на Бог и соединување co Бог co таква љубов! Он e свет и почива само во светите. Он е независен – бесплодни се човековите напори да Го прими Бог во себе, кога нема Божјо благоволение да престојува во човекот, иако човекот е богосоздаден храм, создаден co цел Бог да престојува во него. Тој храм се наоѓа во состојба на жална запуштеност и пред да биде осветен, потребна му е обнова.
Предвременото тежнеење на човекот во себе да развие чувство на љубов кон Бог веќе претставува самоизмама. Тоа веднаш ќе го оддалечи човекот од правилното служење на Бог и ќе го доведе до разни заблуди, a ќе се заврши co повредување и погибел на душата.
• Степенот на нашата љубов кон Бог јасно го гледаме за време на молитвата, која служи како израз на оваа љубов и во отечките дела сосема правилно е наречена огледало на духовен напредок.
Кora за време на молитвата постојано паѓаме во расеаност тоа служи како показател дека нашето срце се наоѓа во ропство на земните страсти и грижи, кои не му дозволуваат во целост да се насочи кон Бог и да живее co него.
Внимателната молитва покажува дека нашето срце ги раскинало нишките на поврзаност за светот, и дека затоа веќе слободно се насочува кон Бог, дека се прилепува за Бог, дека се навикнува на Бога. Преминот од расеана на внимателна молитва или од љубов за светот кон љубов за Бог, бара многу време, многу труд и напор, многу помош.
Потребна е помош на постот, потребна е помош на целомудреност и чистота, потребна е помош на нестекнување, помош на вера, смирение, милост, помош на Божествената благодат. Co заедничко дејство на сите споменати потпори, срцето успева да се оттргне од љубовта кон светот; ослободен од невидливите синџири на падот и огревовеноста, човекот co целото свое битие се насочува кон Бог, откако ќе ја познае возвишеноста и блаженството на таа состојба, тој се труди почесто да престојува во неа.
Љубовта Божја опитно му го докажува своето присуство во него, а тој својата љубов кон Бог ја докажува co внимателна и постојана молитва, која не е разбиена со помис ли за предмети и дела од минливиот свет.
Администрација на МВПЦ

This entry was posted in Поуки. Bookmark the permalink.

Comments are closed.