БЛАГОСЛОВЕНИ МУДРОСТИ

9e9c73203cf35093c30e0dbed59cd0f6

ТОЈ ШТО Е ЉУБЕЗЕН-СЕБЕСИ ДОБРО СИ ПРАВИ, ОНОЈ ШТО Е СУРОВ-СЕБЕСИ ЗЛО СИ ПРАВИ.

НА СУДНИОТ ДЕН БОГАСТВОТО НЕ ПОМАГА, САМО ПРАВЕДНОСТА ОД СМРТ ИЗБАВУВА.

РАЗУМЕН ЧОВЕК ЈАЗИКОТ СИ ГО ЗАУЗДУВА, НЕРАЗБРАН ЧОВЕК И НАЈБЛИСКИТЕ ГИ НАВРЕДУВА.

ОД УСТАТА НА ПРАВЕДНИКОТ МНОЗИНА СЕ ПОУЧУВААТ, А БЕЗУМНИТЕ ГИНАТ, БИДЕЈЌИ НЕ РАСУДУВААТ.

ШТОМ ЌЕ СЕ ПОЈАВИ ГОРДЕЛИВОСТ ЌЕ ДОЈДЕ И СРАМ, А СО ПОНИЗНОСТА ДОАЃА МУДРОСТА.

ОМРАЗАТА ПОТИКНУВА КАРАНИЦИ А ЉУБОВТА ГИ ПОКРИВА СИТЕ НАВРЕДИ.

ПРИ МНОГУ ЗБОРОВИ НЕИЗБЕЖНО СЕ ГРЕШИ, А МУДРАТА УСТА ОДМЕРЕНО ЗБОРИ.

МУДРИОТ ЧОВЕК ПОЧИТУВА ПРАВИЛА, А БЕЗУМНИКОТ ПРИГОВАРА И ПРОПАЃА.

ЧЕСНИОТ ЧОВЕК ВО СВОИТЕ ЧЕКОРИ Е СИГУРЕН, А ТОЈ ШТО ОДИ ПО КРИВ ПАТ ЌЕ БИДЕ ОТКРИЕН.

МРЗЛИВАТА РАКА НОСИ БЕДА ВРЕДНАТА РАКА НОСИ БОГАСТВО.

ЧОВЕЧКОТО СРЦЕ ПЛАНИРА, НО КОНЕЧНИОТ ЗБОР ГОСПОД ГО ИМА.

АКО НА ГОСПОД МУ СЕ УГОДНИ ТВОИТЕ ПОСТАПКИ, ТОЈ ЌЕ ГИ СМИРИ ТВОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ

ПРЕКУ ЉУБОВТА И ВЕРАТА ГРЕВОТ СЕ ПРОСТУВА, ПРЕКУ СТРАХОПОЧИТ КОН ГОСПОДА ЗЛОТО СЕ ОДБЕГНУВА.

ЉУБЕЗЕН ОДГОВОР ЈАРОСТ СТИВНУВА, ОСТАР ЗБОР – ГНЕВ РАСПАЛУВА.

БЕЗ СОВЕТУВАЊЕ ПЛАНОВИТЕ ПРОПАЃААТ, А ПРИ МНОШТВО СОВЕТНИЦИ, ТИЕ УСПЕВААТ.

ИЗБУВЛИВ ЧОВЕК КАРАНИЦИ РАЗГОРУВА, А ТРПЕЛИВ ЧОВЕК РАСПРАВИИ СМИРУВА.

ПОВКУСЕН Е РУЧЕКОТ ОД ЗЕЛЕНЧУК КАДЕ ШТО ИМА ЉУБОВ, ОТКОЛКУ ОД ЗГОЕНО ТЕЛЕ, КАДЕ ШТО ИМА ОМРАЗА.

ПОДОБРО Е ДА ИМАШ МАЛКУ СО СТРАХОПОЧИТ КОН ГОСПОД, ОДОШТО ДА ИМАШ ГОЛЕМО БОГАТСТВО И НЕМИР СО НЕГО.

НА ОНОЈ ШТО Е НАМУРТЕН ЦЕЛИОТ ЖИВОТ МУ Е МИЗЕРЕН, А ВЕДРОТО ЛИЦЕ ПОСТОЈАНО ПРАЗНУВА!

ВЕСЕЛОТО СРЦЕ МУ ДАВА ВЕДРИНА ЛИЦЕТО, А ТАГАТА ВО СРЦЕТО, ДУХОТ ГО ПОТИШТУВА.

ЉУБЕЗЕН ОДГОВОР ЈАРОСТ СТИВНУВА, ОСТАР ЗБОР – ГНЕВ РАСПАЛУВА.

ЈАЗИКОТ ШТО ОХРАБРУВА Е ДРВО НА ЖИВОТОТ А ПАКОСНИОТ ЈАЗИК ДУХОТ ГО РАНУВА.

СО МУДРИОТ СЛУГА И ЦАРОТ СЕ ФАЛИ, А СЕ ЖЕСТИ НА ОНОЈ ШТО ГО СРАМИ.

ОЧИТЕ ГОСПОДОВИ СЕ НАСЕКАДЕ И ГИ НАБЉУДУВААТ И ЛОШИТЕ И ДОБРИТЕ.

МУДРИОТ ЈАЗИК ЗНАЕЊЕТО ГО ИЗДИГНУВА, А БЕЗУМНАТА УСТА ГЛУПОСТИ ИСТУРА.

ЉУБЕЗЕН ОДГОВОР ЈАРОСТ СТИВНУВА, ОСТАР ЗБОР-ГНЕВ РАСПАЛУВА.

МУДРОСТА ЖИВЕЕ ВО СРЦАТА НА РАЗУМНИТЕ, ТАА СЕ ОГЛАСУВА И МЕЃУ НЕРАЗУМНИТЕ.

СО МУДРИОТ СЛУГА И ЦАРОТ СЕ ФАЛИ, А СЕ ЖЕСТИ НА ОНОЈ ШТО ГО СРАМИ!

ПРАВЕДНОСТА НАРОДОТ ГОИЗДИГНУВА , А ГРЕВОТ СИТЕ ЛУЃЕ ГИ ПОНИЖУВА
НЕСРЕЌАТА ДОАЃА И БЕЗБОЖНИКОТ ГО ДОКРАЈЧУВА, А ПРАВЕДНИКОТ И КОГА УМИРА СИ ИМА ЗАКРИЛА.

КОЈ БЕДНИТЕ ГИ УГНЕТУВА, ТВОРЕЦОТ ГО НАВРЕДУВА, А КОЈ БЕДНИТЕ ГИ ПОМАГА- НЕГО ГО ПОЧИТУВА!

ТРПЕЛИВИОТ ЧОВЕК ПОКАЖУВА ГОЛЕМО РАЗБИРАЊЕ, А ИЗБУВЛИВИОТ СИ ГО ОТКРИВА СВОЕТО БЕЗУМИЕ.

МУДРИТЕ ИМААТ БОГАСТВО ШТО ГИ КРАСИ, БЕЗУМНИТЕ- БЕЗУМИЕ ГИ ГНАСИ!

ОД СЕКОЈА РАБОТА ИМА ПОЛЗА, А ОД БРБОРЕЊЕ-САМО БЕДА!

КОЈ КРОИ ЗЛО, ТОЈ ВЕЌЕ ЗАСТРАНУВА А НА ТОЈ ШТО Е СО ДОБРА НАМЕРА -
СО ЉУБОВ И СО ВЕРНОСТ МУ СЕ ВОЗВРАЌА.

ГРЕВ Е БЛИЖНИТЕ ДА ГИ ПРЕЗИРАШ, БЛАЖЕНО Е БЕДНИТЕ ДА ГИ ПОМАГАШ!

ОД СИРОМАВИОТ И НАЈБЛИСКИТЕ БЕГААТ, А НА БОГАТИОТ ПРИЈАТЕЛИТЕ МУ СЕ МНОЖАТ.

ЌЕ ДОЈДЕ ДЕНОТ КОГА ЛОШИТЕ ЌЕ СЕ ПОКЛОНАТ ПРЕД ДОБРИТЕ И БЕЗБОЖНИЦИТЕ ПРЕД ПОРТИТЕ НА ПРАВЕДНИТЕ.

ПРОСТИОТ СО ГЛУПОСТИ СЕ КИТИ, А МУДРИОТ ЗНАЕЊЕ ГО КРАСИ.

ИЗБУВЛИВИОТ ЧОВЕК СЕ ОДНЕСУВА ГЛУПАВО, А ПОДМОЛНИОТ ЧОВЕК Е ОМРАЗЕН МЕЃУ ЛУЃЕТО.

МУДРИОТ ЧОВЕК Е БОГОБОЈАЗЛИВ И ЗЛОТО ГО ОДБЕГНУВА, А БЕЗУМНИКОТ КАКО БЕЗГЛАВ ЈУРНУВА.

НАИВЕН ЧОВЕК НА СЕ ВЕРУВА, А МУДРИОТ ЧОВЕК СЕКОЈ СВОЈ ЧЕКОР ГО ПРОМИСЛУВА.

И ПРИ СМЕА МОЖЕ ДА ИМА БОЛКА ВО ДУШАТА, И ВЕСЕЛБАТА ЌЕ И ОТСТАПИ МЕСТО НА ТАГАТА.

ИМА ПАТИШТА КОИ НА НЕКОИ ЛУЃЕ ИМ ИЗГЛЕДААТ ПРАВИ НО НИВНИОТ КРАЈ ВО СМРТ ВОДИ.

ДОМОТ НА БЕЗБОЖНИКОТ ЌЕ ПРОПАДНЕ, А ЖИВЕАЛИШТЕТО НА ПРАВЕДНИКОТ ЌЕ ПРОЦУТИ.

ДУШАТА СИ ГИ ЗНАЕ СВОИТЕ МАКИ, А И СВОИТЕ РАДОСТИ СО СЕКОЈ НЕ ГИ ДЕЛИ.

НАСТРАНА ОД ГЛУПАВ ЧОВЕК – ОД НЕГО НИШТО ПАМЕТНО НЕМА ДА ЧУЕШ!

МУДРИТЕ СЕ МУДРИ ЗАШТО ГИ ОБМИСЛУВААТ СВОИТЕ ПОСТАПКИ,
БЕЗУМНИТЕ СЕ БЕЗУМНИ БИДЕЈЌИ ЖИВЕАТ ВО ЗАБЛУДИ.

БЕЗ ДОБИТОК – ЧИСТА ШТАЛА, НО СО СИЛЕН ДОБИТОК – БОГАТА ЖЕТВА.

ЧОВЕК ШТО ЗБОРУВА МУДРО Е ЗА ФАЛЕЊЕ, А ОНОЈ СО ИЗВРТЕН УМ Е ЗА ПРЕЗИРАЊЕ.

ОД ДОБРИОТ ЧОВЕК ЌЕ ОСТАНЕ НАСЛЕДСТВО И ЗА ВНУЦИТЕ, А БОГАТСТВОТО НА ГРЕШНИЦИТЕ ЌЕ ОСТАНЕ ЗА ПРАВЕДНИТЕ!

И НА НИВИТЕ НА СИРОМАШНИТЕ ИМА БОГАТА ЖЕТВА, НО ТАА ПРОПАЃА ПОРАДИ НЕПРАВДА.

КОЈ ДОБРО РАСУДУВА, БЛАГОНАКЛОНОСТ ПРИДОБИВА, А ПРЕСТАПНИКОТ ТЕШКО ЌЕ СЕ ПРОБИВА.

КОЈ СО УМНИ ДРУГАРУВА- УМЕН СТАНУВА, А КОЈ СЕ ДРУЖИ СО БЕЗУМНИЦИ – ЌЕ СЕ УПРОПАСТИ!

СЕКОЈ УМЕН ЧОВЕК ПРВО ПРОУЧУВА, ПА ДЕЛУВА, А БЕЗУМНИКОТ СИ ЈА ИСТАКНУВА ГЛУПОСТА!

ПОУКИТЕ НА МУДРИТЕ СЕ ЖИВОТВОРНА РЕКА, МОЖАТ ДА ИЗБАВАТ ОД СМРТОНОСНА ЈАМКА!

НАБРЗИНА СПЕЧАЛЕНОТО, БРГУ СЕ ПОТРОШУВА, А ГРСТ ПО ГРСТ СОБИРАНОТО, БОГАТО СЕ НАМНОЖУВА.

КОЈ ГИ ПРЕЗИРА ПОУКИТЕ, СКАПО ЌЕ ПЛАТИ, А НА ТОЈ ШТО ГИ ПОЧИТУВА ЗАПОВЕДИТЕ ЌЕ МУ СЕ ИСПЛАТИ!

ВООБРАЗЕНОСТА ДО КАВГИ ДОВЕДУВА, А КОЈ СЛУША СОВЕТИ-МУДРО ПОСТАПУВА!

ДОЛГОТО ЧЕКАЊЕ Е МАЧНО ЗА СРЦЕТО, А ОСТВАРЕНАТА ЖЕЛБА Е ДРВО НА ЖИВОТОТ!

ПРАВЕДНИКОТ Е ВНИМАТЕЛЕН КОН СВОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ, А БЕЗБОЖНИКОТ ГИ ЗАВЕДУВА НА ГРЕШНИ ПАТЕКИ!

ВРЕДНАТА РАКА ГОСПОДАРИ, А МРЗЛИВАТА СЛУГУВА.

ИСКРЕНАТА УСТА ИМА ДОЛГ ВЕК, ЛАЖЛИВИОТ ЈАЗИК ИМА КУС ВЕК.

КОЈ СИ ЈА ПАЗИ УСТАТА-ТОЈ СИ ЈА ПАЗИ ДУШАТА, А КОЈ МНОГУ ЗБОРУВА СЕБЕСИ СЕ УНИШТУВА.

ПРЕКУМЕРНАТА ГРИЖА ПОТИШТУВА, ЉУБЕЗНИОТ ЗБОР РАЗВЕДРУВА.

МУДРИОТ НЕ ГО ИСТАКНУВА СВОЕТО ЗНАЕЊЕ , А ОД СРЦЕТО НА БЕЗУМНИКОТ БЛИКА БЕЗУМИЕ.

БЕЗУМНИКОТ ВЕДНАШ ПЛАМНУВА, А МУДРИОТ И НА НАВРЕДИ ИСТРПУВА.

ЧОБЕК ШТО ВРЕДНО ЗЕМЈАТА СИ ЈА ОБРАБОТУВА, ХРАНА ВО ИЗОБИЛСТВО ЌЕ ИМА, А ЧОВЕК ШТО ДЕНГУБИ- НИ УМ НЕМА.

ПОДОБРО Е ДА СИ НИКОЈ И НИШТО, А СЛУГА ДА ИМАШ, ОДОШТО ДА СЕ ПРАВИШ ВАЖЕН, А НИ ЗА ЛЕБ ДА НЕМАШ.

НЕПРОМИСЛЕНИОТ ЗБОР КАКО МЕЧ РАНУВА, А УМЕСНИОТ ЗБОР ЛЕКУВА.

БЕЗУМНИОТ Е САМОУВЕРЕН ДЕКА ПАТОТО МУ Е ПРАВ, А МУДРИОТ ПРВО СЕ РАСПРАШУВА.

ПРАВЕДНИОТ ЧОВЕК И КОН ЖИВОТНИТЕ Е ЉУБЕЗЕН, А ЛОШИОТ ЧОВЕК Е СУРОВ И КОГА Е НАЈЉУБЕЗЕН.

ПРАВЕДНИКОВИОТ ПЛОД Е ДРВО НА ЖИВОТОТ, А МУДРЕЦ Е ,КОЈ ПРИДОБИВА ДУШИ .

ДАРЕЖЛИВИОТ ЧОВЕК ЌЕ НАПРЕДУВА, ТОЈ ШТО ДРУГИ НАПОЈУВА И САМИОТ ЌЕ БИДЕ НАПОЕН!

ТОЈ ШТО ЈА ЦЕНИ КРИТИКАТА САКА ДА СЕ УСОВРШУВА, А ТОЈ ШТО НЕ СЕ ПОПРАВА ГЛУПАВ СИ ОСТАНУВА.

СЛУШАЈ СОВЕТИ, ПРИФАЌАЈ КРИТИКИ – ТОА НА КРАЈОТ МУДАР ЌЕ ТЕ НАПРАВИ!

НЕЧЕСНИТЕ БЕГААТ И КОГА НИКОЈ НЕ ГИ ГОНИ, А ЧЕСНИТЕ СЕ СМЕЛИ КАКО ЛАВОВИ.

ЖИВОТОТ ПРЕДВРЕМЕ ЌЕ МУ ЗГАСНЕ, НА ТОЈ ШТО ТАТКО ИЛИ МАЈКА КОЛНЕ.

НА ЗЛОБНАТА ДУША, ЗЛОТО И Е ХРАНА, ТАА НИ КОН НАЈБЛИСКИТЕ МИЛОСТ НЕМА!

СО ГОРДОСТА ДОАЃА СРАМОТ,А МУДРОСТА Е ВО СМИРЕНИТЕ,

КОЈ ПАЗИ ШТО ЗБОРУВА СЕ ПАЗИ ОД НЕВОЉА.

ТРУДОТ НА РАБОТНИКОТ Е ЗА НЕГОВА ПОЛЗА, ГЛАДОТ НА РАБОТА ГО ТЕРА.

КОЈ СЕ НАДЕВА НА СВОЕТО БОГАТСТВО ЌЕ ПРОПАДНЕ, А ПРАВЕДНИТЕ ЌЕ БУЈАТ КАКО ЗЕЛЕНО ЛИСЈЕ.

КОГА ЗЕМЈАТА ЌЕ ЈА ЗАФАТАТ НЕМИРИ СЕ ПОЈАВУВААТ МНОГУ ВОДАЧИ,
А ВЕШТИОТ И МУДАР ВОДАЧ ЈА ОДРЖУВА СТАБИЛНОСТА.

ПОДОБАР Е БЕДНИОТ КОЈ ЖИВЕЕ ЧЕСНО, ОД БОГАТИОТ КОЈ ЖИВЕЕ РАЗВРАТНО.

ЧОВЕКОВИТЕ ЧЕКОРИ СЕ ОД ГОСПОД УПРАВУВАНИ. И КАКО ТОГАШ, МОЖЕ ЧОВЕК ДА ГИ РАЗБЕРЕ СОПСТВЕНИТЕ СТАПКИ!?

МУДРИОТ ВЛАДАТЕЛ ПРЕСТАПНИЦИТЕ ГИ ИЗДВОЈУВА А ПОТОА ДРАСТИЧНО ГИ КАЗНУВА.

СИРОМАВИОТ СЕ ОБРАЌА МОЛЕЖЛИВО, А БОГАТИОТ ОДГОВАРА НАВРЕДЛИВО.

АКО СИ НАШОЛ ДОБРА СОПРУГА, ТОА ТИ Е БЛАГОСЛОВ ОД ГОСПОДА.

ЈАЗИКОТ ИМА МОЌ И ДА УБИВА И ДА ОЖИВУВА, КОЈ САКА ДА ГО КОРИСТИ, ЌЕ БЕРЕ СООДВЕТНИ ПЛОДОВИ.

БЕЗБОЖНИЦИТЕ НЕ ЈА РАЗБИРААТ ПРАВДАТА, А ОНИЕ КОИ ВЕРУВААТ ВО ГОСПОД-НАПОЛНО ЈА РАЗБИРААТ.

ПОДОБРО Е БЕДНИОТ КОЈ ЖИВЕЕ ЧЕСНО, ОД БОГАТИОТ КОЈ ЖИВЕЕ РАЗВРАТНО

КОЈ ОДГОВОРА ПРЕД ДА ИСЛУША- ГЛУПАВО ПОСТАПУВА И СЕ ПОСРАМОТУВА.

ГОРДЕЛИВИОТ ДУХ ДОВЕДУВА ДО ПАД, ПРВО СКРОМНОСТ, А ПОТОА И ЧЕСТ.

ТОЈ ШТО УМНО РАСУДУВА, ЗА МУДАР ГО СМЕТААТ, ОДБРАНИТЕ ЗБОРОВИ ЗНАЕЊЕТО ГО ИЗДИГААТ

КОЈ СЕ СТРЕМИ КОН МУДРОСТА, СИ ЈА ЦЕНИ ДУШАТА, И КОЈ ЈА ЦЕНИ МУДРОСТА, ЈА ИМА И СРЕЌАТА.

БЕЗ СОВЕТУВАЊА, ПЛАНОВИТЕ ПРОПАЃААТ, А ПРИ МНОШТВО СОВЕТНИЦИ, ТИЕ УСПЕВААТ.

ПАТОТ НА МРЗЛИВЕЦОТ МУ Е ТРНЛИВА ОГРАДА, А ПАТЕКАТА НА ПРАВЕДНИКОТ МУ Е РАСЧИСТЕНА.

АЛЧНИОТ ЧОВЕК СИ ГО УПРОПАСТУВА СОПСТВЕНОТО СЕМЕЈСТВО, А НЕПОТКУПЛИВИОТ ЌЕ СИ ЖИВЕЕ СПОКОЈНО.

ЧОВЕКОТ ЧУСТВУВА ЗАДОВОЛСТВО, КОГА ЌЕ ДАДЕ ДОБАР ОДГОВОР; ПРАВИОТ ЗБОР, ВО ПРАВО ВРЕМЕ – МНОГУ ВРЕДИ!

НА ОНОЈ ШТО Е НАМУРТЕН ЦЕЛИОТ ЖИВОТ МУ Е МИЗЕРЕН, А ВЕДРОТО ЛИЦЕ ПОСТОЈАНО ПРАЗНУВА!

ЉУБЕЗЕН ОДГОВОР ЈАРОСТ СТИВНУВА, ОСТАР ЗБОР – ГНЕВ РАСПАЛУВА.

НА ГОСПОД МУ СЕ ОДВРАТНИ СИТЕ ВООБРАЗЕНИ БИДИ СИГУРЕН ДЕКА ТАКВИТЕ НЕМА ДА МИНАТ НЕКАЗНЕТИ!

СО СЕКОЕ СВОЕ СОЗДАНИЕ ГОСПОД ЈА ПОСТИГНУВА КОНЕЧНАТА ЦЕЛ, ПА И СО БЕЗБОЖНИЦИТЕ НА СУДНИОТ ДЕН.

ДОВЕРИ МУ ЈА НА ГОСПОД СВОЈАТА РАБОТА И ПЛАНОВИТЕ ЌЕ ТИ СЕ ИСПОЛНАТ.

ЧОВЕЧКОТО СРЦЕ ПЛАНИРА, НО КОНЕЧНИОТ ЗБОР ГОСПОД ГО ИМА.

Замислите на трудољубивиот се стремат кон изобилство, а избувливиот трпи сиромаштво.

Не зборувај: „Ќе се одмаздам за злото”, остави Му на Господа и Тој ќе те избави.

Чест е за човекот да се воздржи од препирка, а кој е безумен, ја почнува препирката.

Себичниот ја сака само својата желба; и се противи на секое здраво расудување.

Безумниковите усни се впуштаат во препирки, и неговата усна предизвикува удари.

Нека не те оставаат добрината и верноста, обеси ги околу својот врат, запиши ги врз плочата на своето срце,
така ќе придобиеш милост и добро сфаќање пред Божјите и човечките очи.

Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум.
Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе ги исправи твоите патеки.
Не замислувај дека си мудар: Бој се од Господа и отстранувај се од злото,
тоа ќе биде лек за твоето тело и поткрепа на твоите коски.

Овие работи ви ги кажав, за да имате мир преку единство со Мене. Додека сте во светот, ќе доживувате страдања, но разведрете се – Јас го поразив светот!“

Господ создаде си за сопствена цел, па и нечесниот за денот на злото.

Кога ќе дојде Синот Човечки, состојбата во светот ќе биде како во времето на Ное.

Оние што ќе излезат како победници, ќе седат заедно со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и сега заедно
со Мојот небесен Татко седам на Неговиот престол.

Препушти му ги на Господа своите дела, и твоите намери ќе се сигурни

Но Бог ни даде победа над гревот и смртта преку нашиот Господ Исус Христос и треба да Му бидеме многу благодарни за тоа.

Кој е долготрпелив подобар е од јунакот, и кој владее со себе, подобар е од освојувачот на град.

Човекот не живее само од леб, туку и од секој збор што произлегува од Божјата уста!‘“

Господовото име е цврста кула: праведникот прибегнува кон него и наоѓа засолниште.

Смртта и животот се во власта на јазикот, а кој го милува, јаде од неговиот плод.

Бедниот зборува молејќи понизно, а богатиот одговара грубо.

Секој го наситува желудникот со плодот на својата уста, се наситува со родот на своите усни.

Пред загинувањето се гордее човековото срце, а пред славата оди смиреноста.

Кој е негрижлив во својата работа брат му е на расипникот.

Себичниот ја сака само својата желба; и се противи на секое здраво расудување

Кој отфрла поука ја презира сопствената душа, а кој прима поправка, се здобива со разум.

Подобро е малку со страв од Господа, отколку големо богатство и немир со него.

Благиот одговор ја ублажува јароста, а грубиот збор го зголемува гневот

Стравот од Господа е училиште на мудроста, зашто смиреноста оди пред славата.

Подобар е оброк со зеленчук каде е љубовта, отколку згоен вол каде е омразата.

Разумното срце бара знаење, а безумничката уста се занимава со глупост.

Зашто, ако смртта зацари, заради престапувањето на еден; тоа многу повеќе оние -
кои примаат изобилство на благодатта и дар на правдата -
ќе царуваат во животот преку Едниот – Исус Христос.

Римјаните: 8:28 Знаеме дека се што се случува, Бог ќе го насочи така што да
испадне на добро за оние што Го сакаат Бога и што се од Него повикани за свети цели.

Oди по патот на добрите и држи се за патеките на праведниците!
Зашто само праведните ќе ја населат земјата и непорочните ќе останат на неа;
а беззакониците ќе бидат збришани од земјата, и богохулниците ќе бидат искоренети од неа.

СРЕЌНИ СЕ ОНИЕ ШТО СЕ ЗДОБИЛЕ СО МУДРОСТ ЗАШТО ПРИДОБИВКИТЕ ОД НЕА СЕ ПОВРЕДНИ ОД ЗЛАТО!

Исус немал слуги, но сепак го викале Господар,
Тој немал диплома,сепак го викале Учител,
Тој немал лекови,сепак го викале Лекар,
Тој немал војска,сепак и кралевите се плашеле од Него,
Тој не освојувал воени битки ,сепак Го освоил светот,
… Тој не направил ниедно злодело,сепак го расапнале
Тој бил закопан во гробот,сепак Тој живее денес…

„До кога, вие глупави, ќе ја љубите глупоста, и до кога на потсмевачите ќе им биде мило потсмевањето,
и до кога безумниците ќе го мразат знаењето?

Послушајте ја мојата опомена! Ете, го излевам својот дух пред вас, сакам да ве поучам со свои зборови.

НЕ ДОПУШТАЈ СРЦЕТО ДА ТИ СТАНЕ ЗАВИДЛИВО КОН ГРЕШНИЦИТЕ, ТУКУ, ПОДГРЕВАЈ СИ ЈА СЕКОЈДНЕВНО
СТРАХОПОЧИТТА КОН ГОСПОДА, ЗАШТО, ИМА ИДНИНА -ТВОЈАТА НАДЕЖ НЕМА ДА ОСТАНЕ НЕИСПОЛНЕТА! СЛУШАЈ ЧЕДО МОЕ,
И БИДИ УМНО, И ЗАПАЗИ СИ ГО СРЦЕТО НА ПРАВИОТ ПАТ.

БЕЗБОЖНИКОТ ПОЖЕЛУВА ГРЕШНА ПЕЧАЛБА, А КОРЕНОТНА ПРАВЕДНИТЕ, ПРАВЕДЕН ПЛОД РАЃА.

СРЕЌНИ СЕ ОНИЕ ШТО СЕ ЗДОБИЛЕ СО МУДРОСТ ЗАШТО ПРИДОБИВКИТЕ ОД НЕА СЕ ПОВРЕДНИ ОД ЗЛАТО!

НЕКА ИМА СЛОГА, МАКАР И ПРИ СУВА КОРКА, НАМЕСТО ПЕЧЕНИЦА И НЕСЛОГА В КУЌИ.

ЈАЗИКОТ ИМА МОЌ И ДА УБИВА И ОЖИВУВА, КОЈ САКА ДА ГО КОРИСТИ, ЌЕ БЕРЕ СООДВЕТНИ ПЛОДОВИ.

ГОРДОСТА СОБОРУВА НА КОЛЕНА, А ЧОВЕК СО ПОНИЗЕН ДУХ, ЌЕ СЕ ЗДОБИЕ СО ЧЕСТ.

НЕРВОЗЕН ЧОВЕК ПОТИКНУВА КАВГИ, ИЗБУВЛИВИОТ ЧОВЕК МНОГУ ГРЕШИ.

КОЈ ЛАЖНО СВЕДОЧИ, НЕМА ДА ПОМИНЕ НЕКАЗНЕТ, И КОЈ ШИРИ ЛАГИ – ЌЕ ПРОПАДНЕ.

МУДРИОТ ЧОВЕК ОД ГНЕВ СЕ ВОЗДРЖУВА И ЧЕСТ МУ Е НА НАВРЕДИ ДА ПРЕМОЛЧУВА.

НИКОГО НЕ ОБВИНУВАЈ БЕЗ ПРИЧИНА, АКО НЕ ТИ СТОРИЛ НИКАКВО ЗЛО.

НЕ КОВАЈ МУ ЗЛО НА СОСЕДОТ СВОЈ, КОЈ ЖИВЕЕ КРАЈ ТЕБЕ И ТИ ВЕРУВА.

СЕКОГАШ КОГА СИ ВО МОЖНОСТ, ПОКАЖИ ДОБРОДЕТЕЛ КОН ОНИЕ ВО НУЖДА, НЕ ВЕЛИ МУ НА БЛИЖНИОТ
,, ДОЈДИ ДРУГПАТ-УТРЕ ЌЕ ТИ ДАДАМ,, АКО СИ ВО МОЖНОСТ СЕГА ДА МУ ПОМОГНЕШ.

И МЕДЕОТ ТРЕБА УМЕРЕНО ДА ГО ЈАДЕШ, АКО ПРЕТЕРАШ -ЌЕ ГО ПОВРАТИШ!

БОЖЈАТА СЛАВА Е ВО ТАИНСТВЕНОСТА НА РАБОТИТЕ, А ЦАРЕВАТА СЛАВА Е ВО ПРОНАЈДОЦИТЕ.

ОТСТРАНИ ГИ НЕЧЕСНИТЕ ОД ВЛАДАТА И ВЛАСТА ЌЕ СЕ ЗАЦВРСТИ ПРЕКУ ПРАВДАТА.

ПРАВЕДНИТЕ УСНИ ЗНААТ ШТО Е ПРИСТОЈНО, А ГРЕШНАТА УСТА САМО ШТО Е ПОГАНО.

АКО ВЛАДЕТЕЛОТ СЛУША ЛАЖНИ ИЗВЕШТАИ, СИТЕ НЕГОВИ СЛУЖБЕНИЦИ КЕ СТАНАТ НЕЧЕСНИ!

ТРГАЈ СЕ ОД ЗЛОТО ПРАВИ ДОБРИ ДЕЛА!

НА ГОСПОД МУ СЕ ПОМИЛИ БЕСПРИСТРАСНОСТА И ПРАВДАТА, ОДОШТО ЖРТВАТА.

СТРАВОТ ОД ГОСПОД Е ПОЧЕТОК НА МУДРОСТА.

КОЈ СЕ ТРУДИ ДА ЖИВЕЕ ПРАВЕДНО И ДОБРОДУШНО, ИМА ЖИВОТ, УСПЕХ И ДОСТОИНСТВО!

НЕМА СРЕЌА ЗА ТОЈ ШТО ГРЕВОВИТЕ СИ ГИ ПРИКРИВА, А ОНОЈ ШТО ГИ ИСПОВЕДА И ГИ НАПУШТА ЌЕ БИДЕ ПОМИЛУВАН.

СТРАХОПОЧИТТА КОН ГОСПОДА ВОДИ ВО ЖИВОТ, НА ЧОВЕКОТ МУ НОСИ ЗАДОВОЛСТВО, БЕЗ СТРАВ ОД ЗЛОТО.

Tриесет и три молитви за триесет и трите јазли на бројаницата
01. Спомни, Господи, за мир во светот.
02. Господи, Исусе Христе, помилуј ја Црквата наша и нашето Православие.
03. Господи, Исусе Христе, помилуј го Епископот наш и неговото братство.
04. Господи, Исусе Христе, помилуј ги, низ целата Земја, Православните клирици и лаици.
05. Господи, Исусе Христе, помилуј го нашиот Духовник и отец и неговото братство.
06. Господи, Исусе Христе, помилуј ја нашата војска и безбедносните служби.
07. Господи, Исусе Христе, помилуј ги началниците на нашиот народ.
08. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои нè мразат, нè љубат и кои се молат за нас.
09. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите родители, добродетели и учители.
10. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите по тело и по дух браќа и сестри и роднини.
11. Господи, Исусе Христе, помилуј ги старите и осамените луѓе.
12. Господи, Исусе Христе, помилуј ги новороденчињата, незаштитените и слабите.
13. Господи, Исусе Христе, помилуј ги децата кои учат.
14. Господи, Исусе Христе, помилуј ги младите момчиња и девојки.
15. Господи, Исусе Христе, помилуј ги наркоманите, алкохоличарите и пушачите.
16. Господи, Исусе Христе, помилуј ги сопружниците на Православните семејства.
17. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите бремени сестри.
18. Господи, Исусе Христе, помилуј ги вдовиците и сираците.
19. Господи, Исусе Христе, помилуј ги разделените сопружници и нашите браќа и сестри во искушение.
20. Господи, Исусе Христе, помилуј ги болните по тело и по душа.
21. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои се трудат и работат во светите манастири и парохии.
22. Господи, Исусе Христе, помилуј ги благочестивите поклоници во светите манастири и цркви.
23. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои пловат, патуваат, летаат, затворениците и очајаните.
24. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите ожалостени браќа.
25. Господи, Исусе Христе, помилуј ги судиите и политичарите.
26. Господи, Исусе Христе, помилуј ги опрелестените и оние кои го хулат светото Православие.
27. Господи, Исусе Христе, помилуј нè и дај ни време мирно.
28. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од болест, гнев, опасност и просвети ги лекарите и болничарите.
29. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од глад, нужда и несреќа.
30. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од жештина, пожари и земјотреси.
31. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од поплави, тонење и мраз.
32. Господи, Исусе Христе, упокој ги и душите на отците, мајките, браќата и сестрите, роднините, дедовците и прадедовците наши.
33. Господи, Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.
МВПЦ +++ Јован Хаџи

This entry was posted in Почетна. Bookmark the permalink.

Comments are closed.