КАКО ДА ЖИВЕЕМЕ ВО ОТШЕЛНИЧКИОТ ЖИВОТ
СЕКОЈ ЕДЕН САМ СИ ГО НОСИ КРСТОТ
1. Ги предавам овие правила, кои низ мојата уста ги изрекол Господ, за оние кои сакаат да го земат тешкото иго на отшелништвото. Тие треба да се потчинат на овие заповеди. Оној, пак, кој ќе наруши барем една од нив, ќе се нарече намал во Царството небеско (Мт. 5, 19).
И. Надворешно однесување и надворешен поредок на животот
а) Оддалечување од светот и од соживотот со луѓето
2. Кој сака да се спаси (во образот на животот надвор од овој свет) нека не останува во својот до ми нека не живее во градот во кој грешел. Исто така тој не треба да ги посетува своите родители и роднини по тело, бидејќи тоа е штетно за душата и ги нарушува плодовите на животот.
3. Не се враќај во градот во кој некогаш си грешел на Бога.
4. Не оди да видиш како живеат твоите роднини, ниту им дозволувај да видат како ти живееш. Воопшто не се гледај со нив.
б) Избор на пустиножителство
5. Духовните отци наши тврдат дека пустината е најправилното место за размислување за смртта и најпогодно скривалиште од светските работи кои пружаат покој на телото.
6. Оној кој живее во пустина и безмолствува, избавен е од три борби: од борбата (која доаѓа) преку чувството за слух, од борбата (која доаѓа) преку јазикот и од борбата (која доаѓа) преку гледање на она што може да го рани срцето.
7. Чувај се да не те измами помислата дека пустината е место на ладовина (т.е. на немарност).
в) Осаменост во ќелија
8. Оддалечувајќи се од светскиот метеж, осами се и ќе станеш странец. За тебе селењето во ќелија ќе биде еднакво на патување во туѓа земја.
9. Каде ид а излезеш, погрижи се што побрзо да се вратиш во својата осаменост за да се предадеш ма своите молитви.
10. Кога ќе појдеш на жетва (т.е. на некоја работа), не се задржувај долго, туку што побрзо врати се во својата самотија.
11. При посета на својот брат, немој долго да се задржиш во неговата ќелија.
г) Работа и поредок во ќелија
12. Престојувајќи во својата ќелија, бави се со овие три работи: ракотворби, читање на Псалмите и молитвите.
13. Кога пребиваш во ќелијата, бави се со читање на Писмото, молитви кон Бога и со работа.
14. Секој ден пости до деветиот час (1), освен сабота и недела. Кога ќе дојде деветиот час, влези во својата одаја и пред јадењето кажи своја молитва. По јадењето, наизменично малку читај, малку моли се.
д) Молитви и коленопреклонување
15. Врши ги молитвите во одредени часови и не пропуштај ниту една, за да не даваш одговор за тоа.
16. Врши ја својата ноќна молитва пред да тргнеш во црква.
17. Секогаш моли се во својата ќелија пред да тргнеш во црква.
18. Воопшто, пред и по молитвите со братството, секогаШ моли се во својата ќелија. Никогаш немој да бидеш мрзлив за да го направиш тоа.
19. Почесто паѓај на колена и не биди мрзлив тоад а го направиш, за да не умреш со зла смрт.
20. Кога се молиш, не биди мрзлив, зошто молитвата на мрзливиот е празнословие.
21. На молитва и на сеќавање на Бога, согласно со заветот на монаштвото и значењето на своето одело, биди како птица која лесно и високо полетува.
ѓ) Читање и богоразмислување
22. Секогаш имај желба да го читаш Писмото. Тоа ќе те истргне од нечистотијата (т.е. растер нечистите мисли).
23. Божјото милосрдие ќе биде со тебе доколку со усрдност се бавиш со читање на Писмото и исполнување на заповедите.
24. Размислувај за делата Божј ии не биди мрзлив за молитва.
25. Монахот кој седи во својата ќелија со затворена уста, а не се сеЌава на Бога, личи на разурната куќа надвор од град која е секогаш исполнета со нечистотија. Секој кој ќе помисли да го изнесе ѓубрето од својата куќа (без размислување) таму го носи. (т.е. тој молчи со устата, а со умот фантазира. Тој попуштан а лошите помисли и се занесува со срцето – што претставува гревовно ѓубре кои демоните го фрлаат во душата).
е) Рачната работа и трудот воопшто
26. Телото треба да се совладува и заморува со друг труд.
27. Одреди си себеси некој умерен труд во ќелијата и срцето Ќе ти биде смирено.
28. Принудувај се себеси на рачна работа, за да во тебе се всели стравот од Бога.
29. Сакај го трудот на рачната работа, па на тебе ќе се симне стравот Божји.
30. Седејќи во ќелија, фати се за работа, а името Господово не пуштај го од себе, туку постојано држи го во умот свој. Поучувај се во тоа име во своето срце и фали го со јазикот свој, велејќи: Господи Исусе Христе, помилувај ме, или Господе мој, Исусе Христе, помилувај ме, испрати ми ја Својата помош, или Те фала, Господи мој, Исусе Христе.
ж) Храна
31. Едно (и исто време) одреди за храна заради поткрепа на своето тело, а не заради наслада.
32. Употребувај најпроста и најефтина храна.
33. Својот леб јади го во безмолвие и со воздржување, внимавајќи твоето седење (покрај масата) да биде скромно.
34. Не јади до ситост.
35. Немој да бидеш алчен и лаком на јадењето за во тебе да не се обноват поранешните гревови.
36. Во среда и петок не го разрешувај постот
37. Месо воопшто немој да јадеш.
38. Не приоѓај на место каде се точи вино.
39. На собори и гозби (т.е. општи трпези) не се брзај.
40. Ако дојдеш на место каде е подготвена општа трпеза, јади умерено и принеси благодарност на Бога.
41. Вино немој да пиеш повеќе од три чаши, освен при тешки болести.
42. Немој веднаш да пружиш рака кон она што се ставе пред тебе.
43. Ако си млад, немој да пружаш рака пред другите, зошто тоа не е скромно.
з) Сон
44. Спиј малку и умерено и ангелите ќе те посетат.
45. Кога си здрав, не го вади појасот (за време на спињето).
46. Кога ќе легнеш, не ги ставај рацете меѓу нозете за да не грешиш и незнаејќи.
и) Облека
47. Ден и ноќ биди во својата мантија и во својата одежда како окован и затворен.
48. не облекувај облека со која би можел да се гордееш ид а се фалиш.
49. Чувај ја својата облека за на денот на судот не се најдеш гол меѓу другите.(3)
ј) Главната карактеристика на имотот треба да е – сиромаштво
50. Не стекнувај ништо преку она што ти е потребно.
51. Сиромаштвото на монахот е умереноста во се или во таква состојба во која си задоволен со малку.
52. Повеќе сакај го укорувањето отколку почитувањето, уморот на телото отколку одморот и недостатокот на (потребните) работи отколку изобилието.
к) Црковна богослужба
53. Црковните должности (т.е. грижата за црквата и богослужењето) треба да се довери на верен човек кој се плаши од Бога.
54. Не биди мрзлив да Штом го слушнеш ѕвоното, веднаш да одиш во црква.
55. Не го оставај богослужењето за да не се сопнуваш и паднеш во замка.
56. Во црква немој да зборуваш.
57. Немој во црква да бидеш како за на место каде се собира голем народ (за да во душата не ти биде помрачено и голем број на помисли).
58. Во црквата погребај го својот мртовец (т.е. не се грижи за тоа како Ќе ги уредиш своите земни работи)…
л) Меѓусебни односи
аа) Прво и главно – однос кон ава, духовниот отец, кон старците и воопшто кон искусните
59. Не почнувај никаква работа, без разлика каква е, додека не се посоветуваш со авата на манастирот.
60. Прев авата и пред поголемите од тебе не зборувај многу.
61. Постојано држив о себе дека треба да го слушаш својот отец, па во тебе ќе се всели стравот Божји.
62. Совршенството на твојот подвиг се состои во послушноста. Блазе му на човекот кој од младоста своја го носи бремето Господово, служи и се повинува.
63. Немој да бидеш непослушен, инаку ќе станеш орудије и сад на сите зла и неправди.
64. Со смирение и плач моли го отецот свој да те научи на она што се уште не знаеш, па нема да се засрамиш.
65. Секогаш сеќавај се на она копј те напојува со добро учење. Погрижи се од него да ги дознаеш
животворните заповеди, па благоуспешно ќе го поминеш животот свој по волјата Господова, како што е запишано кај блажениот апостол Павле: “Ова проучувај го, во ова стој, за твојот напредок да се покаже во се (1. Тим. 4, 15).
66. Ако искрено си го навалил вратот под бремето на послушноста, тогаш внимателно слушај што ти се зборува, а потоа свесно извршувај го она што ти е заповедано.
67. Немој да го криеш гревот што си го направил од својот духовен отец.
68. Секојдневно учи се на добра наравственост од постарите.
69. Своите духовни отци сакај ги повеќе од своите родители по тело затоа што тие се грижат за тебе заради Бога.
70. Живеј така за отците на манастирот, кои духовно те родиле, ги израдуваш заради9 својата слава во соборот на светите.
71. Погрижи се благословот на манастирските страци да е на тебе.
72. Не ги откривај на сите своите помисли, туку само на оние кои можат да ја излечат твојата душа.
73. Не ги откривај своите мисли, за да не го соблазниш својот брат.
74. Кон секого биде расположен пријателски, но секој нека не ти биде советник.
бб) Взаемен однос
75. Погрижи се да дојдеш до тоа сите луѓе да те благословуваат.
76. Биди тажен со својот брат и укажи му сочувство (во болката).
77. Ако братот те замоли да му помогнеш, работи со него целиот тој ден.
78. Оние, со кои се дружиш, прво испробај и испитај какви се. Немој на сите д аим се доверуваш зошто светот е полн со итрина. Избери си себе си еден брат кој се плаши од Господа и со него дружи се како со брат. А најдобро ќе биде ако се прилепиш покрај Господ, како син покрај таткото, бидејќи сите луѓе, со мал исклучок, се предале на итрината. Земјата е иполнета со суета, неволји и конфликти.
вв) Однос на постарите кон останатите
79. Ако си престанал да му служиш на гревот, тогаш зборувај во името Господово, поучувајќи ги оние заради кои се хули името Негово. Бидејќи тие се мртви и отсечени од живиот Бог, погрижи се да ги остават своите мртви дела ид а се удостојат да стекнат (вечна) слава.
80. несебично изобличувај и поправај ги своите духовни чеда, зошто од тебе ќе се бара одговор за нивната осуда (т.е. ако се покажат достојни за осуда пред Страшниот Суд).
81. Искарај не штедејќи, но со страв Божји. Не гледај на лицето и одлучувај со зборови на вистина.
82. Ако некој брат дојде и ти ги открие своите мисли, внимавај никому да не му ги кажуваш истите, туку моли се за себе и за него, за Господ да ве спаси и двајцата.
83. Не го отфрлај оној кој бара вера во Христа.
84. Не кажувај поуки на оној кој не ги раскажува.
85. Не поставувај на друг правило кое ти самиот на дело не си го исполнил.
86. Премногу е лошо на друг да му препорачуваш нешто што самиот не го исполнуваш. Од туѓите дела немаме никаква полза.
гг) Однос кон болните
88. Посетувај ги болните и нивните садови наполни ги со вода.
89. Се што можеш, се што ти е одвишок, дај им на болните во манастир.
90. Ако авата те одреди да им служиш на болните, потруди се од сето срце и од Бога ќе добиеш двојна награда, т.е. за послушноста која е извршена со љубов.
дд) Одност кон странците
91. Ако некој брат ти дојде во посета, дури ив о невреме, прими го радосно за тој да Му заблагодари на Бога и за да не се навреди.
92. Ако било кој брат ти дојде на посета, во се смири се пред него, покажи расположение кон него заради Господ и плаши се да не се вознесеш со гордост.
93. Изгледот на твоето лице треба да биде тажно, освен кога ќе ти дојдат браќата – патници. Тогаш на себе земи радосен изглед.
љ) Взаемно општење
94. Биди скромен во сите свои активности.
95. Во твоето однесување меѓу други луѓе однесувај се како сиромашен: не се вознесувај кога со некого разговараш, нити кога пееш химна или пофална песна на Бога. Кога Ќе се најдеш во друштво, твоите зборови нека се прости.
96. Со младо момче не разговарај, ниту пак се дружи. Таквите не ги примај во заедничкиот живот за на ѓаволот не му дадеш место.
97. Со младо момче не воопшто немој да разговараш, зошто ќе ти биде на сопнување.
98. Немој да го земаш за рака братот кој стои до тебе, ниту пак се допирај до неговите образи, без разлика дали е постар или помлад од тебе.
99. Со сите сили оддалечувај се од луѓе кои немаат разум и во совет.
100. Ако сакаш спокен живот, не влегувај во круг на луѓе кои само се грижат за суетни работи. Ако случајно се најдеш во нивно друштво, држи се себеси како д ате нема меѓу нив.
м) Разговорот и воопшто употребата на јазикот
101. Не го повисувај гласот (т.е. молчи во ќелијата), освен при молитвите кои со уставот се назначени.
102. Чувај се од расправии со јазик (воздржи го јазикот).
103. Не зборувај многу за од тебе да не се оддалечи Духот Божји.
104. Големо дело е да се биде молчалив, угледувајќи се на Господ Кој молчеше пред Ирод без разлика на неговиот повик.
105. Кога ќе се сретнеш со верници кои се слични на тебе, повеќе слушај и внимавај што зборуваат со подготвеност да го исполниш она што е спасоносно. Тоа ќе биде многу подобро, отколку и самиот да се сплеткаш во разговор.
106. Кога одиш во посета на некого, нека стравот Божји биде во твоето срце и чувај ја устата своја за да се вратиш во својата ќелија спокен.
107. Мудриот човек добро знае како со себе ќе владее. Тој не брза да зборува, туку добро мери кога треба да зборува, а кога да слуша. Неукиот човек не чува тајна, не управува со јазикот и не го зауздува.
108. Кога си меѓу браќата, не зборувај премногу. Твоите прашања нека бидат кратки и изговорени со смирение.
109. Твоите зборови нека бидат благи и поучни. Постојано сеќавај се дека од говорот доаѓа или слава или срам.
110. Не зборувај раздразливо, туку твоите зборови нека бидат облечени во мусрост и разум, како и твоето молчење. Угледај се на нашите мудри отци чии зборови беа исполнети со мудрост и разум, исто како и нивното молчење.
111. Јазик твој нека е потчинет на разумот, зошто зборовите се спротивни на разумот, исто како бодливите шилци и иглите.
112. Избегнувај ја лагата, инаку таа од тебе ќе го истера стравот Божји.
113. Устата твоја нека секогаш зборува само вистина.
114. Нека тема на твоите разговори бидат добродетелите на Севишниот Бог. Со тоа ќе станеш достоен од Него да добиеш поголеми добра.
115. Не се распрашувај за лоши дела, туку своите внимание држи го подалеку од нив.
116. Не започнувај празни разговори и оние кои ги водат избегнувај ги за душата да не ти прими зло.
117. Презри ги залудните разговори за се што е светско.
118. Воздржувај се што можеш повеќе од шеги и забавни зборови.
119. Не викај и не зборувај многу гласно и брзо, зошто е напишано:”Кој многу зборува, нема да избегне грев” (Кн. Проп. 10, 14).
120. Не биди упорен и не ги наметнувај своите зборови во тебе да не влезе зло (злоба и расправии).
121. не се колни во не сомнителна, а камоли во сомнителна работа.
н) Во случај на патување
122. Кога некоја потреба те натера да одиш во град, немој да одиш сам.
123. Кога одиш по вода или паруваш, читај (Псалмите на памет) и размислувај.
124. Одејќин со браќата, понекогаш одвојувај се од нив за да го одржиш молчењето.
125. Одејќи по патот, не се врти лево или десно, туку со внимание пребирај по своите Псалми и со ум моли се на Бога. Немој да се побратуваш со жители на места каде се наоѓаш.
126. Не оди меѓу голем број на светски луѓе, но не имитирај ни фарисеи зошто тие се правеа за да се истакнат.
127. На жена не и дозволувај да ти се приближи. Не и дозволувај да влезе во твоја соба зошто по неа оди бура на помисли.
128. Со жена немој никогаш да јадеш и со младич не се дружи.
129. Кога ќе се појави потреба некаде да ноќеваш, внимавај да не се покриеш со некој друг под еден покривач.
130. Не легнувај на една рогозина со помлад од себе.
131. Не легнувајте по двајца на една рогозина, освен во случај на крајна потреба, иако се работи за твој татко или брат и тогаш со голем страв.
132. Не седи долго во манастирските гостилници.
УСТРОЈСТВО НА ВНАТРЕШНИОТ ЖИВОТ
а) Почетен принцип на животот – ревност
133. Биди ревносен во стекнување на доблести.
134. Чувај се да не се оладиш во љубовта кон Бога.
135. Не отстапувај од добри дела кои си ги започнал.
136. Не излегувај од патот на својата осаменост.
137. Не ги оставај напорите заради доблестите за да не станес мрзлив и немарен и за да не згрешиш во последниот час, туку љуби го Господа до самиот крај и ќе стекнеш милост.
138. Како Што урнатините надвор од градот им служат на сите за фрлање на смрдлива нечистотија, Така и душата на оној кој мрзеливо и млитаво го поминува својот самотен живот е депонија на сите страсти и гревовна нечистотија.
б) Правило на животот – волјата Божја во заповеди
139. Ако навистина си се предал на Бога, извршувај ги сите Негови заповеди и се што ти се наредува врши го работливо, не изоставувај ништо. ЗоШто ако нешто пропуштиш, нема да ти се простат претходните гревови. Ако цврсто решиш се да извршуваш (до положувањето на животот), биди уверен дека сите твои претходни гревови веќе простени.
140. Твоите мисли треба постојано да се бават со заповедите Господови ид а се погрижиш со сите сили за да ги извршиш. Не треба да оставаш ниту една за твојата душа да не се претвори во депонија на сите нечистотии.
141. Ако си започнал некоја работа и видиш дека не е по волјата Божја, веднаш напушти ја.
в) Цел – слава Божја
142. Постојано грижи се (преку тебе) да се прославува Отецот твој кој е на небото (Мт. 5, 16).
Потсетници – поттикнувачи на ревноста
За заветот и првобитниот жар
143. Не отстапувај од Бога заради распадливи работи, туку сеќавај се што си ветил кога во тебе гореше жарот на стремежот за богоугодување.
144. Погрижи се да не го заборавиш значењето на својата облека која ја облече на почетокот. Сети се на солзите на своето покајание кои тогаш си ги пролеал и брзо отскокни од лошите помисли кои тајно те поткрадуваат за да не бидеш вовлечен со нив во самите дела.
145. Постојани и искрено покај се и ниту на минута не се предавај на немарност и мрзливост.
За примерните ревнители
146. Не се огледувај на оние кои се послаби од тебе туку на оние кои се подобри од тебе.
147. Нека ти бидат образец и пример оние кои го љубат Бога со сето срце свое и постојано прават добри дела. Немој да се срамиш да ги прашаШ за животен совет бидејќи се совршени во доблестите.
148. Стои настрана од светски луѓе кои мислат светски и зборуваат само за земски работи.
вв) За ветените добра
149. Доколку исполнуваш се (заповедено), ќе добиеш наследство кое не го видело око, за кое не слушнало уво и на кое срце човечко не помислило (1. Кор. 2, 9).
150. Употреби ја светлината на познанието за да се удостоиш со родот на праведните, додека уште има време.
За смртта и Судот
151. Сети се дека твојата младост поминала (дека снагата се потрошила) и дека немоќта пораснала и дека веќе е време на твојот исход, кога ќе даваш одговор за сите свои дела. Знај дека таму ни брат нема да може да го откупи својот брат, ниту таткото да го избави синот.
152. Секогаш сеќавај се на излегувањето од телото и не ја испуштај мислата за вечната осуда. Доколку така постапиш, нема никогаш да згрешиш.
153. Мисли во себе и зборувај: Можеби овој ден ќе ми биде последен во овој свет” и никогаш нема дап огрешиш пред Бога.
154. За секој ден претпоставувај дека ти е последен во овој свет и ќе се зачуваш од гревови.
155. Својата ќелија претворија во темница, помислувајќи дека за тебе веќе се е завршено и дека веќе Ќе удри часот на твоето одрешување од овој свет.
156. Внимавај на себе за да не бидеш отфрлен во идниот век. Тешко на оние кои не се грижат, тие немаат надеж на спасение, ниту има кој д аим помогне.
Причинители за успех – благодатна Божја помош и лично усрдие и подвиг
Помош од горе привлечена со молитва
157. Нека нашиот Господ Исус Христос ни помогне да правиме се што му е угодно.
158. Пред се излевај постојана молитва и секогаш заблагодари на Бога за се што се случува со тебе.
159. Труди се да излеваш непрестани молитви со солзи за Бог да се сожали над тебе и од тебе да го соблече стариот човек.
160. Немој да престанеш да пролеваш (молитвени) солзи и Бог Ќе се сожали на тебе, олеснувајќи ти ги неволјите (заради кои твојата душа е тажна).
161. Дали сакаш да Му угодиш на Бога, тогаш предај се на Господ Исус Христос и Тој ќе те избави и заштити.
Лични подвизи и усрдност воопшто
162. Потруди се да ги исполниш подвизите кои ти ги предложувам: труд, сиромаштија, странствување, лишеност (нестекнување) и молчење. Тие ќе те направат смирен, а тоа ќе ти донесе простување на гревовите. Смирението се состои во тоа човекот себеси да се смета за голем грешник и да мисли дека ништо добро не прави пред Бога, дека сака молчење и да не смета на ништо, дека не е упорен пред никого и дека не настојува на своите зборови, дека ја одложува својата волја, дека лицето го спушта долу, дека смртта ја има пред очи, да се чува од лаги да не изговара празни зборови, да не приговара на старешината, трпеливо да ги трпи навредите и себе да се принудува на благодушно поднесување на сите тешкотии и непријатности во животот. Погрижи се брату, да ги исполниш овие правила за твојот живот да не биде неплоден.
163. Да отфрлиме се што дава одмор на телото. Овој живот не го преценуваме за да живееме во Бога кој во денот на Судот ќе не праша дали сме гладувале заради Него, дали сме биле жедни и сме трпеле соголеност, дали сме се смирувале, плачеле од длабочината на своето срце и дали самите сме се испрашувале за тоа дали сме достојни за Бога. И така да се смириме и тагуваме заради гревовите за да го најдеме Бога. Да го презреме телото за да ги спасиме своите души.
164. Избери труд и тој заедно со постот, молитвата и бдеењето ќе те избави од секое сквернување. Телесниот труд донесува чистота на срцето, а таа прави душата да принесува плод.
165. Засакај го милосрдието, облечи се во вера, не му допуштај на срцето да мисли зло, туку терај го за зло да враќа со добро, барај благост и ревнувај за сите прекрасни дела.
ѓ) Настројување на душата кое донесува успех
аа) Пребивање во Бога со страв, бодро внимание и оддалечување од гревот и светот
166. Нека твојата душа биде со Господ во секое време, а телото твое на земјата нека биде како статуа (безживотно).
167. Застани пред лицето на Господ со исправност.
168. Нека стравот Божји е секогаш пред нашите очи како и сеќавањето на смртта и одвраќањето од светот и се што е светско.
169. Умири го секој ден за да живееш, зошто кој се плаши од Бога ќе живее во векови.
170. Биди постојано работлив за да не паднеш во мрзливост и небрежност.
171. Се што е светско замрази и одвои го од себе. Во спротивно тоа тебе ќе те оддалечи од Бога.
172. Замрази се што е штетно за твојата душа.
бб) Трпење
173. Без разлика што преземаш, биди трпелив и Бог ќе ти помогне во сите твои дела, во се што се случува со тебе.
174. Внимавај да не бидеш малодушен.
175. Биди благодушен во се што правиш по волјата Божја.
176. Не тагувај поради лошите помисли кои те напаѓаат во ќелијата, зошто Господ нема да заборави никаков труд (преземан заради Него). Тоа ќе ти послужи за напредок и благодатта Божја ќе ти помогне.
177. Храброста не е ништо друго освен непоколебливост во вистината и спротивставување на непријателите. Ако не попуштиш, тие ќе се повлечат и повеќе нема да се покажат.
вв) Смиреност и плач
178. И дење и ноќе тагувај заради гревовите свои.
179. Запали го својот светилник со маслото на солзите.
180. Непрестано плчи заради своите гревови, како да имаш мртов човек во својата ќелија.
181. Нека лицето секогаш ти биде тажно за да во тебе се всели стравот Божји.
182. Не се сметај себеси за многу важен, туку предај се на плачот заради своите гревови.
гг) Смирение
183. Засакај го смирението и тоа ќе ги покрие сите твои гревови.
184. Биди смирен во сите денови од животот свој и стреми се кон се што е прекрасно.
185. Оној кој е послаб од тебе во добрите дела, сметај го рамен на себе, а оној кој е рамен на тебе, сметај го посовршен.
186. Не завидувај на оној кој напредува, туку сите луѓе сметај ги за подобри од тебе, за со тебе да биде самиот Бог.
187. Не се дружи со горди, туку со смирени.
188. Биди смирен во се: во однесување, во облекување, во седење, во стоење, во одење, во постела, во ќелија ив о целата нејзина опременост.
189. Не се радувај и не се насладувај ако почнат д ате фалат за твоите добри дела. Криј ги своите добри дела што можеш повеќе. Не си дозволувај воопшто да ги изнесуваш пред некои луѓе, потруди се луѓето да не те фалат.
190. Гледај да не се разгласи некое твое добро дело.
191. Ако некој невин те укори за некој грев, смири се и ќе добиеш венец.
192. Навикни го својот јазик да зборува: “Прости ми”. Ако постојано кажуваш: “Прости ми”, набрзо ќе достигнеш смирение.
194. Биди спремен при секој збор на навреда што Ќе го слушнеш да кажеш: “Прости ми”, затоа што таквото смирение ги урива сите замки на ѓаволот.
195. Знај дека смирението не е ништо друго туку сите луѓе да ги сметаш за подобри од себе. Цврсто во умот свој држи ја мислата дека си виновен за многу гревови. Главата нека ти е спуштена, а јазикот нека ти биде спремен на увредувачот да каже: “Прости ми, господару мој”. Нека постојаниот предмет на твоето размислување биде смртта.
196. Засакај го трудот, на сите биди покорен, устата нека ти биде заклучена – и ќе постигнеш смирение. Смирението пак ќе привлечат простување на сите твои гревови.
197. Пред се себе не се сметај за нешто важно. Тоа во тебе ќе го роди смирението. Смирението ќе ја роди науката (искуството и здравото мислење), а науката – верата. Верата ќе ја роди надежта, а надежта – љубовта, а љубовта ќе го роди согласувањето. Согласувањето ќе ја роди непроменливата постојаност (цврстината во доброто).
е) Подвигот на борбата со гревот
аа) Пред се со помислите
198. Истерај ги далеку од себе лошите помисли, предавајќи се на Бога, и Тој ќе те покрие со Својата десница.
199. Не оди по секоја своја помисла.
200. Не ги исполнувај своите помисли и желби.
201. Внимавај твојот ум да не се занимава со сеќавање на поранешните гревови, зошто може да се случи тие во тебе да се обноват.
202. Не обновувај ги во својот ум претходните гревови свои за да не се вратат во тебе. Биди уверен дека тие ти се простени во времето на твоето предавање на Бога и покајувањето и воопшто не се сомневај во тоа.
203. Престани да се сеќаваш ид а зборуваш за задоволствата и уживањата на кои си се предавал во времето на својата немарност. Дури немој да зборуваш: “Јас тоа сум правел” или : “Тоа сум нарушил”, зошто тоа може да те сплетка.
204. Немој да се сеќаваш на страстите на кои си се предавал во светот за похотата (која тие ја предизвикуваат) не се појави повторно и те соблазнува.
бб) Со разни порочни желби
205. Апостол Јован сите похотливости човечки ги сумира во три работи: се што е во светот – похотата на телото, похотата на очите и гордоста на животот (1. Јн. 2, 16). Телесната похота е полнење на стомакот со мноштво на разни јадења по што се јавува блудна нечистотија. Похотата на очите се однесува на вештачки добра. Окото човечко станува гордо и во неговото срце се вовлекуваат нечисти ликови. Гордоста на животот е љубовта кон светската слава (високо мислење за себе, самофалење и њед за пофалби од другите) која во нашиот ум се встоличнува поради суетните и минливи надворешни достоинства.
206. Чувај се од алчност и непослушност, а особено од прејадување, за да не се врзиш во замките на своите похоти. Тие, имено, од срцето го истеруваат стравот Божј ии го отстрануваат срамот од лицето, а својот љубител го предаваат на ниски и срамни дела кои оутѓуваат од Бога.
207. Соблечи го од себе гневот и облечи се во кроткост. Отфрли го од себе развратното око и земи едноставно (детско, чисто) око.
208. Биди далеку од гневот и чувај се од похоти, како всушност и од сите гревовни желби.
ВВ) Посебно – со сластољубие
209. Сластољубивиот човек (кој бара само пријатности) не е погоден за ниакво дело.
210. Немој да бидш сластољубив, затоа што Бог не слуша сластољубие.
211. Замрази го телото И неговите утехи затоа што се полни со зло.
212. Телото свое исцрпи го така да стане слично на тело кое лежИ на болничка постела.
гг) Со гневот И неговиот пород
213. Ако те нападне гнев, веднаш истерај го подалеку од себе, И ќе се радуваш низ целиот свој живот.
214. На никого не се лути И на сите простувај им.
215. Ако некој неправедно те прекори, немој да се распалуваш.
216. Биди мудар И устата на оние кои лошо зборуваат за тебе затворај ги со молчење.
217. Немој да се чудиш ако некој лошо зборува за тебе затоа што тоа е едно од лукавствата на нашите најголеми непријатели со кои тие се обидуваат да му попречат на човек да ја дознаат вистината.
218. Немој да бидеш брз на гнев и непамти го злото на оној кој те поттикнал на гнев.
219. Кога ќе доживееш увреда, немој да создадеш непријателство кон оној кој ти ја нанел, туку речи: Достоен сум целото братство да ме презре.
220. Не се жали и никого не навредувај.
221. Не враќај зло за зло, ниту увреда за увреда зошто Господ те смирува откако ќе види дека ти самиот не се смируваш.
222. Нека се молат и помладии постари да не биде попуштено и да паднат под тиранијата на гневот.
223. Оној кој го завртува другиот образ кон оној кој го удрил по едниот, веќе се израдувал на увредата. Господ Исус Христос никогаш нема да го напушти зошто е благ и им помага на душите кои трпат заради Него и кои го бараат. Тој им дава сила и крепост се додека не се утврдат во спокој (од страсти). И така, радувај се кога на тебе наидуваат неволји зошто после нив доаѓаат слатки плодови.
224. Немој да се плашиш од увреди од луѓе.
дд) Со останатите порочни движења на срцето кои го поткопуваат успехот – со осудување
225. Немој да го презираш братот кој згрешил, немој да се грозиш од него или да го осудуваш зошто самиот ќе паднеш во рацете на непријателите свои.
226. На никого не прави лошо ниту некого осудувај.
227. Не го завртувај своето уво за да слушнеш лошо за некој друг, туку биди снисходливо жалостив кон луѓето и ќе бидеш жив.
228. Никого не го осудувај зошто во тоа се состои падот.
229. Не го прекорувај својот брат дури и кога гледаш дека ги нарушува сите заповеди зошто инаку и самиот ќе паднеш во рацете на своите непријатели.
230. Никого од смртните не го осудувај за Господ да не се згрози од твоите молитви.
231. Никому не му ги изнесувај недостатоците пред очи.
232. Никого не го прекорувај заради неговата немоќ.
ѓѓ) Со суетата и воображеноста
233. Не разгласувај кога подаруваш.
234. Не се фали ако се предаваш на духовни подвизи.
235. Никому однапред не зборувај за доброто дело што намераваш да го направиш туку направи го молчејќи.
236. Кога ќе направиш некое доблесно дело, немој да се вообразуваш и не си зборувај во себе: јас тоа и тоа направив. Зошто ако вака правиш , нема да бидеш мудар.
237. Не ја сакај славата и во своето срце не задржувај самопофалување кое зборува: јас направив тоа и тоа. Во тоа и тоа напредував. Таквите помисли дишат со суета. Кој со нив е исполнет, станал престојувалиштен а нечисти духови.
ее) Со човекоугодувањето и лицемерието
238. Не ја оставај волјата Божја заради исполнување на човечка волја.
239. Не ги нарушувај заповедите од уважување на пријателството кон човек.
240. Не биди лицемер, дволичен, а уште помалку лажливец.
241. Погрижи се да бидеш праведен не само пред луѓето, туку и сам во себе биди мудар, кроток, благодушен, трпелив, ревносен и човекоњубив.
жж) Со гордост
242. Не се вознесувај со своите дела, без разлика какви се тие.
243. Немој да се вознесуваш во гордост и не се фали.
244. Гордоста далеку одгонува од себе. Сметај дека твоите ближни и сите луѓе се подобри од себе.
245. Нема поголемо безбожништво од другиот да го жалиш и да се воздигнуваш над другите.
246. Не се сметај за мудар, инаку твојата душа ќе стане горделива и ќе паднеш во рацете на своите непријатели.
247. Не се сметај себеси сезнајко и мудар (т.е. не вели: знам и сам, умеам сам да работам), инаку ќе пропадне твојот труд и твојот брод залудно ќе плови.
Заклучок
248. Кој не се држи за се што е пропишано, ќе го побуди Бога на гнев. Затоа сослушај ги овие зборови, сокри ги во срцето и знај дека со тие заповеди те предавам на Создателот. Ако ги сочуваш, ќе ликуваш со ангелите, а сите лоши духови ќе ги раниш со тага. Извршувај ги овие заповеди и Бог ќе биде со тебе, а ангелите ќе те следат. Душата ќе ти се исполни со мирисите на светите и со светлината наб лажените ќе засвети лицето твое. Ќе станеш светилиште на Бога, како и сите свети и конечно ќе го сретнеш Господа со веселба и радост. Ќе слушнеш глас кој зборува: Слуго добар и верен, во малку беше верен, над многумина ќе те поставам; влези во радоста на господарот свој (мт. 25, 21).
249. Не отстапувај ниту оде ден од овие упатства и Господ наш Исус Христот ќе те упокои и во мир ќе го доврши делото на кое си пристапил. Нашите совршени отци и оние кои ги подржуваат, станаа совршени исполнувајќи ги.
250. Доколку на кажаното сакаш да додадеш некое од добрите дела – додади, а на нашиот Господ Исус Христос постојано Му вознесувај благодарност.
251. Секоја ноќ облевај го својот кревет со солзи и натопувај ја својата постела, смирувајќи се пред Господ Исус Христос за Тој ги прости гревовите твои и те обнови, за да ти даде помош за правење на добри дела и наслетство на Своето вечно Царство.
Нему нека е пофалба, чест, слава и поклонение со Себлагиот Отец и Сесветиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.
МВПЦ-Ветлеем
Translator
Посетители
ПАРАКЛИС НА МВПЦ ВО СОЛУН
ЖИВОТОТ МОНАШКИ Е ОДРЕДБА КОЈА СЕКОЈ ЕДЕН ЈА ДОНЕСУВА ИНДИВИДУАЛНО А НЕ ЗА ПРИЧИНА,ВО МАНАСТИР ИЛИ ПАРАКЛИС МОЖЕ ДА ЖИВЕАТ ПОВЕЌЕ МОНАСИ ИЛИ САМО ЕДЕН КОЈ ВО СВОЈАТА ОСАМЕНОСТ И ВО СВОЈАТА МОЛИТВА СЕ ДОБЛИЖУВА ДО ГОСПОД И ДО НЕГОВИТЕ ИСКУШЕНИЈА.
-
ДА СЕ ВАКЦИНИРМЕ ИЛИ НЕ?
Сестри и Браќа вие кој испративте маил пораки со прашање дали треба да постиме во колку се вакцинираме? Секој еден православен кој не е болен и не употребува лекови за некоја болест е оправдан и не треба да пости,додека дали да постиме во колку се вакцинираме е јасно ако сме во состојба која не е споена со здравјето секој еден треба да Пости кој ќе оди на Света Причест за Велигден. +++јован хаџи Рамноапостолни Словенски Просветители Свети Кирил и Методиј
- О, сефални и рамноапостолни Кириле и Методие, поклонувајќи се пред вашата чесна икона, срдечно ве молиме: погледнете милостиво на нас, кои со вашиот труд бевме просветени, и оградете не со вашата недремлива заштита од злобните демонски замки! Погледнете на ова лозје што го насадивте и не оставајте го на дивите свињи да го раскинуваат. Сочувајте ја, свети угодници Божји, нашата Православна вера, која вие ја изградивте врз камен-темелникот Христос, та да биде непоместлива и од овој камен да се растураат брановите на секое маловерие. Укрепете ги нашите пастири во сите добродетели и во подвигот на проповедање, вразумете ги верниците за да го слушаат нивниот глас. Сочувајте ги сите словенски земји од секое лишување, од оган и од меч, од смртоносни болести и од секакво зло. Слушнете го и секој човек, кој со вера ви пристапува и кој изискува благодатна помош од вас. Во страшниот, пак, час на смртта, бидете ни, на сите нас, благи застапници и прогонувачи на темните демонски сили, та во мир и покајание да го завршиме земскиот мегдан, да стасаме до насладување со вечните богатства и заедно со вас да ја прославуваме Пресвета Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!
АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ
Неговата Светост Патријарх Ерусалимски Иринеј I
Patriarch Irineos 1 Patriarch by the Mercy of God, of the Holy City of Jerusalem, All Palestine, Syria of Arabia, Beyond the Jordan, Cana of Galilee and Holy Sion.
Неговото Блаженство
Архиепископ Ветлеемски и Скандинавски ++Јован Хаџи-
ГОСПОДЕ, БЛАГОСЛОВИ ГИ МОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ
Исус немал слуги, но сепак го викале Господар, Тој немал диплома,сепак го викале Учител, Тој немал лекови,сепак го викале Лекар, Тој немал војска,сепак и кралевите се плашеле од Него, Тој не освојувал воени битки ,сепак Го освоил светот, Тој не направил ниедно злодело,сепак го расапнале Тој бил закопан во гробот,сепак Тој живее денес.... МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,ОСЛО
СИМВОЛ НА ВЕРАТА
Tриесет и три молитви за триесет и трите јазли на бројаницата
01. Спомни, Господи, за мир во светот. 02. Господи, Исусе Христе, помилуј ја Црквата наша и нашето Православие. 03. Господи, Исусе Христе, помилуј го Архиепископот наш и неговото братство. 04. Господи, Исусе Христе, помилуј ги, низ целата Земја, Православните клирици и лаици. 05. Господи, Исусе Христе, помилуј го нашиот Духовник и отец и неговото братство. 06. Господи, Исусе Христе, помилуј ја нашата војска и безбедносните служби. 07. Господи, Исусе Христе, помилуј ги началниците на нашиот народ. 08. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои нè мразат, нè љубат и кои се молат за нас. 09. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите родители, добродетели и учители. 10. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите по тело и по дух браќа и сестри и роднини. 11. Господи, Исусе Христе, помилуј ги старите и осамените луѓе. 12. Господи, Исусе Христе, помилуј ги новороденчињата, незаштитените и слабите. 13. Господи, Исусе Христе, помилуј ги децата кои учат. 14. Господи, Исусе Христе, помилуј ги младите момчиња и девојки. 15. Господи, Исусе Христе, помилуј ги наркоманите, алкохоличарите и пушачите. 16. Господи, Исусе Христе, помилуј ги сопружниците на Православните семејства. 17. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите бремени сестри. 18. Господи, Исусе Христе, помилуј ги вдовиците и сираците. 19. Господи, Исусе Христе, помилуј ги разделените сопружници и нашите браќа и сестри во искушение. 20. Господи, Исусе Христе, помилуј ги болните по тело и по душа. 21. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои се трудат и работат во светите манастири и парохии. 22. Господи, Исусе Христе, помилуј ги благочестивите поклоници во светите манастири и цркви. 23. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои пловат, патуваат, летаат, затворениците и очајаните. 24. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите ожалостени браќа. 25. Господи, Исусе Христе, помилуј ги судиите и политичарите. 26. Господи, Исусе Христе, помилуј ги опрелестените и оние кои го хулат светото Православие. 27. Господи, Исусе Христе, помилуј нè и дај ни време мирно. 28. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од болест, гнев, опасност и просвети ги лекарите и болничарите. 29. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од глад, нужда и несреќа. 30. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од жештина, пожари и земјотреси. 31. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од поплави, тонење и мраз. 32. Господи, Исусе Христе, упокој ги и душите на отците, мајките, браќата и сестрите, роднините, дедовците и прадедовците наши. 33. Господи, Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.СВЕТА ТРОИЦА
ОСЛО ПАРАКЛИС МВПЦ
ВИСТИНСКО ПРАВОСЛАВИЕ
По предавството на Православието во рацете на се попогубната појава на екуменизмот во светот, се појави Вистинското Православие насекаде во светот, така да и ние, како Македонска Вистинска Православна Црква, се залагаме за зачувување на изворните вредности на Православието како што го предале Апостолите прво на првите цркви и епископи во раното Христијанство, а потоа тие на Светите Оци, кои на Седумте Вселенски Собори ги зацврстија темелите, односно ги одредија догмите и каноните на Светата Православната Црква. Сето ова Македонска Вистинска Православна Црква се заложува ништо да не биде сменето или да претрпи влијание од современото време. Македонска Вистинска Православна Црква доследно ќе ги спроведува учењата на Светото Писмо и делата на Светите Отци во своите вистини. Македонска Вистинска Православна Црква има и ќе има добри односи со сите оние кои сакаат да ја практикуваат заповедта на нашиот Господ Исус Христос,кој го промовира единството и љубовта , и покрај разликите, ставови и традиции на едни кон други , "Кога се двајца или тројца собрани во Мое име, Јас сум во средината" "Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет! Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет! Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител. Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко,бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа."(Гал.1,8-12) „Чувајте го чедо мое јазикот, како земјата. Зборот може да се изгуби како град, како земја, како душа. А што е со луѓето што го губат нивниот јазик, земјата, душата? Немојте да земате туѓи зборови во вашата уста. Ако се земе странски збор, не сте победиле, сте се отуѓиле. Подобро е да се изгуби најголемиот град на својата земја, но не најмалите и најзначајните зборови на вашиот јазик. Земји и држави не се освојуваат со ножеви и јазици. Бидете свесни дека непријателот ќе те покори и ќе те освоји колку што многу зборови ти земе и свои ти потури. Луѓето кои ги губат своите зборови, престануваат да постојат. Постои мој синко, болест која го напаѓа јазикот на телото како болест. Се сеќавам на такви инфекции и зарази. Најчесто тоа влијае на луѓето по рабовите, на допир на една нација во друга, каде што јазикот на јазикот тара на јазикот на друга нација„
НЕМА ВЕРА,БЕЗ ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ВЕРА
„Господи Исусе Христе, Сине и Логосу на живиот Бог, по молитвите на Богородица и на сите Твои светии, помилуј ме, грешниот и непотребниот слуга твој“.
-
ЈАКОВОВА ЛИТУРГИЈА
Литургија на Светиот Апостол Јаков,братот Господов,неговото Евангелие е прогласено за неканонско како и сето останато досега не објаснето од канонската екуменитичка црква но Вистинската Црква го Чествува +++јован-хаџи ГОСПОД НИ ДАДЕ ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ
1. Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освем Мене 2. Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи. 3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог. 4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа, твојот Бог. 5. Почитувај ги таткото и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата. 6. Не убивај. 7. Не прави прељуба. 8. Не кради. 9. Не сведочи лажно против својот ближен. 10. Не пожелувај ништо што е туѓо.
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ
„24. и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!” 25. По вечера, исто така, зеде и чаша, па рече:”Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!” 26. Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде. 27. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. 28. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. 29. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. 30. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. 31. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.ЗА ЉУБОВТА КОН БОГА
АСКЕТСКИ ОГЛЕДИ, СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ „ Многу подвижници, примајќи ја природната љубов како божествена, ја распалиле својата крв и ја распалиле својата фантазија. Состојбата на распаленост лесно преминува во состојба на измама. Оние кои се наоѓале во распаленост и измама, многумина ги сметале за исполнети со благост и светост, а тие биле жртви на самоизмама. Имало многу такви подвижници во западната црква, од времето кога таа упаднала во папизмот, кој богохулно му припишува на човекот божествени особини и на човекот му оддава поклонение кое одговара и прилега само на Бога. Тие подвижници напишале многу книги во својата распалена состојба во која самоизмамата им изгледала како божествена љубов, додека растроената вообразеност им прикажувала мноштво од виденија кои им ласкале на нивната самољубовост и грдост. Сине на источната Црква! Оддалечи се од читањето на таквите книги, оддалечи се од слушањето на поуките на самоизмамените. Раководи се според Евангелието и светите Отци на источната Црква, во смирение влегувај во духовната висина на божествената љубов, преку извршување на Христовите заповеди.“АПОСТАСИЈА
На 7 декември 1965 година, АПОСТАСИЈАТА (ОТПАДНИШТВОТО) на светското Православие од Бога е целосно исполнето. Вселенскиот патријарх Атенагора и папата Павле VI истовремено „ја отповикаа анатемата од 1054 година“. Анатемата беше објавена поради папската сеерес за да се заштити Православието од богохулните доктрини кои водат во пропаст. Со „отповикувањето“ на анатемата, Атенагора официјално прогласи дека папата и неговите следбеници биле неправедно одалачени, дека Црквата погрешно тврдела дека доктрините на папизмот биле лажни и дека навистина латинскиот папизам е дел од Православието! По заедничкото отповикување на анатемата во 1965 година, протагонистите на еретичкиот екуменизам, Атенагора и папата Павле VI, се сретнале во Рим во 1967 година за да го прослават безбожниот почеток на унијата на црквите. Унијата со папистите е потпишана во Баламонд во 1993 година од страна на православни екуменисти. Единството на Западот и Истокот е воспоставено! Вистинското Православие,Македонска Вистинска Православна Црква и Патријаршија е против овој безбожнички чин и се бориме против сите богохулни модернистички движења на „канонската Православна Црква“ која со својот широк пат води милиони души во вечна погибел.-
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
Иже Херувими тајно образујушче, и животворјашчеј Тројице трисвјатују пјесн припјевајушче, всјакое ниње житејское отложим попечение. Јако да Царја всјех подимем, ангелскими невидимо дориносима чинми. Аллилуиа, аллилуиа, аллилуиа.ХЕРУВИМИ
Ние кои Херувимите таинствено ги изобразуваме и на Животворната Троица Трисвета песна му пееме, сега секоја животна грижа да ја оставиме. Како оние кои ќе Го примиме Царот на сите, со Ангелски Сили невидливо следениот. Алилуја, алилуја, алилујаАНГЕЛОТ СЕ ОТКРИВА
1. Товит го повика сина си Товија и му рече: „Синко, приготви му ја наградата што те придружуваше, а треба да му дадеме нешто повеќе.” 2. А Товија одговори и рече: „Татко, нема да бидам оштетен ако му ја дадам и половината од сè што донесов; 3. зашто тој ме доведе при тебе жив и здрав, тој ја излекува мојата жена, го донесе среброто и тебе те излекува.” 4. Старецот тогаш рече” „Тој навистина го заслужил тоа.” 5. Го повика ангелот и му рече: „Земи ја половината од сè што сте донеле, па оди си со мир.” 6. Тогаш ангелот ги повика нив двајцата на страна и им рече: „Благословувајте Го Бога, прославувајте ја Неговата величина пред сите што живеат за сето она што го направи Он за вас.Добро е да се благословува Бог, да се превознесува Неговото име и со побожност да разгласуваме за Неговите дела. 7. Добро е да се чува царската тајна, и пофално е да се разгласуваат Божјите дела. Правете добро и зло нема да ве снајде. 8. Добра е молитвата кога е сврзана со пост, милостиња и праведност. Подобро е малку со справедливост, отколку многу – со неправда; подобро е да правиш милостиња, отколку да собираш злато. 9. Милостињата избавува од смрт и може да очисти од секој грев. Оние што делат милостиња и прават добри дела, ќе живеат долго на земјата; 10. а оние што грашат – непријатели се на својот живот. 11. Од вас нема да сокријам ништо: веќе ви реков дека е добро да се сокрива царската тајна и дека е пофално да ги објавувам Божјите дела. 12. Кога се молевте ти и твојата снаа Сара, јас ги вознесував вашите молитви пред Светиот; кога ги погребуваше ти мртовците, и јас бев со тебе; 13. кога не те мрзеше да станеш и да го прекинеш твоето јадење, да станеш за да го погребеш мртовецот, не беше сокриено од мене дека правиш добро дело, и јас бев тогаш со тебе. 14. И сега Бог ме прати да те исцелам тебе и твојата снаа Сара. 15. Јас сум Рафаил, еден од седуммината ангели, кои ги однесуваат молитвите на светиите и се искачуваат пред славата на Светиот.” 16. Тогаш обајцата се преплашија и паднаа ничкум, зашто ги опфати голем страв. 17. Но тој им рече: „Не плашете се, да имате мир. Благословувајте Го Господа во векови. 18. Зашто јас не дојдов по својата волја, туку по волјата на нашиот Бог. Затоа благословувајте Го во векови. 19. Во сите денови дозволував да ме гледаат вашите очи, но јас ниту јадев ниту пиев; само на вашиот поглед така му изгледаше. 20. И сега, прославете го Бога, а јас се враќам при Бога, Кој ме прати. Сега ова што стана запишете го во книга.” 21. Тогаш станаа, но него веќе не го видоа. 22. И почнаа да раскажуваат за великите и чудесни Божји дела, да говорат за тоа како им се јавил Господов ангел.
ТЕБЕ БОЖЕ ТЕ ФАЛИМЕ
Тебе, Боже, Те фалиме, Тебе, Господи, Те исповедаме, Тебе Предвечниот Отец сета земја Те велича; Тебе (те фалат) сите ангели, Тебе – небесата и сите сили, Тебе – херувимите и серафимите Непрестајно Ти извикуваат: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот, Небесата и земјата се исполнети од Твојата слава; Тебе преславниот апостолски хор, Тебе пофалниот пророчки број, Тебе Те фали пресветлото маченичко воинство, Тебе по сета вселена Те исповеда Светата Црква, Отецот со непоимливо величие, Твојот почитуван вистински и еднороден Син, И Светиот Утешител – Дух. Ти, Цару на славата, Христе, Ти на Отца си присносуштен Син: Ти за избавување го прими човекот, Не се згнаси од Девствената утроба; Ти го победи осилото на смртта, Им го отвори на верниците Царството Небесно. Ти седиш оддесно на Бога во славата на Отецот, Ќе дојдеш да ни судиш, како што веруваме. Затоа Тебе Те молиме: Помогни им на Твоите слуги, Коишто си ги искупил со Чесната Крв. Удостој ги со Твоите светии Да царуваат во Твојата вечна слава. (се смета дека следниве стихови, главно од псалмите, се додадени подоцна:) Спаси ги, Господи, Твоите луѓе, И благослови го Твоето наследство, Издигни ги и вознеси ги во вековите; Во сите денови да Те благословуваме Тебе И да го фалиме Твоето име во вечните векови. Удостој нè, Господи, во овој ден Да се сочуваме од грев. Помилуј нè, Господи, помилуј нè: нека биде Твојата милост на нас, Господи, како што се надевавме на Тебе. На Тебе, Господи, се надеваме, Да не се посрамиме во вековите. Амин. св.Амвросиј Медиолански-
СЕ ШТО ДИШЕ НЕКА ГО ФАЛИ ГОСПОДА
Псалм 148 1. Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините! 2. Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства! 3. Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди! 4. Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод! 5. Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде. 6. Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине. 7. Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни, 8. Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово! 9. Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови, 10. Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици! 11. Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии! 12. Момчиња и девици, старци со децата заедно. 13. Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото, 14. Тој ја поткрева силата на Својот народ, Тој ги прославува своите свети, Израелевите синови – народ што Му е близок. Алилуја! Псалм 149 1. Алилуја! Пејте Му на Господа нова песна, и во собранието на светите, Неговата фала! 2. Нека Му се весели Израел на Својот Творец! Нека Му викаат радосно синовите на Сион на својот Цар! 3. Нека Го фалат Неговото име со веселба, нека Го слават со тапанче и псалтир! 4. Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките! 5. Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели! 6. Нека им бидат на устите слава кон Бога, а во рацете мечеви остри од двете страни, 7. за да извршат одмазда над народите, и казна над племињата; 8. за да им ги фрлат царевите во вериги, а благородниците во железни окови; 9. за да го извршат над нив одамна напишаниот суд – нека им биде на чест на сите Негови свети! Алилуја! Псалм 150 1.Слава на Бога! Фалете Го Бога во Неговото Светилиште, Фалете Го во величеството на небесниот свод! 2. Фалете Го заради Неговите силни дела, Фалете Го заради Неговата бескрајна величина! 3. Фалете Го со звуците на рогот, Фалете Го со псалтир и лира, 4. Фалете Го со игра и тапанче, Фалете Го со жичани инструменти и кавал, 5. Фалете Го со звучни кимвали, Фалете Го со воскликнувачки кимвали! 6. Сè што дише – Нека Го фали Господа! Алилуја! ПРЕД МАНАСТИРСКИ ВРАТИ
Кој тропа толку доцна во длабочината на ноќниот мир На портата затворена на светогорскиот манастир? „Веќе одамна помина вечерта и нема ноќ се зафаќа, Седи отци, калуѓери, отворете ми ја тешката врата. Светлина душата ми сака, а одмор моите нозе, Изморено е моето тело, уморни се моите нозе. Но крепка е волјата моја која ноќва кон вас ме води, Да го посветам животот на верата и на слободата да им годи. Ги презрев царските дворови, царската круна и облека, И сега еве светлина барам во скромниот манатстир до века. Отворете ми ја, чесни отци, тешката манастирска врата, И примете го царскиот син како најмлад од сите вас браќа. Зашкрипи тешката врата, а над неа бувот се тргна И со крештење ги разви крилата и се сокри во ноќта црна. А на прагот на храмот свет, каде Божјето име се слави, Со факел запален настојникот се јави. Тој факелот горе го крева, над својата глава света, И здогледа, чудејќи се, безопасно босо дете. Високо му е бледото чело, со измрсени густи коси, Но челото возвишено, божествена мудрост го краси. За рака го зема старецот, му го бакна бледото чело, И низ солзи прошепти: „Те примаме мило чедо“. Векови поминаа од таа ноќ чудесна, Векови поминаа и многу ќе поминат уште. Но тоа дете уште живее зошто живее неговата слава, Зошто тоа дете беше Растко, син на Немања, Свети Сава.ИСАИЈА,гл.10
1. Тешко им на оние што создаваат неправедни закони и пишуваат остри решенија, 2. за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите меѓу Мојот народ, за да ги направат вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците. 3. А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде оддалеку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое? 4. Без Мене тие ќе се превиваат меѓу окованите и ќе паднат меѓу убиените. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, раката Негова уште е протегната.
Братства
ОЧЕ НАШ
Молитвата „Оче наш“ е Господова молитва изговорена од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Според Светите Отци молитвата „Оче наш“ е скратено Евангелие, која секојдневно се кажува, најмалку трипати во денот: наутро, напладне и навечер, молитва со која се отпочнуваат сите богослуженија и молитвословија. Преведена е на сите можни јазици на кои е преведено Светото Писмо. Оваа молитва Господ ја кажал на самиот почеток на својата јавна проповед откако ги изговорил Заповедите на Блаженствата на прочуената „Беседа на гората“ во која ги изговорил основните поставки на Своето учење. Молитвата „Оче наш“ е образец како треба да се молат христијаните за разлика од еврејските првенци, фарисеите и книжниците. Господовата молитва има седум прозби и славословие. Првите три се однесуваат на Бог – Отецот, а другите четири на нас луѓето. Од сите прозби многу значајна е шестата која вели: „...и не не воведувај во искушение...“ Многумина велат како тоа Бог не воведува во искушение, ако Тој е Бог на љубовта, на мирот, на спасението? Бог не не воведува во искушение, но допушта искушенија и затоа Го молиме да не заштити од искушенијата. И самиот Господ, иако безгрешен, иако Божји Син, беше искушуван од сатаната. А искушението за вистинските верници значи челичење – да бидеме цврсти во верата. Знаеме од Светото Писмо какви искушенија имале праведниот Јов, патријархот Авраам кој бил спремен да го принесе на жртва својот син единец Исак и многу други примери.По оваа прозба е „...избави не од лукавиот...“ што значи дека првиот искушувач е ѓаволот, потоа светот, како и нашето тело кое постојано не распнува со своите страсти и прохтеви. Молитвата „Оче наш“ треба секој христијанин да ја знае на памет и во секое време и при нејзиното изговарање се стои исправено или се коленичи, се зависи од празникот и времето.A Morning Prayer by St Patrick
Lorica by St. Patrick (Lorica was a mystical garment or breastplate that protected the wearer from danger and illness. The word was attributed to this prayer because of the sections in it regarding protection from physical and spiritual enemies.) st patrickI arise today Through a mighty strength, the invocation of the Trinity, Through belief in the Threeness, Through confession of the Oneness of the Creator of creation. I arise today Through the strength of Christ’s birth with His baptism, Through the strength of His crucifixion with His burial, Through the strength of His resurrection with His ascension, Through the strength of His descent for the judgment of doom. I arise today Through the strength of the love of cherubim, In the obedience of angels, In the service of archangels, In the hope of resurrection to meet with reward, In the prayers of patriarchs, In the predictions of prophets, In the preaching of apostles, In the faith of confessors, In the innocence of holy virgins, In the deeds of righteous men. I arise today, through The strength of heaven, The light of the sun, The radiance of the moon, The splendor of fire, The speed of lightning, The swiftness of wind, The depth of the sea, The stability of the earth, The firmness of rock. I arise today, through God’s strength to pilot me, God’s might to uphold me, God’s wisdom to guide me, God’s eye to look before me, God’s ear to hear me, God’s word to speak for me, God’s hand to guard me, God’s shield to protect me, God’s host to save me From snares of devils, From temptation of vices, From everyone who shall wish me ill, afar and near. I summon today All these powers between me and those evils, Against every cruel and merciless power that may oppose my body and soul, Against incantations of false prophets, Against black laws of pagandom, Against false laws of heretics, Against craft of idolatry, Against spells of witches and smiths and wizards, Against every knowledge that corrupts man’s body and soul; Christ to shield me today Against poison, against burning, Against drowning, against wounding, So that there may come to me an abundance of reward. Christ with me, Christ before me, Christ behind me, Christ in me, Christ beneath me, Christ above me, Christ on my right, Christ on my left, Christ when I lie down, Christ when I sit down, Christ when I arise, Christ in the heart of every man who thinks of me, Christ in the mouth of everyone who speaks of me, Christ in every eye that sees me, Christ in every ear that hears me.