„Гледајте каква љубов ни дал Таткото: да се наречуваме Божји деца“(1. Јован 3:1) и сме. О блаженства! О, колку голема Божја љубов кон човекот! О, колку постигнала љубовта Божја! О, колку Божјата љубов се излеала! Сиротите и отфрлените грешници се направени Божји деца! Христовиот Апостол се чуди на ова и говори: „ Гледајте каква љубов ни дал Таткото: да се наречуваме Божји деца“ и сме. Што е повеќе чудесно од тоа грешник да стане Божје дете? Божјата љубов кон човекот го направила ова. Што е пославно од тоа да се наречеш и навистина да бидеш Божје дете? Божјата благодат го подарила ова на човекот. Славно е да се биде дете на земски цар; многу е пославно да се биде дете на Небесниот Цар, на Бога. Оваа слава, чест, заслуга и благородништво и име е поскапоцено од сите титули на светот. Заради ова – слава на Бога Кој го љуби човештвото!
Ако христијаните се Божји деца, тие исто така се и наследници, значи „Божји, а наследници се Христови“ (Рим, 8:17). Ако тие се Божји деца, тогаш од кого треба да се плашат?
Зошто да се плаши човек од предавник, непријател, ѓавол, демон, пекол и смрт? Бог ќе стои за нив. „Ако е Бог за нас, кој ќе биде против нас?“ (Рим. 8:31). Го примивме овој највозвишен дар од Бога при Крштевањето зошто тогаш ние луѓето се раѓаме од Бога и ја примаме оваа најславна титула.
Мили христијани! Да се сетиме на нашето Свето Крштевање и оваа највозвишена милост која Бог ја покажал: ние тогаш станавме Божји деца. Слава на Бога за ова! Но, се бара од децата да бидат како родителите: „Што е родено од тело, тело е, што е родено од Дух, дух е“ (Јован, 3:6).
Според тоа, христијаните мора да бидат слични на Бога, бидејќи се родени од Него. Според тоа да покажеме на дело дека сме Божји деца. Бог е Свет, да бидеме и ние свети. Бог е праведен, да бидеме и ние праведни. Бог е добар: „Зошто Тој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните“ (Матеј 5:45), да бидеме и ние добри и да правиме добро и на пријателите и на непријателите наши, на оние кои не сакаат и на оние кои не мразат. Бог е сожалив, да бидеме и ние сожаливи и да покажеме милост кон нашите несреќни браќа.
Бог го мрази гревот, да го мразиме и ние секој грев и да му завртиме грб. Бог не љуби, да се љубиме и ние еден со друг. Бог ни ги простува нашите престапи, кога ќе се покаеме, да ги простиме и ние на луѓето престапите.
Христовиот Апостол не потсетува да го правиме ова: „ И така, угледајте се на Бога, како возљубени деца“ (Еф. 5:1). Кога ќе покажеме таков карактер во нас, тогаш ќе бидеме вистински деца Божји и ќе го примиме и наследството за сите добри работи ветени на Божјите деца во Исус Христос, нашиот Господ.
ПОЧИТУВАЊЕ НА НАШИТЕ БРАЌА ХРИСТИЈАНИ
Мили христијани, не можам доволно да се изначудам на добрината Божја и Неговата сожалива љубов кон нас луѓето; а размислувајќи за ова не можам, а да не воскликнам со пророкот: „ О Господи, што е човекот, за да обрнеш внимание кон него?“ (Пс.144:3), кога согледувам каква почест Господ му дарувал на човекот!
Почеста и благородништвото кои Бог ги дарува на луѓето, кои се вистински христијани, се толку големи и толку високи што не е можно не само да се опишат со зборови, туку и да се сфатат со умот. „ А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, народ придобиен…“(1.Петар, 2:9), говори вистински Христовиот Апостол.
Од што можеме да ја видиме неопишливата и несфатлива добрина и сочувствителната Божја љубов кон човекот? Да ги погледнеме и поставиме почеста и благородништвото на христијаните пред нашите внатрешни очи, за да можеме да ревнуваме за нив и да ги бараме со желба. Отворете ги сетилата на вашата душа и ќе го слушнете зборот кажан за вистинските христијани.
1.Тие се наречени и навистина се Божји деца. Што е пославно за човекот од ова име? Христовиот Апостол со право се чуди и со чудење им говори на христијаните: „Гледајте каква љубов ни дал Таткото: да се наречуваме Божји деца.“ (1. Јован, 3:1) и сме. Христијаните исто се молат на Бога, како кон свој Отец и во еден глас говорат: „Отче наш, Кој си на небесата…“(Матеј, 6:9).
О, чуда! Грешниците му се обраќаат на Сесветиот Бог: „Отче наш“! О, наше големо благородништво и почест и утеха. О, мили христијани!Отецот на Единородниот Син Божји е наш Отец, Неговиот Бог е наш Бог, како што Тој сам говори за наша голема утеха: „Се враќам при Мојот Татко и вашиот Татко, при Мојот Бог и вашиот Бог“(Јован, 20:17).
2.Вистинските христијани имаат блиска заедница и пријателство со Таткото и Синот Негов, Исус Христос. Христовиот Апостол не уверува со оваа изрека: „А нашето заедништво е со Таткото и со Неговиот Син Исус Христос“ (1.Јован, 1:3). Колку е тоа големо можете и сами да видите.
За луѓето е од големо значење кога имаат пријателство и заедница со земски цар; колку е неопишлива поголема привилегијата да се има заедница и пријателство со Бога, Кој е Цар на царевите и Господар на господарите и Кој живее во непристапна светлина! О, колку донела добрината и љубовта Божја кон човекот! Погледи христијанину и ќе видиш благородништво и заслуги на христијаните. Тие имаат заедница со великиот и несфатливиот Бог.
Боже, Твојата добрина е голема и Твојата љубов кон паднатиот и бедниот човек е над секој збор и сфаќање!
3.Кај вистинските христијани, како во духовни храмови, Бог Отецот и Синот и Светиот Дух, пребива во љубов. Господ за ова говори: „„Ако некој Ме љуби, ќе го држи Моето Слово, и Мојот Татко ќе го љуби: при него ќе дојдеме и при него ќе се настаниме“ (Јован, 14:23). Што може да биде почесно и поблагородно од душа во која живее Три-Ипостасниот Бог во благодат и љубов? Од голема слава за луѓето е да примат земски цар во својот дом; колку е уште пославно да се прими Небесниот Цар во домот на својата душа и Тој да живее во неа.
Што, исто така, може да биде поблажено од таа душа во која Бог живее како во храм? Рај на сладост и радост, Царството Небесно е во неа. О, блаженство! О, достоинство! О, благородништво на христијанска душа!
Бог, Битие без почеток и без крај, врховно добро и несоздадено, сака да живее во Света христијанска душа повеќе отколку на Небесата или во било кој друг храм.
О, најдобар и сакан Боже, Создателу наш, дојди и посети ги нашите уморни души, души создадени од Тебе според Твојата слика и подобие!
4.Висинските христијани се духовни членови на најсветата Главам Христос, Царот над царевите и Господар над господарите. Апостолот во врска со ова вели: „Зашто, ние сме членови на Неговото Тело – од Неговото месо и Неговите коски“ (Ефес. 5:30).
Свети христијански души! Кренете ги вашите очи и погледнете како вашата Глава е поставена на десната страна на Бога, во слава на Отецот. Од кого е почитувана и обожавана? Од Ангелите и Архангелите и од сите војски небесни и секое создание.
„Затоа и Бог Го превозвиши и Му подари име, што е над секое име, и во Исусовото име да се поклони секое колено на оние: кои се на небото, и на земјата, и под земјата“ (Фил. 2; 9-10).
Вие сте членови на Неговата највозвишена Глава. Како што Главата е прославена, така исто и Неговите членови учествуваат во Неговата слава. Ова е слава на вистинските христијани, ова е нивното благородништво и вредност! Тие се духовни членови на највозвишената Глава, Исус Христос.
5. Душите на вистинските христијани се верени со бесмртниот Женик Исус Христос. Апостолот сведочи за ова: „Бидејќи ве свршив со еден маж, за да ве приведам како чиста девица пред Христа“ (2. Кор. 11:2). „Оваа тајна е голема“ (Еф. 5:32). Како што Женикот е славен, исто така и Неговата невеста учествува во Неговата слава. Што е почесно и пославно од Исус, Синот Божји? Што е почесно и поблагородно од душите на верените за Него?
6.Вистинските христијани се „наследници Божји“ и „Сонаследници Христови“ (Рим, 8:17). Нивно е вечното и небесно Царство и сите добри работи. „Што окото не виде, што увото не чу, што во човечкото срце не дојде, тоа Бог го приготви за оние, кои Го љубат.”(1.Кор. 2:9)
Овие и други имиња и титули Светиот Дух ги припишува на вистинските христијани. Тогаш гледајте ја славата и благородништвото на христијаните. Сета слава на светот не е ништо во споредба со нив. Исповедајте дека нема ништо пославно и поблагородно од вистинскиот христијанин.
Исус Христос, Синот Божји, го заработи ова благородништво и слава за нас со Своето страдање и смрт и тоа ни го подари Небесниот Татко. Светиот Дух ги усовршува, а вистинското покајување заедно со верата ги прима. Ова благородништво и слава или се заработува или се губи тука, на овој свет. Тие се стекнуваат преку вистинско покајување и вера; се губат со неверие и некаење.
О, вие, кои трагате по суетата на овој свет и коисте фалени и возвишувани во вашето достоинство со имиња и титули! Завртете ги вашите внатрешни очи кон славата и честа на христијаните и трагајте по нив за навистина да станете благородни и славни. Славата на вистинските христијани не се покажува сега, но може само да се здобие и познае со вера. Ќе биде откриена во откровението на децата Божји.
Мили, Апостолот говори: „Возљубени, сега сме Божји деца, и уште не се откри што ќе бидеме; но знаеме: кога ќе се открие ќе Му бидеме слични, зашто ќе Го гледаме Онаков Каков што е“ (1.Јован. 3:2). „Тогаш праведниците ќе светнат како сонце во Царството на својот Татко. Кој има уши да слуша, нека слуша!” (Матеј 13:43).
ЕВАНГЕЛИЕ НА СПАСЕНИЕТО
Мили христијани! Ништо не е попријатно, посакано и послатко за нас грешниците од Евангелието.Подраго за гладниот од лебот, за жедниот од водата, за заробениците и тие во затвор од слободата- тоа е Евангелието за грешните кои ја сфаќаат својата несреќа.
„Зашто Човечкиот Син дојде да го бара и да го спаси изгубеното“ (Лука 19:10). Ова е многу сладок глас на Евангелието. Кој е овој Син Човечки? Тој е Син Божји, Цар на Небесата испратен од Својот Татко Небесен, Оној Кој сакал заради нас да се нарече Син Човечки. Зошто дошол? Да не побара и да не спаси нас кои сме изгубени и да не приведе во Своето вечно Царство. Што моѓе да биде подраго и попосакувано за нас кои сме се изгубиле? Но, да погледнеме што е Евангелието, што тоа бара од нас и кое правилно се проповеда.
1. Евангелието означува најрадосни вести. Тоа го проповеда Христос, Спасителот на светот, Кој дошол да ги бара и спасува изгубените. Слушнете сите вие изгубени грешници, слушајте го тој најсладок глас на Евангелието! Тоа извикува кон нас сите: „Синот Човечки дојде да го најде и спаси она што е изгубено“.
Страшно е да се најдеме во грев пред Бога. Евангелието говори дека наѓите гревови простени заради Христовото Име и дека Христос е нашето оправдување пред Бога. Во Тебе, Спасителу мој, Исусе Христе, Сине Божји, јас сум оправдан. Ти си мојата вистина и моето просветлување.
Страшно е за нас да се најдеме во непријателство пред Бога. Евангелието проповеда дека Христос не помирил со Бога и откако дојде проповедаше мир и на блиските и далечните. Страшна е за нас клетвата на Законот зошто сите ние сме грешници. Евангелието проповеда дека Христос не откупил од клетвата на Законот, станувајќи Самиот клетва за нас. За нас страшна е смртта. Евангелието проповеда дека Христос е нашето воскресение и живот.
Страшни работи за нас се пеколот и геената. Евангелието проповеда дека Христос не избавил од пеколот и неговите беди. Страшно е за нас да бидеме одвоени од Бога. Евангелието проповеда дека со Господ ќе бидеме секогаш во Царството Небесно.
Ова е, благословени христијани, најслаткиот глас на Евангелието: „Испитајте, тогаш, вкусете и видете колку е добар Господ: блажен е човекот, кој се надева на Него!“(Пс. 34:8). „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син“ (Јован, 3: 16-18). „Благословен е Господ, Израелевиот Бог, зашто го посети и го искупи Својот народ; и ни издигна рог за спасение во домот на Својот служител Давид“ (Лука, 1; 68-69).
2. Тоа бара од нас христијаните да ги примиме овие немесни и најслатки вести со благодарност како да се испратени од Небесата и од чисто срце секогаш да му благодариме на Бога, нашиот Добротвор, Кој така изобилно ја изли милоста врз нас кои сме недостојни. Да го љубиме и ние Него, Кој е достоен за сета љубов. Љубовта бара од нас никогаш да не го навредуваме љубениот. Бог е навреден со секој грев. Да се чуваме од секој грев и да ја исполнуваме Неговата света волја за да не Го навредиме нашиот сочувствителен Отец и Добротвор. „Отче наш Кој си на небесата, да се свети Името Твое, да дојде Царството Твое, дабиде волјата Твоја, како на небото така и на земјата…“ (Матеј 6; 9-10).
На кого се проповеда Евангелието? Христос ни говори: ”Господовиот Дух е на Мене, зашто Ме помаза и Ме испрати да им проповедам на бедните; да ги исцелам скрушените по срце“ (Лука, 4:18). Со други зборови, на оние луѓе кои признавајќи ги своите гревови го согледуваат своето сиромаштво, несреќа и јад и имаат скрушено срце со страв од Божјиот Суд и страдањата; ним Евангелието праведно им се проповеда како исцелувачки мелем кој се става на рането тело.
Ова е изрека на верниците, достојна на секое прифаќање дека: „Верно е словото и достојно – за полно примање: Исус Христос дојде во светот да ги спаси грешниците, од кои сум прв јас“ (1. Тим. 1:15). Светиот Дух ти зборува преку Својот слуга : „Жртва на Бога е дух скрушен, срце скрушено и смирено Бог нема да презре“ (Пс. 50:17). Оваа жртва се нуди на Бога од покајничко и смирено срце и Бог ја прифаќа повеќе од било која друга жртва. Бог гледа милостиво на таквата жртва и ја испраќа Својата благодат врз неа.
И така гледате, О, христијани, дека Евангелието не е наменето за оние христијани кои живеат немарно и во грев, кои не ги гледаат своите гревови, несреќа и сиромаштво и немаат смирено срце. Зошто од каква корист е маслото за карпата? Мелемот е ставен на раната и исцелувањето се дава на оној кој ја препознава и признава својата немоќ – на таквите луѓе им е речено: „Бидете нажалени, тагувајте, и заплачете: вашата смеа нека се претвори во тага, а радоста во жалост! Бидете понизни пред Господа, и Тој ќе ве возвиши!“(Јаков, 4; 9-10). И повторно: „Секирата веќе лежи при коренот на дрвјата; затоа секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган“ (Матеј, 3:10).
Грешници! Да се плашиме од Судот Божји и да се трудиме да имаме скрушено и смирено срце, за да можеме и ние да се приближиме на Евангелието како на спасувачки суд на жива вода на освежување и утеха и да можеме да ги наводениме нашите души и така да го примиме вечниот живот во Исуса Христа, нашиот Господ на Кого нека е слава со Отецот и Светиот Дух и сега и секогаш и во вековите на вековите.
администрација на МВПЦ
Translator
Посетители
-
ДА СЕ ВАКЦИНИРМЕ ИЛИ НЕ?
Рамноапостолни Словенски Просветители Свети Кирил и Методиј
- О, сефални и рамноапостолни Кириле и Методие, поклонувајќи се пред вашата чесна икона, срдечно ве молиме: погледнете милостиво на нас, кои со вашиот труд бевме просветени, и оградете не со вашата недремлива заштита од злобните демонски замки! Погледнете на ова лозје што го насадивте и не оставајте го на дивите свињи да го раскинуваат. Сочувајте ја, свети угодници Божји, нашата Православна вера, која вие ја изградивте врз камен-темелникот Христос, та да биде непоместлива и од овој камен да се растураат брановите на секое маловерие. Укрепете ги нашите пастири во сите добродетели и во подвигот на проповедање, вразумете ги верниците за да го слушаат нивниот глас. Сочувајте ги сите словенски земји од секое лишување, од оган и од меч, од смртоносни болести и од секакво зло. Слушнете го и секој човек, кој со вера ви пристапува и кој изискува благодатна помош од вас. Во страшниот, пак, час на смртта, бидете ни, на сите нас, благи застапници и прогонувачи на темните демонски сили, та во мир и покајание да го завршиме земскиот мегдан, да стасаме до насладување со вечните богатства и заедно со вас да ја прославуваме Пресвета Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!
АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ
Неговата Светост Патријарх Ерусалимски Иринеј I
Patriarch Irineos 1 Patriarch by the Mercy of God, of the Holy City of Jerusalem, All Palestine, Syria of Arabia, Beyond the Jordan, Cana of Galilee and Holy Sion.
Неговото Блаженство
Архиепископ Ветлеемски и Скандинавски ++Јован ХаџиПАРАКЛИС НА МВПЦ ВО СОЛУН
-
ГОСПОДЕ, БЛАГОСЛОВИ ГИ МОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ
Исус немал слуги, но сепак го викале Господар, Тој немал диплома,сепак го викале Учител, Тој немал лекови,сепак го викале Лекар, Тој немал војска,сепак и кралевите се плашеле од Него, Тој не освојувал воени битки ,сепак Го освоил светот, Тој не направил ниедно злодело,сепак го расапнале Тој бил закопан во гробот,сепак Тој живее денес.... МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,ОСЛО
СИМВОЛ НА ВЕРАТА
Tриесет и три молитви за триесет и трите јазли на бројаницата
01. Спомни, Господи, за мир во светот. 02. Господи, Исусе Христе, помилуј ја Црквата наша и нашето Православие. 03. Господи, Исусе Христе, помилуј го Архиепископот наш и неговото братство. 04. Господи, Исусе Христе, помилуј ги, низ целата Земја, Православните клирици и лаици. 05. Господи, Исусе Христе, помилуј го нашиот Духовник и отец и неговото братство. 06. Господи, Исусе Христе, помилуј ја нашата војска и безбедносните служби. 07. Господи, Исусе Христе, помилуј ги началниците на нашиот народ. 08. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои нè мразат, нè љубат и кои се молат за нас. 09. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите родители, добродетели и учители. 10. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите по тело и по дух браќа и сестри и роднини. 11. Господи, Исусе Христе, помилуј ги старите и осамените луѓе. 12. Господи, Исусе Христе, помилуј ги новороденчињата, незаштитените и слабите. 13. Господи, Исусе Христе, помилуј ги децата кои учат. 14. Господи, Исусе Христе, помилуј ги младите момчиња и девојки. 15. Господи, Исусе Христе, помилуј ги наркоманите, алкохоличарите и пушачите. 16. Господи, Исусе Христе, помилуј ги сопружниците на Православните семејства. 17. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите бремени сестри. 18. Господи, Исусе Христе, помилуј ги вдовиците и сираците. 19. Господи, Исусе Христе, помилуј ги разделените сопружници и нашите браќа и сестри во искушение. 20. Господи, Исусе Христе, помилуј ги болните по тело и по душа. 21. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои се трудат и работат во светите манастири и парохии. 22. Господи, Исусе Христе, помилуј ги благочестивите поклоници во светите манастири и цркви. 23. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои пловат, патуваат, летаат, затворениците и очајаните. 24. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите ожалостени браќа. 25. Господи, Исусе Христе, помилуј ги судиите и политичарите. 26. Господи, Исусе Христе, помилуј ги опрелестените и оние кои го хулат светото Православие. 27. Господи, Исусе Христе, помилуј нè и дај ни време мирно. 28. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од болест, гнев, опасност и просвети ги лекарите и болничарите. 29. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од глад, нужда и несреќа. 30. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од жештина, пожари и земјотреси. 31. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од поплави, тонење и мраз. 32. Господи, Исусе Христе, упокој ги и душите на отците, мајките, браќата и сестрите, роднините, дедовците и прадедовците наши. 33. Господи, Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.СВЕТА ТРОИЦА
ОСЛО ПАРАКЛИС МВПЦ
ВИСТИНСКО ПРАВОСЛАВИЕ
По предавството на Православието во рацете на се попогубната појава на екуменизмот во светот, се појави Вистинското Православие насекаде во светот, така да и ние, како Македонска Вистинска Православна Црква, се залагаме за зачувување на изворните вредности на Православието како што го предале Апостолите прво на првите цркви и епископи во раното Христијанство, а потоа тие на Светите Оци, кои на Седумте Вселенски Собори ги зацврстија темелите, односно ги одредија догмите и каноните на Светата Православната Црква. Сето ова Македонска Вистинска Православна Црква се заложува ништо да не биде сменето или да претрпи влијание од современото време. Македонска Вистинска Православна Црква доследно ќе ги спроведува учењата на Светото Писмо и делата на Светите Отци во своите вистини. Македонска Вистинска Православна Црква има и ќе има добри односи со сите оние кои сакаат да ја практикуваат заповедта на нашиот Господ Исус Христос,кој го промовира единството и љубовта , и покрај разликите, ставови и традиции на едни кон други , "Кога се двајца или тројца собрани во Мое име, Јас сум во средината" "Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет! Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет! Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител. Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко,бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа."(Гал.1,8-12) „Чувајте го чедо мое јазикот, како земјата. Зборот може да се изгуби како град, како земја, како душа. А што е со луѓето што го губат нивниот јазик, земјата, душата? Немојте да земате туѓи зборови во вашата уста. Ако се земе странски збор, не сте победиле, сте се отуѓиле. Подобро е да се изгуби најголемиот град на својата земја, но не најмалите и најзначајните зборови на вашиот јазик. Земји и држави не се освојуваат со ножеви и јазици. Бидете свесни дека непријателот ќе те покори и ќе те освоји колку што многу зборови ти земе и свои ти потури. Луѓето кои ги губат своите зборови, престануваат да постојат. Постои мој синко, болест која го напаѓа јазикот на телото како болест. Се сеќавам на такви инфекции и зарази. Најчесто тоа влијае на луѓето по рабовите, на допир на една нација во друга, каде што јазикот на јазикот тара на јазикот на друга нација„
НЕМА ВЕРА,БЕЗ ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ВЕРА
„Господи Исусе Христе, Сине и Логосу на живиот Бог, по молитвите на Богородица и на сите Твои светии, помилуј ме, грешниот и непотребниот слуга твој“.
-
ЈАКОВОВА ЛИТУРГИЈА
Литургија на Светиот Апостол Јаков,братот Господов,неговото Евангелие е прогласено за неканонско како и сето останато досега не објаснето од канонската екуменитичка црква но Вистинската Црква го Чествува +++јован-хаџи ГОСПОД НИ ДАДЕ ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ
1. Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освем Мене 2. Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи. 3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог. 4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа, твојот Бог. 5. Почитувај ги таткото и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата. 6. Не убивај. 7. Не прави прељуба. 8. Не кради. 9. Не сведочи лажно против својот ближен. 10. Не пожелувај ништо што е туѓо.
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ
„24. и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!” 25. По вечера, исто така, зеде и чаша, па рече:”Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!” 26. Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде. 27. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. 28. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. 29. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. 30. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. 31. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.ЗА ЉУБОВТА КОН БОГА
АСКЕТСКИ ОГЛЕДИ, СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ „ Многу подвижници, примајќи ја природната љубов како божествена, ја распалиле својата крв и ја распалиле својата фантазија. Состојбата на распаленост лесно преминува во состојба на измама. Оние кои се наоѓале во распаленост и измама, многумина ги сметале за исполнети со благост и светост, а тие биле жртви на самоизмама. Имало многу такви подвижници во западната црква, од времето кога таа упаднала во папизмот, кој богохулно му припишува на човекот божествени особини и на човекот му оддава поклонение кое одговара и прилега само на Бога. Тие подвижници напишале многу книги во својата распалена состојба во која самоизмамата им изгледала како божествена љубов, додека растроената вообразеност им прикажувала мноштво од виденија кои им ласкале на нивната самољубовост и грдост. Сине на источната Црква! Оддалечи се од читањето на таквите книги, оддалечи се од слушањето на поуките на самоизмамените. Раководи се според Евангелието и светите Отци на источната Црква, во смирение влегувај во духовната висина на божествената љубов, преку извршување на Христовите заповеди.“АПОСТАСИЈА
На 7 декември 1965 година, АПОСТАСИЈАТА (ОТПАДНИШТВОТО) на светското Православие од Бога е целосно исполнето. Вселенскиот патријарх Атенагора и папата Павле VI истовремено „ја отповикаа анатемата од 1054 година“. Анатемата беше објавена поради папската сеерес за да се заштити Православието од богохулните доктрини кои водат во пропаст. Со „отповикувањето“ на анатемата, Атенагора официјално прогласи дека папата и неговите следбеници биле неправедно одалачени, дека Црквата погрешно тврдела дека доктрините на папизмот биле лажни и дека навистина латинскиот папизам е дел од Православието! По заедничкото отповикување на анатемата во 1965 година, протагонистите на еретичкиот екуменизам, Атенагора и папата Павле VI, се сретнале во Рим во 1967 година за да го прослават безбожниот почеток на унијата на црквите. Унијата со папистите е потпишана во Баламонд во 1993 година од страна на православни екуменисти. Единството на Западот и Истокот е воспоставено! Вистинското Православие,Македонска Вистинска Православна Црква и Патријаршија е против овој безбожнички чин и се бориме против сите богохулни модернистички движења на „канонската Православна Црква“ која со својот широк пат води милиони души во вечна погибел.-
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
Иже Херувими тајно образујушче, и животворјашчеј Тројице трисвјатују пјесн припјевајушче, всјакое ниње житејское отложим попечение. Јако да Царја всјех подимем, ангелскими невидимо дориносима чинми. Аллилуиа, аллилуиа, аллилуиа.ХЕРУВИМИ
Ние кои Херувимите таинствено ги изобразуваме и на Животворната Троица Трисвета песна му пееме, сега секоја животна грижа да ја оставиме. Како оние кои ќе Го примиме Царот на сите, со Ангелски Сили невидливо следениот. Алилуја, алилуја, алилујаАНГЕЛОТ СЕ ОТКРИВА
1. Товит го повика сина си Товија и му рече: „Синко, приготви му ја наградата што те придружуваше, а треба да му дадеме нешто повеќе.” 2. А Товија одговори и рече: „Татко, нема да бидам оштетен ако му ја дадам и половината од сè што донесов; 3. зашто тој ме доведе при тебе жив и здрав, тој ја излекува мојата жена, го донесе среброто и тебе те излекува.” 4. Старецот тогаш рече” „Тој навистина го заслужил тоа.” 5. Го повика ангелот и му рече: „Земи ја половината од сè што сте донеле, па оди си со мир.” 6. Тогаш ангелот ги повика нив двајцата на страна и им рече: „Благословувајте Го Бога, прославувајте ја Неговата величина пред сите што живеат за сето она што го направи Он за вас.Добро е да се благословува Бог, да се превознесува Неговото име и со побожност да разгласуваме за Неговите дела. 7. Добро е да се чува царската тајна, и пофално е да се разгласуваат Божјите дела. Правете добро и зло нема да ве снајде. 8. Добра е молитвата кога е сврзана со пост, милостиња и праведност. Подобро е малку со справедливост, отколку многу – со неправда; подобро е да правиш милостиња, отколку да собираш злато. 9. Милостињата избавува од смрт и може да очисти од секој грев. Оние што делат милостиња и прават добри дела, ќе живеат долго на земјата; 10. а оние што грашат – непријатели се на својот живот. 11. Од вас нема да сокријам ништо: веќе ви реков дека е добро да се сокрива царската тајна и дека е пофално да ги објавувам Божјите дела. 12. Кога се молевте ти и твојата снаа Сара, јас ги вознесував вашите молитви пред Светиот; кога ги погребуваше ти мртовците, и јас бев со тебе; 13. кога не те мрзеше да станеш и да го прекинеш твоето јадење, да станеш за да го погребеш мртовецот, не беше сокриено од мене дека правиш добро дело, и јас бев тогаш со тебе. 14. И сега Бог ме прати да те исцелам тебе и твојата снаа Сара. 15. Јас сум Рафаил, еден од седуммината ангели, кои ги однесуваат молитвите на светиите и се искачуваат пред славата на Светиот.” 16. Тогаш обајцата се преплашија и паднаа ничкум, зашто ги опфати голем страв. 17. Но тој им рече: „Не плашете се, да имате мир. Благословувајте Го Господа во векови. 18. Зашто јас не дојдов по својата волја, туку по волјата на нашиот Бог. Затоа благословувајте Го во векови. 19. Во сите денови дозволував да ме гледаат вашите очи, но јас ниту јадев ниту пиев; само на вашиот поглед така му изгледаше. 20. И сега, прославете го Бога, а јас се враќам при Бога, Кој ме прати. Сега ова што стана запишете го во книга.” 21. Тогаш станаа, но него веќе не го видоа. 22. И почнаа да раскажуваат за великите и чудесни Божји дела, да говорат за тоа како им се јавил Господов ангел.
ТЕБЕ БОЖЕ ТЕ ФАЛИМЕ
Тебе, Боже, Те фалиме, Тебе, Господи, Те исповедаме, Тебе Предвечниот Отец сета земја Те велича; Тебе (те фалат) сите ангели, Тебе – небесата и сите сили, Тебе – херувимите и серафимите Непрестајно Ти извикуваат: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот, Небесата и земјата се исполнети од Твојата слава; Тебе преславниот апостолски хор, Тебе пофалниот пророчки број, Тебе Те фали пресветлото маченичко воинство, Тебе по сета вселена Те исповеда Светата Црква, Отецот со непоимливо величие, Твојот почитуван вистински и еднороден Син, И Светиот Утешител – Дух. Ти, Цару на славата, Христе, Ти на Отца си присносуштен Син: Ти за избавување го прими човекот, Не се згнаси од Девствената утроба; Ти го победи осилото на смртта, Им го отвори на верниците Царството Небесно. Ти седиш оддесно на Бога во славата на Отецот, Ќе дојдеш да ни судиш, како што веруваме. Затоа Тебе Те молиме: Помогни им на Твоите слуги, Коишто си ги искупил со Чесната Крв. Удостој ги со Твоите светии Да царуваат во Твојата вечна слава. (се смета дека следниве стихови, главно од псалмите, се додадени подоцна:) Спаси ги, Господи, Твоите луѓе, И благослови го Твоето наследство, Издигни ги и вознеси ги во вековите; Во сите денови да Те благословуваме Тебе И да го фалиме Твоето име во вечните векови. Удостој нè, Господи, во овој ден Да се сочуваме од грев. Помилуј нè, Господи, помилуј нè: нека биде Твојата милост на нас, Господи, како што се надевавме на Тебе. На Тебе, Господи, се надеваме, Да не се посрамиме во вековите. Амин. св.Амвросиј Медиолански-
СЕ ШТО ДИШЕ НЕКА ГО ФАЛИ ГОСПОДА
Псалм 148 1. Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините! 2. Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства! 3. Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди! 4. Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод! 5. Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде. 6. Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине. 7. Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни, 8. Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово! 9. Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови, 10. Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици! 11. Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии! 12. Момчиња и девици, старци со децата заедно. 13. Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото, 14. Тој ја поткрева силата на Својот народ, Тој ги прославува своите свети, Израелевите синови – народ што Му е близок. Алилуја! Псалм 149 1. Алилуја! Пејте Му на Господа нова песна, и во собранието на светите, Неговата фала! 2. Нека Му се весели Израел на Својот Творец! Нека Му викаат радосно синовите на Сион на својот Цар! 3. Нека Го фалат Неговото име со веселба, нека Го слават со тапанче и псалтир! 4. Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките! 5. Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели! 6. Нека им бидат на устите слава кон Бога, а во рацете мечеви остри од двете страни, 7. за да извршат одмазда над народите, и казна над племињата; 8. за да им ги фрлат царевите во вериги, а благородниците во железни окови; 9. за да го извршат над нив одамна напишаниот суд – нека им биде на чест на сите Негови свети! Алилуја! Псалм 150 1.Слава на Бога! Фалете Го Бога во Неговото Светилиште, Фалете Го во величеството на небесниот свод! 2. Фалете Го заради Неговите силни дела, Фалете Го заради Неговата бескрајна величина! 3. Фалете Го со звуците на рогот, Фалете Го со псалтир и лира, 4. Фалете Го со игра и тапанче, Фалете Го со жичани инструменти и кавал, 5. Фалете Го со звучни кимвали, Фалете Го со воскликнувачки кимвали! 6. Сè што дише – Нека Го фали Господа! Алилуја! ПРЕД МАНАСТИРСКИ ВРАТИ
Кој тропа толку доцна во длабочината на ноќниот мир На портата затворена на светогорскиот манастир? „Веќе одамна помина вечерта и нема ноќ се зафаќа, Седи отци, калуѓери, отворете ми ја тешката врата. Светлина душата ми сака, а одмор моите нозе, Изморено е моето тело, уморни се моите нозе. Но крепка е волјата моја која ноќва кон вас ме води, Да го посветам животот на верата и на слободата да им годи. Ги презрев царските дворови, царската круна и облека, И сега еве светлина барам во скромниот манатстир до века. Отворете ми ја, чесни отци, тешката манастирска врата, И примете го царскиот син како најмлад од сите вас браќа. Зашкрипи тешката врата, а над неа бувот се тргна И со крештење ги разви крилата и се сокри во ноќта црна. А на прагот на храмот свет, каде Божјето име се слави, Со факел запален настојникот се јави. Тој факелот горе го крева, над својата глава света, И здогледа, чудејќи се, безопасно босо дете. Високо му е бледото чело, со измрсени густи коси, Но челото возвишено, божествена мудрост го краси. За рака го зема старецот, му го бакна бледото чело, И низ солзи прошепти: „Те примаме мило чедо“. Векови поминаа од таа ноќ чудесна, Векови поминаа и многу ќе поминат уште. Но тоа дете уште живее зошто живее неговата слава, Зошто тоа дете беше Растко, син на Немања, Свети Сава.ИСАИЈА,гл.10
1. Тешко им на оние што создаваат неправедни закони и пишуваат остри решенија, 2. за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите меѓу Мојот народ, за да ги направат вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците. 3. А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде оддалеку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое? 4. Без Мене тие ќе се превиваат меѓу окованите и ќе паднат меѓу убиените. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, раката Негова уште е протегната.
Братства
ОЧЕ НАШ
Молитвата „Оче наш“ е Господова молитва изговорена од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Според Светите Отци молитвата „Оче наш“ е скратено Евангелие, која секојдневно се кажува, најмалку трипати во денот: наутро, напладне и навечер, молитва со која се отпочнуваат сите богослуженија и молитвословија. Преведена е на сите можни јазици на кои е преведено Светото Писмо. Оваа молитва Господ ја кажал на самиот почеток на својата јавна проповед откако ги изговорил Заповедите на Блаженствата на прочуената „Беседа на гората“ во која ги изговорил основните поставки на Своето учење. Молитвата „Оче наш“ е образец како треба да се молат христијаните за разлика од еврејските првенци, фарисеите и книжниците. Господовата молитва има седум прозби и славословие. Првите три се однесуваат на Бог – Отецот, а другите четири на нас луѓето. Од сите прозби многу значајна е шестата која вели: „...и не не воведувај во искушение...“ Многумина велат како тоа Бог не воведува во искушение, ако Тој е Бог на љубовта, на мирот, на спасението? Бог не не воведува во искушение, но допушта искушенија и затоа Го молиме да не заштити од искушенијата. И самиот Господ, иако безгрешен, иако Божји Син, беше искушуван од сатаната. А искушението за вистинските верници значи челичење – да бидеме цврсти во верата. Знаеме од Светото Писмо какви искушенија имале праведниот Јов, патријархот Авраам кој бил спремен да го принесе на жртва својот син единец Исак и многу други примери.По оваа прозба е „...избави не од лукавиот...“ што значи дека првиот искушувач е ѓаволот, потоа светот, како и нашето тело кое постојано не распнува со своите страсти и прохтеви. Молитвата „Оче наш“ треба секој христијанин да ја знае на памет и во секое време и при нејзиното изговарање се стои исправено или се коленичи, се зависи од празникот и времето.A Morning Prayer by St Patrick
Lorica by St. Patrick (Lorica was a mystical garment or breastplate that protected the wearer from danger and illness. The word was attributed to this prayer because of the sections in it regarding protection from physical and spiritual enemies.) st patrickI arise today Through a mighty strength, the invocation of the Trinity, Through belief in the Threeness, Through confession of the Oneness of the Creator of creation. I arise today Through the strength of Christ’s birth with His baptism, Through the strength of His crucifixion with His burial, Through the strength of His resurrection with His ascension, Through the strength of His descent for the judgment of doom. I arise today Through the strength of the love of cherubim, In the obedience of angels, In the service of archangels, In the hope of resurrection to meet with reward, In the prayers of patriarchs, In the predictions of prophets, In the preaching of apostles, In the faith of confessors, In the innocence of holy virgins, In the deeds of righteous men. I arise today, through The strength of heaven, The light of the sun, The radiance of the moon, The splendor of fire, The speed of lightning, The swiftness of wind, The depth of the sea, The stability of the earth, The firmness of rock. I arise today, through God’s strength to pilot me, God’s might to uphold me, God’s wisdom to guide me, God’s eye to look before me, God’s ear to hear me, God’s word to speak for me, God’s hand to guard me, God’s shield to protect me, God’s host to save me From snares of devils, From temptation of vices, From everyone who shall wish me ill, afar and near. I summon today All these powers between me and those evils, Against every cruel and merciless power that may oppose my body and soul, Against incantations of false prophets, Against black laws of pagandom, Against false laws of heretics, Against craft of idolatry, Against spells of witches and smiths and wizards, Against every knowledge that corrupts man’s body and soul; Christ to shield me today Against poison, against burning, Against drowning, against wounding, So that there may come to me an abundance of reward. Christ with me, Christ before me, Christ behind me, Christ in me, Christ beneath me, Christ above me, Christ on my right, Christ on my left, Christ when I lie down, Christ when I sit down, Christ when I arise, Christ in the heart of every man who thinks of me, Christ in the mouth of everyone who speaks of me, Christ in every eye that sees me, Christ in every ear that hears me.