Господ нека ве Благослови,
Боговљубени сестри и браќа Македонки и Македонци во Христа,
живееме во многу тешки времиња,во еден свет кој е многу одалечен од оној кој Господ Бог Исус Христус ни го даде и донесе со неговото доаѓање и ни донесе спасение кое ние не го испочитувавме и не го почитуваме.
Можеби треба да ви пишувам и прповедам лаги и да ве упатувам кон неки невозможни патишта,да ви давам некои лажни надежи за едно подобро утро?
Тоа јас без вас и со ваша воља и желба за еден Богоживотен и едно поубаво утро неможам да ви го обеќам денес на овој голем православен празник.
Прво неможам а да не кажам за така наметнатата пандемија вирусот КОВИД9 кој е присутен меѓу нас и во нас но многу лажно представен како една вистина.
Сите незамислени мерки се превземени но и понатаму вирусот зима и наплатува данок во крв за нешто за кое народот нема сторена вина но има сторено дека ние кои празнуваме и славиме во исто време и се одалечуваме од Него забравајќи дека е Тој нашиот спасител,а ние го сокриваме нашето лице од кое и сме створени од ликот заради не јасното објаснение од кого тоа ние го криеме нашето лице?
Маските се створени и се употребуваат таму каде Тој одредил да се употребуваат но не таму каде ни е дадено наредба да го сокриваме лицето од Бога а Тој гледајќи не како ни треба неговата помош со Неговата молитва а неможеме да бидеме препознаети затоа што лицето ни е сокриено.
Боговљубени сестри и браќа,вратете се во вашата вера и верба во Бога,Тој е единствениот во кој треба да се молиме и барама спасение,единствено Тој е со нас и меѓу нас.
Маската е таа што ни го одзема животот во која се задржува Неговата сила која Тој ни ја испраќа и спасението е пред маската а не позади неа.
Зато кажувам дека живееме во еден макотрпен и лажен секојдневен свет кој е налик на се но не е Благословен заради нашето двоумење и недоверие во Писмото.
Господ нека ве Благослови и на сите вам кој денес славите нека ви е Честит овој Славски ден Свети Никола
+++Јован Хаџи
Screenshot_27-3
ДЕНЕСКА, 6 ДЕКЕМВРИ, СВЕТИ НИКОЛА МИРЛИКИЈСКИ ЧУДОТВОРЕЦ
Овој голем Чудотворец и прекрасен посредник пред Бога, се родил во земјата Ликија во Патара. Неговите родители, таткото Теофан и мајка Нона, го имале само него единец. Тоа било благословено дете од самото раѓање зошто не можел да биде различен од благочестиви и милостиви родители кави биле неговите. Му го дале името Никола, што во превод значи победител на народот и тој навистина по благослов Божји се покажал како победител над злото во целиот свет. Овој славен светител и денеска се слави во целиот свет. Бидејчи бил даруван од Бога, го посветиле на Бога. За духовниот живот го подучувал неговиот стрико Николај епископ Патарски, и заедно се замонашиле во манастирот „Нов Сион„. По смртта на своите родители, го продал својот имот и парите ги разделил на сиромашните. Одредено време бил свештеник во своето родно место. Се одликувал со милосрдие, но бидејќи по природа бил скромен, се повлекол во самотија и безмолвие и така да ја пречека смртта, но му се јавил Господов глас: „Никола, оди меѓу народот на подвиг ако сакаш од мене да бидеш овенчан“. Тогаш тој ја напуштил самотијата и отиде меѓу народот и бил исбрам за Архиепископ во градот Мир во Ликија. Во време на царевите Диоклецијан и Максимијан во времето на гонењето и мачењето на христијаните, бил фрлен во темница, но и таму не престанал да проповеда и да го шири зборот Божји. Присуствувал на Првиот Вселенски собор во Никеја, но затоа што ја кренал раката против Ариј, бил оддалечен и му било забрането понатаму да присуствува. Дури кога преку избраните архиереји се јавил гласот на Господ исус Христос и Пресвета Богородица, дека е направена голема неправда кон Св. Никола и му го одобриле понатамошното пеисуство на Соборот.
Бил вистински борец за вистината, заштитник на правдата, спасил многумина од сигурна смрт. Истовремено милостив, правдољубив, одел меѓу луѓето како Ангел Божји и затоа уште тогаш луѓето го сметале за светител. Го повикувале за помош во болести, беди и немоќ, а тој одел кај сите и на сите им помагал. Од неговото лице светела светлина. Во староста се разболел и се упоколил во Господа на 6 декември 343 година. Многу чуда се случуваат од неговите чудотворни мошти од кои непрестано излегува миомирисно миро со кое се лечат болни луѓе. Овој угодник Божји спасувал изгубени бродови и затоа се смета за заштитник на морепловците. На оваа дата сите бродови, без разлика каде се, го фрлаат сидрото и до утредента мируваат одавајќи слава и благодарност на овој чудотворец. Голем е бројот на неговите чуда и затоа со помош на молитва на слепите им дава вид, куците проодуваат, на глувите им се враќа слухот.
Тропар (глас 4):
Правило вјери и образ кротости, воздержанија учитеља јави мја стаду твојему, јаже вешчеј истина: сего ради стјажал јеси смиренијем високаја, нишчетоју богатија, оче сјашченоначалниче Николаје, моли Христа Бога, спастисја душам нашим.
Нека Господ Бог благослови
+++Јован Хаџи

This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Comments are closed.