БОЖИЌНО ПОСЛАНИЕ

христос се роди
Во Името на Отецот и Синот и Светиот Дух,Света Троица и Преподобна Света Божја Мајка Дева Марија
Мили сестри и браќа возљубени во Господ,
Влегуваме во две илјада и двесет и првата година од денот кога во нашите животи го согледавме Него нашето Спасение,Тој кој во тоа време го кажа своето и го стори своето за век и векови и Неговото име ќе се спомнува во век и векови.
Ние денес живееме во една време на еден лош начин и показател на нашето изгубено доверие во нас самите,заради изгубената вера од која се одалечивме и се одалечуваме во недогледие секој ден двоумејки се и прашувајки можно ли е сето ова кое ни се случува.
Секако дека е можно а зошто и не би било можно кога со години уназад едни со други си местиме замки и сплетки во секојдневниот живот,браќа и сестри,другари и комшии се скараа и со години не си го кажуваат и основното добро утро или добар ден а за останатото и да не зборуваме.
Завери и прељуби гледаме секојдневно,гледаме како еден на друг што повеќе да напакостиме а не да си подадеме рака и потпомогнеме во границите на нашата можност.
Затоа е овој ден кој доаѓа со години и ќе доаѓа за да можеме да си простиме,за да можеме да си подадеме рака да се погледнеме во лице и во очи да створиме со зборови љубов и почит еден кон друг за да може и Тој со нас да се радува заради здобиеното доверие и создадена вера во нас.
Господ нека ве Благослови,Христос се Роди
+++Јован Хаџи

This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Comments are closed.