САМИНА АЛИ,НОСЕЊЕТО НА ХИЏАБ

МИЛИ БРАЌА И СЕСТРИ ВО ХРИСТА
Во продолжение ви презентираме превод на предавањето на Самина Али, муслиманка по вероисповед, организирано од Универзитетот во Невада на тема: „Што навистина вели Куранот за хиџабот што го носат муслиманските жени“.
Самина Али е американска писателка и активист. Таа е родена во 1969 година во Хидерабад, Индија, и емигрирала во САД каде завршила високо образование на Универзитетите во Минесота и Орегон. Работи како кустос во „Муслима: Уметноста и гласот на муслиманските жени“, глобална, виртуелна изложба во Меѓунарониот музеј на жените, сега дел од Глобалниот фонд за жени. Таа е коосновач на американско муслиманската феминистичка организација „Ќерките на Хаџар“. По вокација е писател, а нејзиниот прв роман „Медари во дождовни денови“ (Madras on Rainy Days) доби престижна награда во Франција. Таа пишува за „Хафингтон Пост“ и „Дејли Бист“.
Превод од видео приказот на Самина Али
„Сега ќе ве вратам во време од пред 1400 години, во градот Медина, Саудиска Арабија, во времето кога на Пророкот Мухамед му била дадена задача да најде решение за жените во градот кои биле напаѓани и злоставувани. Ситуацијата била ваква: тоа се случувало некаде околу 600-та година, многу пред времето на поставување на канализации во градовите. Кога жените се буделе сред ноќ со природна потреба, таа требала сама да излезе од дома, да го помине предградието на градот и да оди во дивината. Верувале или не, група на мажи сфатиле дека тоа е можност и почнале да ги демнат жените во предградијата на градот, со скриен идентитет во темнината. Ако поминала некоја жена покрај нив и таа носела џилбаб, што било наметка, нешто како палто, мажот знаел дека требал да ја остави на мира. Пред многу векови џилбабот бил симбол на статус, како што се палтата на Бербери Тренч или Коко Шанел. Тој покажувал дека жената не била робинка, а слободната жена била заштитена од нејзиниот клан. Таа можела слободно да зборува против напаѓачот и да го идентификува. Но ако жената која излегувала навечер и не носела џилбаб и ако била облечена малку послободно, тогаш мажите знаеле дека таа била роб и ја напаѓале.
Загрижените членови од заедницата го изнеле овој проблем пред Пророкот и како многу други општествени, политички и семејни прашања со кои Мохамед се соочувал за време на неговото пророштво, тој ја предал оваа одредена работа на Бога, и во Куранот, муслиманската света книга се појавил стих. Се вели: „О, пророку, кажете им на вашите сопруги, ќерки и жените на верниците да стават на себе наметка. Така е подобро зошто нема да бидат препознаени и злоупотребени“.
Во основа, стиховите советуваат сите жени да се облекуваат слично така да не можеле да се разликуваат една од друга, и да бидат нападнати. Сфаќајќи го ова површно, може да се чини како релативно лесно решение на проблемот, но излегува дека не било така. Раната муслиманска задница била племенска и длабоко утврдена во општествениот статус, и идејата дека една робинка би изгледала како една слободна жена било речиси навредувачки. Тука било и прашањето на практичноста: како може една робинка да ја извршува својата работа? Како може да функционира ако нејзиното тело било ограничено од облеката? Како таа можела да готви, чисти, да донесува вода? На крај, раните муслимански научници донеле одлука дека начинот на облекувањето на жените би требало да се основа врз две категории: функцијата на жената во општеството – нејзината улога, она што ние сметаме дека нешто е нејзина работа – и одредените обичаи на општеството. Или, со други зборови: кога си во Рим, прифати ги нивните обичаи.
Муслиманите сакаат да ги земаат историските одредби и да ги применат во модерното време. Ајде тогаш да го направиме тоа. Начинот на облекувањето на жената би требало да се заснова врз обичаите и функцијата. Тогаш, што тоа значи за една муслиманска жена која денес живее во Америка, за некоја како мене? Прво, тоа значи дека јас имам функција, улога во општеството, придонес кој можам да го дадам. Второ, тоа значи дека додека го давам тој придонес и живеам во општество каде покривањето со вел не е обичај и каде, всушност, ако ставам вел тоа може да доведе до злоставување, тогаш носењето на она што е обичај, како што е фустан, пар фармерки или пантолони за јога, не само што е прифатливо, туку е препорачливо. Но, чекајте, дали тоа може да биде правилно? После се, зарем сите ние не претпоставуваме дека муслиманската жена мора да се покрива, а тоа покривање е барање од нејзината вера? Дури постои и израз кој сите ние го поврзуваме со велот на муслиманската жена, еден арапски термин кој сите сме слушнале дека се користи, без разлика дали сме сфесни или не: Хиџаб. Можеби јас нешто пропуштив. Можеби барањето за велот на муслиманската жена е во друг дел од Куранот. За сите вие кои не знаете дека Куранот се состои од 114 поглавја, секое поглавје е напишано во стихови, како поезија. Во Куранот постојат повеќе од 6000 стихови. Од вкупно повеќе од 6000 стихови, три стиха се однесуваат на тоа како жената би требало да се облекува. Првиот е стихот за кој веќе ви кажав. Вториот е стих кој директно зборува за сопругите на Пророкот, барајќи тие да почнат да се облекуваат малку поскромно поради нивната улога, нивната функција во општеството како негови сопруги. И третиот стих е сличен на првиот, и тој ја открива директната рекција на историската состојба.
Раните записи покажуваат дека обичајот, модата за време на предисламската ера, бил жените да носат марама на главата, наречена кимар, која била закачена позади ушите и пуштена надолу долж грбот. Напред, жените носеле тесен елек кој им ги истакнувал градите, нешто како на сликите што сте ги виделе во „Игра на престолите“. Кога исламот се проширил низ арапскиот полуостров, бил испратен стих во кој се бара жените да ја носат таа марама, или било која друга наметка, за да ги покријат градите. И толку. Тоа во суштина е се што има во Коранот однесувајќи се на тоа како треба жените да се облекуваат. Се чини дека Бог не навел точно што што треба да се носи за секој дел од женското тело кое треба да биде сокриено од погледи. Всушност, за тоа може да се расправа и се расправа. Не можам доволно да истакнам дека за тоа се расправа од страна на многу муслимански научници дека причината што овие стихови биле намерно оставени нејасни е дека жената може да одбере за себе како да се облекува според нејзината култура и прогресијата на времето.
А што се однесува до терминот „хиџаб“, погодете што? Него го нема во ниту еден од овие три стиха. Всушност, тој никаде во Куранот директно не значи женски вел. Не значи дека зборот не се појавува во Куранот, бидејќи тој се појавува. Но кога се појавува, тој всушност е употребен точно, што значи бариера или поделба. Како што е бариерата или поделбата меѓу нас луѓето и божеството, или меѓу верниците и неверниците. Или тој збор значи бариера, нешто како физички параван зад кој мажите во времето на Мухамед биле замолени да застанат кога тие зборувале со неговите сопруги. Или значи одвоеност, издвојување кое Марија го побарала кога Таа го раѓала Исус. Тоа одвојување и издојување, тоа значи хиџаб; тој физички параван, тоа значи хиџаб. Таа бариера, таа поделба, тоа значи хиџаб. Хиџаб не значи женски вел. И сепак, зарем не е чудно она што изразот значи-да се биде преграден, издвоен, одвоен, – се термините кои ни доаѓаат во умот кога мислиме на една муслиманска жена? Зошто да не? Сите ние сме виделе како некои муслимански жени се третираат во светот: ако една жена се обидува да оди на училиште-нејзе и се пука во глава, ако се обидува да вози автомобил-неа ја ставаат во затвор, ако се обидува да ушествува во некое политичко востание кое се случува во нејзината земја, за да биде слушната – таа е јавно навредувана. Заборавајќи на криењето во темнината во предградијата на градот, некои мажи сега се чувствуваат доволно удобно да нападнат жена на тротоар за да може светот да види. И ним не им е грижа да го сокријат својот идентитет, нив повеќе ги интересира да се најдат во насловите на меѓународните медиуми. Тие се премногу зафатени во снимање видеа и нивно поставување на јутјуб, фалејќи се за она што направиле. Зошто тие не се грижат да ги сокријат своите криминални дела? Тие и не чувствуваат дека направиле било какво криминално дело. Жените се тие кои направиле криминал. Жените се тие кои ги добиле тие чудни идеи во своите глави, идеи кои ги изнесуваат од нивните домови, ги носат во општеството верувајќи дека може да придонесат со нешто во него, а ние знаеме, дека чесните жени, остануваат дома; чесните жени остануваат невидливи. Каков што бил и обичајот за чесните жени во времето на Пророкот. Вистина ли е тоа?
Илјада и 400 години се долго време пред појавата на феминизмот. Дали жените биле заклучени зад затворени врати, издвоени со велови? Всушност, првата сопруга на Пророкот, како што денес би дефинирале, била главен извршен директор чиј број на каравани бил еднаков со на сите останати трговци заедно. Во суштина таа водела успешна компанија за увоз-извоз. Кога таа го вработила Мухамед, таа толку била воодушевена од неговата искреност што по некое време му понудила брак. Не сум сигурна колку жени се чувствуваат удобно при предложување на брак на маж во денешно време. А втората сопруга на Мухамед. И таа не била слаба како личност. Таа јавала на камила во борби што е еднакво на една жена која денес учествува во борба управувајќи тенк. А останатите жени? Раните записи покажуваат дека се барало од жените да бидат вклучени во исламската револуција завземајќи места околу Пророкот. Една жена станала позната како генерал кога таа ја предводела својата армија во борба и ги уништиле бунтовниците. Мажите и жените слободно се дружеле еден со друг и си разменувале подароци. Било обичај една жена да избере свој сопруг и да му предложи брак. И кога нештата не се одвивале како треба, можеле да побараат развод. Жените дури и гласно дебатирале со Пророкот. Ми се чини дека ако фундаменталистите сакаат да го вратат сегашното муслиманско општество во 600 година по Христа, тоа би можело да биде огромен чекор напред. Прогрес.
Но ние се уште треба да одговориме на едно важно прашање. Ако не е од исламската историја или од Куранот, како тогаш ние, во едно модерно време, сме ја поврзале муслиманската жена со хиџабот? Со нејзиното одвојување од општеството, издвоена и изолирана, на која и се забрануваат најосновните човечки права? Се надевам дека нема да се изненадите дека сето ова не е случајно. Во последните неколку децении, самите луѓе на кои им била доделена важната задача да го читаат и интерпретираат Куранот во неколку различни муслимански заедници, одредени свештени лица вметнувале одредени значења во тие три стихови што се однесуваат на жените. На пример стихот кој ви го кажав претходно: „О пророку, кажи им на твоите жени, твоите ќерки и на жените на верниците да ја стават врз себе својата облека, така е подобро за да не бидат препознаени и злоставувани“. Некои свештени лица, не сите, некои свештени лица, додале неколку зборови на тој стих, така да во одредени преводи на Куранот, во тој стих се вели вака: „О пророку, кажи им на твоите жени, твоите ќерки и на жените на верниците да ја стават врз себе својата облека (облека е вел кој га покрива целата глава и лице, вратото и градите, се до глуждовите и до рачните зглобови. Се на женското тело е покриено освен едно око бидејќи таа мора да гледа каде е упатена и дланките мора да бидат покриени со ракавици. Бидејќи, се разбира, имало многу ракавици во тоа време во пустините на Саудиска Арабија. И така натаму, и т.н., т.н. и потоа заграда,..„ за да не бидат препознаени и злоставувани“. И што овие таканаречени свештени лица заклучиле врз основа на овие видови на додавки е дека жената има само една функција. За да се разбере која е таа функција, се што треба да направите е да прочитате некои фатви или правни одлуки што овие т.н. свештени лица всушност ги изрекле. Да ви дадам еден пример. Една жена треба да заврши само основно училиште пред да се омажи. Што значи дека нејзината зрелост е во 11-та или 12-та година од нејзиниот живот? Една жена не може да ги изврши своите духовни обврски кон Бога се додека таа прво не ги исполни своите физички должности кон нејзиниот сопруг. Ако тој ја посака неа додека тој седи на камила, таа треба да му се предаде. Исламот забрани жената да носи градник бидејќи тој ги подига градите и прави жената да изгледа помладо, а ова е пресметана измама. Оваа одлука лично ми е најомилена: ако еден маж има чир кој лачи гној, од врвот на неговата глава до дното на неговите стопала, и таа тоа го излиже, таа сепак нема да го исполни она што нему му должи. Што овие и многу слични одлуки кои се однесуваат на жената се сведуваат на ова: Најдобрата меѓу жените, најчесната меѓу нив, е необразована, а со тоа е немоќна, не многу различна од една робинка. Така, таа останува дома, без да се жали, без градник, подготвена и на располагање во секое време да ја задоволи секоја негова желба, дури и ако треба да го лиже неговото цело тело; да го задоволи секогаш кога е во својот кревет или на грбот на камилата. Дали ова ви звучи како Божја желба? Дали ова ви звучи како дел од света книга? Или пак ви звучи чудно, непријатно еротски, како најлош вид на фантазија на еден мисогинист (личност со предрасуди кон жената)? Дали овие т.н. свештени лица и фундаменталисти и екстремисти, кои нив ги поддржуваат, навистина го прочистиле исламот од внатре, донесувајќи го во наменетата форма? Или дали овие мажи не се разликуваат од оние мажи кои стоеле надвор во темнината во предградијата на градот, желни да запленат жена? Ви благодарам.
МВПЦ +++ Јован Хаџи

This entry was posted in Видеа. Bookmark the permalink.

Comments are closed.