КАКО СЕ ОСЛОВУВААТ ПРАВОСЛАВНИТЕ БОГОСЛУЖИТЕЛИ

ergrthgdddrg
Свештените лица се од Бога избрани луѓе и на посебен начин се посветени да служат свети богослужења, свети тајни и обреди. Најчести контакти со луѓето ги имаат епархиските свештеници кои служат во црквите и ги извршуваат неопходните верски обреди на своите верници. Овој свештеник е парох, а луѓето кои одат во црквата се неговите парохијани, бидејќи одреденото црковно подрачје во кое служи свештеникот се вика парохија.
При средба со свештеникот, него го поздравуваме со: Господ (Бог) на помош, оче, благослови! “. На свештеникот му се бакнува десната рака, без оглед на годините на свештеникот и на оној кој ја бакнува. Свештеникот при разговор се ословува: Оче, на пример: оче Марко. или ако свештеникот е прота, тогаш со оче прото.
Епископот се ословува со зборовите „Твое Преосвештенство“ или „Преосвештен Владико“ или ако тоа е неформален разговор само со „Преосвештен”. На Патријархот му се обраќаме со “Твоја Светост” или “Свјатејши Владико” или само “Свјатејши“”.
Монахињите се ословуваа само со “сестра”, а игуманијата со “Мајка”. Од женското монаштвото не се бара благослов и не се бакнува рака.
Монашките лица, исто така, се ословуваат со “оче”. На младите луѓе може да се каже “Оче” и неговото име, а на игуменот на манастирот може да се каже, “Оче Игумене,” или “Оче Архимандрите”. На искушениците им се обраќаме со “брат”.
МВПЦ администрација

This entry was posted in Почетна. Bookmark the permalink.

Comments are closed.