АЗБУКА НА ПОБЕДАТА
А
Ако победиш, се ќе ти се даде според Божјето ветување: „Кој победи, ќе добие се“. Ева беше измамена и победена од таткото на секоја лага, поради што лагата царуваше над нејзиното потомство се до Христа. А преку Христа се понуди победа на сите синови човечки кои повеќе ја сакаат победата од поразот.
Б
Бог е извор и гаранција за твојата победа на секое зло. „Со Бога сме силни“. На секого му е познат оној духовит збор кој го изрекол некој Црногорец како одговор на потбивното прашање на еден Австриец: Колку Црногорци ве има? Нас и Русите – сто милиони! Слично на тоа можеш и ти победоносно да му викнеш на секое зло кое те напаѓа: Бог и јас сме посилни од тебе!
В
Врати се при Бога секогаш кога ќе ослабнеш во борбата со злото. Он е твојата неисцрпна резерва. „На непријателот ќе му недостасува оружје на крај“. А тебе нема да ти недостасува бидејќи твојот Творец е пребогат во оружје, сила и војска. „Јас сум Господ над војските“. Неговите војски не се од месо и крв, туку од огнени духови на серафими и херувими. Каде е Бог – тука е и мнозинството. Ако бидеш и само со Бога, ќе бидеш во мнозинство не само над човечките војски, туку и над вселената.
Г
Гедеон беше прост, тежок и вршеше пченицата на своето гумно кога ангелот му јави дека Господ го избрал да го поведе народот против злите Мадијанци. Во страв Гедеон рече: „О Господи, со што јас ќе го избавам народот? Ете, јас сум најмал во народот и во домот на мојот татко!“ На тоа Господ му одговори: „Јас ќе бидам со тебе и ќе ги победиш Мадијанците.“ Така и се случило, како што рече Господ. Мадијанците биле носители на злото и сатански слуги. Така и ти ќе ги победиш сите сатански слуги. Ако твоето срце некогаш се уплаши од мноштвото на безбожните сатански слуги, слушни и ќе го слушнеш гласот на Господа: „Јас ќе бидам со тебе“.
Д
Диши со Бога и Бог ќе владее со целото твое битие. Како што со белите дробови го вдишуваш и издишуваш воздухот, така со мислите и срцето издиши се себе од себе и вдиши го живиот Бог. Така Он ќе се всели во тебе, Победоносен, Непобедлив и ќе те употреби за орудие на својата победа над злото во тебе и надвор од тебе. „Бидете во Мене и Јас ќе бидам во вас.“ Како? Слично како што ние сме во воздухот и воздухот е во нас. Бог е дух, а духот може да влезе во човекот кога човекот ќе се отвори кон Бога.
Ѓ
Ѓон за чевлите, а разум за човекот. Ако го очистиш својот разум од предрасудите на светските и лоши навики и страсти, ќе видиш јасно како Божјата рака управува со сите работи и настани и ти радосно ќе застанеш покрај својот Бог. И ќе гледаш чуда со своите очи, како семето на Божјата победа расте и по сите полиња на порази, болести и немоќи. „Зошто лудоста Божја е помудра од луѓето и слабоста Божја е посилна од луѓето“ (Кор. 1, 25).
Е
Еве јас сум со вас во сите денови до свршетокот на векот, им рече Господ на апостолите, а ни рече и нам. Он вели: до свршетокот на векот, што значи дека ни рече и нам и на оние по нас и на сите до крајот на времето, на оние кои веруваат во Него. А во Него веруваат оние кои Го знаат како убиен и воскреснат, т.е. како Победник на злобата, природата и смртта. Кога Он се нуди да биде со тебе, зарем ти ќе бегаш од големиот Победник и најсигурниот сојузник и најверниот пријател? А каде би побегнал од Него ако не во вечна пропаст и смрт?
Ж
(Жури) Побрзај да победиш, зошто денот на излегувањето од овој свет е близу. Побрзај да ги победиш сите струи на смртта во тебе и околу тебе. Созреваш како слива. Здравата слива ја прифаќа домаќинот во раката, а расипаната ја пушта да падне кај свињите. Победата значи здравје. „Кој ќе победи, ќе му дадам да седи со мене на мојот престол“, вети Вистинскиот и Семоќниот.
З
Здрав дух е Божјиот дух. Тој е како здрав разум од кого гинат сите микроби. Од здрав дух се создава здрава душа, од здрава душа и здраво тело. Да се здобиеш со здрав дух, дух Божји, значи да се здобиеш со најголема победа. „Духот е она што оживува, телото не може ништо“. Многу свети мажи и жени живееле спротивно на сите правила на хигиена, но сепак телото им било здраво и силно до најдлабоката старост.
И
Исусе Сине Божји, помилуј ме! Нека оваа молитва не ти излегува од срцето. Изговарај Го името на Победникот на смррта и животот ќе се одомаќини во тебе. Ова искуство е на сите свети подвижници. Со Исусовото име тие ја победиле смртта и го наследиле вечниот живот. „Зошто нема друго име под сонцето кое спасува“.
Ј
(Још) „Уште малку, многу малку и ќе дојде Оној кој треба да дојде и нема да задоцни“ (Евр. 10, 37). А кога Он ќе дојде како Страшен Судија, ќе ги раздели венците на победниците. Ќе примиш и ти венец, ако во овој кус век се определиш за Него, а не против Него. „Еве ќе дојдам брзо, држи што имаш, за никој да не го земе твојот венец“. Тоа ти го порачува Он.
К
„Кој ќе победи, ќе го направам столб во црквата на својот Бог и повеќе нема да изелезе надвор“. Тоа го ветува Оној кој победи и кој ги повикува сите луѓе во Својата победа. Надвор се наоѓа секој човек кој е верен на светот, а кој е завртен кон Бога и е верен на Бога, тој не е веќе надвор туку внатре во Црквата Божја, со умот и срцето. И после смртта таквиот човек ќе се водо во небесната Црква како прекрасен столб во Црквата. И нема повеќе да излезе надвор како Адам, кој заради гревот излезе надвор од Рајот и се заврте од Бога кон светот и природата.
Л
Ласкањето и лакомството мора да го победат оние кои сакаат да се наречат синови Божји. А таа победа е лесно да ја здобие секој кој повеќе ја цени пофалбата од вечниот Бог отколку од смртните луѓе и кој повеќе ги сака неминливите сласти на Рајот од минливите и штетни земни сласти. Апостолот Павле им вели на Солунјаните: „Никогаш не сме ви зборувале со ласкање, ниту од лакомство, Бог ни е сведок“. Така зборува победникот.
Љ
Љубовта е посилна од се, иако секогаш не изгледа дека е така. Љубовта е посилна од злобата и од се и од смртта. Љубовта Божја е послатка од медот. Кој неа ја вкуси се опива од неа засекогаш и победува се. Со љубовта кон Бога апостолите ја победиле секоја еврејска злоба и римски меч и оган и ѕверови и моќта на природата и смртта. Победувај и ти со таа непобедливо оружје.
М
Мислената победа и претходи на секоја друга победа. Ако ги победиш сите твои зли помисли, нема ниту да дојдеш до зли дела. Мисли добро и Бог ќе ти даде добро, вели народната поговорка. Тоа е сосема според Евангелието. „Од срцето излегуваат злите помисли и тие го гнасат човекот“, рече Спасителот. Ако и никакво зло дело не правиш со своето тело, а имаш зли помисли, ќе бидеш нечист и гнасен пред Бога. За бобата против злите помисли, кои сатаната ги сее според разумот човечки, говори целата православна аскетска наука. Очисти ја душата од злите помисли и ќе бидеш голем победник и ќе примиш венец на слава од Христос Победникот.
Н
„Со надевање веселете се“ (Рим. 12, 12) вели апостолот. Кој се надева, тој и се бори. Кој има надеж, тој и победува. Надежта е одобрение во страдање, искра во темнината на маките. Надевај се на добро и само на добро и доброто нема да изостане. Надежта е скалило која ја врзува душата со небесата; низ тоа скалило ќе ти дојде победата и спасението.
Њ
Нивата донесува плод, ако се изора, посее, наводни и сочува. И твојата душа мора да се изора, посее, наводни и сочува за да донесе плод. Со орањето се искоренува секој несакан плевел. И душата мора целосно да се испразни од секој светски плевел, за да може Божјото семе да биде примено од неа. Нивата со одгаен посев на жетвата личи на победоносна војска. Така и твојата душа, закитена со многу плодови на добра, ќе претставува венец од многу победи.
О
(Опомените се)„Спомнете си за Лотовата жена“, рече Господ. Излегувајќи од градот Содом таа се заврте за да се врати во Содом и се скаменила. И ти не се завртувај и не се враќај кон своите слабости кои веќе еднаш си ги победил. Спомни си за сите Божји чуда кои Бог ги направи во твојот живот од раѓање па до сега, затоа не се сомневај во моќта и милоста на твојот Бог. Доближи се до Него и со мислите за победа чекори смело напред. Бог во тебе ќе победува наместо тебе. Нему припишувај ги сите победи, а за себе задржи ја радоста.
П
Прости великодушно на човекот кој ти досадува на патот на доброто. Најдобрите коњи се земаат за трка со пречки. Што поголеми пречки, толку повеќе се разгорува духот на ревноста и желбата за победа кај тркачите. Кога цар Давид бегал пред својот бунтовен син, некој Симеј го карал царот и го нарекувал крвопиец и злобник. А кога Давидовите слуги сакале да го убијат Симеј, Давид рече: „Нека навредува, зошто Господ му рекол: карај го Давида! Кој смее да каже: зошто правиш така?“ Со простување и трпение Давид победил и се прославил.
Р
„Радувајте се и веселете се, зошто е голема платата ваша на небесата“, рече Господ. Тоа е како кога еден домаќин доаѓа во нивата и на своите работници им вели: обработете ја нивата се до крај со радост и веселба зошто дома ве чека голема плата. Спој ја радоста со верата и надежта и слободно оди кон крајот. На крајот платата е голема. Не тагувај како роб на туѓа нива, туку радувај се како син на татковата нива. Павле и Сила пееја во занданата. Победи ја тагата и замени ја со радост и ќе го примиш венецот на славата.
С
„Сето сребро ќе се расфрли по улиците и златото нивно ќе биде нечистота во денот на Господовиот гнев“, говори Господ (Езекил 7, 19). Што може да победи среброто и златото кога душата ќе излезе од телото? Среброто и каменот ќе имаат еднаква вредност, а златото и калта ќе бидат подеднакво здодевни и одвратни. Затоа победувај го среброљубието и златољубието во себе додека ти е дадено времето. На кого Бог му е Бог, тој не употребува идоли во вид на сребро и злато.
Т
„Те молам Господи, суетата и лагата оддалечи ги од мене!“ Тоа е молитвата на премудриот цар (Изреки, 30, 8). Суетата е се што не служи на Бога и лагата е се што се противи на заповедите Божји. Победи ја суетата со служба на Бога и победи ја лагата зборувајќи секогаш вистина. Господ вети: „Кој победи и ги оддржи моите дела до крај, ќе му дадам власт над незнабошците“. Незнабоштвото е всушност суета и лага. Држи се до Бога и Божјата вистина и ќе ти се даде власт над незнабошците.
Ќ
Ќелијата на твојата душа е единствен стан во кој никој не може да влезе без твоја волја. Но, многу луѓе ги чуваат своите штали подобро отколку тајната одаја на душата своја. „Влези во ќелијата и затвори ја својата врата“, вели Спасителот. Не дозволи своите мисли да прават блуд по светот. Собери ги во своето срце. Тука е средбата со твојот Бог. Победи ја расеаноста и ќе бидеш вистински победник и ќе примиш венец на слава.
У
„Упразнитесја и прославјат Господа“, вели Псалмопевецот. Испразни ја својата душа од застоените мисли и застоените желби и чувства на злоба, омраза и пакост и принеси ја таквата своја душа на Господа – Он ќе ја исполни со Светиот Дух. Тоа значи да се одречеш од себе. Тоа значи да се предадеш на Бога. Пушти Го Бог да прави она што Он сака и Он ќе го постави Својот престол во твојата душа. И ќе војува за тебе на сите полиња на борбата, ќе ги добие сите победи и ќе ги предаде на тебе. „Со Бога сме силни“.
Ф
(Финоћа) Суптилноста на мислите е непозната за материјалистите. Суптилноста на чуваствата е непозната за грубиот човек. Суптилноста на Божјите дејства во светот е сокриена од безбожниците. Најсуптилните сили во светот се најсилните сили. Затоа контролирај ги своите мисли и претвори ги во молитва. Така целата твоја душа ќе стане како божествен оган што свети и грее. Победи ја грубата сетилност. Сетилата ти доставуваат само сиров материјал од природата. Преработи го во себе во божествен оган на духот, на животот и на спасението. Зошто кој не го преработи тој сиров материјал, истиот му се претвора во распадливост и смрт.
Х
„Хвала Богу Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос“, говори великиот апостол Павле (1Кор. 15, 57). Христос ги извојува сите победи над злобата, над светот, над смртта. И без Него никој не може да извојува ниту една победа. Ние само може да бидеме учесници на Неговата победа или Неговите победи. И Он се радува на тоа. Он на тоа не повикува и нуди. Колку тоа е прекрасно и чудесно! Со тоа нашата животна задача е бескрајно олесната зошто да се победи значи само да се измоли од милосрдниот Христос онаа победа која во одредениот момент ни е потребна.
Ц
„Цареви и свештеници не направи пред Бога и Својот Отец“, вели за Христос светиот апостол Јован (Откр. 1, 6). Да бидеме слични на Него. Да бидеме во вечност таму каде е и Он. Да излеземе од природната состојба и да влеземе во божествена состојба; да се издвоиме од семејството на животните во кое сме вмешани со гревот на прататкото Адам и да се најдеме во Божјето семејство – тоа била мисијата на Синот Божји на земјата. Таа мисија Он ја извршил совршено. Кога тоа ќе го признаеме и примиме, ние влегуваме во Неговите победи, во Неговите триумфи, во небесното царство и свештеничкото семејство.
Ч
Чистота на срцето е она што Бог бара од нас. „Фарисеу слеп, најнапред очисти ја чашата и садот одвнатре за да бидат и однадвор чисти“, говореше Исус на еврејските старешини кои се грижеле само за надворешниот изглед, а внатре биле полни со грабеж и неправди. Он ги пофали чистите во срцето говорејќи: „Блажени се чистите во срцето зошто ќе Го видат Бога“. А да се види Бог во овој век и да се гледа во вечноста со ангелите и праведниците претставува среќа над секоја друга среќа. Тоа е најслаткиот плод на победата.
Џ
Џиновско големи изгледаат непријателите на доброто во овој свет, но лесно се разбиваат од ветерот како празни облаци. „Со Бога сме силни“. Со Божја помош Мојсеј го победи џинот Амалик, а Давид Голијат. Нека не се уплаши твоето срце од величината на злото пред твоите очи. Величината на твојот Бог стои над секоја друга величина. Ќе победиш сигурно, само верувај во Бога и љуби Го Бога.
Ш
Шумата не ја гледа од дрвјата! – вели една народна изрека. Тоа може да се каже за сите оние кои од многуте нешта во природата не Го гледаат Бога, својот Спасител. И Адам се изгуби „меѓу дрвјата во градината“ кога од гревот му се затемни душата од Бога. Нека не се затемни и твојата душа. Ти веќе не си Адамов, туку Христов. Адам се потопи себе и своето потомство во сенката на создадената природа, а Христос се вознесе на небото и ги вознесе своите следбеници над природата. Ги изведе од природата како Мојсеј Израелците од Египет. Оди по Победникот Христос и ќе бидеш учесник на Неговите победи и ќе примиш венци и ќе се радуваш. „Кој ќе победи ќе добие се“.
+++Јован-Хаџи
Translator
Посетители
Рамноапостолни Словенски Просветители Свети Кирил и Методиј
- О, сефални и рамноапостолни Кириле и Методие, поклонувајќи се пред вашата чесна икона, срдечно ве молиме: погледнете милостиво на нас, кои со вашиот труд бевме просветени, и оградете не со вашата недремлива заштита од злобните демонски замки! Погледнете на ова лозје што го насадивте и не оставајте го на дивите свињи да го раскинуваат. Сочувајте ја, свети угодници Божји, нашата Православна вера, која вие ја изградивте врз камен-темелникот Христос, та да биде непоместлива и од овој камен да се растураат брановите на секое маловерие. Укрепете ги нашите пастири во сите добродетели и во подвигот на проповедање, вразумете ги верниците за да го слушаат нивниот глас. Сочувајте ги сите словенски земји од секое лишување, од оган и од меч, од смртоносни болести и од секакво зло. Слушнете го и секој човек, кој со вера ви пристапува и кој изискува благодатна помош од вас. Во страшниот, пак, час на смртта, бидете ни, на сите нас, благи застапници и прогонувачи на темните демонски сили, та во мир и покајание да го завршиме земскиот мегдан, да стасаме до насладување со вечните богатства и заедно со вас да ја прославуваме Пресвета Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!
АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ
Неговата Светост Патријарх Ерусалимски Иринеј I
Patriarch Irineos 1 Patriarch by the Mercy of God, of the Holy City of Jerusalem, All Palestine, Syria of Arabia, Beyond the Jordan, Cana of Galilee and Holy Sion.
Неговото Блаженство
Архиепископ Ветлеемски и Скандинавски ++Јован ХаџиПАРАКЛИС НА МВПЦ ВО СОЛУН
-
ГОСПОДЕ, БЛАГОСЛОВИ ГИ МОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ
Исус немал слуги, но сепак го викале Господар, Тој немал диплома,сепак го викале Учител, Тој немал лекови,сепак го викале Лекар, Тој немал војска,сепак и кралевите се плашеле од Него, Тој не освојувал воени битки ,сепак Го освоил светот, Тој не направил ниедно злодело,сепак го расапнале Тој бил закопан во гробот,сепак Тој живее денес.... МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,ОСЛО
СИМВОЛ НА ВЕРАТА
Tриесет и три молитви за триесет и трите јазли на бројаницата
01. Спомни, Господи, за мир во светот. 02. Господи, Исусе Христе, помилуј ја Црквата наша и нашето Православие. 03. Господи, Исусе Христе, помилуј го Архиепископот наш и неговото братство. 04. Господи, Исусе Христе, помилуј ги, низ целата Земја, Православните клирици и лаици. 05. Господи, Исусе Христе, помилуј го нашиот Духовник и отец и неговото братство. 06. Господи, Исусе Христе, помилуј ја нашата војска и безбедносните служби. 07. Господи, Исусе Христе, помилуј ги началниците на нашиот народ. 08. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои нè мразат, нè љубат и кои се молат за нас. 09. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите родители, добродетели и учители. 10. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите по тело и по дух браќа и сестри и роднини. 11. Господи, Исусе Христе, помилуј ги старите и осамените луѓе. 12. Господи, Исусе Христе, помилуј ги новороденчињата, незаштитените и слабите. 13. Господи, Исусе Христе, помилуј ги децата кои учат. 14. Господи, Исусе Христе, помилуј ги младите момчиња и девојки. 15. Господи, Исусе Христе, помилуј ги наркоманите, алкохоличарите и пушачите. 16. Господи, Исусе Христе, помилуј ги сопружниците на Православните семејства. 17. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите бремени сестри. 18. Господи, Исусе Христе, помилуј ги вдовиците и сираците. 19. Господи, Исусе Христе, помилуј ги разделените сопружници и нашите браќа и сестри во искушение. 20. Господи, Исусе Христе, помилуј ги болните по тело и по душа. 21. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои се трудат и работат во светите манастири и парохии. 22. Господи, Исусе Христе, помилуј ги благочестивите поклоници во светите манастири и цркви. 23. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои пловат, патуваат, летаат, затворениците и очајаните. 24. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите ожалостени браќа. 25. Господи, Исусе Христе, помилуј ги судиите и политичарите. 26. Господи, Исусе Христе, помилуј ги опрелестените и оние кои го хулат светото Православие. 27. Господи, Исусе Христе, помилуј нè и дај ни време мирно. 28. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од болест, гнев, опасност и просвети ги лекарите и болничарите. 29. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од глад, нужда и несреќа. 30. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од жештина, пожари и земјотреси. 31. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од поплави, тонење и мраз. 32. Господи, Исусе Христе, упокој ги и душите на отците, мајките, браќата и сестрите, роднините, дедовците и прадедовците наши. 33. Господи, Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.СВЕТА ТРОИЦА
ОСЛО ПАРАКЛИС МВПЦ
ВИСТИНСКО ПРАВОСЛАВИЕ
По предавството на Православието во рацете на се попогубната појава на екуменизмот во светот, се појави Вистинското Православие насекаде во светот, така да и ние, како Македонска Вистинска Православна Црква, се залагаме за зачувување на изворните вредности на Православието како што го предале Апостолите прво на првите цркви и епископи во раното Христијанство, а потоа тие на Светите Оци, кои на Седумте Вселенски Собори ги зацврстија темелите, односно ги одредија догмите и каноните на Светата Православната Црква. Сето ова Македонска Вистинска Православна Црква се заложува ништо да не биде сменето или да претрпи влијание од современото време. Македонска Вистинска Православна Црква доследно ќе ги спроведува учењата на Светото Писмо и делата на Светите Отци во своите вистини. Македонска Вистинска Православна Црква има и ќе има добри односи со сите оние кои сакаат да ја практикуваат заповедта на нашиот Господ Исус Христос,кој го промовира единството и љубовта , и покрај разликите, ставови и традиции на едни кон други , "Кога се двајца или тројца собрани во Мое име, Јас сум во средината" "Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет! Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет! Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител. Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко,бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа."(Гал.1,8-12) „Чувајте го чедо мое јазикот, како земјата. Зборот може да се изгуби како град, како земја, како душа. А што е со луѓето што го губат нивниот јазик, земјата, душата? Немојте да земате туѓи зборови во вашата уста. Ако се земе странски збор, не сте победиле, сте се отуѓиле. Подобро е да се изгуби најголемиот град на својата земја, но не најмалите и најзначајните зборови на вашиот јазик. Земји и држави не се освојуваат со ножеви и јазици. Бидете свесни дека непријателот ќе те покори и ќе те освоји колку што многу зборови ти земе и свои ти потури. Луѓето кои ги губат своите зборови, престануваат да постојат. Постои мој синко, болест која го напаѓа јазикот на телото како болест. Се сеќавам на такви инфекции и зарази. Најчесто тоа влијае на луѓето по рабовите, на допир на една нација во друга, каде што јазикот на јазикот тара на јазикот на друга нација„
НЕМА ВЕРА,БЕЗ ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ВЕРА
„Господи Исусе Христе, Сине и Логосу на живиот Бог, по молитвите на Богородица и на сите Твои светии, помилуј ме, грешниот и непотребниот слуга твој“.
-
ЈАКОВОВА ЛИТУРГИЈА
Литургија на Светиот Апостол Јаков,братот Господов,неговото Евангелие е прогласено за неканонско како и сето останато досега не објаснето од канонската екуменитичка црква но Вистинската Црква го Чествува +++јован-хаџи ГОСПОД НИ ДАДЕ ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ
1. Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освем Мене 2. Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи. 3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог. 4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа, твојот Бог. 5. Почитувај ги таткото и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата. 6. Не убивај. 7. Не прави прељуба. 8. Не кради. 9. Не сведочи лажно против својот ближен. 10. Не пожелувај ништо што е туѓо.
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ
„24. и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!” 25. По вечера, исто така, зеде и чаша, па рече:”Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!” 26. Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде. 27. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. 28. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. 29. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. 30. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. 31. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.ЗА ЉУБОВТА КОН БОГА
АСКЕТСКИ ОГЛЕДИ, СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ „ Многу подвижници, примајќи ја природната љубов како божествена, ја распалиле својата крв и ја распалиле својата фантазија. Состојбата на распаленост лесно преминува во состојба на измама. Оние кои се наоѓале во распаленост и измама, многумина ги сметале за исполнети со благост и светост, а тие биле жртви на самоизмама. Имало многу такви подвижници во западната црква, од времето кога таа упаднала во папизмот, кој богохулно му припишува на човекот божествени особини и на човекот му оддава поклонение кое одговара и прилега само на Бога. Тие подвижници напишале многу книги во својата распалена состојба во која самоизмамата им изгледала како божествена љубов, додека растроената вообразеност им прикажувала мноштво од виденија кои им ласкале на нивната самољубовост и грдост. Сине на источната Црква! Оддалечи се од читањето на таквите книги, оддалечи се од слушањето на поуките на самоизмамените. Раководи се според Евангелието и светите Отци на источната Црква, во смирение влегувај во духовната висина на божествената љубов, преку извршување на Христовите заповеди.“АПОСТАСИЈА
На 7 декември 1965 година, АПОСТАСИЈАТА (ОТПАДНИШТВОТО) на светското Православие од Бога е целосно исполнето. Вселенскиот патријарх Атенагора и папата Павле VI истовремено „ја отповикаа анатемата од 1054 година“. Анатемата беше објавена поради папската сеерес за да се заштити Православието од богохулните доктрини кои водат во пропаст. Со „отповикувањето“ на анатемата, Атенагора официјално прогласи дека папата и неговите следбеници биле неправедно одалачени, дека Црквата погрешно тврдела дека доктрините на папизмот биле лажни и дека навистина латинскиот папизам е дел од Православието! По заедничкото отповикување на анатемата во 1965 година, протагонистите на еретичкиот екуменизам, Атенагора и папата Павле VI, се сретнале во Рим во 1967 година за да го прослават безбожниот почеток на унијата на црквите. Унијата со папистите е потпишана во Баламонд во 1993 година од страна на православни екуменисти. Единството на Западот и Истокот е воспоставено! Вистинското Православие,Македонска Вистинска Православна Црква и Патријаршија е против овој безбожнички чин и се бориме против сите богохулни модернистички движења на „канонската Православна Црква“ која со својот широк пат води милиони души во вечна погибел.-
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
Иже Херувими тајно образујушче, и животворјашчеј Тројице трисвјатују пјесн припјевајушче, всјакое ниње житејское отложим попечение. Јако да Царја всјех подимем, ангелскими невидимо дориносима чинми. Аллилуиа, аллилуиа, аллилуиа.ХЕРУВИМИ
Ние кои Херувимите таинствено ги изобразуваме и на Животворната Троица Трисвета песна му пееме, сега секоја животна грижа да ја оставиме. Како оние кои ќе Го примиме Царот на сите, со Ангелски Сили невидливо следениот. Алилуја, алилуја, алилујаАНГЕЛОТ СЕ ОТКРИВА
1. Товит го повика сина си Товија и му рече: „Синко, приготви му ја наградата што те придружуваше, а треба да му дадеме нешто повеќе.” 2. А Товија одговори и рече: „Татко, нема да бидам оштетен ако му ја дадам и половината од сè што донесов; 3. зашто тој ме доведе при тебе жив и здрав, тој ја излекува мојата жена, го донесе среброто и тебе те излекува.” 4. Старецот тогаш рече” „Тој навистина го заслужил тоа.” 5. Го повика ангелот и му рече: „Земи ја половината од сè што сте донеле, па оди си со мир.” 6. Тогаш ангелот ги повика нив двајцата на страна и им рече: „Благословувајте Го Бога, прославувајте ја Неговата величина пред сите што живеат за сето она што го направи Он за вас.Добро е да се благословува Бог, да се превознесува Неговото име и со побожност да разгласуваме за Неговите дела. 7. Добро е да се чува царската тајна, и пофално е да се разгласуваат Божјите дела. Правете добро и зло нема да ве снајде. 8. Добра е молитвата кога е сврзана со пост, милостиња и праведност. Подобро е малку со справедливост, отколку многу – со неправда; подобро е да правиш милостиња, отколку да собираш злато. 9. Милостињата избавува од смрт и може да очисти од секој грев. Оние што делат милостиња и прават добри дела, ќе живеат долго на земјата; 10. а оние што грашат – непријатели се на својот живот. 11. Од вас нема да сокријам ништо: веќе ви реков дека е добро да се сокрива царската тајна и дека е пофално да ги објавувам Божјите дела. 12. Кога се молевте ти и твојата снаа Сара, јас ги вознесував вашите молитви пред Светиот; кога ги погребуваше ти мртовците, и јас бев со тебе; 13. кога не те мрзеше да станеш и да го прекинеш твоето јадење, да станеш за да го погребеш мртовецот, не беше сокриено од мене дека правиш добро дело, и јас бев тогаш со тебе. 14. И сега Бог ме прати да те исцелам тебе и твојата снаа Сара. 15. Јас сум Рафаил, еден од седуммината ангели, кои ги однесуваат молитвите на светиите и се искачуваат пред славата на Светиот.” 16. Тогаш обајцата се преплашија и паднаа ничкум, зашто ги опфати голем страв. 17. Но тој им рече: „Не плашете се, да имате мир. Благословувајте Го Господа во векови. 18. Зашто јас не дојдов по својата волја, туку по волјата на нашиот Бог. Затоа благословувајте Го во векови. 19. Во сите денови дозволував да ме гледаат вашите очи, но јас ниту јадев ниту пиев; само на вашиот поглед така му изгледаше. 20. И сега, прославете го Бога, а јас се враќам при Бога, Кој ме прати. Сега ова што стана запишете го во книга.” 21. Тогаш станаа, но него веќе не го видоа. 22. И почнаа да раскажуваат за великите и чудесни Божји дела, да говорат за тоа како им се јавил Господов ангел.
ТЕБЕ БОЖЕ ТЕ ФАЛИМЕ
Тебе, Боже, Те фалиме, Тебе, Господи, Те исповедаме, Тебе Предвечниот Отец сета земја Те велича; Тебе (те фалат) сите ангели, Тебе – небесата и сите сили, Тебе – херувимите и серафимите Непрестајно Ти извикуваат: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот, Небесата и земјата се исполнети од Твојата слава; Тебе преславниот апостолски хор, Тебе пофалниот пророчки број, Тебе Те фали пресветлото маченичко воинство, Тебе по сета вселена Те исповеда Светата Црква, Отецот со непоимливо величие, Твојот почитуван вистински и еднороден Син, И Светиот Утешител – Дух. Ти, Цару на славата, Христе, Ти на Отца си присносуштен Син: Ти за избавување го прими човекот, Не се згнаси од Девствената утроба; Ти го победи осилото на смртта, Им го отвори на верниците Царството Небесно. Ти седиш оддесно на Бога во славата на Отецот, Ќе дојдеш да ни судиш, како што веруваме. Затоа Тебе Те молиме: Помогни им на Твоите слуги, Коишто си ги искупил со Чесната Крв. Удостој ги со Твоите светии Да царуваат во Твојата вечна слава. (се смета дека следниве стихови, главно од псалмите, се додадени подоцна:) Спаси ги, Господи, Твоите луѓе, И благослови го Твоето наследство, Издигни ги и вознеси ги во вековите; Во сите денови да Те благословуваме Тебе И да го фалиме Твоето име во вечните векови. Удостој нè, Господи, во овој ден Да се сочуваме од грев. Помилуј нè, Господи, помилуј нè: нека биде Твојата милост на нас, Господи, како што се надевавме на Тебе. На Тебе, Господи, се надеваме, Да не се посрамиме во вековите. Амин. св.Амвросиј Медиолански-
СЕ ШТО ДИШЕ НЕКА ГО ФАЛИ ГОСПОДА
Псалм 148 1. Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините! 2. Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства! 3. Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди! 4. Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод! 5. Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде. 6. Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине. 7. Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни, 8. Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово! 9. Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови, 10. Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици! 11. Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии! 12. Момчиња и девици, старци со децата заедно. 13. Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото, 14. Тој ја поткрева силата на Својот народ, Тој ги прославува своите свети, Израелевите синови – народ што Му е близок. Алилуја! Псалм 149 1. Алилуја! Пејте Му на Господа нова песна, и во собранието на светите, Неговата фала! 2. Нека Му се весели Израел на Својот Творец! Нека Му викаат радосно синовите на Сион на својот Цар! 3. Нека Го фалат Неговото име со веселба, нека Го слават со тапанче и псалтир! 4. Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките! 5. Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели! 6. Нека им бидат на устите слава кон Бога, а во рацете мечеви остри од двете страни, 7. за да извршат одмазда над народите, и казна над племињата; 8. за да им ги фрлат царевите во вериги, а благородниците во железни окови; 9. за да го извршат над нив одамна напишаниот суд – нека им биде на чест на сите Негови свети! Алилуја! Псалм 150 1.Слава на Бога! Фалете Го Бога во Неговото Светилиште, Фалете Го во величеството на небесниот свод! 2. Фалете Го заради Неговите силни дела, Фалете Го заради Неговата бескрајна величина! 3. Фалете Го со звуците на рогот, Фалете Го со псалтир и лира, 4. Фалете Го со игра и тапанче, Фалете Го со жичани инструменти и кавал, 5. Фалете Го со звучни кимвали, Фалете Го со воскликнувачки кимвали! 6. Сè што дише – Нека Го фали Господа! Алилуја! ПРЕД МАНАСТИРСКИ ВРАТИ
Кој тропа толку доцна во длабочината на ноќниот мир На портата затворена на светогорскиот манастир? „Веќе одамна помина вечерта и нема ноќ се зафаќа, Седи отци, калуѓери, отворете ми ја тешката врата. Светлина душата ми сака, а одмор моите нозе, Изморено е моето тело, уморни се моите нозе. Но крепка е волјата моја која ноќва кон вас ме води, Да го посветам животот на верата и на слободата да им годи. Ги презрев царските дворови, царската круна и облека, И сега еве светлина барам во скромниот манатстир до века. Отворете ми ја, чесни отци, тешката манастирска врата, И примете го царскиот син како најмлад од сите вас браќа. Зашкрипи тешката врата, а над неа бувот се тргна И со крештење ги разви крилата и се сокри во ноќта црна. А на прагот на храмот свет, каде Божјето име се слави, Со факел запален настојникот се јави. Тој факелот горе го крева, над својата глава света, И здогледа, чудејќи се, безопасно босо дете. Високо му е бледото чело, со измрсени густи коси, Но челото возвишено, божествена мудрост го краси. За рака го зема старецот, му го бакна бледото чело, И низ солзи прошепти: „Те примаме мило чедо“. Векови поминаа од таа ноќ чудесна, Векови поминаа и многу ќе поминат уште. Но тоа дете уште живее зошто живее неговата слава, Зошто тоа дете беше Растко, син на Немања, Свети Сава.ИСАИЈА,гл.10
1. Тешко им на оние што создаваат неправедни закони и пишуваат остри решенија, 2. за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите меѓу Мојот народ, за да ги направат вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците. 3. А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде оддалеку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое? 4. Без Мене тие ќе се превиваат меѓу окованите и ќе паднат меѓу убиените. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, раката Негова уште е протегната.
Братства
ОЧЕ НАШ
Молитвата „Оче наш“ е Господова молитва изговорена од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Според Светите Отци молитвата „Оче наш“ е скратено Евангелие, која секојдневно се кажува, најмалку трипати во денот: наутро, напладне и навечер, молитва со која се отпочнуваат сите богослуженија и молитвословија. Преведена е на сите можни јазици на кои е преведено Светото Писмо. Оваа молитва Господ ја кажал на самиот почеток на својата јавна проповед откако ги изговорил Заповедите на Блаженствата на прочуената „Беседа на гората“ во која ги изговорил основните поставки на Своето учење. Молитвата „Оче наш“ е образец како треба да се молат христијаните за разлика од еврејските првенци, фарисеите и книжниците. Господовата молитва има седум прозби и славословие. Првите три се однесуваат на Бог – Отецот, а другите четири на нас луѓето. Од сите прозби многу значајна е шестата која вели: „...и не не воведувај во искушение...“ Многумина велат како тоа Бог не воведува во искушение, ако Тој е Бог на љубовта, на мирот, на спасението? Бог не не воведува во искушение, но допушта искушенија и затоа Го молиме да не заштити од искушенијата. И самиот Господ, иако безгрешен, иако Божји Син, беше искушуван од сатаната. А искушението за вистинските верници значи челичење – да бидеме цврсти во верата. Знаеме од Светото Писмо какви искушенија имале праведниот Јов, патријархот Авраам кој бил спремен да го принесе на жртва својот син единец Исак и многу други примери.По оваа прозба е „...избави не од лукавиот...“ што значи дека првиот искушувач е ѓаволот, потоа светот, како и нашето тело кое постојано не распнува со своите страсти и прохтеви. Молитвата „Оче наш“ треба секој христијанин да ја знае на памет и во секое време и при нејзиното изговарање се стои исправено или се коленичи, се зависи од празникот и времето.A Morning Prayer by St Patrick
Lorica by St. Patrick (Lorica was a mystical garment or breastplate that protected the wearer from danger and illness. The word was attributed to this prayer because of the sections in it regarding protection from physical and spiritual enemies.) st patrickI arise today Through a mighty strength, the invocation of the Trinity, Through belief in the Threeness, Through confession of the Oneness of the Creator of creation. I arise today Through the strength of Christ’s birth with His baptism, Through the strength of His crucifixion with His burial, Through the strength of His resurrection with His ascension, Through the strength of His descent for the judgment of doom. I arise today Through the strength of the love of cherubim, In the obedience of angels, In the service of archangels, In the hope of resurrection to meet with reward, In the prayers of patriarchs, In the predictions of prophets, In the preaching of apostles, In the faith of confessors, In the innocence of holy virgins, In the deeds of righteous men. I arise today, through The strength of heaven, The light of the sun, The radiance of the moon, The splendor of fire, The speed of lightning, The swiftness of wind, The depth of the sea, The stability of the earth, The firmness of rock. I arise today, through God’s strength to pilot me, God’s might to uphold me, God’s wisdom to guide me, God’s eye to look before me, God’s ear to hear me, God’s word to speak for me, God’s hand to guard me, God’s shield to protect me, God’s host to save me From snares of devils, From temptation of vices, From everyone who shall wish me ill, afar and near. I summon today All these powers between me and those evils, Against every cruel and merciless power that may oppose my body and soul, Against incantations of false prophets, Against black laws of pagandom, Against false laws of heretics, Against craft of idolatry, Against spells of witches and smiths and wizards, Against every knowledge that corrupts man’s body and soul; Christ to shield me today Against poison, against burning, Against drowning, against wounding, So that there may come to me an abundance of reward. Christ with me, Christ before me, Christ behind me, Christ in me, Christ beneath me, Christ above me, Christ on my right, Christ on my left, Christ when I lie down, Christ when I sit down, Christ when I arise, Christ in the heart of every man who thinks of me, Christ in the mouth of everyone who speaks of me, Christ in every eye that sees me, Christ in every ear that hears me.