ПРАВОСЛАВИЕТО ПРЕД РАСКОЛ

РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ГО ПРЕКИНА ДИЈАЛОГОТ СО ГРЧКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
08-raskol-foto-ria (1)_620x0
Руската Православна Прква го прекина екуменскиот дијалог со атинскиот и сегрчкиот епископ Јероним.
По престанокот на контактите со Цариградската Патријаршија, Руската Православна Црква одлучи да го прекине вселенскиот дијалог со атинскиот архиепископ и на сите Грци, Јероним Втори. Рускиот патријарх Кирил нема да го спомне името на атинскиот Архиепископ за време на својата служба, а причината е тоа што Грчката црква се приклучи на одлуката на цариградскиот патријарх Вартоломеј кој ја призна украинската расколна православна црква. Ова го потврди волоколамскиот митрополит Иларион задолжен за надворешни односи.
Интересно е што Московската патријаршија ќе ги продолжи контактите со свештеници во Грција кои не ја признале новонастаната Украинска православна црква. Очигледно е дека врз Грчката Православна Црква, како и претходно врз Цариградската патријаршија, е вршен моќен притисок од Вашингтон и е променет ставот кон украинските расколници. Долго време Цариградската Патријаршија, како и Грчката Православна Црква, беа против самонаречените расколници во Украина кои, по добивањето на томосот, т.е. документите за автокефалност, се скараа.
Токму поради тоа е чудна одлуката на Соборот на Грчката Православна Црква која на 12 октомври го призна правото на цариградскиот патријарх Вартоломеј да одобрува автокефалност. Соборот му даде право на атинскиот архиепискот и на цела Грција Јероним да „продолжи да се бави со прашањето за признавањето на црквата на Украина“.
Без сомнение дека ќе се променат односите меѓу православните цркви во светот. Лесно може да се забележи желбата на цариградскиот патријарх Вартоломеј да стане „источен папа“, на што се противат многу источни цркви, сметајќи го Вартоломеј само за „прв меѓу еднаквите“. Тоа значи дека сите значајни одлуки во православниот свет, меѓу кои е и доделувањето на автокефалност, може да се донесуваат единствено колективно на собор на православните цркви, а не тоа да биде привилегија на патријархот Вартоломеј.
„Рускиот егзархат“ е основан во 1921 година кога привремената управа на руските цркви во Западна Европа е доверена на архиепископот Евлогиј. Таквата одлука ја донел тогашниот московски патријарх и цела Русија Тихон, Светиот Синод и Врховниот совет на црквите. Заради историските околности во 1931 година, парохиите на чело со митрополитот Евлогиј биле привремено предадени во надлежност на Цариградската патријаршија во својство на егзархат, при што митрополитот нагласувал дека „тоа е само привремен прекин на официјалните административни односи“ додека „не се воспостави општопризната централна црковна власт и нормални услови на живот на Руската православна црква“.
Во ноември 2018 година Цариградскиот синод одлучи да ја распушти таа архиепископија. Во септември 2019 година во Париз е оддржан состанок на свештенството на архиепископијата на кој, како што соопшти Руската Православна Црква, големо мнозинство од свештенството прифатило да се приспои на Руската Православна Црква. На 14 септември Синодот на РПЦ донесе одлука под јурисдикцијата на Московската патријаршија да го прифати архиепископот Јован, заедно со припадниците на неговата парохија.
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА ЕВРОПА
08-raskol-foto-d-dozet (2)
Руската Православна Црква ги обедини силите на Запад. Московскиот патријарх Кирил му предал на поглаварот на архиепископијата парохија во Западна Европа кои ја почитуваат руската традиционална синодална повелба за обнова на единството на таа архиепископија со Руската Православна Црква. Таа повелба му била предадена на архиепископот Јован во московкиот храм посветен на Христос Спасителот. По свечениот чин таа архиепископија станува дел од Московската патријаршија.
ДОЗНАЛЕ ОД МЕДИУМИТЕ
Митрополитот Иларион, задолжен за надворешните односи во РПЦ, тврди дека за одлуката на ГПЦ да ги признае украинските расколници во Москва дознале од сретствата за информирање. Многу грчки архиереи, кои биле против признавањето на расколничката црква, не можеле да се изјаснат.
Грчкото признавање на непостоечката црква во Киев предизвика нови тензии во православниот свет.
За поделбата во православниот свет предизвикана со признавањето на незаконската Украинска црква која ја предводи Епифаниј Думенко, се крие намерата на вселенскиот патријарх себеси да си додели улога на врховен поглавар на православните цркви. Аспирацијата на патријархот Вартоломеј да биде „православен папа“ се заканува да предизвика длабок раскол меѓу црквите, како и да ги загрози природните интереси на Српската патријаршија.
Со овие последици се закани последниот акт на Атинската архиепископија на признавање на новооснованата и неканонската црковна организација во Украина. Со чинот на признавањето, кој многумина го објаснуваат како директен притисок од страна на Цариградската патријаршија, се вдиша нов живот и стари тензии на релација на словенските цркви и грчката црква. Благословот на Грција за т.н. Украинска црква и легитимирањето на украинските расколници предизвика нов бран на напнатост меѓу православните патријаршии.
СПЦ меѓу првите го осуди гестот на Атинската патријаршија и го повтори својот принципиелен став за ова прашање:
Нашиот став, соборски формулиран, останува неизменет: непокаените украински расколници не ги признаваме ниту за припадници на Црквата, а камоли за нормална автокефална православна црква – соопшти портпаролот на Соборот на СПЦ, бачкиот епископ Иринеј, кој го крена гласот и против непостоечките надлежности на патријархот на Фанар.
Владиката Иринеј истакнува дека патријархот Вартоломеј, кој стои зад опасниот црковен инженеринг во Украина, никако не е „епископ на целата вселена“, како што гласи новото читање на звањето на Вселенската патријаршија, туку само е епископ на древниот Константинопол, денеска Инстанбул. Епитетот „вселенски“, според бачкиот епископ, се однесува на некогашната византиска вселена – некогашниот простор на Источното римско царство.
Конфликтот на „украинската линија“, како што толкуваат познавачите на црковните односи, би можел да предизвика тектонски пореметувања во стекнувањето на идни самостојни цркви. Со други зборови, автокефалност, според постоечкиот модел, ќе може да побараат различни неканонски црковни организации. Голема надеж во вакво сценарио, меѓу останатите, полага и расколната Македонска црква која е под формална канонска јурисдикција на Српската патријаршија.
Македонскиот раскол е една од најболните точки за СПЦ. Тамошната црковна организација се обидува да го пронајде својот пат до формализирање на самостојноста, иако за неа – не ги исполнува условите.
Најважниот канонски услов е примената на вековното општо правило – благослов од матичната црква. Тоа би значело дека македонците може да стекнат автокефалија само со дозвола на Патријаршијата во Белград. Со признавањето на парацрквата во Украина се направи преседан на кој се надеваат и во Скопје.
СПЦ никогаш не бегала од дијалог со претставниците на т.н. Македонска црква, но само со почитување на ова општо правило кое со векови важи во Православието. Во новата стратегија на Цариград кон прашањето на стекнување на самостојност, во Скопје гледаат шанса до официјалниот статус да стасаат – по пократок пат. Истата надеж ја негуваат и во т.н. Црногорска православна црква, со тоа што во организацијата на Мираш Дедеиќ, освен формата, недостасува и се останато – пред се верници и храмови.
СПЦ: ГРЧКОТО ПРИЗНАВАЊЕ НА АВТОКЕФАЛНОСТА НА УКРАИНСКАТА ЦРКВА Е ЧЕКОР КОН РАСКОЛОТ НА ПРАВОСЛАВИЕТО
06-makedonci_620x0
Ако не се тргне во последен момент, грчкиот архиепископ Јероним ќе ја подели одговорноста пред Бога, Црквата и историјата со патријархот Вартоломеј- пишува бачкиот епископ Иринеј по повод одлуката на Грчката православна црква.
Препораката на архиепископот на ГПЦ за признавање на автокефалноста на Украинската црква се темелела на препораките на двата надлежни одбори на грчката Јерархија кои предложиле автокефалноста да се признае како во времето на повторното основање на Црквата во Албанија и Чешка.
Јероним на седницата напомнал дека Украинската црква отсекогаш била во канонска надлежност на Вселенската патријаршија која од таа своја надлежност отстапила за Украинската црква да се придружи на автокефалните православни цркви иако тој акт го оспорувала Московската патријаршија.
Така Јерархијата на ГПЦ ја прифатила одлуката на претходниот Постојан Свети Синод од 28 август и препораката на Јероним и, како што пишува во соопштението, го признала „канонското право на Вселенската патријаршија на отстапување на автокефалноста, како и привилегијата на поглаварот на ГПЦ понатаму да се бави со прашањето на признавањето на Украинската црква“.
Бачкиот епископ на СПЦ, Иринеј, пишува дека врз основа на таа одлука, вселенскиот патријарх Вартоломеј и атинскиот архиепископ Јероним служеле литургија во Солун, при што Јероним во молитвата го спомнал „лажниот митрополит ‘киевски и на цела Украина’ Епифаниј Думенко“.
Во соопштението, кое е на сајтот на СПЦ, Иринеј пишува дека таа постапка е „последен чекор пред амбисот на уште подлабок и поопасен раскол во вселенското Православие“.
Иринеј наведува дека Светиот Синод на Московската Патријаршија веќе официјално соопштил дека „признавањето на украинските расколници како Црква од страна на Атина ќе проследи со бришење на името на атинскиот архиепископ од диптихот на РПЦ и прекинување на општењето со сите архиереи на ГПЦ кои го усвојуваат ставот на Архиепископот и во иднина ќе сослужуваат со расколниците од Украина кои всушност немаат никаков свештенички чин, ниту воопшто припаѓаат на Православната Црква.
Тој раскол, пишува Иринеј, „не го предизвикала РПЦ, туку исклучително Цароградската патријаршија, а за негово евентуално продлабочување и продолжување одговорноста ќе ја сноси ГПЦ како до сега единствена која, по долго спротивставување, ‘легнала на брашно’и постапила според инструкциите на Фанар (Вселенската патријаршија), Вашингтон и Бог знае уште кој друг“.
„Ако не се тргне во последен момент, архиепископот Јероним ќе ја подели одговорноста пред Бога, Црквата и историјата со патријархот Вартоломеј, кој, за жал, заборава дека тој прво е епископ на Костантинопол, денеска Истанбул, и дека титулата ‘вселенски патријарх’ всушност означува прв епископ на византиската ‘вселена’, како во официјалната идеологија е наречена Ромејската или Источноримската империја“, пишува владиката Иринеј.
„Таа титула на Вартоломеј“, продолжува бачкиот епископ, „не означува ‘епископ на целата вселена’, односно целата планета Земја, како што суштински гласи современата новотарска и – ќе речам без размислување – политичката идеологија на Вселенската патријаршија, Фанар или како веќе кој сака да се изрази.“
„Ставот на Српската Православна Црква, соборски формулиран, останува неизменет: непокаените украински расколници не ги признаваме ниту за припадници на Црквата, а камоли за нормална автокефална Православна Црква“, пишува на крајот на соопштението кој го потпишал бачкиот епископ Иринеј.
Tan2019-10-17_141425759_0_620x0
МВПЦ +++Јован Хаџи

This entry was posted in Екуменизам. Bookmark the permalink.

Comments are closed.