ПУСТИНАТА НА НАШИОТ СЕГАШЕН ЖИВОТ

01-namib-desert-42-1
По минувањето низ Црвеното Море, Евреите биле на само неколку стотици километри, или две недели патување пешки, од нивната одредена Ветената земја. Сепак, им требаа четириесет години да кружат во пустината пред да дојдат на местото што му беше ветено на нивниот прататко Авраам. Пустината ги соочи овие поранешни робови со сета нејзина суровост, искушенија, маки и повремени оази.
Зошто Бог ги водел да вртат кругови во пустината кога биле толку близу до Ветената земја? Едноставно бидејќи тие не биле подготвени да добијат толку големо наследство. При првиот знак на тежина, војна, глад, жед или било кое друго искушение, тие ги подигале рацете и велеле: “Да можевме да останавме во Египет! Таму нештата беа безбедни и познати; во Египет нашите стомаци ќе ни беа полни”. Со други зборови, нивните срца сѐ уште биле во Египет и немале вера во Бога.
НАШАТА ВНАТРЕШНА ПУСТИНА
Нашите животи и не се толку различни додека патуваме низ пустината на животот. Со влегувањето во црквата, поминавме преку Морето и се крстивме во Христа (Гал.3, 27, Рим.6, 3), но наместо Ветената Земја што се наоѓа од другата страна на нашето крштевање, понекогаш сме шокирани кога ќе сфатиме дека всушност живееме во пустина.
Тука во пустината, нашите срца се во искушение да се вратат во Египет, особено кога животот станува тежок. Што претставува Египет? Значењето малку се разликува за секоја личност посебно, но Египет ги претставува сите световни приврзаности што ги имаме или светски начини преку кои бараме утеха и сигурност.
ШТО Е ЦЕЛТА
Нашиот Господ не стана човек, умре на крстот, а потоа воскресна за да ги спаси луѓето од одење во пеколот. Напротив, ја обединил божествената природа со нашата човечка природа, со цел неа да ја издигнеме во божественост. Он едноставно не сака само „да не спаси“, туку да нѐ претвори во мали Христоси кои се формираат во Неговиот сопствен образ.
Целта на животот и спасението е целосна заедница со Бога. Но, со цел да се случи тоа заедништво, мора да бидеме како Него. „Ние знаеме дека кога ќе се појави, ќе бидеме како Него, бидејќи ќе Го видиме онаков каков што е“ (1 Јован 3, 2). Чистото срце Го гледа Бог (Мт.5, 8), онаков каков што е Он; затоа, Бог прави она што е неопходно за да нѐ очисти од Египет и да нѐ преточи од малку самобендисани чудовишта во божествени суштества.
Таа промена е болна и за неа е потребно време.
СУРОВОСТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ
Кога ќе пристигнеме во Православната Црква, наоѓаме ригорозни правила на пост, долги богослужби, со часови стоење и учења што предизвикува кај нас спротивставување до сржта на нашето битие. Зошто е сета оваа суровост?
Тоа е дел од нашето духовно уредување и формирање. Еден професионален спортист ангажира тренер кој ќе го победи неговото тело преку екстремни вежби и дисциплина. Спортистот знае дека тренерот не го мрази, но го прави тоа за да му помогне да успее. Значи, тој се посветува на строгоста: неговите мисли, неговата исхрана, неговиот начин на живеење. Сè се врти околу неговото духовно уредување за големиот настан.
Како што влегуваме во аскетскиот живот на црквата, почнуваме да се чувствуваме како да се распнуваме и нашето тело не се смирува. Тоа плаче и вреска при секој удар на чеканот врз клинците. Но, овие потешкотии имаат за цел да нè подготват и да нѐ преточат во Божје подобие.
ГОРЧЛИВАТА ВОДА ВО МЕРА
Три дена по минување низ Црвеното Море, Евреите беа жедни и дојдоа до водите на Мера. Но, водата таму беше горчлива и воопшто не можеше да се пие. Тие извикаа кон Мојсеј, кого Бог му заповеда да фрли дрво во водата. Одеднаш, водата стана слатка и луѓето можеа да пијат со задоволство.
Според Свети Григориј Ниски, дрвото што е фрлено во водата е праслика на крстот. Горчливите води го претставуваат овој тежок живот со неволји кои ние христијаните мора да ги издржиме за нашето спасение. Но „преку крстот, радоста дојде во целиот свет“ (Божествена Литургија).
Кога не се спротивставуваме на тешкотиите со кои се соочуваме во животот, кога ги прифаќаме со смирение, дозволувајќи нашата волја да биде распната, кога постојано ги признаваме нашите слабости и неуспеси во исповедта, кога постиме и практикуваме аскетизам кој ни е соодветен, и кога целосно се потпираме на Божјата благодат, почнуваме да наоѓаме радост во нашите страдања.
Таквата радост нема рационално објаснување, но ни носи мир што го надминува секое разбирање (Фил. 4, 7). Крстот има моќ да ја претвори горчината на овој аскетски живот во радост; тој прави нешто што инаку би било неподносливо, во место за освежување.
Се сетив на светителите кои се радуваат (Јк.1, 2) кога страдаат за нашиот Господ. Светителот Порфириј, дури и се молел Бог да му даде рак за да може на таков начин да страда. Ова не се луѓе кои повеќе ја сакаат смртта или имаат самоубиствени нагони, туку се мажи и жени кои го надминале Египет и ги нашле смртта и животот во Христа на крст.
Да го сториме истото, мои браќа и сестри. И додека не стигнеме до таа точка, барем да се трудиме да не се жалиме на искушенијата што Бог ни ги дозволи за нашето спасение.
МВПЦ ††† Јован-Хаџи

This entry was posted in Написи. Bookmark the permalink.

Comments are closed.