ХРИСТИЈАНТВОТО ГИ МЕНУВА ЛУЃЕТО И ГИ ИСЦЕЛУВА

ПЕТАР И ПАВЛЕ
Нашата вера е вера над сите вери. Таа е од откривението, таа е автентична и вистинска. Другите религии се човечки и плитки. Тие не ја знаат вечинината на Троичниот Бог. Тие не знаат дека нашата цел, дека сем создадени да станеме богови со благодатта, да станеме подобие на троичниот Бог, да станеме едно со Него и меѓу нас. Ова се нешта кои другите религии не ги знаат. Крајната цел на нашата вера е дека можеме да бидеме едно (Јн. 17, 11). Тука работата на Христос се исполнува. Нашата вера е љубов, таа е ентузијазам, таа е копнеење по боѓественото. Сите овие нешта се во нас. Нашата душа бара од нас да ги постигнеме.
За многумина верата е борба, извор на агонија и загриженост. Затоа многу од „верниците“ се сметаат за несреќни затоа што другите можат да ја видат очајната состојба во која тие се наоѓаат. И навистина е така. Зошто лице кое не го разбира подлабокото значење на верата и не може да го искуси, тогаш верата заршува како болест и тоа навистина тешка болест. Толку тешка што лицето ја губи контролата на своите дејствувања и има слаба волја, исполнет е со агонија и грижи и е под контрола на лошиот дух. Тој се поклонува, плаче, извикува, верува дека е понизен и сето тоа е само дело на сатаната. Таквите луѓе ја искусуваат верата како да се во пеколна состојба. Тие се поклонуваат и крстат во црква и велат дека се недостојни грешници, но што ќе излезат од црква тие почнуваат да богохулат се свето секогаш кога некој малку ги вознемири. Тоа е многу јасен показател дека има нешто демонско во сето тоа.
Всушност, христијанската вера ги менува луѓето и ги исцелува. Најважен предуслов за некој да ја препознае и спознае вистината е смирението. Егоизмот го помрачува човечкиот ум, го збунува, го заталкува кон ерес. Важно е за човекот да ја разбере вистината.
Многу одамна, кога луѓето се уште биле примитивни, тие немале куѓи или било што друго. Тие живееле во пештери без прозорци. Тие го затворале влезот со камења и гранки за ветерот да не дува внатре. Тие не сфаќале дека надвор има живот, кислород. Кога бил затворен во пештерата, човекот станувал истоштен, се разболувал, но кога излегувал надвор, неговата сила повторно се враќала. Можете ли да ја разберете вистината? Тогаш вие сте надвор под сонцето, во светлината, можете да ги видите сите прекрасни суштества, сета творевина; ако не, тогаш вие сте во темна пештера. Светлина и темнина. Кое е подобро? Да се биде кроток, понизен, смирен и да се биде исполнет со љубов, или пак да се биде надразлив, депресивен и да се расправаш со тите.
Без сомнение повисоката состојба на умот е љубовта. Нашата вера ги има сите овие добри нешта и е вистината. Но, многу луѓе одат во друга насока.
Сите оние кои ја демантираат вистината се умствено болни. Тие се како деца кои стануваат деликвенти или несоцијални бидејќи ги загубиле своите родители или пак бидејќи нивните родители се развеле или се расправале. И сите овие збунети луѓе ги наоѓаат своите патишта во разни ереси. Збунети деца на збунети родители.
Но, сите овие збунети и несоцијални лица имаат сила и истрајност и успеваат да постигнат многу работи. Тие успеваат да доведат нормални и мирољубиви луѓе во подјармување. Тие влијаат врз други слични луѓе и преовладуваат во светот бидејќи се во мнозинство и лесно наоѓаат свои следбеници. Потоа има други кои, иако не ја демантираат вистината, сепак се збунети и умствено болни.
Гревот го прави човекот да биде прекумерно умствено збунет и ништо не ја изтерува збунетоста освен светлината Христова. Христос го прави првиот чекор: „Дојдете при Мене сите вие кои се трудите и сте обременети…(Мт. 11, 28). Тогаш ние ја прифаќаме оваа светлина со наша добра волја која ја изразуваме преку нашата љубов кон Него, преку молитви, преку нашето учество во животот на Црквата и преку причестувањето.
Често ниту трудот, ниту потиштеноста, ниту пак крстењето ја привлекуваат Божјата благодат. Постојат тајни. Најважната работа е да се надминат формалните аспекти и да се продре до срцето на суштината. Се што правиме мора да биде направено со љубов. Љубовта секогаш ја разбира потребата да се жртвуваш. Се што е направено со принуда секогаш ја предизвикува душата да реагира со одбивање. Љубовта ја привлекува Божјата благодат. Кога ќе дојде благодатта, тогаш доаѓа и дарот од Светиот Дух. Плодот на Духот е љубовта, радоста, мирот, долготрпението, љубезноста, добрината, верата, понизноста, самоконтролата (Гал. 5, 22-23). Ова се нештата кои една здрава душа во Христа треба да ги поседува.
Со Христос човекот е исполнет со благодат и така живее над злото. Злото не постои за него. Постои само доброто кое е Бог. Злото не може да постои. Се додека има светлина, неможе да има темнина, ниту пак темнината не може да го опколува бидејќи човекот ја има светлината.
МВПЦ
+++јован-хаџи

This entry was posted in Почетна. Bookmark the permalink.

Comments are closed.