ЗА СТРАДАЊАТА НА НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС
(мошне полезно и од многуте молитвени правила поважно кое треба да се чита секој петок и во време на подготвување за Светото причестување)
Почеток: Цару небесен, Трисвето, Оче наш, Пријдете да се поклониме (трипати) и Псалм 50. Потоа читај ги стихирите и на крај на секоја стихира се прави земен поклон.
1. О колку се мили и прекрасни патиштата Твои, Сине Божји: слезе од небото и благоизволи да ја земеш врз Себе понижената човекова природа, со Пречистото раѓање Твое од Пресветата Дева Марија, за да го избавиш родот човечки од областите со грев и смрт. За сето тоа благодарност Ти принесувам, Создателу мој, слава Тебе.
2. За престапите на првиот човек – Адам, направени во рајската градина, се предаде Себеси во рацете на своите противници да Те фатат во Гетсиманската градина и силно да те врзат, о нов Адаме, Господи Исусе Христе, Сине Божји, слава Тебе. Завиткај го моето отежнато срце со пресветата љубов Твоја толку силно за јас, немоќниот, повеќе да сакам да умрам отколку на Тебе, со било каков грев, да Ти направам непријатност.
3. Од Гетсиманската градина, кога беше воден, преку Кедронскиот поток, под дрското тегнење на војниците, се сопна и падна на земјата, о милостив Избавителу наш, Господи Исусе Христе , Сине Божји, слава Тебе. И јас отежнат припаѓам пред пречистите стапки Твои и Ти се молам: од секој пад во грев сочувај ја душата моја.
4. Од отежнатиот архиереј Ана, па до Кајафа, кога Те водеа Твоите противници, си трпел од нив многу удари по Пречистата глава Твоја, о многумилостив Спасителе наш, Господи Исусе Христе, Сине Божји, слава Тебе.
5. Стоејќи пред Кајафа, беше удиран со железна рака од неблагодарниот Малах, на кого од Петар отсеченото уво во Гетсиманската градина го исцели. Ударот беше толку силен што сите прсти на неговата проклета рака оставија длабока трага на Пречистото лице Твое. Звукот на тој удар се слушна низ целата просторија на Кајафа и од неговата силина сите Твои заби се разместија и Крвта Твоја Пречиста преизобилно течеше од Пречистата уста Твоја и нос Твој на земјата врз која падна од силината на неговиот свиреп удар. Извору на нашиот живот, Господи Исусе Христе, Сине Божји, слава Тебе.
6. Пред Кајафа, лажниот архиереј, додека стоеше, слушаше многу лажни клевети против Себе, како јагне безгласно, не ја отвори устата Своја, туку молчејќи се трпеше, Господи Исусе Христе, Сине Божји слава Тебе. Дарувај ми и на мене, немоќниот слуга твој, да можам да ги претрпам сите напасти и искушенија од непријателите мои видливи и невидливи и да не се најде во устата моја лаги и фрлање на вината на друг, Те молам добар Спасителу мој.
7. Кога со покриено лице ги трпеше ударите од своите противници, кои иронично Ти говореа: „претскажи кој те удри“, за сите претрпени страдања Твои за нас, Сине Божји, Господи Исусе Христе, слава Тебе. Покриј ги Господи сите гревови мои со конечно простување; да не го покрие срамот вечен лицето мое кога ќе застанам пред Твојот Страшен суд, Те молам благ Спасеителе мој.
8. Од избезумениот собор архиерејски, беше прогласен за хулник и законопрестапник, а како таков и достоен за смртна казна, заради што беше малтретиран во ноќта, а потоа во темница беше затворен до утро: слава Тебе, Сине Божји, Господи Исусе Христе, светлино која не заоѓа, смилувај се на мене слугата Твој, по заминувањето мое од овој свет ослободи ја душата моја од темнината на адот, Те молам благи Спасителе мој.
9. Утрото беше одведен, врзан од Евреите, при судијата Понтиј Пилат кој иако незнабожец, ниедна вина не најде кај Тебе за што можел да Те осуди; о виновнику на нашето спасение, Господи Исусе Христе, Сине Божји, слава Тебе. Сочувај ме во сите денови на мојот земен живот од секаков грев, за во часот на смртта моја да не најде ниту една вина на мене противникот мој, сатаната. Те молам благи, Спасителе мој.
10. Од Пилат беше одведен кај безумниот Ирод кој иако одамна сакал Тебе да Те види, но со гордоста помрачен, Тебе, вечната премудрост не Те позна, туку Те исмеваше и Те облече во бела одежда. Слава Тебе, Сине Божји, Господи Исусе Христе: избави ме, Владетелу мој од власта сатанска и облечи ме во облека на спасенито после мојата смрт, Те молам благи Спасителе мој.
11. И Ирод, после многу понижувања направени на Тебе, Те врати повторно Тебе на малодушниот Пилат; и во тој пат многу удари и понижувања претрпе за избавувањето наше: слава Тебе Господи Исусе Христе, Сине Божји, слава Тебе. Исправи ги стапките на нашите срца на патеката на заповедите Твои; Те молам благи Спасителе мој.
12. Од Пилата судијата, беше предаден на камшикување, о, неискажан во милоста, каде самиот го соблече своето одело и со раширени раце се предаде себе на своите мачители да Те врзат за камен столб, о чист во срцето и невин во рацете; тогаш свирепите војници силно Те удираа со глогови стапови така да отпаѓаше светото тело Твое од коските Твои и Твојата света крв преобилно течеше по земјата, а кога Те одврзаа од столбот, ужасно измачен падна на земјата. Тогаш смртта можела веднаш да настапи, но боженствената Твоја сила го оддржуваше Твоето тело во живот, додека не се заврши сето страдање Твое. Слава Тебе, Сине Божји, Господи Исусе Христе, заради толкуте бесценети рани Твои кои ги претрпе за нас, прости ми ги мене, слугата Твој, сите гревови мои и сочувај ме од сите стрели ѓаволски до смртта моја, Те молам, благи Спасителе мој.
13. После таквото страшно страдање, остана како од мајка роден, покриен само со страшни рани од кои непрестајно течеше Пречистата Твоја Крв. Со срам ги собираше расфрлените облеки свои тресејќи се од болките и студот. О, Себлаги Создателу наш, кој го создаде сонцето и огнот, за во време на зима да се греат човечките синови, си трпел од нив такво мачење. Слава Тебе, Сине Божји, Господи Исусе Христе загреј го моето скаменето срце со топлината на Духот Твој Пресвет и оспособиме за секое добро дело угодно пред Тебе; Те молам благи Спасителе мој.
14. На камениот столб беше силно удиран и по камшикувањето силно тресна врз земјата. Слава Тебе, Сине Божји, Господи Исусе Христе, биди ми столб на крепоста против секој напад ѓаволски, Те молам, благи Спасителе мој.
15. Со нозе удиран, за коса и брада кубан и по земјата влечен си трпел не пуштајќи глас од себе, Господи Исусе Христе, Сине Божји, слава Тебе; сочувај ме мене од челуста на адската змија за да не биде фатена од неа душата моја; Те молам, благи Спасителе мој.
16. Со нечисти раце, од богоубиствениот народ еврејски беше удиран со разни орудија кога Те одведоа од Гетсиманската градина и за косата и ушите на пресветата глава Твоја беше многу влечен; о превозвишен цару на небото и земјата, Господи Исусе Христе, Сине Божји слава Тебе; возвиши го умот мој кон небесната убавина и во тоа направи ме непоколеблив, Те молам, благи Спасителе мој.
17. Од венецот од трња илјадници убоди претрпе кога тој повеќе пати беше ставен на Пречистата глава Твоја. Тогаш многу капки од боженствената и бесценета Крв Твоја паднаа врз земјата. О, прекрасна главо на Црквата Твоја, Господи Исусе Христе, Сине Божји, слава Тебе.
18. Преку трновитиот венец удиран беше со стапови по пресветата глава Твоја по што трњето длабоко се забодуваше по неа, о, неискажан во милоста, Сине Божји, Господи Исусе Христе, исцели ја мојата душа од сите убоди гревовни, Те молам благи Спасителе мој.
19. За потсмев и омаловажување во десницата Ти ставија голем стап за да претставува царско жезло; о, Сине Божји, Кој седиш од десната страна на Бога Отецот, Господи Исусе Христе, слава Тебе; уништи ја книгата на гревовите мои и удостој ме да застанам од десната страна во славата Твоја, Те молам, благи Спасителе мој.
20. Со дланките на мачителите беше удиран по пресветото лице Твое, по устата и очите, о Сине Божји, чии очи се како пламен огнен. Господи Исусе Христе, слава Тебе. Не ме лишувај и мене од славата Твоја, Те молам, благи Спасителе мој.
21. Господи, Кој заради нашето спасение, прими толку удари по пресветата глава Твоја и по целотот тело Твое, прими го и сега од мојата глава поклонувањето пред Тебе, како што некогаш го прими покајанието на цариникот, и дарувај ми укрепување за да можам благодарно да ги поднесувам сите удари од разните искушенија на овој земен живот, верувајќи непоколебливо дека сето тоа доаѓа по Твојата света промисла, за спасението наше. Те молам, благи Спасителе мој, удостој ме со славата Твоја.
22. Под трновиот венец и во црвената облека, Те водеа со потсмев Твоите мачители и по вторпат кај судијата Пилат, а тој се зачуди на толку големата еврејска злоба и им рече: „Овој човек е достоен за помилување, барем сега после толку страдања“, а тие викаа гласно: „Распни Го, распни“. И јас Господи викам кон Тебе: истреби ги трњата од гревовите мои, Те молам благи Спасителе мој.
23. О, неискажан во трпењето, Господи Исусе Христе, Сине Божји, Кој вадиш вода од камен и ветришта од нивните живеалишта, кога беше приведен пред неразумниот судија Пилат, тој седна на суд и те осуди на смрт, Тебе Кој ќе им судиш на живите и мртвите. Дарувај, Господи, на мене малиот слуга Твој постојано сеќавање на смртта и подготвен да се најдам кога ќе застанам пред Тебе на судот Твој Страшен, Те молам, благи Спасителе мој.
24. Кога Пилат ја изрече смртната пресуда, о себлаг дарителу на вечниот живот, тогаш Евреите, обземени со злоба, ги врзаа Твоите раце на Твојот врат и Твојот грб, Ти натоварија тежок крст на кого требаше да Те распнат, да го носиш до Голгота и Те поставија да одиш меѓу двајца разбојници, кои исто така ги водеа на смрт; о недостижен во милоста, Господи Исусе Христе, Сине Божји слава Тебе. Избави ме Господи од невидливиот ѓавол кој непрестајно ја поткопува чистотата на мојата душа со разновидни искушенија, Те молам, благи Спасителе мој.
25. И уште, о Бездо на милоста, немилосрдниот род еврејски, Те тераше брзо да одиш под тешкиот товар на Твојот крст кој го носеше на грбот, а кога се сопнуваше и паѓаше на земја, тогаш немилосрдно Те удираа војниците кои те спроведуваа, о Сине Божји, Господи Исусе Христе, слава Тебе: сочувај ме мене од секој пад во грев Те молам, благи Спасителе мој.
26. Кога беше одведен на Голготската гора, о неискажлив Господаре на горните сили и власти, и кога сакаа да Те заковаат на крст, тогаш самиот ја соблече облеката своја и се подговтуваше за распнување; но кога требаше да се соблече и кошулата Твоја, залепена за телото Твое прекриено со рани, тогаш злобните Твои противници насилно ја тргна од Тебе и сите лути рани повторно беа повредени и Ти причинуваа ужасни болки. Обнови ја, Господи, душата моја од гревови ранета и прими ја мојата молитва: Слава Тебе, Сине Божји, Господи Исусе Христе, долготрпелив Владико мој.
27. Со Својата плунка го исцели слепородениот човек, а пред распетието свое трпеше од Евреите ужасно плукање по пречистото лице Твое. О, превозвишен Сине Божји, Кој си над сите чинови англески, Господи Исусе Христе, слава Тебе; укрепи ме мене немоќниот слуга Твој, Господи, душата моја насекаде да се гнаси од секој грев, Те молам, благи Спасителе мој.
28. Кога Тебе, Господи, луѓето еврејски на Голгота Те изведоа и крстот Твој на земја го положија за на него да Те распнат, самоволно легна на крстот и ги рашири рацете Свои да ги заковаат, но со злоба помрачените луѓе еврејски не го разбраа Твоето доброволно страдање, туку немилосрдно ги растегнаа Твоите свети раце и нозе и со дебело железо за крстот Те заковаа, така да прскаа жилите Твои и зглобовите, од што поголеми беа болките од сите претходни страдања Твои. О, милостив Искупителе на човечкиот род, Сине Божји, слава Тебе. Избави ме и мене од областа на противниците мои видливи и невидливи, Те молам, благи Спасителе мој.
29. О, недостижен во чистотата и неискажан во убавината, над сите синови човечки, Кој лепрозните ги чистеше, Самиот благоизволи да претрпиш пресветото лице Твое да биде осакатено од гнасното плукање човечко, зошто се додека лежеше на крстот положен на земјата, тие не престануваа да плукаат врз пресветото лице Твое, противниците Твои. Слава Тебе Сине Божји, Господи Исусе Христе. Исчисти ја мојата душа осакатена од многуте гревови, Те молам благи Спасителе мој.
30. Воздишки срдечни и топли солзи пролеа пред страдањето свое за човечкиот род; излеј Господи, и врз мене милосрдие свое и дарувај ми секојдневно покајание и непрестајни солзи за со нив да ги исчистам своите гревови. Господи Исусе Христе, Сине Божји, неискажан во милоста Владико мој, слава Тебе.
31. На крстот висеше, а само пречистите Твои бедра беа покриени, меѓу двајца разбојници, напоен со жолчка и оцет. О пресладок Спасителе мој, избави ме и мене, слугата Твој, од секоја горчина гревовна, Те молам, благи Владико мој.
32. О недостижен Творецу на душата и телото мое, Кој претрпе страдање во целокупно битие на душа и тело за спасението наше, уште си морал да ја трпиш на Голгота и смрдеата од распаднатите тела на незакопаните осуденици кои таму лежеа. А покрај тоа уште си ги гледал горките и болни солзи на Пречистата Мајка Твоја, која стоеше покрај Твојот Крст и го гледаше страдањето Твое. Слава Тебе, Сине Божји, Господи Исусе Христе, Создателу мој, прости ги сите мои согрешенија направени во дела, зборови и помисли, Те молам, Спасителе мој.
33. Извор на нашиот живот, Господи Исусе Христе, Кој благоволи да ги претрпиш сите опишани страдања за нашето искупување од областа на гревот и да умреш во деветиот час во денот, дарувај ми Господи, мене немоќниот слуга Твој после смртта моја да ги наследам вечните блага Твои, таму каде Тебе Те прославуваат девет чинови ангелски. Те молам, Владико мој, Кој благоволи да поживееш на земјата 33 години, прими ја оваа мала жртва составена од 33 стиха, на Твојот крстен олтар, на кого самиот Себе се принесе на жртва пред Бога и Отецот Свој за искупување на човечкиот род. Прими ги и молитвите на Пречистата Мајка Твоја, која Ти се моли за нас како и светите Твои Апостоли и Пророци и сите Светии Твои, кои со својот живот тебе Ти угодуваа и најдоа вечна милост пред Тебе и спаси ги сите луѓе Твои кои Ти се молат ден и ноќ. Амин.
Слава на долготрпението Твое, Господи!
Слава на страдањата Твои, Господи!
+++Јован-Хаџи
Translator
Посетители
Рамноапостолни Словенски Просветители Свети Кирил и Методиј
- О, сефални и рамноапостолни Кириле и Методие, поклонувајќи се пред вашата чесна икона, срдечно ве молиме: погледнете милостиво на нас, кои со вашиот труд бевме просветени, и оградете не со вашата недремлива заштита од злобните демонски замки! Погледнете на ова лозје што го насадивте и не оставајте го на дивите свињи да го раскинуваат. Сочувајте ја, свети угодници Божји, нашата Православна вера, која вие ја изградивте врз камен-темелникот Христос, та да биде непоместлива и од овој камен да се растураат брановите на секое маловерие. Укрепете ги нашите пастири во сите добродетели и во подвигот на проповедање, вразумете ги верниците за да го слушаат нивниот глас. Сочувајте ги сите словенски земји од секое лишување, од оган и од меч, од смртоносни болести и од секакво зло. Слушнете го и секој човек, кој со вера ви пристапува и кој изискува благодатна помош од вас. Во страшниот, пак, час на смртта, бидете ни, на сите нас, благи застапници и прогонувачи на темните демонски сили, та во мир и покајание да го завршиме земскиот мегдан, да стасаме до насладување со вечните богатства и заедно со вас да ја прославуваме Пресвета Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!
АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ
Неговата Светост Патријарх Ерусалимски Иринеј I
Patriarch Irineos 1 Patriarch by the Mercy of God, of the Holy City of Jerusalem, All Palestine, Syria of Arabia, Beyond the Jordan, Cana of Galilee and Holy Sion.
Неговото Блаженство
Архиепископ Ветлеемски и Скандинавски ++Јован ХаџиПАРАКЛИС НА МВПЦ ВО СОЛУН
-
ГОСПОДЕ, БЛАГОСЛОВИ ГИ МОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ
Исус немал слуги, но сепак го викале Господар, Тој немал диплома,сепак го викале Учител, Тој немал лекови,сепак го викале Лекар, Тој немал војска,сепак и кралевите се плашеле од Него, Тој не освојувал воени битки ,сепак Го освоил светот, Тој не направил ниедно злодело,сепак го расапнале Тој бил закопан во гробот,сепак Тој живее денес.... МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,ОСЛО
СИМВОЛ НА ВЕРАТА
Tриесет и три молитви за триесет и трите јазли на бројаницата
01. Спомни, Господи, за мир во светот. 02. Господи, Исусе Христе, помилуј ја Црквата наша и нашето Православие. 03. Господи, Исусе Христе, помилуј го Архиепископот наш и неговото братство. 04. Господи, Исусе Христе, помилуј ги, низ целата Земја, Православните клирици и лаици. 05. Господи, Исусе Христе, помилуј го нашиот Духовник и отец и неговото братство. 06. Господи, Исусе Христе, помилуј ја нашата војска и безбедносните служби. 07. Господи, Исусе Христе, помилуј ги началниците на нашиот народ. 08. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои нè мразат, нè љубат и кои се молат за нас. 09. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите родители, добродетели и учители. 10. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите по тело и по дух браќа и сестри и роднини. 11. Господи, Исусе Христе, помилуј ги старите и осамените луѓе. 12. Господи, Исусе Христе, помилуј ги новороденчињата, незаштитените и слабите. 13. Господи, Исусе Христе, помилуј ги децата кои учат. 14. Господи, Исусе Христе, помилуј ги младите момчиња и девојки. 15. Господи, Исусе Христе, помилуј ги наркоманите, алкохоличарите и пушачите. 16. Господи, Исусе Христе, помилуј ги сопружниците на Православните семејства. 17. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите бремени сестри. 18. Господи, Исусе Христе, помилуј ги вдовиците и сираците. 19. Господи, Исусе Христе, помилуј ги разделените сопружници и нашите браќа и сестри во искушение. 20. Господи, Исусе Христе, помилуј ги болните по тело и по душа. 21. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои се трудат и работат во светите манастири и парохии. 22. Господи, Исусе Христе, помилуј ги благочестивите поклоници во светите манастири и цркви. 23. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои пловат, патуваат, летаат, затворениците и очајаните. 24. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите ожалостени браќа. 25. Господи, Исусе Христе, помилуј ги судиите и политичарите. 26. Господи, Исусе Христе, помилуј ги опрелестените и оние кои го хулат светото Православие. 27. Господи, Исусе Христе, помилуј нè и дај ни време мирно. 28. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од болест, гнев, опасност и просвети ги лекарите и болничарите. 29. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од глад, нужда и несреќа. 30. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од жештина, пожари и земјотреси. 31. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од поплави, тонење и мраз. 32. Господи, Исусе Христе, упокој ги и душите на отците, мајките, браќата и сестрите, роднините, дедовците и прадедовците наши. 33. Господи, Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.СВЕТА ТРОИЦА
ОСЛО ПАРАКЛИС МВПЦ
ВИСТИНСКО ПРАВОСЛАВИЕ
По предавството на Православието во рацете на се попогубната појава на екуменизмот во светот, се појави Вистинското Православие насекаде во светот, така да и ние, како Македонска Вистинска Православна Црква, се залагаме за зачувување на изворните вредности на Православието како што го предале Апостолите прво на првите цркви и епископи во раното Христијанство, а потоа тие на Светите Оци, кои на Седумте Вселенски Собори ги зацврстија темелите, односно ги одредија догмите и каноните на Светата Православната Црква. Сето ова Македонска Вистинска Православна Црква се заложува ништо да не биде сменето или да претрпи влијание од современото време. Македонска Вистинска Православна Црква доследно ќе ги спроведува учењата на Светото Писмо и делата на Светите Отци во своите вистини. Македонска Вистинска Православна Црква има и ќе има добри односи со сите оние кои сакаат да ја практикуваат заповедта на нашиот Господ Исус Христос,кој го промовира единството и љубовта , и покрај разликите, ставови и традиции на едни кон други , "Кога се двајца или тројца собрани во Мое име, Јас сум во средината" "Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет! Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет! Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител. Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко,бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа."(Гал.1,8-12) „Чувајте го чедо мое јазикот, како земјата. Зборот може да се изгуби како град, како земја, како душа. А што е со луѓето што го губат нивниот јазик, земјата, душата? Немојте да земате туѓи зборови во вашата уста. Ако се земе странски збор, не сте победиле, сте се отуѓиле. Подобро е да се изгуби најголемиот град на својата земја, но не најмалите и најзначајните зборови на вашиот јазик. Земји и држави не се освојуваат со ножеви и јазици. Бидете свесни дека непријателот ќе те покори и ќе те освоји колку што многу зборови ти земе и свои ти потури. Луѓето кои ги губат своите зборови, престануваат да постојат. Постои мој синко, болест која го напаѓа јазикот на телото како болест. Се сеќавам на такви инфекции и зарази. Најчесто тоа влијае на луѓето по рабовите, на допир на една нација во друга, каде што јазикот на јазикот тара на јазикот на друга нација„
НЕМА ВЕРА,БЕЗ ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ВЕРА
„Господи Исусе Христе, Сине и Логосу на живиот Бог, по молитвите на Богородица и на сите Твои светии, помилуј ме, грешниот и непотребниот слуга твој“.
-
ЈАКОВОВА ЛИТУРГИЈА
Литургија на Светиот Апостол Јаков,братот Господов,неговото Евангелие е прогласено за неканонско како и сето останато досега не објаснето од канонската екуменитичка црква но Вистинската Црква го Чествува +++јован-хаџи ГОСПОД НИ ДАДЕ ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ
1. Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освем Мене 2. Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи. 3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог. 4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа, твојот Бог. 5. Почитувај ги таткото и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата. 6. Не убивај. 7. Не прави прељуба. 8. Не кради. 9. Не сведочи лажно против својот ближен. 10. Не пожелувај ништо што е туѓо.
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ
„24. и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!” 25. По вечера, исто така, зеде и чаша, па рече:”Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!” 26. Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде. 27. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. 28. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. 29. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. 30. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. 31. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.ЗА ЉУБОВТА КОН БОГА
АСКЕТСКИ ОГЛЕДИ, СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ „ Многу подвижници, примајќи ја природната љубов како божествена, ја распалиле својата крв и ја распалиле својата фантазија. Состојбата на распаленост лесно преминува во состојба на измама. Оние кои се наоѓале во распаленост и измама, многумина ги сметале за исполнети со благост и светост, а тие биле жртви на самоизмама. Имало многу такви подвижници во западната црква, од времето кога таа упаднала во папизмот, кој богохулно му припишува на човекот божествени особини и на човекот му оддава поклонение кое одговара и прилега само на Бога. Тие подвижници напишале многу книги во својата распалена состојба во која самоизмамата им изгледала како божествена љубов, додека растроената вообразеност им прикажувала мноштво од виденија кои им ласкале на нивната самољубовост и грдост. Сине на источната Црква! Оддалечи се од читањето на таквите книги, оддалечи се од слушањето на поуките на самоизмамените. Раководи се според Евангелието и светите Отци на источната Црква, во смирение влегувај во духовната висина на божествената љубов, преку извршување на Христовите заповеди.“АПОСТАСИЈА
На 7 декември 1965 година, АПОСТАСИЈАТА (ОТПАДНИШТВОТО) на светското Православие од Бога е целосно исполнето. Вселенскиот патријарх Атенагора и папата Павле VI истовремено „ја отповикаа анатемата од 1054 година“. Анатемата беше објавена поради папската сеерес за да се заштити Православието од богохулните доктрини кои водат во пропаст. Со „отповикувањето“ на анатемата, Атенагора официјално прогласи дека папата и неговите следбеници биле неправедно одалачени, дека Црквата погрешно тврдела дека доктрините на папизмот биле лажни и дека навистина латинскиот папизам е дел од Православието! По заедничкото отповикување на анатемата во 1965 година, протагонистите на еретичкиот екуменизам, Атенагора и папата Павле VI, се сретнале во Рим во 1967 година за да го прослават безбожниот почеток на унијата на црквите. Унијата со папистите е потпишана во Баламонд во 1993 година од страна на православни екуменисти. Единството на Западот и Истокот е воспоставено! Вистинското Православие,Македонска Вистинска Православна Црква и Патријаршија е против овој безбожнички чин и се бориме против сите богохулни модернистички движења на „канонската Православна Црква“ која со својот широк пат води милиони души во вечна погибел.-
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
Иже Херувими тајно образујушче, и животворјашчеј Тројице трисвјатују пјесн припјевајушче, всјакое ниње житејское отложим попечение. Јако да Царја всјех подимем, ангелскими невидимо дориносима чинми. Аллилуиа, аллилуиа, аллилуиа.ХЕРУВИМИ
Ние кои Херувимите таинствено ги изобразуваме и на Животворната Троица Трисвета песна му пееме, сега секоја животна грижа да ја оставиме. Како оние кои ќе Го примиме Царот на сите, со Ангелски Сили невидливо следениот. Алилуја, алилуја, алилујаАНГЕЛОТ СЕ ОТКРИВА
1. Товит го повика сина си Товија и му рече: „Синко, приготви му ја наградата што те придружуваше, а треба да му дадеме нешто повеќе.” 2. А Товија одговори и рече: „Татко, нема да бидам оштетен ако му ја дадам и половината од сè што донесов; 3. зашто тој ме доведе при тебе жив и здрав, тој ја излекува мојата жена, го донесе среброто и тебе те излекува.” 4. Старецот тогаш рече” „Тој навистина го заслужил тоа.” 5. Го повика ангелот и му рече: „Земи ја половината од сè што сте донеле, па оди си со мир.” 6. Тогаш ангелот ги повика нив двајцата на страна и им рече: „Благословувајте Го Бога, прославувајте ја Неговата величина пред сите што живеат за сето она што го направи Он за вас.Добро е да се благословува Бог, да се превознесува Неговото име и со побожност да разгласуваме за Неговите дела. 7. Добро е да се чува царската тајна, и пофално е да се разгласуваат Божјите дела. Правете добро и зло нема да ве снајде. 8. Добра е молитвата кога е сврзана со пост, милостиња и праведност. Подобро е малку со справедливост, отколку многу – со неправда; подобро е да правиш милостиња, отколку да собираш злато. 9. Милостињата избавува од смрт и може да очисти од секој грев. Оние што делат милостиња и прават добри дела, ќе живеат долго на земјата; 10. а оние што грашат – непријатели се на својот живот. 11. Од вас нема да сокријам ништо: веќе ви реков дека е добро да се сокрива царската тајна и дека е пофално да ги објавувам Божјите дела. 12. Кога се молевте ти и твојата снаа Сара, јас ги вознесував вашите молитви пред Светиот; кога ги погребуваше ти мртовците, и јас бев со тебе; 13. кога не те мрзеше да станеш и да го прекинеш твоето јадење, да станеш за да го погребеш мртовецот, не беше сокриено од мене дека правиш добро дело, и јас бев тогаш со тебе. 14. И сега Бог ме прати да те исцелам тебе и твојата снаа Сара. 15. Јас сум Рафаил, еден од седуммината ангели, кои ги однесуваат молитвите на светиите и се искачуваат пред славата на Светиот.” 16. Тогаш обајцата се преплашија и паднаа ничкум, зашто ги опфати голем страв. 17. Но тој им рече: „Не плашете се, да имате мир. Благословувајте Го Господа во векови. 18. Зашто јас не дојдов по својата волја, туку по волјата на нашиот Бог. Затоа благословувајте Го во векови. 19. Во сите денови дозволував да ме гледаат вашите очи, но јас ниту јадев ниту пиев; само на вашиот поглед така му изгледаше. 20. И сега, прославете го Бога, а јас се враќам при Бога, Кој ме прати. Сега ова што стана запишете го во книга.” 21. Тогаш станаа, но него веќе не го видоа. 22. И почнаа да раскажуваат за великите и чудесни Божји дела, да говорат за тоа како им се јавил Господов ангел.
ТЕБЕ БОЖЕ ТЕ ФАЛИМЕ
Тебе, Боже, Те фалиме, Тебе, Господи, Те исповедаме, Тебе Предвечниот Отец сета земја Те велича; Тебе (те фалат) сите ангели, Тебе – небесата и сите сили, Тебе – херувимите и серафимите Непрестајно Ти извикуваат: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот, Небесата и земјата се исполнети од Твојата слава; Тебе преславниот апостолски хор, Тебе пофалниот пророчки број, Тебе Те фали пресветлото маченичко воинство, Тебе по сета вселена Те исповеда Светата Црква, Отецот со непоимливо величие, Твојот почитуван вистински и еднороден Син, И Светиот Утешител – Дух. Ти, Цару на славата, Христе, Ти на Отца си присносуштен Син: Ти за избавување го прими човекот, Не се згнаси од Девствената утроба; Ти го победи осилото на смртта, Им го отвори на верниците Царството Небесно. Ти седиш оддесно на Бога во славата на Отецот, Ќе дојдеш да ни судиш, како што веруваме. Затоа Тебе Те молиме: Помогни им на Твоите слуги, Коишто си ги искупил со Чесната Крв. Удостој ги со Твоите светии Да царуваат во Твојата вечна слава. (се смета дека следниве стихови, главно од псалмите, се додадени подоцна:) Спаси ги, Господи, Твоите луѓе, И благослови го Твоето наследство, Издигни ги и вознеси ги во вековите; Во сите денови да Те благословуваме Тебе И да го фалиме Твоето име во вечните векови. Удостој нè, Господи, во овој ден Да се сочуваме од грев. Помилуј нè, Господи, помилуј нè: нека биде Твојата милост на нас, Господи, како што се надевавме на Тебе. На Тебе, Господи, се надеваме, Да не се посрамиме во вековите. Амин. св.Амвросиј Медиолански-
СЕ ШТО ДИШЕ НЕКА ГО ФАЛИ ГОСПОДА
Псалм 148 1. Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините! 2. Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства! 3. Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди! 4. Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод! 5. Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде. 6. Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине. 7. Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни, 8. Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово! 9. Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови, 10. Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици! 11. Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии! 12. Момчиња и девици, старци со децата заедно. 13. Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото, 14. Тој ја поткрева силата на Својот народ, Тој ги прославува своите свети, Израелевите синови – народ што Му е близок. Алилуја! Псалм 149 1. Алилуја! Пејте Му на Господа нова песна, и во собранието на светите, Неговата фала! 2. Нека Му се весели Израел на Својот Творец! Нека Му викаат радосно синовите на Сион на својот Цар! 3. Нека Го фалат Неговото име со веселба, нека Го слават со тапанче и псалтир! 4. Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките! 5. Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели! 6. Нека им бидат на устите слава кон Бога, а во рацете мечеви остри од двете страни, 7. за да извршат одмазда над народите, и казна над племињата; 8. за да им ги фрлат царевите во вериги, а благородниците во железни окови; 9. за да го извршат над нив одамна напишаниот суд – нека им биде на чест на сите Негови свети! Алилуја! Псалм 150 1.Слава на Бога! Фалете Го Бога во Неговото Светилиште, Фалете Го во величеството на небесниот свод! 2. Фалете Го заради Неговите силни дела, Фалете Го заради Неговата бескрајна величина! 3. Фалете Го со звуците на рогот, Фалете Го со псалтир и лира, 4. Фалете Го со игра и тапанче, Фалете Го со жичани инструменти и кавал, 5. Фалете Го со звучни кимвали, Фалете Го со воскликнувачки кимвали! 6. Сè што дише – Нека Го фали Господа! Алилуја! ПРЕД МАНАСТИРСКИ ВРАТИ
Кој тропа толку доцна во длабочината на ноќниот мир На портата затворена на светогорскиот манастир? „Веќе одамна помина вечерта и нема ноќ се зафаќа, Седи отци, калуѓери, отворете ми ја тешката врата. Светлина душата ми сака, а одмор моите нозе, Изморено е моето тело, уморни се моите нозе. Но крепка е волјата моја која ноќва кон вас ме води, Да го посветам животот на верата и на слободата да им годи. Ги презрев царските дворови, царската круна и облека, И сега еве светлина барам во скромниот манатстир до века. Отворете ми ја, чесни отци, тешката манастирска врата, И примете го царскиот син како најмлад од сите вас браќа. Зашкрипи тешката врата, а над неа бувот се тргна И со крештење ги разви крилата и се сокри во ноќта црна. А на прагот на храмот свет, каде Божјето име се слави, Со факел запален настојникот се јави. Тој факелот горе го крева, над својата глава света, И здогледа, чудејќи се, безопасно босо дете. Високо му е бледото чело, со измрсени густи коси, Но челото возвишено, божествена мудрост го краси. За рака го зема старецот, му го бакна бледото чело, И низ солзи прошепти: „Те примаме мило чедо“. Векови поминаа од таа ноќ чудесна, Векови поминаа и многу ќе поминат уште. Но тоа дете уште живее зошто живее неговата слава, Зошто тоа дете беше Растко, син на Немања, Свети Сава.ИСАИЈА,гл.10
1. Тешко им на оние што создаваат неправедни закони и пишуваат остри решенија, 2. за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите меѓу Мојот народ, за да ги направат вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците. 3. А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде оддалеку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое? 4. Без Мене тие ќе се превиваат меѓу окованите и ќе паднат меѓу убиените. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, раката Негова уште е протегната.
Братства
ОЧЕ НАШ
Молитвата „Оче наш“ е Господова молитва изговорена од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Според Светите Отци молитвата „Оче наш“ е скратено Евангелие, која секојдневно се кажува, најмалку трипати во денот: наутро, напладне и навечер, молитва со која се отпочнуваат сите богослуженија и молитвословија. Преведена е на сите можни јазици на кои е преведено Светото Писмо. Оваа молитва Господ ја кажал на самиот почеток на својата јавна проповед откако ги изговорил Заповедите на Блаженствата на прочуената „Беседа на гората“ во која ги изговорил основните поставки на Своето учење. Молитвата „Оче наш“ е образец како треба да се молат христијаните за разлика од еврејските првенци, фарисеите и книжниците. Господовата молитва има седум прозби и славословие. Првите три се однесуваат на Бог – Отецот, а другите четири на нас луѓето. Од сите прозби многу значајна е шестата која вели: „...и не не воведувај во искушение...“ Многумина велат како тоа Бог не воведува во искушение, ако Тој е Бог на љубовта, на мирот, на спасението? Бог не не воведува во искушение, но допушта искушенија и затоа Го молиме да не заштити од искушенијата. И самиот Господ, иако безгрешен, иако Божји Син, беше искушуван од сатаната. А искушението за вистинските верници значи челичење – да бидеме цврсти во верата. Знаеме од Светото Писмо какви искушенија имале праведниот Јов, патријархот Авраам кој бил спремен да го принесе на жртва својот син единец Исак и многу други примери.По оваа прозба е „...избави не од лукавиот...“ што значи дека првиот искушувач е ѓаволот, потоа светот, како и нашето тело кое постојано не распнува со своите страсти и прохтеви. Молитвата „Оче наш“ треба секој христијанин да ја знае на памет и во секое време и при нејзиното изговарање се стои исправено или се коленичи, се зависи од празникот и времето.A Morning Prayer by St Patrick
Lorica by St. Patrick (Lorica was a mystical garment or breastplate that protected the wearer from danger and illness. The word was attributed to this prayer because of the sections in it regarding protection from physical and spiritual enemies.) st patrickI arise today Through a mighty strength, the invocation of the Trinity, Through belief in the Threeness, Through confession of the Oneness of the Creator of creation. I arise today Through the strength of Christ’s birth with His baptism, Through the strength of His crucifixion with His burial, Through the strength of His resurrection with His ascension, Through the strength of His descent for the judgment of doom. I arise today Through the strength of the love of cherubim, In the obedience of angels, In the service of archangels, In the hope of resurrection to meet with reward, In the prayers of patriarchs, In the predictions of prophets, In the preaching of apostles, In the faith of confessors, In the innocence of holy virgins, In the deeds of righteous men. I arise today, through The strength of heaven, The light of the sun, The radiance of the moon, The splendor of fire, The speed of lightning, The swiftness of wind, The depth of the sea, The stability of the earth, The firmness of rock. I arise today, through God’s strength to pilot me, God’s might to uphold me, God’s wisdom to guide me, God’s eye to look before me, God’s ear to hear me, God’s word to speak for me, God’s hand to guard me, God’s shield to protect me, God’s host to save me From snares of devils, From temptation of vices, From everyone who shall wish me ill, afar and near. I summon today All these powers between me and those evils, Against every cruel and merciless power that may oppose my body and soul, Against incantations of false prophets, Against black laws of pagandom, Against false laws of heretics, Against craft of idolatry, Against spells of witches and smiths and wizards, Against every knowledge that corrupts man’s body and soul; Christ to shield me today Against poison, against burning, Against drowning, against wounding, So that there may come to me an abundance of reward. Christ with me, Christ before me, Christ behind me, Christ in me, Christ beneath me, Christ above me, Christ on my right, Christ on my left, Christ when I lie down, Christ when I sit down, Christ when I arise, Christ in the heart of every man who thinks of me, Christ in the mouth of everyone who speaks of me, Christ in every eye that sees me, Christ in every ear that hears me.