БОЖИЌЕН ПОСТ,ВО ИСЧЕКУВАЊЕ НА РАЃАЊЕТО НА СПАСИТЕЛОТ

week1-large-1

ПРОРОЦИ
За да се сочува правата вера, Бог испраќал пророци. Тоа биле свети и побожни луѓе кои самиот Бог ги избрал за преку нив на луѓето да им ја јави својата волја. Бог им кажувал се што треба да прават и да зборуваат.
Пророците ги опоменувале царевите и народот да се покајат и поправат. Им кажувале и каква казна ќе ги стаса заради гревовите. На Евреите им прорекувале иднина и правеле други чуда.
Пророците не се плашеле да ја кажат вистината во очи дури на злобните цареви како и на сите други луѓе. Затоа често страдале, биле прогонувани, мачени и убивани.
Пророците многу претскажувале за Спасителот или Месијата. Цар Давид илјада години пред Христа ги прорекол Неговите маки на крст. Големиот пророк Исаија претскажува дека Света Дева ќе роди Син кој ќе биде и Бог и човек. Еден пророк кажува дека Спасителот ќе се роди во Витлеем. За Спасителот зборува и Мојсеј и многу други пророци. Последниот пророк е Свети Јован Крстител. Се она што пророците рекле за Христа, се исполнило.
Мојсеј, Давид, Соломон и многу други пророци ја запишале Божјата волја во светите книги.
Пророците можеле за одредено време да им го олеснат животот на луѓето, но не можеле сосема да го поправат. Се уште на луѓето стоел прародителскиот грев. Од тој грев ќе ги очисти дури Синот Божји. Пророците Нему само му го подготвувале патот.

ОЧЕКУВАЊЕ НА СПАСИТЕЛОТ
Веќе се приближило времето за исполнување на Божојто ветување и пророштавата дека ќе дојде Спасител. Зошто злото завладеа на замјата меѓу народите. Опомените на пророците не помогнале зошто луѓето слабо ги слушале. Бог ги казнувал Израелците. Тие ја изгубиле својата држава, паѓале под ропство на туѓи народи, додека најпосле со нив не завладеале Римјаните.
На сите страни и меѓу Евреите и меѓу другите народи имало многу непослушност и гревови. Никој не можел да живее мирно. Сите увиделе дека спасението може да дојде само од Бога.
Меѓу многуте лоши луѓе имало и побожни. Тие се радувале кога помислувале на доаѓањето на Спасителот и со желба го очекувале. Знаеле што Јаков му рекол на синот Јуда дека ќе дојде Месија кога веќе нема да има еврејски владетел од Јудиното племе. Тоа време веќе дошло, зошто јудејски цар станал туѓинецот Ирод. Него го викаат цар, но тој бил под власт на римскиот цар.
Само сите точно не разбрале кој ќе биде Спасителот. Многу Евреи очекувале дека Бог ќе им даде некаков силен земски цар, како што биле Давид и Соломон, и тој да создаде силна еврејска држава во која Евреите ќе завладеат со другите народи. А Бог уште во рајот ветил, и тоа повеќе пати повторил, дека ќе го испрати Синот да ги спаси сите луѓе од гревовите и дека ќе ги врати кај својот Творец.
Евреите биле избраниот народ само до доаѓањето на Спасителот. На Бога сите му се еднакви, сите луѓе се синови Божји и браќа меѓу себе. И Синот Божји доаѓа да го каже тоа на сите народи и да им донесе братство, мир, љубов и спасение.

РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО
Света Дева Марија очекувала во Назарет да се исполни она што и ветил ангелот. Но волјата Божја била Синот Божји да се роди во Давидовиот град Витлеем, како што пророкот одамна прорекол.
Римскиот цар Август посакал да го преброи народот во своето царство и затоа издал заповед да се направи попис на сите луѓе. Заради тоа секој морал да оди во својот град од каде му било потеклото. Света Дева Марија и Јосиф биле од племето Давидово и тргнале од Назарет во Витлеем.
Кога уморни од патот стасале, било веќе ноќе и никаде немало место за преспивање, ниту во гостилницата, ниту во куќите зошто дошле голем број луѓе. Тие излегле надвор од градот и се засолниле во некоја пештера, каде овчари го заштитувле стадото од временски непогоди.
И тука во ноќта Света Дева Марија го роди својот Син првенец, Го пови и Го стави во јаслите.
Во близината овчарите чувале стража покрај своите стада. Одеднаш меѓу нив застанал ангел, ги осветлила небесна светлина и многу се уплашиле. Но ангелот им рекол: „Не се плашете зошто ви јавувам голема радост која ќе биде за сите народи. Зошто ви се роди Спасител, Господ Христос, во Давидовиот град. И еве ви знак: ќе најдете дете повиено како лежи во јасли“.
Додека тој го кажувал тоа се појавиле уште многу други ангели кои го фалеле Бога со зборовите:„Слава на висините на Бога и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја“. Кога ангелите отишле на небото, овчарите отишле во Витлеем и во пештерата го нашле Јосиф и Света Дева Марија и дете во јаслите. Се поклониле на Исус и кажале што виделе и што чуле од ангелот за тоа дете.
Потоа овчарите си заминале славејќи го и фалејќи го Бога и јавувајќи ја радосната вест на сите кои ги сретнале.
Така се исполнило ветувањето Божје, дојде часот кој луѓето одамна го чекале. Синот Божји стана човек, прими на себе човечко тело и човечка душа, за луѓето да ги спаси од гревот. Тој им носи на луѓето мир и љубов, го смирува Бога со луѓето.
И тука се покажува големата добрина и љубов Божја: самиот Господ Исус Христос слезе од небото на земјата меѓу грешните луѓе, да живее и да ги трпи маките како човек. Тој не се раѓа во царска палата, ниту во богатство, туку во овчарска пештера; не лежи во свила и во златна колевка, туку во јасли, во слама. Него први го виделе и поздравиле прости, едноставни луѓе, овчари. Тој е надеж и радост на сите луѓе, големи и мали, богати и сиромашни.
Христос е Бог и човек, Богочовек. Мајката негова е Божја мајка, Богородица. Раѓањето Христово е најрадосниот настан за Христијаните.
Секоја година го празнуваме Раѓањето на Синот Божји или Божиќ, три дена од 25 декември (7 јануари). Тогаш се поздравуваме со зборовите: „Мир Божји! Христос се роди!“ Тогаш и малите и големите се радосни, како што биле радосни ангелите на небото и овчарите на земјата.
Но човекот не може да биде радосен, ако во душата носи гревови, ако некого го мрази. Затоа за Божиќ се спремаме со пост од шест недели, се смируваме со сите и се причестувме. Тогаш им помагаме на сиромашните за и тие да можат да се радуваат. Божиќ е празник на мирот и љубовта, како што пееле анѓелите.
Подготви: Администрација на МВПЦ
сестра Марија

This entry was posted in Поуки. Bookmark the permalink.

Comments are closed.