БОЖЕ, ЗАПРИ ЈА ОВАА ЗАРАЗА

0206171319
Господи, Боже наш, Кој си богат со милосрдие и со мудра промисла управуваш со нашите животи, слушни ја нашата молитва, прими го нашето покајание за нашите гревови, запри ја новата заразна болест КОРОНА 19, како што некогаш престана да ги казнуваш луѓето во времето на царот Давид.
Ти, Кој си исцелител на нашите души и тела, подари им опоравување на болните, кревајќи ги брзо од постелата на страдањата, за да можат да Те прослават Тебе, нашиот милостив Спасител, а заштити Ги здравите од каква било болест.
Благослови ги, Господи, зајакни ги и заштити ги со својата благодат сите оние кои со човекољубие и пожртвуваност се грижат за болните во нивните домови или болници.
Отстрани ги сите болести и страдања меѓу луѓето и научи нè да го цениме животот и здравјето како Твои дарови.
Дај ни го, Боже, Твојот мир и исполни ги нашите срца со цврста верба во Твоја заштита, надеж во Твојата поддршка и љубов кон Тебе и ближниот.
Зашто си Ти Бог Кој нè милува и спасува, и Тебе Ти вознесуваме слава,На Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вековите на нековите. Амин.
Администрација на МВПЦ
Превод сестра Ана

This entry was posted in Мвпцсвјк. Bookmark the permalink.

Comments are closed.