„ГРЕВОТ НА РАСКОЛОТ ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО“
Ако во основите на Христијанството лежат вероучителните вистини (догмати) кои Црквата ги добила по пат на Божје Откровение и кои поради тоа се прифаќаат како теолошки аксиоми кои не се докажуваат, во основата на гностичката (квазихристијанската) религија на Новото време, наместо наведените догмати, се наоѓаат или лични теолошки мудрувања на она што го кажале Светите Отци, мудрувања кои Црквата не ги прифатила и не ги признала за свое учење, или слични мудрувања на „новите отци“, т.е. набедените богословски авторитети (на модерната епоха), нивните шпекулативни религиозно-филозофски ставови (или теолошки софизми) кои слепо, како вистина ги прифаќаат поголемиот дел на учесниците на тој историски процес, буквално како да се „спонтани пројавувања на „Апсолутниот“ (т.е. породите на „лажниот разум“ самиот гностик го сметаат за пројавување на „Апсолутниот“).
Затоа во основите на пристапот на Руската Црква за „теолошки дијалог“ со претставниците на „неправославното христијанство“ (кој треба да спреми терен за „воспоставување на единство на црквите“, што очигледно се појавува како конечна цел на екуменистичкото движење воопшто, како и „православниот екуменизам“) за оправдување на учеството во тој проект, Руската Православна Црква, покрај другите неогностички „аксиоми“, се користи со идејата која не само што никогаш не била својствена за Христијанството, туку му е, без сомнение, потполно туѓа. Таа концепција ја формулирале „новите отци на црквата“ и ја нарекле „грев на поделбата во христијанството (расколот)“.
Да се тврди дека таа концепција е еретичка, значи да не се каже ништо, затоа што тука се пројавуваат ставови кои се наоѓаат потполно надвор од границите на Христијанството. Ако класичните ереси, како правило, отфрлаат или искривуваат одредени учења на Црквата, тогаш „православниот екуменизам“ го објавува целото историско Христијанство како лага. Поради тоа тука поправилно е да се зборува не за ерес, туку за потполно отстапување од Христијанството како такво.
Идеологијата која ги прогласува историските „поделби во Христијанството“ како грев на самата Црква (на самите христијани), едноставно сведочи за себе како нехристијанска, нецрковна и неправославна по дух. Се негира единството и светоста на Црквата која, според доктрината на „православниот екуменизам“, се покажува како онаа која непрестајно греши со „поделбите“, т.е. бидејќи од себе ги отстранува еретиците и расколниците, нешто што Црквата Божја го прави од кога Христос ја основа.
Он говорел: „Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч. Зашто дојдов да разделам човек од татка си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина. И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни.“(Мт. 10, 34-36).
Со други зборови, одвојувањата се случија заради вистината која Христос ја откри. Тие поделби се појавуваа и во текот на Неговиот овоземски живот не само меѓу Евреите (т.е. внатре во старозаветната црква во која Спасителот-Месијата прво дошол), туку и меѓу Апостолите (падот на Јуда, одрекувањето и покајанието на Петар).
„Бидејќи знам дека по моето заминување ќе се втурнат помеѓу вас лути волци, кои нема да го штедат стадото; а и од вас самите ќе станат луѓе, што ќе зборуваат изопачено, за да ги одвратуваат учениците заедно со себеси.“ (Дел. 20, 29-30)
„Чеда, последно време е. И како што сте слушале дека ќе дојде антихрист, и сега веќе се појавија многу антихристи; од тоа разбираме дека е последниот час. Тие излегоа од нас, но не беа наши; бидејќи ако беа наши, ќе останеа со нас; но се јавија, за да се знае дека сите не се наши.“(1 Јов. 2, 18-19)
„Не впрегнувајте се заедно со неверниците; зашто, какво општување постои меѓу правдата и беззаконието? Што воопшто има меѓу светлината и темнината? Какво согласие може да има меѓу Христа и Велијар? Или, што општо има меѓу верник и неверник?“ (2Кор. 6, 14-15)
„Затоа излезете од нивната средина и одделете се! Вели Господ, и не допирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам! И јас ќе ви бидам Отец, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки”, вели Господ Седржителот.“ (2Кор. 6, 17-18)
Значи не е возможно поубедливо да се покаже својот надворешен однос кон Христијанството освен претходно наведеното да се прогласи за „грев на расколот“.
Токму тоа се прави во религијата на „православниот екуменизам“. Така во програмското излагање на професорот по теологија, протопресвитер Виталиј Боровој, со наслов „Прашања на историјата и теолошките основи на учеството на РПЦ во меѓухристијанските средби во 19 и 20 век (до 1961 год.)“ прочитано на пленарното заседание на Синодалната Теолошка Комисија на РПЦ, оддржано на 6-7 февруари на Московската духовна академија, гностичката синтагма „грев на поделбата во Христијанството“ е ставена во насловот на првата глава („Единство на Црквата и гревот на поделбата во Христијанството), т.е. поставена е за основна почетна точка на целокупното заседание. Поради одредена причина, ова никого од Комисијата не го вознемири. Добивајќи премолчена согласност на изнесената лага, теолошкиот софист, заради празно убедување, се повикува на вториот титулоносен софист:
„Христијаните не ја сочувале, туку ја нарушиле заповедта за единство“. Професорот А.В. Карташев, познат црковен историчар, професор на Свето-Сергиевскиот Теолошки Институт во Париз, последен обер-прокурор на Светиот Синод (РПЦ) и Министер за Вера на Русија, влијателен учесник на Соборите во 1917-1918 година говори за поделбите во Христијанството: „Христијаните се сами виновни за настанатите поделби и одушевувањата околу поделбите. Немало христијанска љубив и ете се случи расколот (Црквата се подели). Самиот раскол е доказ за гревовноста на нивната човечка природа. Зарем не е тоа грандиозно, срамно дело – делење на Црквата?“/ „Зарем Христос се раздели?“ (1.Кор.1, 13). (2)
И навистина, зарем не е тоа грандиозно, срамно дело да се нарече одделувањето на еретиците и расколниците од Црквата „грев на христијаните“, т.е. да се наречат грешници Отците на Светите Вселенски Собори кои ги одделиле, Отци од кои поголемиот дел се прославени светители повеќето заради нивната борба со еретиците?
Ако на гностичкиот екуменизам Канонските Собори се причинители за поделбата, исто како и на заблудените кои се одделени од Црквата, во Христијанството потполно е обратно: Вселенските собори се свикувале за со посредство на одделување на оние кои сеат раздор, да се сочува единството на Црквата.
„Било заповедувано да се свикуваат Вселенските собори за сите појавени непровилности да бидат разрешувани или смирувани, за да се елиминираат сите сомневања во верата, без поделба во љубовта, и оние кои отстапиле од вистинскиот пат, да ги повикаат на чистотата на спасувачките лекови, а други со совети да ги смират за да не бидат одделени од единството на Црквата“. (3)
Затоа „Нема никаква причина јас, кој се грижев бидејќи единството на соборната вера е нарушено од страна на еретиците, одушевено да се радувам бидејќи тоа е повторно вратено во состојба на неповреденост.“ (4)
Од сето кажано следува дека „православниот екуменизам“ упорно бара НЕ единство на Црквата (единство кое според дефиниција не е нарушено затоа што го чува Главата на Црквата, а не титанските напори на гностиците), туку единство со светот како единствена алтернатива на Црквата. Објективно барајќи токму такво помирување „со останатиот христијански гностички свет“, „религијата на православниот екуменизам“ со самото тоа себе се позиционира надвор од традиционалното Христијанство кое само се трудело на сите можни начини да се огради себе (Црквата) од тој „свет кој лежи во зло“, кој се приближува кон својата пропаст.
Цитираните зборови на Господ (Мт. 10, 34-36) Свети Јован Лествичник ги толкува вака: „Дојдов да ги разделам богољубивите од светољубивите, телесните од духовните, славољубивите од смиреномудрите, а на Бога се угодува со делење и разделување кога тоа се прави заради љубов кон Него“. (5)
Врз основа на веќе наведеното, основниот правец на екуменистичкото „единство“ градено со титански напор, прави чисто светски (суетни, овоземски) потфати, грижи и заштита, како заедничка борба за „зачувување на животната средина“, „зачувување на семејните вредности“, заштита на „правата на човекот“, социјална правда и т.н. Учесниците на тие потфати на остатоците на христијанскиот ум им се чинат како да ги исполнуваат евангелските „заповеди за единство“.
Но, христијанската оценка на сличните дела е спротивна: „Вие сте, чеда, од Бога и нив сте ги победиле; зашто Оној, Кој е во вас, е поголем од оној што е во светот.“(1Јов. 4,4). „Не лажете се: „Лошите разговори ги расипуваат добрите обичаи!” (1Кор. 15, 33).
Во тоа е и работата што „православните екуменисти“, спремни да се лажат себеси и другите, повеќе сакаат „лошо друштво“ за да „воспостават единство“ со светот на „добрите обичаи“, отколку со Отците на седумте Вселенски собори и многу помесни собори кои следеа во духот на вистината и кои ги спровеле сите тие „поделби“.
„Во времето на Вселенските собори, врз основа на резултатите од христолошките спорови и со нив предизвиканите отпаѓања од Источната (Византиската) империјална Црква, се одвоиле несторијанците, монофизитите и монотелитите кои потоа образувале свои национални цркви. При формирањето на тие одделени цркви пресудна улога играле политички, национални и културно-етнички чинители, а не богословски“. (6)
Излегува дека Божјиот Дух (нешто што Црквата со векови исповеда) не бил Оној кој ги вдахнувал соборските Свети Отци да ги отстранат еретиците од единството на Црквата, туку нивната обична човечка немоќ. (Христијаните самите се виновни на настанатите поделби и одушевувањето со нив. Немало христијанска љубов и ете раскол. Самиот раскол е доказ за гревовноста според нивната човечка природа“.) Затоа ова, од аспект на православното Христијанство, не е само хула на Канонските Собори на Црквата и на нивните канонизирани учесници, туку и индиректно „непријателство кон Бога“ (Кој ги вдахнал светителите да ги реализираат тие „одделувања“). На сличен начин професор Боровој (како теолошки софист кој продолжува да се спротивставува на двеилјадната историја на Црквата, Светото Писмо и Светото Предание) го толкува расколот на православните и католиците (т.е. како резултат на личната гревовност на конкретни членови на Црквата која во ништо не ги „обврзувала“ вистинските христијани од тоа време).
„Во историјата е прифатено овој настан условно да се нарекува „конечна поделба на црквата“, иако Црквата Христова секогаш била и е Една Света Соборна и Апостолска Црква на која нема да и одолее вратата на адот зошто со неа и во неа е Христос, во сите денови до крајот на векот. Фактички и канонски во 1054 година настана само прекин на односите, прекин на комуникацијата (и изрекување на анатема) меѓу кардиналот Хумберт, пратеник на папата Лав IX (кој во тоа време веќе се упокоил и не бил именуван негов наследник) и патријархот Михаил Керулариј и без присуство на други источни патријарси. Покрај тоа и поради националната омраза меѓу Латините и Грците во периодот меѓу XI и XIII век, тој прекин на однос двете страни (Исток и Запад) го прифатиле како физичка состојба која трае до денес. (Тие анатеми пред неколку децении, во согласт со патријархот Атенагора и папата Павле IV, и делегациите од Рим и Константинопол, биле поништени „како да и не постоеле“). (7)
На крај, на таа децениска, од академските катедри, нова патристика, огласувана религиозна софистика (која „пријателски се однесува кон светот“ а „непријателски кон Бога) толку сме се навикнале, толку навлегла во оптек („Зошто срцето на овие луѓе закоравело, и со ушите тешко слушаат; и очите свои ги затворија за со очите да не видат и со ушите да не чујат…(Мт. 13, 15)) што незабележливо за мнозинството станала официјална еклисиологија во РПЦ, која на овој или на оној начин е огласена или се пројавува во сите нејзини нови доктринарни документи.
На пример, во заедничката Декларација на римскиот папа Франциск и патријархот Кирил (2016 година) во првите пасоси ние го наоѓаме токму тој екуменистички „догмат“ на Карташев-Боровој за меѓусебниот и универзалниот „грев на поделба во Христијанството“ и „неговите тешки последици за двете страни“.
„Ние сме поделени со раните создадени во дамнешните и неодамнешните времиња, поделени и со различни сфаќања и толкувања на нашите претци во врска со нашата вера во Бога, еден во Три Лица – Отец, Син и Свети Дух. Ние жалиме заради загубата на единството кое се случило како резултат на човечката слабост и гревовност, и покрај молитвата на Првосвештеникот Христос Спасителот: „За да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, (и да поверува светот дека Ти си Ме пратил)“(Јов. 17, 21). (8)
Така излегува дека единството на Црквата не се нарушува само со отпаѓање на расколниците и еретиците од Неа, туку и со постапките на членовите на Црквата. А тоа од „источната“ страна се Светите Отци на Правослвната Црква (од „големата шизма“ до денес) со кои авторите на Декларацијата немаат ништо заедничко.
„И пак се одрече тој со клетва: „Не Го познавам Човекот.”(Мт. 26, 72)
НАПОМЕНИ:
1.Протопресвитер Виталиј Боровој, Бујевски А.С. Православната Црква и екуменистичкото движење (историско-теолошки преглед) во книгата Православие и екуменизам. Документи и материјали 1902 – 1998, МФТИ стр. 8
2.Карташев А.В. Христијанско обединување: Екуменистички проблеми во православната свест. Зборник на написи. Париз, ИМКА-ПРЕСС, 1993. стр.91
3.Послание на светиот римски архиепископ Лав до императорот Теодосиј, Дела на Вселенските собори. Казањ, 1908 Т.З. стр.32
4.Ибид стр. 185
5.Свети Игнатиј (Брјанчанинов): За следењето на нашиот Господ исус Христос/Преп. Јован Лествичник. Подвижнички слова: Слово 3, 15/Собрани дела на Свети Игнатиј Брјанчанинов. М.„Паломник“, 2006. Т.1. стр.85
6.Протопресвитер Виталиј Боровој, Бујевски А.С. Православната Црква и екуменистичкото движење (историско-теолошки преглед) Цит. Изд.стр.9
7.Ибид стр.12
8.Заедничка изјава на Римскиот папа Франциск и неговата Светост Патријархот Кирил. http://www.patriarchia.ru/db/text/4372074.
Извор: https://antimodern.ru/greh-razdelenia/
администрација на МВПЦ
превод сестра Ана
Translator
Посетители
ПАРАКЛИС НА МВПЦ ВО СОЛУН
ЖИВОТОТ МОНАШКИ Е ОДРЕДБА КОЈА СЕКОЈ ЕДЕН ЈА ДОНЕСУВА ИНДИВИДУАЛНО А НЕ ЗА ПРИЧИНА,ВО МАНАСТИР ИЛИ ПАРАКЛИС МОЖЕ ДА ЖИВЕАТ ПОВЕЌЕ МОНАСИ ИЛИ САМО ЕДЕН КОЈ ВО СВОЈАТА ОСАМЕНОСТ И ВО СВОЈАТА МОЛИТВА СЕ ДОБЛИЖУВА ДО ГОСПОД И ДО НЕГОВИТЕ ИСКУШЕНИЈА.
-
ДА СЕ ВАКЦИНИРМЕ ИЛИ НЕ?
Сестри и Браќа вие кој испративте маил пораки со прашање дали треба да постиме во колку се вакцинираме? Секој еден православен кој не е болен и не употребува лекови за некоја болест е оправдан и не треба да пости,додека дали да постиме во колку се вакцинираме е јасно ако сме во состојба која не е споена со здравјето секој еден треба да Пости кој ќе оди на Света Причест за Велигден. +++јован хаџи Рамноапостолни Словенски Просветители Свети Кирил и Методиј
- О, сефални и рамноапостолни Кириле и Методие, поклонувајќи се пред вашата чесна икона, срдечно ве молиме: погледнете милостиво на нас, кои со вашиот труд бевме просветени, и оградете не со вашата недремлива заштита од злобните демонски замки! Погледнете на ова лозје што го насадивте и не оставајте го на дивите свињи да го раскинуваат. Сочувајте ја, свети угодници Божји, нашата Православна вера, која вие ја изградивте врз камен-темелникот Христос, та да биде непоместлива и од овој камен да се растураат брановите на секое маловерие. Укрепете ги нашите пастири во сите добродетели и во подвигот на проповедање, вразумете ги верниците за да го слушаат нивниот глас. Сочувајте ги сите словенски земји од секое лишување, од оган и од меч, од смртоносни болести и од секакво зло. Слушнете го и секој човек, кој со вера ви пристапува и кој изискува благодатна помош од вас. Во страшниот, пак, час на смртта, бидете ни, на сите нас, благи застапници и прогонувачи на темните демонски сили, та во мир и покајание да го завршиме земскиот мегдан, да стасаме до насладување со вечните богатства и заедно со вас да ја прославуваме Пресвета Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!
АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ
Неговата Светост Патријарх Ерусалимски Иринеј I
Patriarch Irineos 1 Patriarch by the Mercy of God, of the Holy City of Jerusalem, All Palestine, Syria of Arabia, Beyond the Jordan, Cana of Galilee and Holy Sion.
Неговото Блаженство
Архиепископ Ветлеемски и Скандинавски ++Јован Хаџи-
ГОСПОДЕ, БЛАГОСЛОВИ ГИ МОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ
Исус немал слуги, но сепак го викале Господар, Тој немал диплома,сепак го викале Учител, Тој немал лекови,сепак го викале Лекар, Тој немал војска,сепак и кралевите се плашеле од Него, Тој не освојувал воени битки ,сепак Го освоил светот, Тој не направил ниедно злодело,сепак го расапнале Тој бил закопан во гробот,сепак Тој живее денес.... МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,ОСЛО
СИМВОЛ НА ВЕРАТА
Tриесет и три молитви за триесет и трите јазли на бројаницата
01. Спомни, Господи, за мир во светот. 02. Господи, Исусе Христе, помилуј ја Црквата наша и нашето Православие. 03. Господи, Исусе Христе, помилуј го Архиепископот наш и неговото братство. 04. Господи, Исусе Христе, помилуј ги, низ целата Земја, Православните клирици и лаици. 05. Господи, Исусе Христе, помилуј го нашиот Духовник и отец и неговото братство. 06. Господи, Исусе Христе, помилуј ја нашата војска и безбедносните служби. 07. Господи, Исусе Христе, помилуј ги началниците на нашиот народ. 08. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои нè мразат, нè љубат и кои се молат за нас. 09. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите родители, добродетели и учители. 10. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите по тело и по дух браќа и сестри и роднини. 11. Господи, Исусе Христе, помилуј ги старите и осамените луѓе. 12. Господи, Исусе Христе, помилуј ги новороденчињата, незаштитените и слабите. 13. Господи, Исусе Христе, помилуј ги децата кои учат. 14. Господи, Исусе Христе, помилуј ги младите момчиња и девојки. 15. Господи, Исусе Христе, помилуј ги наркоманите, алкохоличарите и пушачите. 16. Господи, Исусе Христе, помилуј ги сопружниците на Православните семејства. 17. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите бремени сестри. 18. Господи, Исусе Христе, помилуј ги вдовиците и сираците. 19. Господи, Исусе Христе, помилуј ги разделените сопружници и нашите браќа и сестри во искушение. 20. Господи, Исусе Христе, помилуј ги болните по тело и по душа. 21. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои се трудат и работат во светите манастири и парохии. 22. Господи, Исусе Христе, помилуј ги благочестивите поклоници во светите манастири и цркви. 23. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои пловат, патуваат, летаат, затворениците и очајаните. 24. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите ожалостени браќа. 25. Господи, Исусе Христе, помилуј ги судиите и политичарите. 26. Господи, Исусе Христе, помилуј ги опрелестените и оние кои го хулат светото Православие. 27. Господи, Исусе Христе, помилуј нè и дај ни време мирно. 28. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од болест, гнев, опасност и просвети ги лекарите и болничарите. 29. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од глад, нужда и несреќа. 30. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од жештина, пожари и земјотреси. 31. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од поплави, тонење и мраз. 32. Господи, Исусе Христе, упокој ги и душите на отците, мајките, браќата и сестрите, роднините, дедовците и прадедовците наши. 33. Господи, Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.СВЕТА ТРОИЦА
ОСЛО ПАРАКЛИС МВПЦ
ВИСТИНСКО ПРАВОСЛАВИЕ
По предавството на Православието во рацете на се попогубната појава на екуменизмот во светот, се појави Вистинското Православие насекаде во светот, така да и ние, како Македонска Вистинска Православна Црква, се залагаме за зачувување на изворните вредности на Православието како што го предале Апостолите прво на првите цркви и епископи во раното Христијанство, а потоа тие на Светите Оци, кои на Седумте Вселенски Собори ги зацврстија темелите, односно ги одредија догмите и каноните на Светата Православната Црква. Сето ова Македонска Вистинска Православна Црква се заложува ништо да не биде сменето или да претрпи влијание од современото време. Македонска Вистинска Православна Црква доследно ќе ги спроведува учењата на Светото Писмо и делата на Светите Отци во своите вистини. Македонска Вистинска Православна Црква има и ќе има добри односи со сите оние кои сакаат да ја практикуваат заповедта на нашиот Господ Исус Христос,кој го промовира единството и љубовта , и покрај разликите, ставови и традиции на едни кон други , "Кога се двајца или тројца собрани во Мое име, Јас сум во средината" "Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет! Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет! Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител. Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко,бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа."(Гал.1,8-12) „Чувајте го чедо мое јазикот, како земјата. Зборот може да се изгуби како град, како земја, како душа. А што е со луѓето што го губат нивниот јазик, земјата, душата? Немојте да земате туѓи зборови во вашата уста. Ако се земе странски збор, не сте победиле, сте се отуѓиле. Подобро е да се изгуби најголемиот град на својата земја, но не најмалите и најзначајните зборови на вашиот јазик. Земји и држави не се освојуваат со ножеви и јазици. Бидете свесни дека непријателот ќе те покори и ќе те освоји колку што многу зборови ти земе и свои ти потури. Луѓето кои ги губат своите зборови, престануваат да постојат. Постои мој синко, болест која го напаѓа јазикот на телото како болест. Се сеќавам на такви инфекции и зарази. Најчесто тоа влијае на луѓето по рабовите, на допир на една нација во друга, каде што јазикот на јазикот тара на јазикот на друга нација„
НЕМА ВЕРА,БЕЗ ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ВЕРА
„Господи Исусе Христе, Сине и Логосу на живиот Бог, по молитвите на Богородица и на сите Твои светии, помилуј ме, грешниот и непотребниот слуга твој“.
-
ЈАКОВОВА ЛИТУРГИЈА
Литургија на Светиот Апостол Јаков,братот Господов,неговото Евангелие е прогласено за неканонско како и сето останато досега не објаснето од канонската екуменитичка црква но Вистинската Црква го Чествува +++јован-хаџи ГОСПОД НИ ДАДЕ ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ
1. Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освем Мене 2. Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи. 3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог. 4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа, твојот Бог. 5. Почитувај ги таткото и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата. 6. Не убивај. 7. Не прави прељуба. 8. Не кради. 9. Не сведочи лажно против својот ближен. 10. Не пожелувај ништо што е туѓо.
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ
„24. и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!” 25. По вечера, исто така, зеде и чаша, па рече:”Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!” 26. Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде. 27. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. 28. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. 29. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. 30. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. 31. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.ЗА ЉУБОВТА КОН БОГА
АСКЕТСКИ ОГЛЕДИ, СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ „ Многу подвижници, примајќи ја природната љубов како божествена, ја распалиле својата крв и ја распалиле својата фантазија. Состојбата на распаленост лесно преминува во состојба на измама. Оние кои се наоѓале во распаленост и измама, многумина ги сметале за исполнети со благост и светост, а тие биле жртви на самоизмама. Имало многу такви подвижници во западната црква, од времето кога таа упаднала во папизмот, кој богохулно му припишува на човекот божествени особини и на човекот му оддава поклонение кое одговара и прилега само на Бога. Тие подвижници напишале многу книги во својата распалена состојба во која самоизмамата им изгледала како божествена љубов, додека растроената вообразеност им прикажувала мноштво од виденија кои им ласкале на нивната самољубовост и грдост. Сине на источната Црква! Оддалечи се од читањето на таквите книги, оддалечи се од слушањето на поуките на самоизмамените. Раководи се според Евангелието и светите Отци на источната Црква, во смирение влегувај во духовната висина на божествената љубов, преку извршување на Христовите заповеди.“АПОСТАСИЈА
На 7 декември 1965 година, АПОСТАСИЈАТА (ОТПАДНИШТВОТО) на светското Православие од Бога е целосно исполнето. Вселенскиот патријарх Атенагора и папата Павле VI истовремено „ја отповикаа анатемата од 1054 година“. Анатемата беше објавена поради папската сеерес за да се заштити Православието од богохулните доктрини кои водат во пропаст. Со „отповикувањето“ на анатемата, Атенагора официјално прогласи дека папата и неговите следбеници биле неправедно одалачени, дека Црквата погрешно тврдела дека доктрините на папизмот биле лажни и дека навистина латинскиот папизам е дел од Православието! По заедничкото отповикување на анатемата во 1965 година, протагонистите на еретичкиот екуменизам, Атенагора и папата Павле VI, се сретнале во Рим во 1967 година за да го прослават безбожниот почеток на унијата на црквите. Унијата со папистите е потпишана во Баламонд во 1993 година од страна на православни екуменисти. Единството на Западот и Истокот е воспоставено! Вистинското Православие,Македонска Вистинска Православна Црква и Патријаршија е против овој безбожнички чин и се бориме против сите богохулни модернистички движења на „канонската Православна Црква“ која со својот широк пат води милиони души во вечна погибел.-
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
Иже Херувими тајно образујушче, и животворјашчеј Тројице трисвјатују пјесн припјевајушче, всјакое ниње житејское отложим попечение. Јако да Царја всјех подимем, ангелскими невидимо дориносима чинми. Аллилуиа, аллилуиа, аллилуиа.ХЕРУВИМИ
Ние кои Херувимите таинствено ги изобразуваме и на Животворната Троица Трисвета песна му пееме, сега секоја животна грижа да ја оставиме. Како оние кои ќе Го примиме Царот на сите, со Ангелски Сили невидливо следениот. Алилуја, алилуја, алилујаАНГЕЛОТ СЕ ОТКРИВА
1. Товит го повика сина си Товија и му рече: „Синко, приготви му ја наградата што те придружуваше, а треба да му дадеме нешто повеќе.” 2. А Товија одговори и рече: „Татко, нема да бидам оштетен ако му ја дадам и половината од сè што донесов; 3. зашто тој ме доведе при тебе жив и здрав, тој ја излекува мојата жена, го донесе среброто и тебе те излекува.” 4. Старецот тогаш рече” „Тој навистина го заслужил тоа.” 5. Го повика ангелот и му рече: „Земи ја половината од сè што сте донеле, па оди си со мир.” 6. Тогаш ангелот ги повика нив двајцата на страна и им рече: „Благословувајте Го Бога, прославувајте ја Неговата величина пред сите што живеат за сето она што го направи Он за вас.Добро е да се благословува Бог, да се превознесува Неговото име и со побожност да разгласуваме за Неговите дела. 7. Добро е да се чува царската тајна, и пофално е да се разгласуваат Божјите дела. Правете добро и зло нема да ве снајде. 8. Добра е молитвата кога е сврзана со пост, милостиња и праведност. Подобро е малку со справедливост, отколку многу – со неправда; подобро е да правиш милостиња, отколку да собираш злато. 9. Милостињата избавува од смрт и може да очисти од секој грев. Оние што делат милостиња и прават добри дела, ќе живеат долго на земјата; 10. а оние што грашат – непријатели се на својот живот. 11. Од вас нема да сокријам ништо: веќе ви реков дека е добро да се сокрива царската тајна и дека е пофално да ги објавувам Божјите дела. 12. Кога се молевте ти и твојата снаа Сара, јас ги вознесував вашите молитви пред Светиот; кога ги погребуваше ти мртовците, и јас бев со тебе; 13. кога не те мрзеше да станеш и да го прекинеш твоето јадење, да станеш за да го погребеш мртовецот, не беше сокриено од мене дека правиш добро дело, и јас бев тогаш со тебе. 14. И сега Бог ме прати да те исцелам тебе и твојата снаа Сара. 15. Јас сум Рафаил, еден од седуммината ангели, кои ги однесуваат молитвите на светиите и се искачуваат пред славата на Светиот.” 16. Тогаш обајцата се преплашија и паднаа ничкум, зашто ги опфати голем страв. 17. Но тој им рече: „Не плашете се, да имате мир. Благословувајте Го Господа во векови. 18. Зашто јас не дојдов по својата волја, туку по волјата на нашиот Бог. Затоа благословувајте Го во векови. 19. Во сите денови дозволував да ме гледаат вашите очи, но јас ниту јадев ниту пиев; само на вашиот поглед така му изгледаше. 20. И сега, прославете го Бога, а јас се враќам при Бога, Кој ме прати. Сега ова што стана запишете го во книга.” 21. Тогаш станаа, но него веќе не го видоа. 22. И почнаа да раскажуваат за великите и чудесни Божји дела, да говорат за тоа како им се јавил Господов ангел.
ТЕБЕ БОЖЕ ТЕ ФАЛИМЕ
Тебе, Боже, Те фалиме, Тебе, Господи, Те исповедаме, Тебе Предвечниот Отец сета земја Те велича; Тебе (те фалат) сите ангели, Тебе – небесата и сите сили, Тебе – херувимите и серафимите Непрестајно Ти извикуваат: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот, Небесата и земјата се исполнети од Твојата слава; Тебе преславниот апостолски хор, Тебе пофалниот пророчки број, Тебе Те фали пресветлото маченичко воинство, Тебе по сета вселена Те исповеда Светата Црква, Отецот со непоимливо величие, Твојот почитуван вистински и еднороден Син, И Светиот Утешител – Дух. Ти, Цару на славата, Христе, Ти на Отца си присносуштен Син: Ти за избавување го прими човекот, Не се згнаси од Девствената утроба; Ти го победи осилото на смртта, Им го отвори на верниците Царството Небесно. Ти седиш оддесно на Бога во славата на Отецот, Ќе дојдеш да ни судиш, како што веруваме. Затоа Тебе Те молиме: Помогни им на Твоите слуги, Коишто си ги искупил со Чесната Крв. Удостој ги со Твоите светии Да царуваат во Твојата вечна слава. (се смета дека следниве стихови, главно од псалмите, се додадени подоцна:) Спаси ги, Господи, Твоите луѓе, И благослови го Твоето наследство, Издигни ги и вознеси ги во вековите; Во сите денови да Те благословуваме Тебе И да го фалиме Твоето име во вечните векови. Удостој нè, Господи, во овој ден Да се сочуваме од грев. Помилуј нè, Господи, помилуј нè: нека биде Твојата милост на нас, Господи, како што се надевавме на Тебе. На Тебе, Господи, се надеваме, Да не се посрамиме во вековите. Амин. св.Амвросиј Медиолански-
СЕ ШТО ДИШЕ НЕКА ГО ФАЛИ ГОСПОДА
Псалм 148 1. Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините! 2. Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства! 3. Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди! 4. Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод! 5. Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде. 6. Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине. 7. Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни, 8. Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово! 9. Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови, 10. Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици! 11. Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии! 12. Момчиња и девици, старци со децата заедно. 13. Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото, 14. Тој ја поткрева силата на Својот народ, Тој ги прославува своите свети, Израелевите синови – народ што Му е близок. Алилуја! Псалм 149 1. Алилуја! Пејте Му на Господа нова песна, и во собранието на светите, Неговата фала! 2. Нека Му се весели Израел на Својот Творец! Нека Му викаат радосно синовите на Сион на својот Цар! 3. Нека Го фалат Неговото име со веселба, нека Го слават со тапанче и псалтир! 4. Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките! 5. Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели! 6. Нека им бидат на устите слава кон Бога, а во рацете мечеви остри од двете страни, 7. за да извршат одмазда над народите, и казна над племињата; 8. за да им ги фрлат царевите во вериги, а благородниците во железни окови; 9. за да го извршат над нив одамна напишаниот суд – нека им биде на чест на сите Негови свети! Алилуја! Псалм 150 1.Слава на Бога! Фалете Го Бога во Неговото Светилиште, Фалете Го во величеството на небесниот свод! 2. Фалете Го заради Неговите силни дела, Фалете Го заради Неговата бескрајна величина! 3. Фалете Го со звуците на рогот, Фалете Го со псалтир и лира, 4. Фалете Го со игра и тапанче, Фалете Го со жичани инструменти и кавал, 5. Фалете Го со звучни кимвали, Фалете Го со воскликнувачки кимвали! 6. Сè што дише – Нека Го фали Господа! Алилуја! ПРЕД МАНАСТИРСКИ ВРАТИ
Кој тропа толку доцна во длабочината на ноќниот мир На портата затворена на светогорскиот манастир? „Веќе одамна помина вечерта и нема ноќ се зафаќа, Седи отци, калуѓери, отворете ми ја тешката врата. Светлина душата ми сака, а одмор моите нозе, Изморено е моето тело, уморни се моите нозе. Но крепка е волјата моја која ноќва кон вас ме води, Да го посветам животот на верата и на слободата да им годи. Ги презрев царските дворови, царската круна и облека, И сега еве светлина барам во скромниот манатстир до века. Отворете ми ја, чесни отци, тешката манастирска врата, И примете го царскиот син како најмлад од сите вас браќа. Зашкрипи тешката врата, а над неа бувот се тргна И со крештење ги разви крилата и се сокри во ноќта црна. А на прагот на храмот свет, каде Божјето име се слави, Со факел запален настојникот се јави. Тој факелот горе го крева, над својата глава света, И здогледа, чудејќи се, безопасно босо дете. Високо му е бледото чело, со измрсени густи коси, Но челото возвишено, божествена мудрост го краси. За рака го зема старецот, му го бакна бледото чело, И низ солзи прошепти: „Те примаме мило чедо“. Векови поминаа од таа ноќ чудесна, Векови поминаа и многу ќе поминат уште. Но тоа дете уште живее зошто живее неговата слава, Зошто тоа дете беше Растко, син на Немања, Свети Сава.ИСАИЈА,гл.10
1. Тешко им на оние што создаваат неправедни закони и пишуваат остри решенија, 2. за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите меѓу Мојот народ, за да ги направат вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците. 3. А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде оддалеку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое? 4. Без Мене тие ќе се превиваат меѓу окованите и ќе паднат меѓу убиените. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, раката Негова уште е протегната.
Братства
ОЧЕ НАШ
Молитвата „Оче наш“ е Господова молитва изговорена од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Според Светите Отци молитвата „Оче наш“ е скратено Евангелие, која секојдневно се кажува, најмалку трипати во денот: наутро, напладне и навечер, молитва со која се отпочнуваат сите богослуженија и молитвословија. Преведена е на сите можни јазици на кои е преведено Светото Писмо. Оваа молитва Господ ја кажал на самиот почеток на својата јавна проповед откако ги изговорил Заповедите на Блаженствата на прочуената „Беседа на гората“ во која ги изговорил основните поставки на Своето учење. Молитвата „Оче наш“ е образец како треба да се молат христијаните за разлика од еврејските првенци, фарисеите и книжниците. Господовата молитва има седум прозби и славословие. Првите три се однесуваат на Бог – Отецот, а другите четири на нас луѓето. Од сите прозби многу значајна е шестата која вели: „...и не не воведувај во искушение...“ Многумина велат како тоа Бог не воведува во искушение, ако Тој е Бог на љубовта, на мирот, на спасението? Бог не не воведува во искушение, но допушта искушенија и затоа Го молиме да не заштити од искушенијата. И самиот Господ, иако безгрешен, иако Божји Син, беше искушуван од сатаната. А искушението за вистинските верници значи челичење – да бидеме цврсти во верата. Знаеме од Светото Писмо какви искушенија имале праведниот Јов, патријархот Авраам кој бил спремен да го принесе на жртва својот син единец Исак и многу други примери.По оваа прозба е „...избави не од лукавиот...“ што значи дека првиот искушувач е ѓаволот, потоа светот, како и нашето тело кое постојано не распнува со своите страсти и прохтеви. Молитвата „Оче наш“ треба секој христијанин да ја знае на памет и во секое време и при нејзиното изговарање се стои исправено или се коленичи, се зависи од празникот и времето.A Morning Prayer by St Patrick
Lorica by St. Patrick (Lorica was a mystical garment or breastplate that protected the wearer from danger and illness. The word was attributed to this prayer because of the sections in it regarding protection from physical and spiritual enemies.) st patrickI arise today Through a mighty strength, the invocation of the Trinity, Through belief in the Threeness, Through confession of the Oneness of the Creator of creation. I arise today Through the strength of Christ’s birth with His baptism, Through the strength of His crucifixion with His burial, Through the strength of His resurrection with His ascension, Through the strength of His descent for the judgment of doom. I arise today Through the strength of the love of cherubim, In the obedience of angels, In the service of archangels, In the hope of resurrection to meet with reward, In the prayers of patriarchs, In the predictions of prophets, In the preaching of apostles, In the faith of confessors, In the innocence of holy virgins, In the deeds of righteous men. I arise today, through The strength of heaven, The light of the sun, The radiance of the moon, The splendor of fire, The speed of lightning, The swiftness of wind, The depth of the sea, The stability of the earth, The firmness of rock. I arise today, through God’s strength to pilot me, God’s might to uphold me, God’s wisdom to guide me, God’s eye to look before me, God’s ear to hear me, God’s word to speak for me, God’s hand to guard me, God’s shield to protect me, God’s host to save me From snares of devils, From temptation of vices, From everyone who shall wish me ill, afar and near. I summon today All these powers between me and those evils, Against every cruel and merciless power that may oppose my body and soul, Against incantations of false prophets, Against black laws of pagandom, Against false laws of heretics, Against craft of idolatry, Against spells of witches and smiths and wizards, Against every knowledge that corrupts man’s body and soul; Christ to shield me today Against poison, against burning, Against drowning, against wounding, So that there may come to me an abundance of reward. Christ with me, Christ before me, Christ behind me, Christ in me, Christ beneath me, Christ above me, Christ on my right, Christ on my left, Christ when I lie down, Christ when I sit down, Christ when I arise, Christ in the heart of every man who thinks of me, Christ in the mouth of everyone who speaks of me, Christ in every eye that sees me, Christ in every ear that hears me.