ВО ШТО ДА НЕ ВЕРУВАМЕ

ПАЗЕТЕ СЕ ОД ЛАЖНИ ПРОРОЦИ НА МОДЕРНОТО ВРЕМЕ
ЛАЖНИ ПРОРОЦИ, ЈАСНОВИДЦИ И БИОЕНЕРГЕТИЧАРИ

Лажните пророци денес се масовна појава меѓу нашиот народ. Токму поради нивната масовност, нивното влијание е многу негативно. Нивните „откритија“ ги објавуваат телевизиите, радиото и печатот. Дека таа појава може да има пошироки размери покажува случајот на „главата на кнезот Лазар“. Заради тврдењата дека Србите се под проклетство затоа што главата на св. Кнез Лазар е одвоена од неговото тло, морал да делува и српскиот патријарх. Лажните пророци влијаат на формирањето на јавното мнение на просечните верски необразовани лица, а со своето толкување на „вистината на верата“ ги мамат дури и делумно оцрковените верници.
КЛЕО ПАТРА, ВАВА, БУБА…
Сите тие се медиумски „ѕвезди“. Се појавуваат на телевизија и други јавни гласила. Се занимаваат со „прорекување“ на судбината на поединци, но тие исто „предвидуваат“ и политички настани. Заради постојаните реклами во средставата за јавно информирање нивното влијание е забележливо. Немаат врска со православието, но се трудат, според приликите, така да се прикажат.
АСТРОЛОЗИ
Астрологијата, денес е многу популарна на Запад, како и на овие простори. Верувањето во хороскоп е најмасовна појава меѓу луѓето, особено младите, а разните хороскопи (кинески, индијански, индиски) се омилена литература. Астролошката пракса потекнува од асиро-вавилонската магија и кај оние кои веруваат во астролошките прорекувања може да развие нездрав фатализам. Пропратните појави се други гатачки вештини: геомантија, хиромантија, гатање по „ји џинг“. Една од најактивната писателка на хороскоп е Оља Бакиќ која се претставува како православна. На своето име ја додала титулата „хаџи“ за да го зајакне тој впечаток. Тука е и Миља Вујановиќ, наречена Регулус, некогашна актерка и ТВ водителка, а денес учител на астрологија и една од клучните личности во центарот на Саи Баба во Белград. Има емисија на ТВ Политика, рубрика во ТВ Ревија, а повремено се појавува во популарни женски и семејни списанија.
БИОЕНЕРГЕТИЧАРИ
Учењето за биоенергијата се заснова на неколку теории: живот и магнетизам, учење за аурата, постоење на парапсихолошки феномени, телекинеза и телепатија. Иако навидум „научно втемелена“, учењето за биоенергијата е една од многубројните трансформации на источните окултни ментални техники. За пошироко запознавање на се што е негативно во оваа област може да послужи книгата на презвитерот Родион од Санкт – Петерсбург: „Луѓе и демони – начин на кој лошите духови го искусуваат модерниот човек“. Биоенергетичарите ветуваат „чудотворни“ исцелувања од најтешки болести и имаат широка популарност. Карактеристичен е случајот на рускиот „исцелител“ Алан Чумака, чија пластифицирана фотографија со „чудотворн“ моќи повеќе пати била објавена на телевизија и во најтиражните списанија. Се тврдело дека таа сликичка може да „осветува„ вода и да отстранува болки.
Како и секогаш кога е во прашање неправославната духовност мора да се обрне внимание на горе опишаните појави затоа што оние кои, иако не се насочени против црквата и нејзините верници, сепак го ослабнуваат и онака обезбожениот организам.
ОПШТИ НАПОМЕНИ
Нашиот извештај, како што веќе напоменавме, е нецелосен заради тоа што сектите и групациите за кои зборувавме, се во голем број, а нивното влијание заради медиумските пропаганди е огромно.
Верското воспитување на народот го презема сомнителниот печат кој не само што го израмнува Православието со останатите религии, туку и погрешно го толкува. За жал многу православни верници лесноверно се поведуваат за привлечната надворешност на она што е далечно на светоотечките преданија. За тоа придонесуваат некои поединци, но и некои институции блиски на Црквата (имаше случаи во некои продавници на свештенски задруги да се продаваат „Пророштвата на Нострадамус“ и Вечни календари.
Очигледно е дека нашите православни простори се на директен удар на секти и движења кои се во директна спротивност со нашиот Символ на верата. Земајќи се во предвид, покрај фактот дека сите тие се добро снабдени и финансирани од странство, како нивен прилог е целокупната општествена ситуација на овие простори. Длабокото навлегување на окултизмот е погубен за младите души. Едно мало истражување во едно основно училиште покажало дека ученици од седмо одделение на големо се занимаваат со спиритизам не сфаќајќи го неговото вистинско значење. Во многу книжарници може да се најдат и сатански книги.
Магиските култови и источните религии кои доаѓаат меѓу нас, припаѓаат на примитивна религиска свест и по својата „длабочина“ далеку се од полнотијата на православното исповедување на Богочовечката вистина. Но, бидејќи се прилагодени на начинот на мислењето на денешниот човек (обезбожен и нецрковен) и можат да се пропагираат, тие имаат успех и во нашата средина. Затоа оваа појава воопшто не е безопасна како што изгледа на прв поглед. Потребна е голема внатрешна и надворешна мисија за нашите верници да се заштитат од влијанието на овие секти.
ЗА МАЈКИТЕ
Си легна многу уморна, но никако не можеш да заспиеш. Те загрижува необичниот изглед и однесување на твоето дете веќе подолго време. Се сеќаваш дека редовно му купуваш многу работи кое тоа ги бара. Секогаш кога поминуваш покрај пазар купуваш овошје и зеленчук; често застануваш покрај продавници и купуваш некоја убава играчка и ја носиш дома за да го израдуваш своето дете. Но, тоа и понатаму е необично. Не изгледа онака како што би сакала.
Си заборавила, мајко, дека неговата душа е порасната за практикување на духовен живот. Дали си се прашала дали твоето дете го забележува сиромаштвото на твојот духовен живот. Дали те гледа дека во молитви разговараш со Бога?
Немој да доцниш, почни да го воведуваш во вистината на верата; твојата должност е да му ја вратиш веселоста – заради твојата и неговата иднина; врати му ја радоста зошто Бог така сака. Ти, мајко, си златната нишка меѓу небото и твоето дете.
ЗА ТАТКОВЦИТЕ
„Синко мој, не ги отфрлај Господовите науки“ (Пр. 3, 11)
Татковци, знаеме дека сте горди на улогата која ви ја дал Бог, но ги разбираме и вашите грижи кои светот ви ги наменува. Вие сте хранители, старатели, бранители, домаќини…Оние кои милуваат и оние кои караат; оние кои во сигурните и несигурните времиња разумно проценуваат за светот и живото и бдеат над телесното и духовното растење на своите деца.
Вие сте внимателни. Не ги пуштате децата во животните проблеми без да им дадете совет и поуки. Се трудите да ги изберете најмудрите и најпостојаните.
Не заборавете: сите мудрости и целата наука на човекот е привремена. Само Господовата наука е вечна.
Вие не треба на своите деца да го замените Бога, туку со својот живот да го откриете и посведочите. Ако сте пропуштиле на своите деца да им го оставите во наследство дарот на верата, со ништо не ќе може да ја надокнадат. Ќе бидете одговорен за новното духовно сиромаштво.
Нека вашите деца, за време на вашиот живот, на време ја препознат и засакаат Господовата наука.
Дали се плашите од сиромаштво на душата без Бога? Дали ве плаши иднината на безгрижните деца? Ги гледате ли патиштата на безбожниците?
Заради вас и вашите деца, советувајте ги со мудроста Соломонова: „Синко мој, не ги отфрлај науките Господови!“
МВПЦ +++јован-хаџи

This entry was posted in Почетна. Bookmark the permalink.

Comments are closed.