НАД КРСТОВАТА ГОРА СЕ НАДВИ НОЌ, НО НЕ ПАДНА МРАК

unnamed
„Ќе соѕидам Црква Своја и вратата на пеколот нема да ја надвладее…“ (Мт.16,18)
Пред крајот на денот, пред самото зајдисонце, патувајќи со коњска запрега по калливиот планински пат, тука и таму посеан со камен, едно момче пристигна во родното Борово. Се искачи на ридот над селото од каде што се ширеше поглед на височините на Родоп и на десетина километри оддалечената Крстова Гора.
-Зарем не е ова Божји благослов? – рече на глас.
-Ти благодарам Господи што ме доведе дома за да ја нахранам својата душа. Да се одушевувам на Твоето прекрасно Создание и Твојата Гора која и душите го оживува и телата ги лечи. Твојата добрина е преголема кон мене, најгрешниот во целото Твое Царство, Господи, и бескрајна е мојата благодарност кон добрината Твоја.
Потоа тој се симна до родната камена и приземна куќа, доградувана како што се раѓале и растеле децата.
Откако се поздрави со браќата и снаите, отиде до шталата да ги види коњите, кравите и овците. Потоа се врати во својата соба и без вечера отиде да се одмори.
Тој стана в зори и во шарена платнена торба спакува десетина восочни свеќи, поголемо парче леб, малку сирење, кромид и едно грубо волнено ќебе.
Се упати кон Крстовата Гора, изворот на неговите сознанија за Троединиот Бог и Неговото Создание, детските размислувања за чудесната добрина и убавина на Духовното Царство и нежните спомени на многубројни и поучни скитања по Гората со неговиот добар, во Господа, упокоен татко.
По два часа брзо одење и откако совлада долго и многу стрмно искачување, пристигна на планинскиот превој на пространата висорамнина, под самиот врв Крстогора. Тргна кон западната страна на висорамнината и од камен изграденото засолниште користено за палење свеќи и кандила, седна и се навалии на неговиот источен ѕид.
Засолништето беше изградено на рид, над шумскиот превој, на место каде некогаш имало манастир со црквата „Света Троица“, од камењата на манастирот, одамна запален и урнат од гневни и силни освојувачи од Исток; тогаш биле обезглавени многубројни монаси кои на тоа свето место во мирно општежителство, се до маченичкиот земен крај, верно Му служеле на Спасителот. Сите до еден одбиле да ја променат својата света Православна вера…
Со восхит и трепет во душата го набљудуваше металниот Крст на блискиот врв на Гората, кој, осветлен од утринското сонце, гореше со златен оган.
Со ненаситни погледи скиташе низ густата вековна шума со високи дрвја на северната и источната падина на Гората и низ длабоките планински карпи, со кои оваа висорамнина, обрасната со густа зелена трева, е опколена од јужната и западната страна. Шетајќи низ источната падина на Гората се одушевуваше на погледот кон тракиската рамнина и многубројните езерца во нејзината оддалечена и длабока удолнина.
На западната страна на висорамнината, лежејќи на еден раб на израмнета карпа, уживаше во погледот кон кањонот длабок стотина метри на рекичката која, како тенка сребрена линија, искривено како змија патуваше кон север.
Со силниот духовен отсјај на Крстот и волшебната убавина на природата се насладуваше се до пред самрак и испрати прекрасен залез на сонцето зад многубројните врвови на престариот Родоп. Потоа повторно се упати кон врвот на Гората и Крстот, даруван и поставен заради чудесното излекување од долга и тешка болест на една жена од благороден род. Таа, како што прават и други болни лица на Крстогора, поминала повеќе ноќи лежејќи врз оваа света земја: на местото каде некогаш се наоѓала црквата Света Троица и врз тревниците на висорамнината, гледајќи кон ѕвезденото небо и молејќи се за своето спасение и за духовно, како и телесно, здравје. Како вистинско Христово чедо, таа знаела дека од Господа мудар и вразумен дух, го прави и телото здраво.
Кога дојде до Крстот го бакна три пати и Го замоли Господа за спасение и секое добро за сите ближни свои, своите пријатели и оние кои не се тоа.
Потоа легна под постаментот на Крстот и го упери својот поглед кон небото. Одлучи, првпат во својот живот, сам да ја помине ноќта на Крстовата Гора.
† † †
Мракот се спушташе над Крстовата Гора. Се појасни и погусти стануваа ѕвездите на толку блискиот, бистриот и длабок небесен свод, како што е невозможно било каде да се види.
Воодушевен од впечатокот за бесконечниот простор над себе, се присети на приказните на татко му за чудата кои се случувале на Крстовата Гора во кои нејзините, тогаш ретки, посетители верувале безрезервно и насекаде ја сведочеле нивната вистинитост.
Го набљудуваше небесното отворено море и, сеќавајќи се на поуките на Отците, се обидуваше со духовно согледување да ја истражи величенствената сила и мудрост на Богосозданието: зошто Бог ја создал вселената и битијата; како од небитие во битие привел се што постои; како и од каде произлегла разумната и духовната природа на ангелите и луѓето; од каде се елементите од кои настанале телата кога никаква материја не постоела пред нивното создавање…?
Веќе тонеше во сон кога одеднаш се разбуди поради она што виде пред засолништето: ѕвездички создадени од светлина и не поголеми од десет сантиметри во пречник, весело танцуваа. Тоа беше нешто нестварно, но откако се штипна силно, се увери дека не сонува. Танцуваа по неколку минути, а потоа исчезнуваа, за потоа, од пребогатата ризница на Богосозданието, да се случи нешто почудесно.
На небото се појавија силуети од градби, создадени од светлината, кои стануваа се појасни. Во средината на небесниот град, опколен со кули и ѕидини, здогледа огромен тркалезен храм, кој сјаеше со златна светлина. Во светлосниот град се видоа голем број на различни куќи, со големи тераси, градини и фонтани, а правите улици како ладало се протегаа од тркалезниот плоштад околу храмот. Од капијата на градот се спуштаа скали кон Гората чиј крај беше под постаментот на Крстот. Момчето стана, без чувство на страв згазна на скалите и тргна нагоре…
По околу два земни часа, се врати на истото место. Трлајќи ги очите полека се привикна на темнината, легна врз тревата и продолжи да гледа кон небесниот свод исполнет со ѕвезди. Во неговата душа владееше неискажлив спокој исполнет со чувство на бескрајна благодарност кон предобриот Владика на небото и земјата за Благодатта со која беше даруван.
Потоа сјајните ѕвездички повторно се појавија. Овој пат го играа околу него највеселиот танц за кој тој никогаш не веруваше дека е возможен. Бескрајно уживаше во Господовото човекољубие, постојано заблагодарувајќи Му на Неговата милост и добрина, а потоа почувствува дека не го допира тлото под себе. Лебдеше во воздухот, најмалку еден метар високо и, нишан од веселата игра на Ангелите, се чувствуваше како дете кого мајката го заспива во своите прегратки. Тие танцуваа околу него и го галеа, недозволувајќи му да им возврати, иако тој, воден од внатрешнта милост која ја чувствуваше, се обиде да ги допре и погали. Пред да исчезнат, тие полека го спуштија на тревата. Со напор се крена зашеметен од чувствата на блаженство и бескрајна љубов кон Единиот Вистински Човекољубец, кој него грешниот го удостои со вакво внимание.
Од торбата извади свеќи за да ги запали на дното од Крстот. Тогаш на северната страна на висорамнината, на самиот раб на шумата забележа колона од монаси со покриени глави, кои без никаков глас и шум, исчезнуваа во густата шума од дрвја под засолништето. Прекрстувајќи се тој Му се заблагодаруваше на Господ за науката со која го даруваше.
Застана пред Крстот и запали свеќа на благодарност за најчудесната, неизмерна и огромна ширина на Добрина. Се заблагодари за сите блага кои му беа дарувани нему грешниот и во се недостојниот. Се заблагодари и за сите искушенија кои со Своето човекољубие и премудрост Отецот ги дозволува, а заради постигнување на Неговите Божествени и возвишени цели: зацврстување на верата, просветлување на умот и стекнување на кроткост и смирение.
Се помоли и за Благодатта на спокојното, долготрпеливото и благодарното поднесување на сите несреќи, храброста да оди по Неговиот пат и за духовните очи отворени за Неговата наука, единствено вистинита и праведна. Запали свеќи за спасение, здравје и благосостојба на сите нему познати луѓе, пријатели и оние кои не се тоа.
Откако се помоли и се крстеше постојано заблагодарувајќи Му на Господа за укажаната милост, почека да согорат свеќите и по северната падина на Гората се упати кон блискиот параклис. Бил изграден во спомен на подвижник и богоносен брат, во слава Христова, во чија пештера престојувал една седмица. Се одлучи да преспие до изгрејсонце на подот на параклисот.
Симнувајќи се по црната темина низ густата шума од стогодишни букови стебла, воден од Раката на Севишниот, без тешкотии дојде до параклисот. Запали свеќа на благодарност кон Богоносниот Отец и откако се помоли, го простре ќебето на земја, легна и со мирен сон на праведник, потоплно заштитен од Отецот Небесен, тој веднаш заспа.
Пред зори, во полусон, слушна чудна бучава. Се редеа слики и настани кои засекогаш му останаа во сеќавање.
† † †
Се слушна силна бучава. Некој стругаше метал, кој како да цивкаше, а цивкањето како да премина во плачење. Тој полека се приближуваше кон работ на шумата. Патеката осветлена од Месечината полека стануваше се појасна, а бучавата се слушаше се посилно. Легна на тревата и незабележливо набљудуваше што се случува.
На врвот на Гората виде еден човек како со некое орудие рамномерно влече по Крстот, кое се слушаше како со жица да струга по виолина. По голем труд човекот успеа да го собори Крстот. Од издигнатиот постамент тој тресна на земјата и силно лелекна како мајка на која некој туѓинец и го одзема детето. Потоа човекот продолжи со работата. Го сечеше Крстот на два дела. Кога и тоа го заврши, го стави едниот дел од Крстот на грбот и го однесе. Го немаше долго време, а потоа се врати по вториот дел и веќе не се појави.
Гледајќи кон ужасот што се случуваше, плачеше и Го молеше Бога да му прости на човекот зошто не знаел што прави. Беше сфесен дека тој конечно Го истерал Бога од себе. Плачеше се погласно, оплакувајќи го неговиот пад и уништениот живот.
Потоа Го здогледа Возвишениот Свет Лик како и Он плаче на висините, гледајќи во постаментот без Крстот на Крстовата Гора.
Потоа го виде човекот како горко плаче, со своите раце прави три дрвени крста, по нив нешто пишува и како некаде ги носи, но не виде каде. Потоа виде како човекот повторно го состави металниот Крст, го стави на својот грб и, мачејќи се, го изнесе на врвот на Гората и го остави тука.
Тогаш престана да плаче и со љубопитливи очи погледна кон Небото. На небесните висини го здогледа бројот 2001.
† † †
Откако се разбуди, легна на грб, се загледа во кристално чистото синило на небото и долго размислуваше за необичното доживување. Потоа стана и се упати кон патот за селото, уживајќи во топлиот и сончев ден.
Од левата страна на патот се ширеше поглед кон засенчената и се уште темната, длабока долина и каљонот на реката, а над неа, далеку кон запад, исто се ширеше поглед кон бескрајните височини на разиграниот Родоп; кон целиот тој чудесен букет на високи ридови густо обраснати со дрвја; кон една вистинска зелена бајка исполнета со чуруликањето на птиците и бујниот весел живот.
„Слава на Троицата поради овој празник за душата и очите и благодарност за Неговата добрина“ – си помисли и забрзано чекореше по патот кон селото.
† † †
КРСТОВА ГОРА 2001 ГОДИНА

Во малото превозно сретство кое полека се искачуваше по тесниот и асфалтиран пат кон Крстовата Гора, покрај младиот возач седеше еден старец со достоинствен изглед и скромна облека. На благото и продуховено лице на старецот светеа весели и љубопитливи очи кои препознаваа и впиваа се она што здогледуваа по патот. На самрак стасаа на врвот на Гората.
Но, на старецот Гората му се чинеше многу различна. Виде илјадници луѓе и многу мали, поголеми, па и големи возила за повеќе патници, наредени низ стрмнината на патот, се до оддалечената долина во подножјето на Гората.
Од веќе засенчениот премин, завртен кон запад, на местото каде некогаш се наоѓаше каменото засолниште, стариот господин здогледа убава од камен соѕидана црква која го попречуваше погледот кон зажареното сонце кое зајдуваше и целата беше осветлена со светлина црвена како крв. Дозна дека црквата е посветена на Света Троица, нешто што во неговата душа предизвика силна радост.
Потоа се заврте кон исток и на врвот на Гората здогледа златен одблесок на Крстот, толку блескав што беше тешко да се гледа во него. Крстот беше двапати поголем од оној што го знаеше; оној што беше исечен и однесен, составен и донесен.
На источниот крај на преминот и на почетокот на искачувањето кон врвот на Гората и Крстот, стоеше чудесно убава, бела и нова црква, со крената и широка тераса пред широките врати поставени од едниот до другиот крај на предниот дел на црквата. Нејзината внатрешност блескаше од светлината на многубројните кандила и илјадници свеќи кои ја осветлуваа чудесната убавина на дрвениот врежан портал, иконите и бројните реликвии на тоа свето место.
Од темелите на новата црква кон врвот на Гората и Крстот, со благо искачување нагоре, беше изградена тесна поплочена патека. Од нејзината лева и десна страна стоеја дванаесет исти, бели и неизмерно убави параклиси посветени на дванаесетте Господови Апостоли.
На врвот на Гората, над издигнат постамент, блескаше металниот Крс до кој странично воделе камени скали. Во подножјето на постаментот на Крстот и од двете негови страни стоеја голем број на свеќници со стотина запалени свеќи.
По висорамнините и падините на Гората се шетаа илјадници луѓе, а некои седеа на земја спремајќи се да преспијат на неа. Двете цркви беа преполни со народ. Голем број луѓе одеа нагоре или се враќаа од посетата на Крстот и врвот на Гората.
По патчето кој од северната падина на Гората, под црквата, води кон запад и изворот на света вода, се движеа долги колони на луѓе со садови во рацете. Насекаде наоколу луѓе: млади и стари, мажи и жени, деца и старци, здрави и болни, а некои на патерици или носилки.
Стариот господин ги набљудуваше овие живи слики седнат на клупа, навален на полукружниот олтарски ѕид на црквата. Од тоа место го виде целиот планински превој и благото искачување до Крстот на врвот на Гората. Со ненаситни очи гледаш де во новата црква, де во ниските лампиони крај патот кои беа осветлени од Патеката на Светлината и параклисите посветени на светите Апостоли. Од двете страни на патеката, како две колони на бели лебеди, параклисите го означуваат патот кој води до Крстот. Гледаше нетрепнувајќи и со своите очи неверувајќи дека го гледа она што тие гледаат.
Полека над Гората се надви ноќта, но не падна мрак. Луѓето непрестајно палеа свеќи, држејќи ги во рацете додека не изгорат; полноќната Гора блескаше искапана со светлината на илјадници свеќи. До стариот господин на клупата седна едно момче. Во раката држеше мала кутија и разговараше со некој кој, судејќи според разговорот, се наоѓаше далеку:
„-Еј, дојди тука! – говореше момчето. – Дојди да видиш нешто што никаде го нема.
Толку сум опуштен и смирен и толку добро се чувствувам како никогаш до сега. Тука владее некој чуден дух. Како сите да се сакаат. Како сам Господ да е меѓу нив. Се спремаат да спијат на земја иако ноќе е многу студено. Велат дека тука никој не настинал, туку лежењето на земја дури и ги излекува! Ова тука е навистина нереално, како некаков друг свет, а сепак се е така реално. Животот го чувствувам многу посилно отколу било кога.
Дојди пријателе, ова мораш да го доживееш! Верувај ми, ова е нешто вистинско! Има многу хендикепирани и болни луѓе, а сите се со среќни лица, исполнети со надеж и радост! Чудо едно! Чудо! Толку радосни луѓе на едно место!“
Старецот го слушаше разговорот на момчето и се смешкаше. Тогаш, гледајќи ја и понатаму со широко отворени очи оваа „нереална слика“ на реалниот живот, шепотејќи почна да се моли на својот најдобар Пријател:
-Господи, знам дека мојот земен живот полека истекува, дека доаѓа време конечно да дојдам при Тебе и да се одморам од моите земни задачи. Чувствувам, Господи, дека за тоа ме подготвуваш. Стар сум, се понемоќен и веќе е време да се преселам при Тебе, да се загреам на Твојата добрина и да се утешам со Твојата Татковска љубов. За се Ти благодарам Господи. Беше предобар татко на својот грешен син. Уште многу млад ми даде благодат на сознание што е овој земен живот и како треба да се живее; како и на ова злобно место може да се живее во среќа и спокојство. Затоа нека Ти е вечна слава и благодарност Господи! Нека Сесветата Волја Твоја биде за секогаш, семудар Отецу мој.
Но, сега Те молам: дај ми уште малку време да ги смирам моите синови, да ги смирам моите браќа, Оче. Преку едниот од нив, напаѓајќи го моето семејство, завладеа мрачниот демон на омразата. Таа омраза, со Твојата Татковска помош, мора да ја искорнам од него, а потоа може да тргнам на пат: пред Твоите предобри скутови и кај својот земен ангел, Оче, кај својата добра жена, со која преживеав повеќе од пола век во слога и љубов, за што вечно сум Ти благодарен Седобар.
Неа, Оче, и ветив дека ќе се грижам за децата. И како сега можам да ги напуштам кога еден од нив живее во омраза и во злобен свет на вечните непријатели на Твојата единствена Вистина, Правдата Твоја совршена, Бобрината Твоја бескрајна и Љубовта Твоја секогаш верна и вечна. Смилувај се Милосрден на немоќта на овој земен татко и услиши ја мојата молитва. Знам дека преземам претешка задача Оче. Но, со помош на Твојата бескрајна, Сетатковска љубов и милост искажана кон мојот син и мене, ништожен негов телесен татко, уште една душа ќе биде спасена. Услиши ја Оче мојата молитва – но не како јас сакам, туку нека е света волјата Твоја.
Тебе чест и слава и благодарност Оче од мене, во се недостоен роб Твој и од сите созданија Твои, во вечните векови. Амин!
Откако ја заврши молитвата старецот ја навали главата на ѕид и полека потона во сон. Лицето му блескаше осветлено од радост. Толку блескаше што луѓето подзастануваа и го гледаа знаејќи дека светлото и радосно лице на еден човек додека спие потекнува од очистената душа од гревови, од внатрешната духовна блескавост настаната од благодатното согледување на Бога. Некои од луѓето му приоѓаа на заспаниот старец и му ја љубеа раката и го милуваа по лицето.
images
Момчето што седеше до него го разбуди точно на полноќ кога еден истакнат старец во одора на Божји пастир, со долга и целосно седа коса и брада, проповедувајќи му на народот, ја започна службата Божја. И самиот со лице осветлено со благодатна радост, од терасата на новата црква, се обрати на илјадниците луѓе:
-Народе Божји и народе мој!
Да се заблагодариме на Бога што се собравме во толку голем број и да се помолиме да благослови и со Својата света волја да не управува и води сите ние што вечерва сме тука, на Крстовата Гора во нашите дела! Нека е во се и во сите векови светата волја Твоја Господи! – рече стариот Господов пастир, кревајќи го погледот и двете раце кон Небото.
-На почетокот на проповедта, на светото место на нашата славна Крстогора на кусо да се потсетиме зошто Крстот, на кој е распнат нашиот Господ Исус Христос, Симболот на спасението. Без сомнение неговата смисла доаѓа уште од Предвечноста, но како Симбол на спасението на нашиот свет тој постои од времето на Исусовата Голгота. Заради тоа треба да се вратиме во тие времиња и да ги слушнеме толкувањата на нашите Богоносни Учители:
„Не е случајна природата на овој прекрасен и широк свет кој нема друг рамен на себе, ниту пак неговата неколку илјадугодишна историја е дело на некои самосоздадени и случајни закони„ – пишува Свети Григориј Богослов. „Вселената е создадена и управувана од страна на голем и бескраен разум кој стои над се и уште од првиот момент управува со се и придвижува со мудри и непроменливи закони…Светот немаше да преживее толку многу време доколку беше лишен од принципи и закони.“ Во своето дело „Учење за душата“, Свети Григориј Богослов вели: „Постоело време кога врховното Слово на Духот, следејќи го великиот разум на Својот Отец, го создал до тогаш непостоечкиот свет. Но, кога сето тоа – земјата, небото и морето – ја образува Вселената, стана потребен и сведок на оваа Премудрост, стана благословен цар на земјата“.
index
До тој монет еден од световите бил создаден пред сите – друго небо, каде живеат богоносците. Затоа Словото вели: „Пространото небо го населуваат добри ангели – непорочни духови, чисти службеници, а земјата е украсена само со неразумни животни; ете зошто ми е угодно да создадам еден таков род на твар во која може да се смести и едно и друго – да биде во средина меѓу бесмртните ангели и смртните животни; ќе создадам разумен човек кој ќе се радува на Моите дела; кој ќе биде мудар службеник на небото, велик владател на земјата, нов ангел во тело, песнопеец на Силата Моја и Духот Мој.
Голема саможртва требаше да поднесе Исус Христос за Царот на новиот свет, за луѓето да можат да го спознаат своето Божествено потекло и со тоа предизвиканата своја бесмртност. Крстот на Неговата Гоглота постави граница меѓу два света-стариот и новиот-и истовремено ги соедини. Поради тоа Крстот е единствениот знак во вселената кој ни покажува дека нема друга алтернатива освен храброто качување кон небото, нагоре кон Бога. Откако ќе ги очисти својот дух и тело, човекот треба да стане сличен на Бога, бого-човек. Блажен е оној чие единствено богатство е Крстот, оној кој го носи високо и преку него се стреми кон совршенство. Крстот го помири човекот со Бога. Тој ни го отвори Рајот. Преку него земјата конечно постанува небо. Крстот не прави сограѓани на духовниот свет. Тој е најуниверзалниот знак кој ни ја овозможува нашата комуникација со Вселената. Тој е патот на нашето спасение; тој е оној кој ни сведочи дека по смртта повторно има живот – тој навистина е сведок на нашата бесмртност.
Исус му рече на Симон: „Остави го езерото и улови ја Вселената, скрши го веслото и врзи се за Крстот; скини ја мрежата и проповедај несебична љубов; фрли ја јадицата и исцелувај болести; одвои се од мрежата и побарај ги небесните клучеви; симни се од чамецот и влези во црквата“.
Ние Христијаните немаме поскапоцен надворешен знак од Светиот Крст. Тој е знак на нашата вера, нашата љубов кон Исус Христос, нашата Православна Црква. Тој е наш знак – Знак на Синот човечки (Мт. 24, 30). Тој е украс на црквата. Крстот го ставаме на богослужбената одежда, го поставуваме на куполите на нашите храмови и параклиси, кревајќи го на највисоки места за добро да се види и насекаде да ја шири својата боествена сила. Го ставаме и над христијанските гробови со уверување и како залог за нашето идно воскресение.
Кога дрводелецот го правел Крстот на нашиот Господ Исус Христос, тешко и да помислил дека неговото дело – тие две вкрстено заковани греди- ќе стане знак на една нова вера и Симбол на Спасението на милиони луѓе ширум светот.
Христовиот Крст, знакот на Синот човечки, е и посебен знак на Неговата Света Црква која во себе ја обединува целата Евангелска проповед. Тој е највисоката точка на оствареното спасение на Христос. Зошто се поколуваме пред Светиот Крст Христов? Се поклонуваме бидејќи на него беше закован и распнат Божјиот Син Исус Христос. Крстот стана симбол на безграничната Христова љубов. Ние го прославуваме Христовиот Крст зошто преку него се извршува нашето спасение и повторно ни се отворија вратите на Рајот.
Го воздигнуваме зошто на него беше убиена омразата – милоста и вистината се сретнаа, правдата и мирот се целиваа (Пс. 84, 10). Симболот на мирот е Крстот Христов! Неизмерлива е и неискажлива величината, силата и светоста – духовата превозвишеност на Крстот Христов.
Кресту Твојему поклонјаемсја, Владико, и Свјато Возкресение Твое славим! – со силен глас и со кренати раце изговори стариот Божји пастир. Со насолзени очи, загледан во блескавата светлина од илјадниците свеќи во рацете на луѓето, кои беа духовно длабоко допрени и во совршен мир го впиваа секој негов збор, тој продолжи:
-Народе Божји и народе мој!
-Од вашите пари кои ги оставате кога купувате свеќи и реликвии го изградивме, со благодарност и во слава на милостивиот Бог, сето ова што го гледате на Крстовата Гора. Свеќите ги купуваме и палиме во слава Божја, за спасение, здравје, слога и љубов меѓу нас во тело и за покој на душите на оние кои се преселија при Отецот наш небесен.
Затоа ова место, додека сум жив, ќе остане она што е, а Го молам Господ и откако ќе се преселам при Него, и засекогаш – да биде свето Божје место! Место на кое е закопан дел од Крстот, за среќа и спасение на нас луѓето, кој еден ден ќе биде пронајден.
На Бога непрестајно се молам народе, да ова свето место не биде осквернавено и испогането, како што денес се многу други места. Наместо да Му служат на нашиот Господ Исус Христос, во нив се населиле трговци со се и сешто, а со нив и сите болни страсти на самобожниот паднат човек, кои од ужасот на среброљубието и страшната себичност, на луѓето им донесуваат се повеќе болести, несреќи и страдања.
Ја гледаш ли, народе, таму долу каде живееме, целата гнасотија на опустошувањето?! Сиот тој јад, горчина и болка – насекаде околу нас! Го гледаш ли сиот тој терор, таа темнина и сето тоа ропство на тешко заболениот дух на овој свет! Гледаш ли дека светот лежи во зло и дека се се потопува во смрт и ништовност! Гледаш ли дека паднатиот човек стана орудие на добромрзителот за преправање на од Бога создадениот поредок! Гледаш ли дека на рогатиот човекомрзец му станавме валкани раце кои го валкаат и крадат Творештвото Божје!
Качете се луѓе на Крстовата Гора и летајте високо, како орли Божји кои не можат да се уловат со мрежи за врапчиња! (Св. Јован Лествичник). Зошто човек кој живее на висините на Крстова Гора, во Духот Свети, е образ и подобие на нашиот Небесен Владика и суштинската добрина. Таквиот човек „го воздржува јазикот свој од зла и устата своја од лаги, се клони од зло и прави добро, бара мир и врви по него“ (Пс. 33). Тој не може да пострада од човечкото зло, а да не стане воскресен победник, како нашиот Господ Исус Христос.
Тоа нам нашиот човекољубив Отец небесен ни го подари, а ние безумните бегаме од тоа:
-Не сакаме да сме богови, туку да сме стаорци!
-Не сакаме да бидеме во светлина, туку одиме кон темнина!
-Не сакаме вечен живот во Царството Божјо, туку смрт во вечен оган и во најкрајната темнина!
-Не сакаме да Му служиме на Творецот, туку на црната и отпадната творевина и своите грешни души од искон им ги даруваме на човекоубијците!
-Не сакаме дар Божји, Неговата седобра природа, туку градиме некоја своја, за која велат: што поцрна – тоа подобро!
-Не сакаме да и служиме на љубовта – туку на омразата!
-Не сакаме да Му служиме на Господа и ближните – туку на сатаната и на својата проколната себичност!
-Не сакаме да му служиме на духот на љубовта, слогата и пријателството – туку на црниот дух на студенилото, раздорот и непријателството!
Сите заедно нема да дозволиме тоа и тука да се случи, на Крстовата Гора. Сите заедно ќе се бориме на ова место до крај да се почитува премудрото слово на Евангелието на нашиот Господ Исус Христос, во слава Божја, единствената вистина и правда, во слава на љубовта и мирот, слогата и помагањата меѓу луѓето, зошто „по тоа сите ќе ве познат дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе“ и „брат помаган од братот е како утврден град“ – не учи нашиот Семудар Небесен Владика.
Народе Божји и мој народе!

Оправданиот гнев Божји до сега го преживеавме благодарение на повеќемината од вас кои добро знаете дека Светите Отци не учат, дека Светото Писмо не ни забранува ништо од она што Бог ни дал на употреба, туку дека Бог казнува неумереност, неразумност и неприродни движења од Отецот дарувани; Отецот наш небесен не забранува да се јаде, ниту деца да се раѓаат, ниту да се има пари и правилно да се употребува, Он ја забранува злоупотребата од тоа: егоизам, лага и измама, суета, гордост и празно човеково славољубие, алчност, блудност и страст, раздор, омраза, непријателство, властољубие, војна и се друго што води кон пад на нашата вистинска, богочовечка природа и умирање на нашите души од канџите на црните сили.
Бог забранува се она што доведува до тоа да со овој свет владее духот на егоизмот, раздорот, алчноста и гонењето на се свето, наместо меѓусобното помагање во се, мирот, слогата и љубовта меѓу луѓето, побожен однос кон ближните и почитување на сите заповеди и волји Божји. Без сето ова тешко нам во овој свет „кој лежи во зло“.
Господ рече: „Без Мене не можете да правите ништо!“ Апостолот на народите не учи да не војуваме против крвта и телото, туку против поглаварствата и власитите, како и властите на темнината од овој свет, против духовите на злобата во поднебесјето! А како ќе војуваме без оружје, браќа и сестри? И тоа против толку силен и немилосрден нерпијател кој по својата природа е најцрното зло и во себе нема ниту трошка милост!
Отецот наш Небесен е наше Сеоружје, браќа и сестри! Он е Источник на секое добро и наша Сила Која го победува злото! Со Неговата непобедлива Сесила ние го победуваме злото и во себе и околу нас! Без Него и Неговата помош ние сме ништо и се добро што правиме без Господа постојано завршува како зло!
„Во светот ќе имате неволји, но небојте се – Јас го победив светот!“ – ги учи своите грешни деца Оној Кој е единствено човекољубив и секогаш верен: затоа е неопходно и крајно потребно секогаш и во се да се потпреме на Него, на Неговата Сесила и бескрајна добрина за злото во нас и насекаде околу нас да биде победено! А ние браќа и сестри – ние робови на црни сили на блокирани умови, што ние правиме? Ние редовно ги забораваме овие Свети Зборови на Љубов од нашиот Отец Небесен и во име на некаква си наша слобода и божем здрава и приземна памет, сами од себе правиме добри дела. Сами го уредуваме и градиме нашиот кус земен живот! Колку само материјални сретства, напори и суети вложуваме во своите, божем, добри дела! Ја ограбивме целата планета за да ја задоволиме својата тапа суета, своите бескрајни похоти на телото и страсти на очите, а за таква неразумна потрошувачка би ни требало барем уште неколку вакви планети! И сега, под товарот на таа и таква наша добрина лелекаме не само ние, паднатите словесни Божји созданија, туку и целата планета и се што живее на неа! Се лелека, се разболува и пропаѓа од нашето безумие, лудост и глупост! Создадовме само „рај на будали во кој живееме и кој само што не се урна!“ (Св. Серафим Роуз).
Целта на Божествената Промисла, браќа и сестри, не е ние луѓето, со својата лудост и бескрајна глупост, – што е кај луѓето кои живеат во паднатиот дух на овој свет и единствено што нема граница – се чудесно убаво Богосоздадено околу себе да го потрошиме, урнеме и уништиме и Творецот на се видливо и невидливо и нас самите не е наш должник, Кој е обврзан, откако оваа до крај ја ограбиме, да ни создаде и подари резервна планета!
Целта на Божествената Промисла е, со вистинска вера и духовна љубов, да ги соедини оние кои на разни начини се разделени со зло. Заради тоа и пострада нашиот Соасител „за расеаните Божји деца да ги собере во едно“. (Јн. 11, 52) Во љубов народе! Во љубов, зошто Бог и Отец на сите нас е Љубовта! Само љубовта е таа која мудро и разумно гради за среќа и радост на луѓето, а не за зло!
Затоа народе Божји и мој народе!
Задоволи ги своите земни потреби со добрата кои Бог ни ги даде да ги употребуваме, но добро знај: тоа мора да се направи според Божјите закони – без страсти кон парите, славата, власта и уживањата земни и без идолопоклонства кон било што земно, распадливо и минливо. Зошто „таму каде што е твоето богатство е и твоето срце“, рече нашиот Господ. А тоа значи следново: ако богатството и срцето, а тоа значи вредностите кон кои тежнееме и нашата љубов, се кон земни предмети, ние ја примаме нивната земна природа и самите стануваме немилосрдна, бездушна и распадлива твар. Така се што ќе изградиме ќе биде урнато и запалено! Така градејќи ги градиме Содома и Гомора!
Робувајќи на безумната глупост која вели дека човекот е во средиштето на вселената – всушност робувајќи на егоизмот и суетата, минливата и лажна величина и слава човечка, угодување на стомакот, блуд и страст, во насладување на телесните сетила и органи – ниту можеме да примиме, ниту од себе да подариме несебична Божја љубов. А таа, мој народе, е единствена животодавна сила и единствена гаранција за нашето духовно и телесно здравје, здрав разум и опстанок на човечкото, а со тоа и најскапоцениот дар за човекот од човекољубивиот Бог.
Размисли Божји народе зошто во Евангелието пишува дека се што е човечка мудрост е за Бога лудост! Затоа да живееме во обновата на своите животи! Да го отфрлиме од себе стариот човек исполнет со страсти и гревови и да станеме нов човек. Да се поврземе со љубовта кон Бога и меѓу себе, како за цврсто закопан столб и ќе имаме среќен живот на земјата и спасение и вечен живот при нашиот Отец Небесен.
Да ги примиме скапоцените духовни дарови од живиот Бог и да се обожиме во нашиот Господ Христос зошто тоа зависи и од напорот на нашата волја. Со помош на Господа, да ја изградиме нашата возвишена богочовечка природа, бидејќи таа е како таква изворна и е единствено вистинска, од Отецот промислено дадена, наша природа!
Внимателно да го чуваме целото видливо Создание што ни го даде нашиот дарежлив и човекољубив Отец. Да живееме скромно и разумно зошто „човекот не живее само од леб, туку и од секој Божји збор“. Она што сме го добиле не е подарок со кој ќе правиме се што ќе посакаме. Сите земни добра се милост Божја укажана кон Неговите возљубени деца. Ни се дадени само за употреба и чување за идните генерации. Никогаш не смееме да заборавиме дека не сме сопственици и секогаш да имаме на ум дека единствен сопственик на се видливо и невидливо во Созданието е неговиот Творец – нашиот човекољубив Отец, Кој постојано го обновува живототи управува со сите небесни сили, а за наше добро.
Значи, мој народе, се што поседувате од земните добра користете во слава на љубовта и слогата меѓу вас, во слава на верата и надежта во подобро утре. А ако меѓу луѓето има љубов, вера и надеж, сигурно ќе дојде и подобро утре. Зошто нашиот Господ е верен и Он на Своите возљубени деца во се добро им помага.
Народе, чувај се од секоја себичност и алчност! Безумно е да го потпирате својот живот врз лажната сигурност на материјалните добра. Вистинската сигурност човекот ја гради само врз верата во Бога, а не врз она што мисли дека поседува. Богатете се во Бога, со нераспадливи и вечни добра, а не со безумно трупање на распадливи земни предмети зошто ќе бидете со сичџири оковани и затворени од нивната бездушна природа.
Знај, народе, дека кога заминуваме од земниот живот, од тој момент веќе ништо не можеме да промениме. Во тој момент постои само едно прашање: колку сме богати во Бога? От тоа зависи дали од Господ ќе слушнеме: „Безумнику!“ или „Ти си добар и верен слуга, дојди…“
Затоа, Божји народе и мој народе: мудро и со страв Божји користи ја својата слобода. Дали човек ќе биде добар или лош тоа единствено зависи од него. Злото не постои во нашата природа, туку во погрешното и неразумно движење на нашите душевни сили. (Св. Максим Исповедник)
Да бидеме народ Божји. Да се воздржуваме од неразумни желби, да ги ограничиме нашите страсти со возвишена духовна љубов кон Бога и своите ближни, а разумот и нашите мисли нека постојано се стремат кон Бога. Нека е благословен нашиот народ кој ги исполнува заповедите и во се ја почитува волјата на нашиот Творец: дека мора да живее во слава на мирот меѓу луѓето и народите и во слава на обновата на животот земен во Исуса Христа, нашиот Господ.
За се што добивме, а добивме се, на нашиот Господ постојано да Му се заблагодаруваме! Нему нека е вечна слава и благодарност во вечните векови. Амин!
† † †
По проповедта, ноќта на благодарноста кон Спасителот беше продолжена со Богослужба, со Божествена Литургија проследена со пеење на машки хор. Возвишени со Светиот Дух, одекнуваа силни и душемилни гласови во слава на Спасителот до пред зората, на висините на Гората и небесните висини.
Кога околу четири часот утрото Божјата служба беше завршена, старецот влезе во новата црква со намера на својата животна сопатничка во дух и на сите свои познати, во тело и дух, да им запали свеќи. Народот се уште беше пред црквата и во тој нејзин дел старецот беше сам.
Кон составениот метален Крст, поставен лево од олтарот во предниот дел на црквата, старецот му пријде како на свој стар познаник. Со блага насмевка на лицето и прекрстувајќи се, го бакна три пати и гласно рече: „Слава на Семудроста Твоја, возљубен мој Оче! Еден Крст однесоа, а сега тој и уште еден се тука. И секој е на свое место: еден на врвот на Крстовата Гора, а друг во Црквата Твоја, спасителката наша со љубовта Твоја дарувана. Слава Тебе, Господи, слава Тебе!
Потоа ги запали свеќите и тргна кон олтарот со намера да се поклони пред иконата на мајка Богородица и да ја бакне рамката. Кога се заврти виде дека ги нема свеќите каде што ги запали. Преку лицето на старецот заигра насмевка, ја бакна иконата на Пресветата Мајка, се заврте и повторно ги виде свеќите на своето место! Повторно на сувото и издолжено лице и околу благите очи заигра широка насмевка.
Потоа во болното тело почувствува необична топлина и, смешкајќи се понатаму, во себе си рече: „Ти благодарам Господи што ме слушна. Слава на Твојата бескрајна добрина што им ја укажуваш на Своите грешни деца“.
Прекрстувајќи се, старецот влезе во оларот и, покрај ѕидот, го здогледа стариот свештеник, со лице кое имаше блажен израз, како ја преоблекува својата пастирска одежда, гледајќи со молитвен поглед во витрината со реликвиите. Во витрината, заштитена со стакла и поставена на средината на ѕидот на олтарот, стоеја три реликвии: Крст, од предната страна украсен со сребро, икона на Пресветата Мајка Богородица со чудесно изрезбана дрвена рамка, на краевите со сребрени листови, и Книга со сребрени корици.
Му пријде на свештеникот и му целива рака. „Од Бога се најдобро“, си посакаа еден на друг и старецот, со лесни чекори, излезе од црквата, откако претходно повторно нежно го бакна и помилува составениот Крст.
unnamed2
На предната тераса на црквата, меѓу многуте луѓе, го здогледа својот млад придружник, кој воодушевено ја набљудуваше божествената слика пред себе: од црвеното небо на исток, осветлувајќи го Крстот на врвот на Гората, пристигнуваше се посилна светлина на новиот ден, а Гората и понатаму блескаше од светлината на свеќите. Осветлени од едната и другата благословена светлина, лицата на верниците блескаа со божествен и свет сјај.
Старецот му се обрати на момчето со зборовите: „Доста е синко. Да тргнеме полека, не чека долг пат.“
администрација на МВПЦ
сестра Ана

This entry was posted in Почетна. Bookmark the permalink.

Comments are closed.