„Како што велат Отците, крајностите и од едната и од другата страна се еднакво штетни…Ние треба да одиме по царскиот пат, избегнувајќи ги крајностите од двете страни“- Свети Јован Касијан.
Православните христијани денес живеат во една од најкритичните епохи во историјата на Црквата Христова. Непријателот на човековото спасение, ѓаволот, често напаѓа и од сите страни, трудејќи се на секој начин да ги отргне верниците од патот на спасението кој им го покажува Црквата и дури да ја потчини и самата Црква Христова, без разлика на ветувањето на Спасителот (Мт. 16, 18) и вистинското Тело Христово да го претвори во „екуменистичка“ организација која го подготвува доаѓањето на нејзиниот личен избраник, Антихристот, големиот светски владетел во последните денови. Ние секако знаеме дека тој обид на сатаната нема да успее: Црквата ќе остане Невеста Христова се до крајот на светот: таа, Женикот Христос, при Неговото Второ доаѓање, ќе го дочека чиста и нескверната од прељубнички сојуз со отпадништвото на овој век.Но, пред сите православни христијани ќе се постави главното и најважното прашање на нашето време: Црквата ќе опстане, но колку од нас ќе останат во неа, спротивставувајќи се на моќните обиди на ѓаволот да не одвои од неа?
Нашето време се повеќе потсетува на времето во кое живеел Св. Марко Ефески (15-ти век), кога, како што се чинело, Црквата веќе била проголтана од безбожната Унија со Латините. Меѓутоа, нашето време е полошо и поопасно од тоа време, зошто тогаш Унијата била наметната со сила од надвор, а сега православниот народ е однапред добро подготвен за прифаќање на „екуменистичкото“ стопување на сите цркви и религии – преку децениската незаинтересираност, рамнодушност, попуштање на слабостите и погубната лага дека „нас всушност ништо не не одвојува“ од сите оние кои се нарекуваат христијани.
Православната Црква ја преживеала лажната Флорентинска унија и после неа дури доживеала време на надворешен мирен живот и внатрешен духовен процут; но дали Православието, бидејќи сега се прогонува со невидена сила, после новата лажна Унија, ќе опстане било каде на друго место, освен во катакомби и во пустини?
Во текот на последните децении, продолжувајќи по страшниот „екуменистички“ курс кој го зазеле патријархот Атинагора и неговите наследници, православните христијани опасно се приближија до целосен бродолом. „Екуменистичката“ изјава од Константинопол, „Тијатирско исповедување“ (види: Orthodox Word, јан.-фев. 1976 год.), доволно е да покаже колку таа помесна Црква – некогаш прва меѓу Православните Цркви во исповедувањето на Христовата Вистина – се оддалечила од Православието; овој тажен документ покажува колку константинополските ереси сега се близу до тоа да бидат апсорбирани во инославно „христијанство“ на Запад, се до формална Унија, која сега уште е во подготовка.
Корените на овој денешен екуменизам во Православната Црква лежи во обновувањето и модернизацијата на некои православни архиереи од 20 –те години на овој век. Тие текови во Русија проработеле, како „Жива црква“ – движење, кој со помош на комунистичкиот режим, се обидувал да го собори Патријархот Тихон и да ја „реформира“ Црквата на радикално протестански начин и како второ – сергијанската црковна организација (Московската патријаршија), „поконзервативната“ наследничка на „Живата Црква“, која прво го истакнала политичкото помирување со комунистичката идеологија и прифаќањето на нејзините цели (во согласност со срамната „Декларација“ на митрополитот Сергиј од 1927 година), за неодамна да се осуди повторно да се впушти во црковно обновување кое во себе вклучува и активно учество во екуменистичкото движење. Во Грчката Црква ситуацијата се одвивала на сличен начин: кога се покажало дека обновувачкиот „Сеправославен собор“ од 1923 година – со своите протестански реформи кои ги вовел неславниот патријарх Мелетиј Метаксакис – е претерано радикален за да биде прифатен во православниот свет, обновувачите се задоволиле со наметнувањето на календарските реформи во некои несловенски Цркви.
Широките движења на протести се појавиле против реформистите како во Русија, така и во Грчката црква, предизвикувајќи длабоки поделби кои и до ден денес постојат во православниот свет. Во Руската црква многу епископи и верни христијани, на чело со Митрополитот Јосиф Петроградски, одлучно го отфрлиле сергијанството; ова движење на „јосифовците“ подоцна добило нешто поорганизирани облици и станал познат како „Вистински Православна Црква“. Историјата на оваа нелегална „Катакомбна“ Црква на Русија до денес е прекриена со велот на тајната, иако во текот на изминатите неколку години се осветлени некои изненадувачки факти позврзани за нејзиното вистинско дејствување кое предизвикува жестоки репресивни мерки од страна на советските власти. Во расејувањето, Руската Задгранична Црква од самиот почеток ја зафатила цврстата антисергијанска позиција многу пати изразувајќи ја својата солидарност со Вистинската Православна Црква на Русија и истовремено отфрлајќи секое општење со Московската патријаршија. Нејзината бескомпромисност и традиционализам не биле по вкусот на некои руски архиереи од Западна Европа и Америка кои биле повеќе склони кон „реформските текови“ на 20-от век, кои во различни периоди се одвоиле од Руската Загранична Црква, создавајќи ја на таков начин „јурисдиксиската“ разновидост во руското расејување.
Во Грција истиот протест покренат од истиот православен инстикт го добил називот „Вистински Православни Христијани“. Од самиот почеток во 1924 година (кога била спроведена календарската реформа), ова движење станало особено силно меѓу простите монаси, свештенството и верниците. Првиот епископ кој ја напуштил државната црква на Грција и се присоединил со Вистинските Православни Христијани бил Митрополит Хризостом Флорински. Денеска тоа движење го продолжува својот сосема независен живот, тоа има организација која опфаќа околу една четвртина од сите православни христијани во Грција и можеби половина или повеќе од вкупниот број на монаси. Иако Вистинските Христијани на Грција се нашироко познати како „старокалендарци“, тие всушност инсистираат на тврдиот традиционализам како во православниот живот, така и воопшто, сметајќи го календарското прашање само како прв стадиум во модернизмот и реформизмот.
Така ракот на екуменизмот се повеќе и повеќе ги јаде останатите здрави делови од телото на Православието. Само најчувствителните членови на „официјалните“ православни јурисдикции покажуваат нагласена симпатија кон држењето и претставниците на антиекуменистичките и антиреформските Цркви на Русија, Грција и расејаните. Некои од нив, гледајќи дека официјалните јурисдикции сега неколебливо го следат антиправославниот курс, ги напуштиле како бродови кои тонат и се присоединиле со Вистинските Православни Христијани; другите пак кои се уште се надеваат дека во светското православие ќе биде обновен православниот курс, мислат дека за сега е доволно да изразуваат симпатии кон Вистинските Православни Христијани, или смело да протестираат против „реформистичката“ идеологија која е владеечка во официјалните јурисдикции. Во последните десет години, антиекуменистичките Посланија на Митрополитот Филарет, Првојерарх на Руската Задгранична Црква, предизвикале оддек во многу Православни цркви иако официјалните одговори на нив биле молчење и непријателство.
Денес, повеќе од било кога во последните 50 години на борба за зачувување на православната традиција во време на апостасија, гласот на вистинското и бескомпромисно Православие би морал да се слушне во целиот свет и силно да влијае на идниот курс на Православните цркви. Всушност можеби веќе е доцна да се спречи обновувачкиот „Осми Вселенски Собор“ и „вселенското“ обединување (Унија), која претставува цел на тој собор. Но тоа не значи дека веќе е невозможно да се убеди една или повеќе Помесни цркви да го напуштат тој погибелен пат кој води кон конечна ликвидација на Православието во оние јурисдикции кои на него истрајуваат до крај. Во секој случај, поедини луѓе, дури и цели заедници, можат да бидат поштедени од тој пат, како што дури и некои инославни можат да го пронајдат својот пат кон спасителната ограда на вистинската Црква Христова.
Затоа е суштински важно овој глас да биде на вистинското, т.е. светоотечкото Православие. За жал, понекогаш се случува, особено во пламенот на спорот, здравите православни позиции од една страна претерано да се истакнуваат, а од друга страна неправилно да се сфаќаат и затоа кај некои се јавува целосно погрешен впечаток дека работата со вистинското Православие претставува некој вид на „екстремизам“ и реакции „од десно“ на владеачкиот „лев“ курс кои го прифатиле водачите на официјалните Православни цркви. Таквиот политички поглед на денешната борба за вистинско Православие е сосема лажно. Напротив, оваа борба, меѓу своите најдобри современи претставници – било во Русија, Грција или во расеаните цркви – го зела обликот на враќање на светоотечкиот пат на умереност, а тоа е она што светите Отци го нарекуваат ЦАРСКИ ПАТ.
Учењето за овој „царски пат“ е изложено во Духовните поуки на Св. ава Доротеј, каде тој посебно ја цитира Петтата Мојсеева Книга (Второзаконие): „Не свртувајте ни десно, ни лево, туку одете по Царскиот пат“ (5 Мојсеј, 5:32; 17:11). И Свети Василиј Велики вели: „ вистинскиот во срцето е оној чија помисла не оди ни во претераност, ни во недостаток, туку е усмерено само кон средината на добродетелта“. Сепак, најјасно е тоа учење кое е изразено кај големиот православен отец од 5-от век, Свети Јован Касијан, пред кого имало задача слична на онаа која денес стои пред нас: да го претстави чистото учење на Источните Отци пред луѓето на Запад, кои биле духовно незрели и уште не ја сфаќале длабочината и префинетоста на источното духовно учење и затоа, применувајќи го ова учење во пракса, лесно паѓале во крајност, било со негрижа, било со претерана строгост. Свети Јован Касијан православното учење за царскиот пат го изложил во своето дело „За расудувањето“, кое Свети Јован Лествичник го оценил како „прекрасна и мошне возвишена филозофија“:
„Значи, со сета сила и со најголема грижа ние треба да се трудиме со смирување да го добиеме добрата дарба за расудување која може да не сочува неповредени од претерување на било која од двете страни. Зошто како што кажуваат Отците, крајностите и на едната и на другата страна еднакво се штетни – и претераниот пост и прејадувањето, и претераното бдение и долготрајниот сон, како и други претерувања… Расудувањето го учи човека да оди по Цраскиот пат, оддалечувајќи се од крајностите од двете страни: не му дозволува, од десната страна, да се измами со претерано воздржување, а од левата да се препушти на на мрзливост и слабостите…Искушенијата од десната страна се поопасни од оние на левата: неумереното воздржување е поштетно од прејадувањето, зошто со помош на покајувањето од ова последното може да се прејде кон правилно расудување, а д првото не може“. (т.е. на човекот, кој се гордее со своите добродетели е затворен патот кон покајното смирение кое овозможува спасение).
(За Расудувањето II, гл. 16, 2, 17)
Применувајќи го ова учење во нашата ситуација можеме да кажеме дека „царскиот пат“ на вистинското Православие денес е средината меѓу крајниот екуменизам, од една страна, и ревноста не по разум (Рим. 10, 2) од друга страна. Вистинското Православие не оди во „чекор со времето“, од една страна, ниту „строгоста“, „исправноста“ и „канонското“ не го претвора во оправдување на фарисејското самозадоволство, исклучителност и недоверба од друга страна. Оваа вистинска православна умереност не треба да се меша со празната млакост или со рамнодушноста, или со било кој облик на компромис меѓу политичките крајности. Денес воздухот е толку заситен со духот на „реформирањето“, што сите оние, чии погледи се сокриени од налетот на духот на времето, го сметаат вистински-православната умереност за „фанатизам“; но оној кој за тоа прашање се однесува сериозно и на се приоѓа од точка на гледиштето на светоотечкото учење, ќе го пронајде царскиот патво оддалечувањето од било кој вид на екстремизам.
Меѓутоа, во нашите денови нема православен учител кој би дал пример на здрава и усрдна православна умереност, како што тоа бил упокоениот архиепископот Џорданвилски Аверкиј; неговите многубројни дела и проповеди се исполнети со свеж дух на вистински-православна ревност, без никакво скршнување „десно“ или „лево“ и со постојано истакнување на духовната страна на вистинското Православие (особено да се види: „Света ревност“, The Orthodox Word, мај-јуни 1976 година).
На Руската Задгранична Црква, по Божја промисла, и била дадена најпогодна положба за зачувување на „царскиот пат“, во немирно доба какво што за Православието претставува 20-от век. Живеејќи во бегство и сиромаштво, во свет кој не го разбра страдањето на рускиот народ и, што е сосема природно, целокупната екуменистичка идеологија – заснована на религиозна рамнодушност и замисленост, на материјано изобилство и бездушно обединување на нации – се сметало за сосема непозната. Од друга страна, со својата жива за тоа дека сергијанската црква во Русија не е слободна, таа била заштитена од пад во екстремизам „од десно“.
Руската Задгранична Црква ги признала Вистинските Православни Христијани на Грција и им пружила поддршка. Нивната положба исто така долго време била необично тешка и неправилно сфатена. Во Грција првиот налет на Црквата (календарската реформа) не бил толку смртоносен како Декларацијата на митрополитот Сергиј во Русија, и заради тоа на богословската свест на православниот грчки народ му требало повеќе време да ја воочи потполната антихристијанска суштина на спомнатата реформа. Потоа, само неколку грчки епископи имале доволно храброст да се соединат со старокалендарското движење. Тоа само што добило можност да стане барем малку „поинтелектуален“ зошто му пристапуваат се поголем број на луѓе со високо образование. Долги години старокалендарците трпеле гонења од страна на државата и официјалната црква, понекогаш крајно сурови, и се до денес остануваат презрени од страна на официјалното светско православие кое воопшто не ги признава. За жал внатрешните несогласувања и поделбата и понатаму ги ослабнуваат старокалендарците: ним им недостига еден заеднички глас со кој би ја изразиле својата борба за Светоотечко Православие. Но заради тоа не треба да се негира дека нивната позиција е во суштина православна, а нејзините здраве појави можат да бидат само поздравени.
Тежнеењето за постигнување единство во Вистинското Православие, која во последните години во целиот свет се зајакнува, било да станува збор за Катакомбната Руска Црква, Грчката Старокалендарска Црква, или Руската Задгранична Црква, поттикна некои луѓе да се замислат над условите за создавање на „единствен фронт“ на исповеднички Цркви заради спротивставување на екуменистичкото движење кое ги проголта православните „естаблишменти“. Сепак, во современите услови ќе биде многу тешко такво нешто да се постигне; во секој случај, тоа претставува „политички“ поглед на ситуацијата, кој значењето на мисијата на вистинското Православие го гледа во сосема надворешен облик. Протестот на вистинското Православие против „екуменистичкото православие“, против изедначеното млако православие на епохата на апостасија дури сега треба да се покаже во својата полнота, пред се во Русија. Зошто не може сведочењето на толку маченици, исповедници и поборници на вистинското Православие во 20-от век да остане залудно. Нека Бог ги сочува Своите ревнители на царскиот пат на Вистинското Православие, да Му бидат верни Нему и на Неговата Црква, до крајот на векот!
Јеромонах Серафим (Роуз), 1976 година
+++Jован Хаџи
Translator
Посетители
-
ДА СЕ ВАКЦИНИРМЕ ИЛИ НЕ?
Рамноапостолни Словенски Просветители Свети Кирил и Методиј
- О, сефални и рамноапостолни Кириле и Методие, поклонувајќи се пред вашата чесна икона, срдечно ве молиме: погледнете милостиво на нас, кои со вашиот труд бевме просветени, и оградете не со вашата недремлива заштита од злобните демонски замки! Погледнете на ова лозје што го насадивте и не оставајте го на дивите свињи да го раскинуваат. Сочувајте ја, свети угодници Божји, нашата Православна вера, која вие ја изградивте врз камен-темелникот Христос, та да биде непоместлива и од овој камен да се растураат брановите на секое маловерие. Укрепете ги нашите пастири во сите добродетели и во подвигот на проповедање, вразумете ги верниците за да го слушаат нивниот глас. Сочувајте ги сите словенски земји од секое лишување, од оган и од меч, од смртоносни болести и од секакво зло. Слушнете го и секој човек, кој со вера ви пристапува и кој изискува благодатна помош од вас. Во страшниот, пак, час на смртта, бидете ни, на сите нас, благи застапници и прогонувачи на темните демонски сили, та во мир и покајание да го завршиме земскиот мегдан, да стасаме до насладување со вечните богатства и заедно со вас да ја прославуваме Пресвета Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!
АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ
Неговата Светост Патријарх Ерусалимски Иринеј I
Patriarch Irineos 1 Patriarch by the Mercy of God, of the Holy City of Jerusalem, All Palestine, Syria of Arabia, Beyond the Jordan, Cana of Galilee and Holy Sion.
Неговото Блаженство
Архиепископ Ветлеемски и Скандинавски ++Јован ХаџиПАРАКЛИС НА МВПЦ ВО СОЛУН
-
ГОСПОДЕ, БЛАГОСЛОВИ ГИ МОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ
Исус немал слуги, но сепак го викале Господар, Тој немал диплома,сепак го викале Учител, Тој немал лекови,сепак го викале Лекар, Тој немал војска,сепак и кралевите се плашеле од Него, Тој не освојувал воени битки ,сепак Го освоил светот, Тој не направил ниедно злодело,сепак го расапнале Тој бил закопан во гробот,сепак Тој живее денес.... МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,ОСЛО
СИМВОЛ НА ВЕРАТА
Tриесет и три молитви за триесет и трите јазли на бројаницата
01. Спомни, Господи, за мир во светот. 02. Господи, Исусе Христе, помилуј ја Црквата наша и нашето Православие. 03. Господи, Исусе Христе, помилуј го Архиепископот наш и неговото братство. 04. Господи, Исусе Христе, помилуј ги, низ целата Земја, Православните клирици и лаици. 05. Господи, Исусе Христе, помилуј го нашиот Духовник и отец и неговото братство. 06. Господи, Исусе Христе, помилуј ја нашата војска и безбедносните служби. 07. Господи, Исусе Христе, помилуј ги началниците на нашиот народ. 08. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои нè мразат, нè љубат и кои се молат за нас. 09. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите родители, добродетели и учители. 10. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите по тело и по дух браќа и сестри и роднини. 11. Господи, Исусе Христе, помилуј ги старите и осамените луѓе. 12. Господи, Исусе Христе, помилуј ги новороденчињата, незаштитените и слабите. 13. Господи, Исусе Христе, помилуј ги децата кои учат. 14. Господи, Исусе Христе, помилуј ги младите момчиња и девојки. 15. Господи, Исусе Христе, помилуј ги наркоманите, алкохоличарите и пушачите. 16. Господи, Исусе Христе, помилуј ги сопружниците на Православните семејства. 17. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите бремени сестри. 18. Господи, Исусе Христе, помилуј ги вдовиците и сираците. 19. Господи, Исусе Христе, помилуј ги разделените сопружници и нашите браќа и сестри во искушение. 20. Господи, Исусе Христе, помилуј ги болните по тело и по душа. 21. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои се трудат и работат во светите манастири и парохии. 22. Господи, Исусе Христе, помилуј ги благочестивите поклоници во светите манастири и цркви. 23. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои пловат, патуваат, летаат, затворениците и очајаните. 24. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите ожалостени браќа. 25. Господи, Исусе Христе, помилуј ги судиите и политичарите. 26. Господи, Исусе Христе, помилуј ги опрелестените и оние кои го хулат светото Православие. 27. Господи, Исусе Христе, помилуј нè и дај ни време мирно. 28. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од болест, гнев, опасност и просвети ги лекарите и болничарите. 29. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од глад, нужда и несреќа. 30. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од жештина, пожари и земјотреси. 31. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од поплави, тонење и мраз. 32. Господи, Исусе Христе, упокој ги и душите на отците, мајките, браќата и сестрите, роднините, дедовците и прадедовците наши. 33. Господи, Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.СВЕТА ТРОИЦА
ОСЛО ПАРАКЛИС МВПЦ
ВИСТИНСКО ПРАВОСЛАВИЕ
По предавството на Православието во рацете на се попогубната појава на екуменизмот во светот, се појави Вистинското Православие насекаде во светот, така да и ние, како Македонска Вистинска Православна Црква, се залагаме за зачувување на изворните вредности на Православието како што го предале Апостолите прво на првите цркви и епископи во раното Христијанство, а потоа тие на Светите Оци, кои на Седумте Вселенски Собори ги зацврстија темелите, односно ги одредија догмите и каноните на Светата Православната Црква. Сето ова Македонска Вистинска Православна Црква се заложува ништо да не биде сменето или да претрпи влијание од современото време. Македонска Вистинска Православна Црква доследно ќе ги спроведува учењата на Светото Писмо и делата на Светите Отци во своите вистини. Македонска Вистинска Православна Црква има и ќе има добри односи со сите оние кои сакаат да ја практикуваат заповедта на нашиот Господ Исус Христос,кој го промовира единството и љубовта , и покрај разликите, ставови и традиции на едни кон други , "Кога се двајца или тројца собрани во Мое име, Јас сум во средината" "Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет! Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет! Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител. Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко,бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа."(Гал.1,8-12) „Чувајте го чедо мое јазикот, како земјата. Зборот може да се изгуби како град, како земја, како душа. А што е со луѓето што го губат нивниот јазик, земјата, душата? Немојте да земате туѓи зборови во вашата уста. Ако се земе странски збор, не сте победиле, сте се отуѓиле. Подобро е да се изгуби најголемиот град на својата земја, но не најмалите и најзначајните зборови на вашиот јазик. Земји и држави не се освојуваат со ножеви и јазици. Бидете свесни дека непријателот ќе те покори и ќе те освоји колку што многу зборови ти земе и свои ти потури. Луѓето кои ги губат своите зборови, престануваат да постојат. Постои мој синко, болест која го напаѓа јазикот на телото како болест. Се сеќавам на такви инфекции и зарази. Најчесто тоа влијае на луѓето по рабовите, на допир на една нација во друга, каде што јазикот на јазикот тара на јазикот на друга нација„
НЕМА ВЕРА,БЕЗ ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ВЕРА
„Господи Исусе Христе, Сине и Логосу на живиот Бог, по молитвите на Богородица и на сите Твои светии, помилуј ме, грешниот и непотребниот слуга твој“.
-
ЈАКОВОВА ЛИТУРГИЈА
Литургија на Светиот Апостол Јаков,братот Господов,неговото Евангелие е прогласено за неканонско како и сето останато досега не објаснето од канонската екуменитичка црква но Вистинската Црква го Чествува +++јован-хаџи ГОСПОД НИ ДАДЕ ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ
1. Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освем Мене 2. Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи. 3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог. 4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа, твојот Бог. 5. Почитувај ги таткото и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата. 6. Не убивај. 7. Не прави прељуба. 8. Не кради. 9. Не сведочи лажно против својот ближен. 10. Не пожелувај ништо што е туѓо.
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ
„24. и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!” 25. По вечера, исто така, зеде и чаша, па рече:”Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!” 26. Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде. 27. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. 28. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. 29. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. 30. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. 31. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.ЗА ЉУБОВТА КОН БОГА
АСКЕТСКИ ОГЛЕДИ, СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ „ Многу подвижници, примајќи ја природната љубов како божествена, ја распалиле својата крв и ја распалиле својата фантазија. Состојбата на распаленост лесно преминува во состојба на измама. Оние кои се наоѓале во распаленост и измама, многумина ги сметале за исполнети со благост и светост, а тие биле жртви на самоизмама. Имало многу такви подвижници во западната црква, од времето кога таа упаднала во папизмот, кој богохулно му припишува на човекот божествени особини и на човекот му оддава поклонение кое одговара и прилега само на Бога. Тие подвижници напишале многу книги во својата распалена состојба во која самоизмамата им изгледала како божествена љубов, додека растроената вообразеност им прикажувала мноштво од виденија кои им ласкале на нивната самољубовост и грдост. Сине на источната Црква! Оддалечи се од читањето на таквите книги, оддалечи се од слушањето на поуките на самоизмамените. Раководи се според Евангелието и светите Отци на источната Црква, во смирение влегувај во духовната висина на божествената љубов, преку извршување на Христовите заповеди.“АПОСТАСИЈА
На 7 декември 1965 година, АПОСТАСИЈАТА (ОТПАДНИШТВОТО) на светското Православие од Бога е целосно исполнето. Вселенскиот патријарх Атенагора и папата Павле VI истовремено „ја отповикаа анатемата од 1054 година“. Анатемата беше објавена поради папската сеерес за да се заштити Православието од богохулните доктрини кои водат во пропаст. Со „отповикувањето“ на анатемата, Атенагора официјално прогласи дека папата и неговите следбеници биле неправедно одалачени, дека Црквата погрешно тврдела дека доктрините на папизмот биле лажни и дека навистина латинскиот папизам е дел од Православието! По заедничкото отповикување на анатемата во 1965 година, протагонистите на еретичкиот екуменизам, Атенагора и папата Павле VI, се сретнале во Рим во 1967 година за да го прослават безбожниот почеток на унијата на црквите. Унијата со папистите е потпишана во Баламонд во 1993 година од страна на православни екуменисти. Единството на Западот и Истокот е воспоставено! Вистинското Православие,Македонска Вистинска Православна Црква и Патријаршија е против овој безбожнички чин и се бориме против сите богохулни модернистички движења на „канонската Православна Црква“ која со својот широк пат води милиони души во вечна погибел.-
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
Иже Херувими тајно образујушче, и животворјашчеј Тројице трисвјатују пјесн припјевајушче, всјакое ниње житејское отложим попечение. Јако да Царја всјех подимем, ангелскими невидимо дориносима чинми. Аллилуиа, аллилуиа, аллилуиа.ХЕРУВИМИ
Ние кои Херувимите таинствено ги изобразуваме и на Животворната Троица Трисвета песна му пееме, сега секоја животна грижа да ја оставиме. Како оние кои ќе Го примиме Царот на сите, со Ангелски Сили невидливо следениот. Алилуја, алилуја, алилујаАНГЕЛОТ СЕ ОТКРИВА
1. Товит го повика сина си Товија и му рече: „Синко, приготви му ја наградата што те придружуваше, а треба да му дадеме нешто повеќе.” 2. А Товија одговори и рече: „Татко, нема да бидам оштетен ако му ја дадам и половината од сè што донесов; 3. зашто тој ме доведе при тебе жив и здрав, тој ја излекува мојата жена, го донесе среброто и тебе те излекува.” 4. Старецот тогаш рече” „Тој навистина го заслужил тоа.” 5. Го повика ангелот и му рече: „Земи ја половината од сè што сте донеле, па оди си со мир.” 6. Тогаш ангелот ги повика нив двајцата на страна и им рече: „Благословувајте Го Бога, прославувајте ја Неговата величина пред сите што живеат за сето она што го направи Он за вас.Добро е да се благословува Бог, да се превознесува Неговото име и со побожност да разгласуваме за Неговите дела. 7. Добро е да се чува царската тајна, и пофално е да се разгласуваат Божјите дела. Правете добро и зло нема да ве снајде. 8. Добра е молитвата кога е сврзана со пост, милостиња и праведност. Подобро е малку со справедливост, отколку многу – со неправда; подобро е да правиш милостиња, отколку да собираш злато. 9. Милостињата избавува од смрт и може да очисти од секој грев. Оние што делат милостиња и прават добри дела, ќе живеат долго на земјата; 10. а оние што грашат – непријатели се на својот живот. 11. Од вас нема да сокријам ништо: веќе ви реков дека е добро да се сокрива царската тајна и дека е пофално да ги објавувам Божјите дела. 12. Кога се молевте ти и твојата снаа Сара, јас ги вознесував вашите молитви пред Светиот; кога ги погребуваше ти мртовците, и јас бев со тебе; 13. кога не те мрзеше да станеш и да го прекинеш твоето јадење, да станеш за да го погребеш мртовецот, не беше сокриено од мене дека правиш добро дело, и јас бев тогаш со тебе. 14. И сега Бог ме прати да те исцелам тебе и твојата снаа Сара. 15. Јас сум Рафаил, еден од седуммината ангели, кои ги однесуваат молитвите на светиите и се искачуваат пред славата на Светиот.” 16. Тогаш обајцата се преплашија и паднаа ничкум, зашто ги опфати голем страв. 17. Но тој им рече: „Не плашете се, да имате мир. Благословувајте Го Господа во векови. 18. Зашто јас не дојдов по својата волја, туку по волјата на нашиот Бог. Затоа благословувајте Го во векови. 19. Во сите денови дозволував да ме гледаат вашите очи, но јас ниту јадев ниту пиев; само на вашиот поглед така му изгледаше. 20. И сега, прославете го Бога, а јас се враќам при Бога, Кој ме прати. Сега ова што стана запишете го во книга.” 21. Тогаш станаа, но него веќе не го видоа. 22. И почнаа да раскажуваат за великите и чудесни Божји дела, да говорат за тоа како им се јавил Господов ангел.
ТЕБЕ БОЖЕ ТЕ ФАЛИМЕ
Тебе, Боже, Те фалиме, Тебе, Господи, Те исповедаме, Тебе Предвечниот Отец сета земја Те велича; Тебе (те фалат) сите ангели, Тебе – небесата и сите сили, Тебе – херувимите и серафимите Непрестајно Ти извикуваат: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот, Небесата и земјата се исполнети од Твојата слава; Тебе преславниот апостолски хор, Тебе пофалниот пророчки број, Тебе Те фали пресветлото маченичко воинство, Тебе по сета вселена Те исповеда Светата Црква, Отецот со непоимливо величие, Твојот почитуван вистински и еднороден Син, И Светиот Утешител – Дух. Ти, Цару на славата, Христе, Ти на Отца си присносуштен Син: Ти за избавување го прими човекот, Не се згнаси од Девствената утроба; Ти го победи осилото на смртта, Им го отвори на верниците Царството Небесно. Ти седиш оддесно на Бога во славата на Отецот, Ќе дојдеш да ни судиш, како што веруваме. Затоа Тебе Те молиме: Помогни им на Твоите слуги, Коишто си ги искупил со Чесната Крв. Удостој ги со Твоите светии Да царуваат во Твојата вечна слава. (се смета дека следниве стихови, главно од псалмите, се додадени подоцна:) Спаси ги, Господи, Твоите луѓе, И благослови го Твоето наследство, Издигни ги и вознеси ги во вековите; Во сите денови да Те благословуваме Тебе И да го фалиме Твоето име во вечните векови. Удостој нè, Господи, во овој ден Да се сочуваме од грев. Помилуј нè, Господи, помилуј нè: нека биде Твојата милост на нас, Господи, како што се надевавме на Тебе. На Тебе, Господи, се надеваме, Да не се посрамиме во вековите. Амин. св.Амвросиј Медиолански-
СЕ ШТО ДИШЕ НЕКА ГО ФАЛИ ГОСПОДА
Псалм 148 1. Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините! 2. Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства! 3. Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди! 4. Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод! 5. Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде. 6. Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине. 7. Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни, 8. Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово! 9. Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови, 10. Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици! 11. Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии! 12. Момчиња и девици, старци со децата заедно. 13. Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото, 14. Тој ја поткрева силата на Својот народ, Тој ги прославува своите свети, Израелевите синови – народ што Му е близок. Алилуја! Псалм 149 1. Алилуја! Пејте Му на Господа нова песна, и во собранието на светите, Неговата фала! 2. Нека Му се весели Израел на Својот Творец! Нека Му викаат радосно синовите на Сион на својот Цар! 3. Нека Го фалат Неговото име со веселба, нека Го слават со тапанче и псалтир! 4. Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките! 5. Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели! 6. Нека им бидат на устите слава кон Бога, а во рацете мечеви остри од двете страни, 7. за да извршат одмазда над народите, и казна над племињата; 8. за да им ги фрлат царевите во вериги, а благородниците во железни окови; 9. за да го извршат над нив одамна напишаниот суд – нека им биде на чест на сите Негови свети! Алилуја! Псалм 150 1.Слава на Бога! Фалете Го Бога во Неговото Светилиште, Фалете Го во величеството на небесниот свод! 2. Фалете Го заради Неговите силни дела, Фалете Го заради Неговата бескрајна величина! 3. Фалете Го со звуците на рогот, Фалете Го со псалтир и лира, 4. Фалете Го со игра и тапанче, Фалете Го со жичани инструменти и кавал, 5. Фалете Го со звучни кимвали, Фалете Го со воскликнувачки кимвали! 6. Сè што дише – Нека Го фали Господа! Алилуја! ПРЕД МАНАСТИРСКИ ВРАТИ
Кој тропа толку доцна во длабочината на ноќниот мир На портата затворена на светогорскиот манастир? „Веќе одамна помина вечерта и нема ноќ се зафаќа, Седи отци, калуѓери, отворете ми ја тешката врата. Светлина душата ми сака, а одмор моите нозе, Изморено е моето тело, уморни се моите нозе. Но крепка е волјата моја која ноќва кон вас ме води, Да го посветам животот на верата и на слободата да им годи. Ги презрев царските дворови, царската круна и облека, И сега еве светлина барам во скромниот манатстир до века. Отворете ми ја, чесни отци, тешката манастирска врата, И примете го царскиот син како најмлад од сите вас браќа. Зашкрипи тешката врата, а над неа бувот се тргна И со крештење ги разви крилата и се сокри во ноќта црна. А на прагот на храмот свет, каде Божјето име се слави, Со факел запален настојникот се јави. Тој факелот горе го крева, над својата глава света, И здогледа, чудејќи се, безопасно босо дете. Високо му е бледото чело, со измрсени густи коси, Но челото возвишено, божествена мудрост го краси. За рака го зема старецот, му го бакна бледото чело, И низ солзи прошепти: „Те примаме мило чедо“. Векови поминаа од таа ноќ чудесна, Векови поминаа и многу ќе поминат уште. Но тоа дете уште живее зошто живее неговата слава, Зошто тоа дете беше Растко, син на Немања, Свети Сава.ИСАИЈА,гл.10
1. Тешко им на оние што создаваат неправедни закони и пишуваат остри решенија, 2. за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите меѓу Мојот народ, за да ги направат вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците. 3. А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде оддалеку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое? 4. Без Мене тие ќе се превиваат меѓу окованите и ќе паднат меѓу убиените. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, раката Негова уште е протегната.
Братства
ОЧЕ НАШ
Молитвата „Оче наш“ е Господова молитва изговорена од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Според Светите Отци молитвата „Оче наш“ е скратено Евангелие, која секојдневно се кажува, најмалку трипати во денот: наутро, напладне и навечер, молитва со која се отпочнуваат сите богослуженија и молитвословија. Преведена е на сите можни јазици на кои е преведено Светото Писмо. Оваа молитва Господ ја кажал на самиот почеток на својата јавна проповед откако ги изговорил Заповедите на Блаженствата на прочуената „Беседа на гората“ во која ги изговорил основните поставки на Своето учење. Молитвата „Оче наш“ е образец како треба да се молат христијаните за разлика од еврејските првенци, фарисеите и книжниците. Господовата молитва има седум прозби и славословие. Првите три се однесуваат на Бог – Отецот, а другите четири на нас луѓето. Од сите прозби многу значајна е шестата која вели: „...и не не воведувај во искушение...“ Многумина велат како тоа Бог не воведува во искушение, ако Тој е Бог на љубовта, на мирот, на спасението? Бог не не воведува во искушение, но допушта искушенија и затоа Го молиме да не заштити од искушенијата. И самиот Господ, иако безгрешен, иако Божји Син, беше искушуван од сатаната. А искушението за вистинските верници значи челичење – да бидеме цврсти во верата. Знаеме од Светото Писмо какви искушенија имале праведниот Јов, патријархот Авраам кој бил спремен да го принесе на жртва својот син единец Исак и многу други примери.По оваа прозба е „...избави не од лукавиот...“ што значи дека првиот искушувач е ѓаволот, потоа светот, како и нашето тело кое постојано не распнува со своите страсти и прохтеви. Молитвата „Оче наш“ треба секој христијанин да ја знае на памет и во секое време и при нејзиното изговарање се стои исправено или се коленичи, се зависи од празникот и времето.A Morning Prayer by St Patrick
Lorica by St. Patrick (Lorica was a mystical garment or breastplate that protected the wearer from danger and illness. The word was attributed to this prayer because of the sections in it regarding protection from physical and spiritual enemies.) st patrickI arise today Through a mighty strength, the invocation of the Trinity, Through belief in the Threeness, Through confession of the Oneness of the Creator of creation. I arise today Through the strength of Christ’s birth with His baptism, Through the strength of His crucifixion with His burial, Through the strength of His resurrection with His ascension, Through the strength of His descent for the judgment of doom. I arise today Through the strength of the love of cherubim, In the obedience of angels, In the service of archangels, In the hope of resurrection to meet with reward, In the prayers of patriarchs, In the predictions of prophets, In the preaching of apostles, In the faith of confessors, In the innocence of holy virgins, In the deeds of righteous men. I arise today, through The strength of heaven, The light of the sun, The radiance of the moon, The splendor of fire, The speed of lightning, The swiftness of wind, The depth of the sea, The stability of the earth, The firmness of rock. I arise today, through God’s strength to pilot me, God’s might to uphold me, God’s wisdom to guide me, God’s eye to look before me, God’s ear to hear me, God’s word to speak for me, God’s hand to guard me, God’s shield to protect me, God’s host to save me From snares of devils, From temptation of vices, From everyone who shall wish me ill, afar and near. I summon today All these powers between me and those evils, Against every cruel and merciless power that may oppose my body and soul, Against incantations of false prophets, Against black laws of pagandom, Against false laws of heretics, Against craft of idolatry, Against spells of witches and smiths and wizards, Against every knowledge that corrupts man’s body and soul; Christ to shield me today Against poison, against burning, Against drowning, against wounding, So that there may come to me an abundance of reward. Christ with me, Christ before me, Christ behind me, Christ in me, Christ beneath me, Christ above me, Christ on my right, Christ on my left, Christ when I lie down, Christ when I sit down, Christ when I arise, Christ in the heart of every man who thinks of me, Christ in the mouth of everyone who speaks of me, Christ in every eye that sees me, Christ in every ear that hears me.