ПОСЛЕДНАТА ВИЗАНТИЈСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

Sveta-Sofija
Турскиот државен Совет ја поништи одлука од 1934 година: Света Софија пак да биде џамија!
Турскиот државен совет (висок административен суд) ја поништи одлуката на Советот на министри од 24 ноември во 1934 година со која црквата „Света Софија“ стана музеј, јави турската новинска агенција „Анадолија“ со што се трасира патот за нејзина пренамена во џамија. Според неофицијални извори, првата молитва најверојатно ќе се одржи на 15 јули, денот на кој во 2016 година беше осуетен обидот за државен удар.

„Света Софија“ беше најголемата христијанска црква, изградена во шестиот век од Византијците, а во џамија беше претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект во музеј беше променет со указ во 1934 година од тогашниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк.

Пред минатогодишните избори, претседателот Реџеп Таип Ердоган ја најави можноста „Света Софија“ да се пренамени во џамија. Религиозните фанатици веќе долго време бараа ова Светско културно наследство на УНЕСКО повторно да се претвори во џамија, додека противниците на таквата идеја оценуваат дека актуелниот музејски статус е симбол на секуларниот Устав на Турција.

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу претходно изјави дека статусот на „Света Софија“ е прашање на националниот суверенитет.

Турските планови за „Света Софија“ не наидоа на одобрување од САД, од Русија, од Грција и од црковните власти. Вселенскиот партијарх Вартоломеј, духовен лидер на околу 300 милиони православни христијани, чие седиште е во Истанбул, изјави дека пренамената на „Света Софија“ во џамија ќе ги разочара христијаните и ќе предизвика раздор меѓу истокот и западот.

This entry was posted in Архива. Bookmark the permalink.

Comments are closed.