МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

Vladika-Metodije-238x178
УШТЕ ЕДЕН ПРОГОН ВРЗ ПРАВОСЛАВИЕТО
Собранието на Црна Гора, преку гласовите на владејачката коалиција (ДПС, СД, Либерална партија, Бошњачка партија, Хрватска граѓанска иницијатива и Форца) и тројца пратеници на СДП го усвои дискриминаторскиот акт за слобода на вероисповед, со кој се превидува одземањето на имотот на Православната црква во Црна Гора. Законот, на кој жестоко се спротивставува мнозинството во Црна Гора, беше донесен по судирите и инцидентите на пратениците на Демократскиот фронт со членови на владејачкото мнозинство во парламентот, поради што беа приведени.
Верните луѓе со своето свештенство низ цела Црна Гора го кренаа гласот против донесувањето на овој закон достоинствено со собирање и блокирање на важни патишта, апелирајќи до членовите на владејачката коалиција да не донесат правен акт со кој ќе се разделат и продлабочат поделбите во црногорското општество.
Токму за време на овие мирни протести кои се случија вчера, 26. 12. 2019 година, припадници на црногорската полиција ги собориле и претепале Преосвештениот Епископ диоклиски Методиј и неколку верници со пендреци и ги шутирале со нозе. Биле повредени двајца верници кои се обиделе да го заштитат владиката.
Македонска Вистинска Православна Црква строго го осудува овој вандалски акт на примена на сила и расистички закон во Собранието.
Со наше сочуство кон владиката Методиј и сето останато свештенство, монаштво и верници, ги молиме во секој случај да не предизвикуваат други немили настани, туку со своето трпение и спокојство да се молиме на Бога за спасение.
Неговото Блаженство
Архиепископ Јован – Хаџи

This entry was posted in Соопштенија. Bookmark the permalink.

Comments are closed.