МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,СПОРЕД ЈУЛИЈАНСКИОТ КАЛЕНДАТ,ГО ЧЕСТВУВА

enjgerahtjrdzj-171858
ДЕНЕСКА 30 април,ВЛЕГУВАЊЕ НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС ВО ЕРУСАЛИМ – ЦВЕТНИЦИ
Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим откако го воскресна четиридневно погребениот Лазар е мигот на најмногубројното и најрадосното препознавање во Него дека е Господ и Спасител. Господ влегол во престолнината на осле, според старозаветното пророштво. Ова е уште еден од многубројните знаци по кои можеле да Го препознаат, но сепак овој знак не го разбраа ниту Неговите ученици. Поголем број наслушнал дека ќе дојде и го дочекале со палмови гранчиња во рацете. Тие еден дел од своите облеки ги соблекле од себе и ги послале пред Него и во восхит возвикнувале вдахновено: Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово, Царот Израилев! Дури и некои од дојдените Елини на поклонение за Пасха пристапиле за да Го видат. Единствено свештенството и фарисеите се озлобиле готвејќи се да Го погубат брзо, а мислеле да го убијат и Лазар кој сведочеше за Неговата сила и за Неговото Божество. И повторно Господ се труди да им го открие Својот идентитет на насобраните и да ги подготви за најблиската иднина и за смислата на оваа мисија и нејзините искушенија. Всушност, кога им се обраќа со словото за Крстот, тие тогаш го губат знаењето за Него како за Цар и Христос, тогаш им се затвара умот за словото и за Писмата.
Празникот Цветници се празнува во неделата пред Воскресение. Претставува сигурно најдраматичниот празник меѓу Дванаесетте големи празници на Црквата. Го ознауваат почетокот на најтешката седмица во историјата на човештвото, којашто аскетското трезвеноумно познание на човековата природа ја нарекува „Страстна”.
Тропар, глас 1:
Обшчеје воскресеније прежде Твојеја страсти увјерјаја из мертвих из мертвих воздвигл јеси Лазарја, Христе Боже, тјемже и ми јако отроци побједи знаменија носјашче. Тебје Побједитељу смерти вопијем: Осана во вишних, благословен грјадиј во имја Господње.
Нека Господ Бог Благослови, на многаја љета!
администрација на МВПЦ
+++Јован Хаџи

This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Comments are closed.