ЦЕРЕМОНИИТЕ ВО ТЕКОТ НА СТРАДАЛНАТА НЕДЕЛА ВО ЕРУСАЛИМ ЌЕ СЕ ОДДРЖАТ ВО ОГРАНИЧЕНА ФОРМА

000_A40P1-1024x640

Православните цркви сепак ќе го добијат Светиот оган од Ерусалим.
Израелските власти ќе дозволат вообичаените велигденски церемонии во Ерусалим да се оддржуваат, но со воспоставени ограничувања во борбата против пандемијата на коронавирусот, изјави во понеделникот извор на Министерството за надворешни работи.
Различните цркви во Ерусалим имаат церемонии и посебни молитвени служби во текот на целата Света Недела, што за католиците започнува на 5 април годинава, а за грчките православни, ерменски, коптски, сириско коптски и етиопски цркви на 12 април.
Во црквите вообичаено има огромен број на луѓе за полноќната литургија на Велики петок и како и во недела на Велигден, но ќе се воспостави ограмичување како и во другите свети места во Израел, кои се затворени заради КОВИД-19.
Една од најзначајните церемонии во текот на Светата недела е Светиот оган, што ќе се одржи ноќта на 18 април оваа година.
Православните христијани го опишуваат Светиот оган како чудо, што се случува ден пред Велигден секоја година. Пред да замине кон гробницата на Исус во црквата на Светиот гроб, Ерусалимскиот Православен Патријарх се проверува дали има било каков начин како да произведе оган. Потоа, тој сам влегува во гробот и излегува со оган. Нормално, пожарот се разделува меѓу илјадниците луѓе што се собираат во црквата. Оваа церемонија се одвива од 867 година, со доказ дека тоа се случува секоја година непрекинато веќе шест до седум века.
Потоа, дел од огнот се става во специјални контејнери и се донесува до аеродромот „Бен-Гурион“ во авионите што чекаат да го дистрибуираат до Источниот христијански свет преку црквите во Грција, Русија, Украина, Србија, Бугарија, Грузија, Романија и други земји.
Точниот протокол на церемонијата сè уште не е утврден, изјави изворот на Министерството за надворешни работи, бидејќи Министерството за здравство може да постави повеќе ограничувања, но веќе се договорени летови за да се донесе огнот во Русија, Украина и Грција.
Во црквата на Светиот гроб веројатно ќе има 10-15 луѓе кои ги претставуваат различните источни православни цркви, кои ќе го пренесат огнот до аеродромот „Бен-Гурион“ со полициска придружба. Верските делегации од различни земји ќе остнат во нивните авиони, за да ги избегнат карантинските барања на Израел. Тие ќе го примат огнот во авионите.
Исто така целата церемонија на Светиот оган ќе се емитува во живо преку Интернет.
Друг главен настан за време на Светата недела е парадата на Католичката црква на Цветници (кога тие го празнуваат овој празник, пим.прев.), од Маслиновата гора до Црквата на Светиот гроб. Околу 25.000 луѓе обично учествуваат на парадата, но оваа година тоа нема да биде така.
Илјадници египетски Копти го придружуваат својот патријарх во Ерусалим во текот на Светата недела повеќе години, но веќе нема летови што заминуваат од Египет, а наредбите на Министерството за здравство важат за нивните цркви дури и ако би можеле да летаат.
Изворот на Министерството за надворешни работи изјави дека управата на црквите покажала разбирање за ситуацијата, но го задржуваат нивното право да го слават Велигден.
Јорданскиот Вакф ја затвори Планината на Храмот за сите поклоници. Западниот Ѕид е на отворено и не може да биде затворен и само луѓето што живеат на 100 метри од него може легално да се молат таму, држејќи се одвоени 2 метри од останатите.
Рамазан започнува на 23 април годинава, а Планината на Храмот се очекува да остане затворена до тогаш.
Вакф го спроведе затворањето по сопствената волја, придржувајќи се кон израелските препораки. Израелски извор инволвиран во ова прашање, изјави дека речиси и да нема неповолни реакции околу ова прашање, посочувајќи дека е затворена и Големата џамија во Мека.
Израелската полиција останува присутна пред комплексот Планината на Храмот, со персонал во Вакф.
администрација на МВПЦ
превод сестра Ана

This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Comments are closed.