МУДРИТЕ ЌЕ НАСЛЕДАТ СЛАВА А БЕЗУМНИТЕ СРАМ

TriKralja
Не откажувај да му направиш добро на оној, кој има потреба, кога раката твоја има сила да му помогне.
Не вели му на пријателот свој: „Оди си и дојди пак; утре ќе ти дадам” кога си во состојба да му помогнеш.
Не крој зло против ближниот свој, кога тој со доверба живее кај тебе.
Не карај се со човек без причина, кога не ти направил никакво зло. не завидувај му на човек кој постапува насилно, и не избирај ни еден од патиштата негови, зашто на Господ Му е одвратен безбожникот, а близок е со праведникот.
Проклетството Господово е врз домот на безбожниот, а живеалиштето на праведниот Бог го благословува.
Над оние што се подигруваат, Тој им се потсмева, а на смирените им дава благодат.
МВПЦ +++Јован Хаџи

This entry was posted in Поуки. Bookmark the permalink.

Comments are closed.