Човечкиот род на замјата не е ништо друго освен најраскошен Божји иконостас. Овој свет, оваа вселена: се е величествен Божји храм, а
луѓето-иконостас на тој храм. Бидејќи секој човек е посебна икона
Божја,слика Божја,обличје Божјо, сите ние сме икона на Славата Божја, како
што вели Свети Апостол Павле во посланието до Колосјаните. Ние сме создадени како слика и прилика Божја, како што читаме во првите страници на Светото Писмо(Библијата) и затоа ние православните Христијани на опело пееме: “Икона сум на неизречивата твоја слава”. Затоа Православната Црква не учи дека ние луѓето сме создадени да личиме на Господ Исус Христос, и ние личиме ако живееме според Евангелието,според правилата на Светата Православна Црква. Кога Бог не создал на секого од нас во душата и во срцето втиснал свој лик,и знаете ли што сме ние Христијаните? Ние сме Икони кои одат. Немаме само икони на иконостас туку имаме икони и во нашите души.Се поставува прашање дали нашата икона е јасна, дали е чиста,или во неа одвај се распознава нејзиниот лик. Од тука е Божествената смисла и целта на човековото битие: таа Боголикост да се развие и усоврши до најголемо совршенство.Очигледно човекот е создаден како потенцијален Богочовек .Боголикоста на човековото битие е во самата неуништливост и со ништо не е заменливо човековото битие. Затоа човекот е видливо обличје, видлив лик,видлива икона на невидливиот Бог .А ние знаеме дека тајната на човечкиот живот е Божествена и Света. На човекот му е даден животот за потполно да го обоголичи, да стане совршена Света икона Божја. Да стане потполно боголик, потполно христолик, целосно да се охристоличи себеси. На таа боголикост, таа првосоздадена христолокост станала изнакажана во човекот. Со што? Со гревот. А XX век ни открил и покажал нешто ново , а тоа е козметиката . Што е тоа козметика ? Тоа е женска душегубна стрст, која се претвора во сласт, а за која ние го жртвуваме ликот Божји во нас, потоа доаѓа до кавга, до разрушување на фамилијата до уништување на бракот. Без сомневање ѓаволот е главен пронаоѓач и творец и зачетник на козметиката . И тој со сите сили се труди да ги оѓаволичи жените за од нивните лица ја потисне боголикоста. А таа боголокост е : I) човеково чуствување за Бога , II) човекова совет за Бога, III) човеково чезнеење за Бога, IV) човековоа огромна слобода, V) човеков вечен живот и VI) човеково неумно одење кон се што е вечно . И навистина Боголикоста е суштина неуништлива и бесмртна. И така секоја жена која ја употребува најсовршената и најубиствена шминка, се прави себеси икона на ѓаволот, слика на ѓаволот (изглед на денешната жена ). И кажете ми на што личи жената која ја скратила својата коса, па ја обоила руса, црна, црвена, зелена, и уште ги оскубала своите веѓи, ставила на очите капаци – црна шминка, темно зелена. И трепките ги обоила црно, а на своето лице изнаставала се што ѓаволот и ставил пехар со идолопоклоничка материја. Својата уста ја обоила црвена, сина,бела итн., околу вратот ставила камења, рогови, дрва, клучеви, кожа, жилети, запалки. Пуштила нокти како мачка и ги обоила црвено, црно, сино, жолто. Сте ги избричиле нозете и сте ги оставиле своите нокти да растат како кај стоката.Но пак видете чудо-стоката не ги маникира своите копита,а вие тоа го правите,значи сте паднале дури и под животните .И сега ви оставам на вас да кажете и на вашата совест да и
одговорите, ако тоа го правите, што сте? Сигурно би рекле дека сте слика на
ѓаволот.Значи нашата икона не е јасна и чиста,не се гледа ликот на
нејзиниот Создател. Нема сомневање дека секоја жена која ја употребува
козметиката постанала ѓаволосна на свој начин. Вие со разнообразните
гревови сте убиле во себе се што е Боголико,Богочезниво и својата душа сте
ја исполниле со ѓаволикост, ѓаволокопнеж. А се ова сте го постигнале преку науката, филозофијата, преку музиката, преку спортови, диско клубови , кафеани-кафиќи, преку корзо, преку разновидна забава и итн.Сета стратегија на сатаната е овој грев да го направи што задоволив за жените преку најсовршената козметика, кој може да го измисли совршениот во злото –сатаната .Жените непрестајно се мобилизираат од љубов кон тој грев,
постојано се маскираат,се разубавуваат, сатанизираат, ѓаволоизираат, за да
би се направиле привлечни за луѓето и во таков изглед да останат на оваа
земја , бидејќи тие во стварност не сакаат да патуваат од овој свет во
оној. Се она што е свето и чисто го погазиле .Сакале да се изнауживаат, изнасладат, сакаат да ги вкусат само земните сласти , а никако
небесните радости. Сте ги надминале незнабожечките мани и со право може да се каже дека сте идолопоклоници и дека сте надминати до ден денес, а точно е тоа дека Содомските и Гоморските жени сте ги оставиле зад себе и дека сте први на победничкиот пиедестал . Бидејќи со овој “културен”грев сте се вратиле во древноста,во древното многубоштво и древното
идолопоклонство, бидејќи сте го отфрлиле од себе и од вашиот ум ,од вашата фамилија Единиот Господ и наш Спасител Исус Христос .Кој ве излажал и ве натерал да ја употребувате козметиката – сигурно нејзиниот
творец и пронаоѓач – ѓаволот.Козметичарки откако сте ја изнакажале
боголикоста дали сте задоволни и дали сте среќни? Ако не сте тогаш речете
што сакате уште, ѓаволот и тоа ќе ви го даде. Илјада книги се издаваат за
употреба на козметиката и ѓаволот се смее, а Ангелите и Светителите
плачат, а и како да не плачат.Денес во целиот свет козметиката е озогласена моќна агитација. Илјада навики излегуваат, како и на кој начин може подобро и подлабоко да се унакажи ликот .Човековата пакост и човековата памет склопија брак. Козметиката и модата склопиле брак.Овие бракови се сатански. Жените ги потпишале овие бракови. Со козметиката жените се послепи од браманките, китијанките , и арапите. Затоа Азијанките и Африканките ги нарекуваат Европјанките бели демони, оти имаат бела кожа, а црна душа. Вие козметичарки со овој модерен грев сте се повампириле. Вие живеете со магепсан ум,со пронаоѓањето на најновата козметика, која е така силно објавувана.Често пати тој грев толку ги смалува умните видици што овие и не гледаат во светот и Бога, ниту во ѓаволот,туку само себе си !Тоа е нов вид на демонизам која жената го прифатила. Во стварност тоа е нов вид на идолопоклонство –
женопоклонство. Затоа за вас козметичарки со право може да се рече дека сте гревољубиви и тоа упорни преку саканата козметика. Ова наше одење низ земјата да го погледнеме преку учењето на Црквата, громогласно црквата ја забранува козметикатаи преку Вселенските Собири и преку Евангелието Христово. Драги сестри повторно Црквата ве буди од тешкиот гревовен сон и ве опоменува. Зошто се смеете? И уште се потсмевате и се противите на црковното учење за козметиката.Пораката на Православната Црква е да се погрижиме повторно во нас да засветли ликот на Царот, Бог и Создател. Иако целокупното православно стадо е во овој богоборечки век, сепак Вселенската Православна Црква го победува духот на ова време и духот на посветувањето е секуларизмот, на Христовата Црква. Соборната Првославна Црква не може да греши и да се излаже, или да искаже лага наместо вистина, бидејќи Светиот Дух кој секогaш дејствува преку Отците и учителите кои верно и служат, ја чуваат од заблуди и грешки,па ги чува и сега во овој козметички период своите верници и ги опоменува да не употребуваат козметика. Но за некои се појавува прашањето “Да се употребува козметика тоа не е ништо и никому не му штети и тоа не е голем грев. Нема сомневање дека тоа е јавен и отворен бунт против целокупното учење на Црквата. Да тоа е војна против Господ Исус Христ. Како Бог по нивната логика и памет да не можел ,или не знаел или немал сили да ги создаде жените со кафеави,црвени, плави нокти.Но запамтете го ова драги сестри : Бог не се молел кога не создал и немојте да фрлате вина на Бога .Самиот факт дека сте – дека сме бесмртни е необорив факт. Жените тврдат дека шминкањето е логичко природно и потребно, и уште тврдат дека не се противи на ниту една Божја заповед , и наведуваат логички докази , докази на разумот и во прилог на тоа . А да се применува и одобрува и порачува најсовршена козметика , значи да се стане против ЛОГОСОТ Божји кој примил човечко тело од Пресвета Богородица . Оти како што вели блажено починатиот Отец Јустин “ Човекот е видлива проекција на невидливиот лик Божји “. Зар таа видлива проекција на човекот треба да се менува. Во никој случај .А секој обид да се менува со помош на козметиката не е ништо друго до унакажување на своето физичко тело-да се деформира уште овде на замјата, но како тоа ќе изгледа во вечноста,бидејќи сама си го унакажала своето сопствено тело со еден најсовршен и најпримамлив грев и затоа тие се наоѓаат во предворието на пеколот.Обожувајќи ја таа козметика како најсовршен идол секоја жена постепено Своето тело го претворува во идолослужилиште и безумно го унакажала живиот иконостас Божји.Многу жени (дури христјанки ) се правдаат со својот ум и ја бранат козметиката – тој Антихристовски предизвик и претеча и создаваат цели филозофии на лагата. Речиси сите жени ја примиле таа најграндиозна обмана и лага и се заробени со тој сеубисвен и најстрашен порок. Таа козметика не е ништо друго до чиста измама. Во сето тоа Бог не прави никакво насилство над нивната слобода. Тој им препушта на желбите на своите срца. Во сварност тоа е најморничав пад на човечкото суштество. Неговиот боголик ум создаден да верува во вечна вистина, во Бога и да живее во Него, тој верува во лагата, со неа живее, ја спроведува и ја смета за свое вечно царство, своја вистина. А таа лага секогаш го носи во прегратката на кнезот на лагата – ѓаволот. Тие постанале непријатели Божји со разумот, а тоа е отворено и јавно газење на Христовата заповед.“Отуѓени” со разумот од Бога и светот Божји, жените постанале непријатели на Бога и своето безбожништво го изразуваат преку лошите дела, бидејќи безбожништвото и неработењето секогаш одат заедно. Затоа тие козметиката ја сметаат за неопходност на животоот. Во тоа е нивната суштина, низобоштво, безбожство и идолопоклонство. Во таа апологија на злото во тоа е нивното оправдување. Вие сте го избрале зло за божество и сте постанале апологијати на козметиката. И покрај сета одбрана за козметиката дефиницијата не би се изменила : Ѓаволот е единствен пронаоѓач и творец на таа козметика. И колку жените тоа да го негираат и оправдуваат и колку ние би воделе полемика околу таа козметика, сепак копромис не може да се најде дека тоа го дозволува Црквата и дека тоа е потребно за секоја жена. Тоа е апсолутно грешка. Онаа жена штоја употребува таа козметика, таа соработува со сатаната. Затоа нејзиниот ум ќе биде работилница на сатаната, нејзината совест – работилница, затоа и сите мисли ќе бидат
сатански, сите чуствувања сатански и сите дела сатански. Каква е таа
Христијанска (богомолка) која секој ден со часови остануваа-се клања пред
огледалото шминкајќи се. Кога таа би стоела секој ден пред иконата на Св.
Богородица, таа жива би отишла на небо како Св. Пророк Илија. Вие
козметичарки со своите недела плукате на Бога. Погледајте ги вашите тела и погледајте се добро. Сте сакале да се деформирате и сте успеале што
сакавте. Сакате да кажете дека вашите внатрешни органи се здрави. Сте ги убиле вашите деца во утробата, и речете сега што сакате уште. Сакате да кажете дека мозокот ви е здрав. Тоа е јасно дека немате ни разум ни совест, пред себе, пред Бога. Со вашето гревољубије, гордољубие, самољубије, телољубије. Тие мислат на одржување на линија на телото, држење на диета, малку јадење итн. А од друга страна домоспиење, неработа, немање на Бог, непричестување, да со тие нивни богоугодни подвизи, испосништво да им користи на спасение, меѓутоа тоа е се: “Не погибал, но оној кој го прави тоа”. Или како вели Владика Николај:. Во стварноста тоа мачење не е ни за рај земен ни за рај небесен, туку за уништување на животот. Бидејќи тие нивни подвизи немаат ни Божествена вистина да би се спасиле од злото од гревот. Тоа е најголема мака, најголем ужас. Сето тоа во крајна линија е идолопоконество. Нема сомневање тоа е најново лудило на сетилниот разум човечки. Акаква корист имаме од тие подвизи кога не се спасуваат од робување на гревот. Ова е нов начин на идолослужење. Сега можете да видите јасно дека ѓаволот игра глупава игра со секое човечко тело кое го почитува создаденото, а не го почитува Творецот. Служат на творевината, го отфрлаат Створителот, а со тоа докажуваат и покажуваат дека се телопоклоници , бидејќи телото и козметиката го избрале за божество и постанале служители на лажни богови, оти нивниот сетилен разум е се. Гинат и се убиваат себеси со својата сопствена измама , залудно се гордеат со умот на своето тело . Затоа своето тело го претвориле во “ ајдучка пештера” во која ајдукуваат лошите мисли,чуства, лошо дело . А со тоа е разрушен храмот Божји – телото е храм на Светиот Дух. Во стварност е уништен иконостасот Божји , како што вели Св.Ап.Павле во посланието до Коринтјаните “Се прекинало убавото богослужење и почнало ѓаволослужение и затоа ајдукува сатаната”. Тој им оставил на жените располагање сиот свој арсенал богоборен , сето оружје против Бога ,во тоа сеоружје негово спаѓа и козметиката.На сета оваа соблазнива и страшна дејност на козметика носени од сатаната,кој има успех
единствено “ меѓу оние кои гинат”. Кои гинат во маловерие, во неверие , во
безверие, во нечистотија, во блуд, во расипаност ,во богоборство. Гинат во
не евангелискиот живот иако околу себе и во текот на човечката
историја имаат безброј сведоци за Христа како себлаг и семилостив Бог и
Спасител на човечкиот род. За спасоносноста на Неговото Евангелие, за
светоста на Неговите следбеници, за неговото безмерно човечкољубије,
сепростување, семилост. За чудесната праведност и Светост, милостивост и
жалостивост на Неговите Свети угодници. Гинат доброволно не избирајќи Го Христа Господа, туку Антихристот и неговата филозофија. Најстрашните и најбогоборните демони го учат сиот млад свет, посебно девојчињата да ја
стават таа горчина, таа идолопоклоничка материја – шминка – на своето
лице. Но и денес има многу девојчиња кои не сакаат да ја ставаат шминката,
но нивните мајки се упорни, најзината ќерка мора да стави, тоа е совет,
правило и закон. Ете војна помеѓу мајката и ќерката. Не е пропуштен ниеден начин на лага и насилие од страна на мајката како да успее ќерката да става шминка. Мајката ја издава својата ќерка – нарушен е природниот
закон. Тоа не го прави ниедно животно. Само мајката го вперила својот гнев
против ќерката. Но вие храбри млади христијанки бидете верни на Св.
Богородица, иако непрестојно трпите напади, сепак сте победнички однапред. Иако сте подложни на интриги сосем е сигурно дека ќе ги надвладеете, знајте дека маката за Христа секогаш е лесна и на крај донесува голема радост кој никој не може да ви ја одземе. И што да измислува вашата мајка, знајте дака вашиот живот е во Божји раце. Безумијето на некои мајки е полошо, но залудно е. Јас вас ве прашувам козметичарки дали сте размислувале дека козметиката е катастрофа за вашето тело. Вие знаете дека од употребата на козметиката вашиот лик се брзо и брзо старее и дека во овој модерен век вашиот живот е се пократок. Иако вие со големо надевање ја објевувате “таа блага вест” за нештедливоста на козметиката, сепак вашето лице докажува спротивно.
Козметиката е дијагноза за вашата женска болест, преставувањето на употребата пак е лек. Вие козметичарки сте објавиле војна против Христа против Црквата, против Св. Богородица, Св. Апостоли, исповедници, маченици. Значи сте решиле да ја рушите Христовата Црква. Но, слушнете – речено е – кој ја руши Црквата Христова ќе го сруши него Бог. Запамтете еднаш засекогаш дека Црквата не може да се искорени од земјата. Полесно е да се угасне сонцето отколку учењето на Црквата да биде уништено. Колку биле до сега царици, принцези кои ја бранеле, но и ја употребувале политичарки и обични жени. Се тоа се предадени зборови, што ќе остане од вас? Вашите дела треба да се вклопуваат со примери од житија на Светите. Блажениот Августун пишува: “Овој свет ќе помине”. А јас продолжувам ќе поминете и вие. Ќе помине вашата тажна и болна историја. Само што во Црковната историја ќе биде запишано: во XX век. Ве прашувам што останало од вас? Од вашите дела. Во оваа тажна историја која вие сте ја пишувале, ќе ја читаат и паметат идните поколенија, само ако се вратат при Христа. Ќе паметат колку сте биле обременети, натоватрени, ослепени. Бидејќи како се прави грев – од душа преку тело во дело, исто од козметиката низ мода во блуд. Човекот со грвот лудува затоа сегашноста покажува едно раздражливо и хистеричко младо поколение кое на 45 години, се натпреварува во порок, а на 18 години се чуствува потполно зрело и старо и способно да врши убиство и самоубиство. На вас жените останува доброволно да се определите за козметиката или за Христа? За едно или друго. Победа? Несомнено на страна на богочовекот –Господ Исус Христос.
администрација на МВПЦ
.
Translator
Посетители
ПАРАКЛИС НА МВПЦ ВО СОЛУН
ЖИВОТОТ МОНАШКИ Е ОДРЕДБА КОЈА СЕКОЈ ЕДЕН ЈА ДОНЕСУВА ИНДИВИДУАЛНО А НЕ ЗА ПРИЧИНА,ВО МАНАСТИР ИЛИ ПАРАКЛИС МОЖЕ ДА ЖИВЕАТ ПОВЕЌЕ МОНАСИ ИЛИ САМО ЕДЕН КОЈ ВО СВОЈАТА ОСАМЕНОСТ И ВО СВОЈАТА МОЛИТВА СЕ ДОБЛИЖУВА ДО ГОСПОД И ДО НЕГОВИТЕ ИСКУШЕНИЈА.
-
ДА СЕ ВАКЦИНИРМЕ ИЛИ НЕ?
Рамноапостолни Словенски Просветители Свети Кирил и Методиј
- О, сефални и рамноапостолни Кириле и Методие, поклонувајќи се пред вашата чесна икона, срдечно ве молиме: погледнете милостиво на нас, кои со вашиот труд бевме просветени, и оградете не со вашата недремлива заштита од злобните демонски замки! Погледнете на ова лозје што го насадивте и не оставајте го на дивите свињи да го раскинуваат. Сочувајте ја, свети угодници Божји, нашата Православна вера, која вие ја изградивте врз камен-темелникот Христос, та да биде непоместлива и од овој камен да се растураат брановите на секое маловерие. Укрепете ги нашите пастири во сите добродетели и во подвигот на проповедање, вразумете ги верниците за да го слушаат нивниот глас. Сочувајте ги сите словенски земји од секое лишување, од оган и од меч, од смртоносни болести и од секакво зло. Слушнете го и секој човек, кој со вера ви пристапува и кој изискува благодатна помош од вас. Во страшниот, пак, час на смртта, бидете ни, на сите нас, благи застапници и прогонувачи на темните демонски сили, та во мир и покајание да го завршиме земскиот мегдан, да стасаме до насладување со вечните богатства и заедно со вас да ја прославуваме Пресвета Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!
АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ
Неговата Светост Патријарх Ерусалимски Иринеј I
Patriarch Irineos 1 Patriarch by the Mercy of God, of the Holy City of Jerusalem, All Palestine, Syria of Arabia, Beyond the Jordan, Cana of Galilee and Holy Sion.
Неговото Блаженство
Архиепископ Ветлеемски и Скандинавски ++Јован Хаџи-
ГОСПОДЕ, БЛАГОСЛОВИ ГИ МОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ
Исус немал слуги, но сепак го викале Господар, Тој немал диплома,сепак го викале Учител, Тој немал лекови,сепак го викале Лекар, Тој немал војска,сепак и кралевите се плашеле од Него, Тој не освојувал воени битки ,сепак Го освоил светот, Тој не направил ниедно злодело,сепак го расапнале Тој бил закопан во гробот,сепак Тој живее денес.... МАКЕДОНСКА ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,ОСЛО
СИМВОЛ НА ВЕРАТА
Tриесет и три молитви за триесет и трите јазли на бројаницата
01. Спомни, Господи, за мир во светот. 02. Господи, Исусе Христе, помилуј ја Црквата наша и нашето Православие. 03. Господи, Исусе Христе, помилуј го Архиепископот наш и неговото братство. 04. Господи, Исусе Христе, помилуј ги, низ целата Земја, Православните клирици и лаици. 05. Господи, Исусе Христе, помилуј го нашиот Духовник и отец и неговото братство. 06. Господи, Исусе Христе, помилуј ја нашата војска и безбедносните служби. 07. Господи, Исусе Христе, помилуј ги началниците на нашиот народ. 08. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои нè мразат, нè љубат и кои се молат за нас. 09. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите родители, добродетели и учители. 10. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите по тело и по дух браќа и сестри и роднини. 11. Господи, Исусе Христе, помилуј ги старите и осамените луѓе. 12. Господи, Исусе Христе, помилуј ги новороденчињата, незаштитените и слабите. 13. Господи, Исусе Христе, помилуј ги децата кои учат. 14. Господи, Исусе Христе, помилуј ги младите момчиња и девојки. 15. Господи, Исусе Христе, помилуј ги наркоманите, алкохоличарите и пушачите. 16. Господи, Исусе Христе, помилуј ги сопружниците на Православните семејства. 17. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите бремени сестри. 18. Господи, Исусе Христе, помилуј ги вдовиците и сираците. 19. Господи, Исусе Христе, помилуј ги разделените сопружници и нашите браќа и сестри во искушение. 20. Господи, Исусе Христе, помилуј ги болните по тело и по душа. 21. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои се трудат и работат во светите манастири и парохии. 22. Господи, Исусе Христе, помилуј ги благочестивите поклоници во светите манастири и цркви. 23. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои пловат, патуваат, летаат, затворениците и очајаните. 24. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите ожалостени браќа. 25. Господи, Исусе Христе, помилуј ги судиите и политичарите. 26. Господи, Исусе Христе, помилуј ги опрелестените и оние кои го хулат светото Православие. 27. Господи, Исусе Христе, помилуј нè и дај ни време мирно. 28. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од болест, гнев, опасност и просвети ги лекарите и болничарите. 29. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од глад, нужда и несреќа. 30. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од жештина, пожари и земјотреси. 31. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од поплави, тонење и мраз. 32. Господи, Исусе Христе, упокој ги и душите на отците, мајките, браќата и сестрите, роднините, дедовците и прадедовците наши. 33. Господи, Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.СВЕТА ТРОИЦА
ОСЛО ПАРАКЛИС МВПЦ
ВИСТИНСКО ПРАВОСЛАВИЕ
По предавството на Православието во рацете на се попогубната појава на екуменизмот во светот, се појави Вистинското Православие насекаде во светот, така да и ние, како Македонска Вистинска Православна Црква, се залагаме за зачувување на изворните вредности на Православието како што го предале Апостолите прво на првите цркви и епископи во раното Христијанство, а потоа тие на Светите Оци, кои на Седумте Вселенски Собори ги зацврстија темелите, односно ги одредија догмите и каноните на Светата Православната Црква. Сето ова Македонска Вистинска Православна Црква се заложува ништо да не биде сменето или да претрпи влијание од современото време. Македонска Вистинска Православна Црква доследно ќе ги спроведува учењата на Светото Писмо и делата на Светите Отци во своите вистини. Македонска Вистинска Православна Црква има и ќе има добри односи со сите оние кои сакаат да ја практикуваат заповедта на нашиот Господ Исус Христос,кој го промовира единството и љубовта , и покрај разликите, ставови и традиции на едни кон други , "Кога се двајца или тројца собрани во Мое име, Јас сум во средината" "Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет! Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет! Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител. Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко,бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа."(Гал.1,8-12) „Чувајте го чедо мое јазикот, како земјата. Зборот може да се изгуби како град, како земја, како душа. А што е со луѓето што го губат нивниот јазик, земјата, душата? Немојте да земате туѓи зборови во вашата уста. Ако се земе странски збор, не сте победиле, сте се отуѓиле. Подобро е да се изгуби најголемиот град на својата земја, но не најмалите и најзначајните зборови на вашиот јазик. Земји и држави не се освојуваат со ножеви и јазици. Бидете свесни дека непријателот ќе те покори и ќе те освоји колку што многу зборови ти земе и свои ти потури. Луѓето кои ги губат своите зборови, престануваат да постојат. Постои мој синко, болест која го напаѓа јазикот на телото како болест. Се сеќавам на такви инфекции и зарази. Најчесто тоа влијае на луѓето по рабовите, на допир на една нација во друга, каде што јазикот на јазикот тара на јазикот на друга нација„
НЕМА ВЕРА,БЕЗ ВИСТИНСКА ПРАВОСЛАВНА ВЕРА
„Господи Исусе Христе, Сине и Логосу на живиот Бог, по молитвите на Богородица и на сите Твои светии, помилуј ме, грешниот и непотребниот слуга твој“.
-
ЈАКОВОВА ЛИТУРГИЈА
Литургија на Светиот Апостол Јаков,братот Господов,неговото Евангелие е прогласено за неканонско како и сето останато досега не објаснето од канонската екуменитичка црква но Вистинската Црква го Чествува +++јован-хаџи ГОСПОД НИ ДАДЕ ДЕСЕТ ЗАПОВЕДИ
1. Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освем Мене 2. Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи. 3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог. 4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа, твојот Бог. 5. Почитувај ги таткото и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата. 6. Не убивај. 7. Не прави прељуба. 8. Не кради. 9. Не сведочи лажно против својот ближен. 10. Не пожелувај ништо што е туѓо.
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ
„24. и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!” 25. По вечера, исто така, зеде и чаша, па рече:”Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!” 26. Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде. 27. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. 28. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. 29. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. 30. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. 31. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.ЗА ЉУБОВТА КОН БОГА
АСКЕТСКИ ОГЛЕДИ, СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ „ Многу подвижници, примајќи ја природната љубов како божествена, ја распалиле својата крв и ја распалиле својата фантазија. Состојбата на распаленост лесно преминува во состојба на измама. Оние кои се наоѓале во распаленост и измама, многумина ги сметале за исполнети со благост и светост, а тие биле жртви на самоизмама. Имало многу такви подвижници во западната црква, од времето кога таа упаднала во папизмот, кој богохулно му припишува на човекот божествени особини и на човекот му оддава поклонение кое одговара и прилега само на Бога. Тие подвижници напишале многу книги во својата распалена состојба во која самоизмамата им изгледала како божествена љубов, додека растроената вообразеност им прикажувала мноштво од виденија кои им ласкале на нивната самољубовост и грдост. Сине на источната Црква! Оддалечи се од читањето на таквите книги, оддалечи се од слушањето на поуките на самоизмамените. Раководи се според Евангелието и светите Отци на источната Црква, во смирение влегувај во духовната висина на божествената љубов, преку извршување на Христовите заповеди.“АПОСТАСИЈА
На 7 декември 1965 година, АПОСТАСИЈАТА (ОТПАДНИШТВОТО) на светското Православие од Бога е целосно исполнето. Вселенскиот патријарх Атенагора и папата Павле VI истовремено „ја отповикаа анатемата од 1054 година“. Анатемата беше објавена поради папската сеерес за да се заштити Православието од богохулните доктрини кои водат во пропаст. Со „отповикувањето“ на анатемата, Атенагора официјално прогласи дека папата и неговите следбеници биле неправедно одалачени, дека Црквата погрешно тврдела дека доктрините на папизмот биле лажни и дека навистина латинскиот папизам е дел од Православието! По заедничкото отповикување на анатемата во 1965 година, протагонистите на еретичкиот екуменизам, Атенагора и папата Павле VI, се сретнале во Рим во 1967 година за да го прослават безбожниот почеток на унијата на црквите. Унијата со папистите е потпишана во Баламонд во 1993 година од страна на православни екуменисти. Единството на Западот и Истокот е воспоставено! Вистинското Православие,Македонска Вистинска Православна Црква и Патријаршија е против овој безбожнички чин и се бориме против сите богохулни модернистички движења на „канонската Православна Црква“ која со својот широк пат води милиони души во вечна погибел.-
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
ИЖЕ ХЕРУВИМИ
Иже Херувими тајно образујушче, и животворјашчеј Тројице трисвјатују пјесн припјевајушче, всјакое ниње житејское отложим попечение. Јако да Царја всјех подимем, ангелскими невидимо дориносима чинми. Аллилуиа, аллилуиа, аллилуиа.ХЕРУВИМИ
Ние кои Херувимите таинствено ги изобразуваме и на Животворната Троица Трисвета песна му пееме, сега секоја животна грижа да ја оставиме. Како оние кои ќе Го примиме Царот на сите, со Ангелски Сили невидливо следениот. Алилуја, алилуја, алилујаАНГЕЛОТ СЕ ОТКРИВА
1. Товит го повика сина си Товија и му рече: „Синко, приготви му ја наградата што те придружуваше, а треба да му дадеме нешто повеќе.” 2. А Товија одговори и рече: „Татко, нема да бидам оштетен ако му ја дадам и половината од сè што донесов; 3. зашто тој ме доведе при тебе жив и здрав, тој ја излекува мојата жена, го донесе среброто и тебе те излекува.” 4. Старецот тогаш рече” „Тој навистина го заслужил тоа.” 5. Го повика ангелот и му рече: „Земи ја половината од сè што сте донеле, па оди си со мир.” 6. Тогаш ангелот ги повика нив двајцата на страна и им рече: „Благословувајте Го Бога, прославувајте ја Неговата величина пред сите што живеат за сето она што го направи Он за вас.Добро е да се благословува Бог, да се превознесува Неговото име и со побожност да разгласуваме за Неговите дела. 7. Добро е да се чува царската тајна, и пофално е да се разгласуваат Божјите дела. Правете добро и зло нема да ве снајде. 8. Добра е молитвата кога е сврзана со пост, милостиња и праведност. Подобро е малку со справедливост, отколку многу – со неправда; подобро е да правиш милостиња, отколку да собираш злато. 9. Милостињата избавува од смрт и може да очисти од секој грев. Оние што делат милостиња и прават добри дела, ќе живеат долго на земјата; 10. а оние што грашат – непријатели се на својот живот. 11. Од вас нема да сокријам ништо: веќе ви реков дека е добро да се сокрива царската тајна и дека е пофално да ги објавувам Божјите дела. 12. Кога се молевте ти и твојата снаа Сара, јас ги вознесував вашите молитви пред Светиот; кога ги погребуваше ти мртовците, и јас бев со тебе; 13. кога не те мрзеше да станеш и да го прекинеш твоето јадење, да станеш за да го погребеш мртовецот, не беше сокриено од мене дека правиш добро дело, и јас бев тогаш со тебе. 14. И сега Бог ме прати да те исцелам тебе и твојата снаа Сара. 15. Јас сум Рафаил, еден од седуммината ангели, кои ги однесуваат молитвите на светиите и се искачуваат пред славата на Светиот.” 16. Тогаш обајцата се преплашија и паднаа ничкум, зашто ги опфати голем страв. 17. Но тој им рече: „Не плашете се, да имате мир. Благословувајте Го Господа во векови. 18. Зашто јас не дојдов по својата волја, туку по волјата на нашиот Бог. Затоа благословувајте Го во векови. 19. Во сите денови дозволував да ме гледаат вашите очи, но јас ниту јадев ниту пиев; само на вашиот поглед така му изгледаше. 20. И сега, прославете го Бога, а јас се враќам при Бога, Кој ме прати. Сега ова што стана запишете го во книга.” 21. Тогаш станаа, но него веќе не го видоа. 22. И почнаа да раскажуваат за великите и чудесни Божји дела, да говорат за тоа како им се јавил Господов ангел.
ТЕБЕ БОЖЕ ТЕ ФАЛИМЕ
Тебе, Боже, Те фалиме, Тебе, Господи, Те исповедаме, Тебе Предвечниот Отец сета земја Те велича; Тебе (те фалат) сите ангели, Тебе – небесата и сите сили, Тебе – херувимите и серафимите Непрестајно Ти извикуваат: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот, Небесата и земјата се исполнети од Твојата слава; Тебе преславниот апостолски хор, Тебе пофалниот пророчки број, Тебе Те фали пресветлото маченичко воинство, Тебе по сета вселена Те исповеда Светата Црква, Отецот со непоимливо величие, Твојот почитуван вистински и еднороден Син, И Светиот Утешител – Дух. Ти, Цару на славата, Христе, Ти на Отца си присносуштен Син: Ти за избавување го прими човекот, Не се згнаси од Девствената утроба; Ти го победи осилото на смртта, Им го отвори на верниците Царството Небесно. Ти седиш оддесно на Бога во славата на Отецот, Ќе дојдеш да ни судиш, како што веруваме. Затоа Тебе Те молиме: Помогни им на Твоите слуги, Коишто си ги искупил со Чесната Крв. Удостој ги со Твоите светии Да царуваат во Твојата вечна слава. (се смета дека следниве стихови, главно од псалмите, се додадени подоцна:) Спаси ги, Господи, Твоите луѓе, И благослови го Твоето наследство, Издигни ги и вознеси ги во вековите; Во сите денови да Те благословуваме Тебе И да го фалиме Твоето име во вечните векови. Удостој нè, Господи, во овој ден Да се сочуваме од грев. Помилуј нè, Господи, помилуј нè: нека биде Твојата милост на нас, Господи, како што се надевавме на Тебе. На Тебе, Господи, се надеваме, Да не се посрамиме во вековите. Амин. св.Амвросиј Медиолански-
СЕ ШТО ДИШЕ НЕКА ГО ФАЛИ ГОСПОДА
Псалм 148 1. Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините! 2. Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства! 3. Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди! 4. Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод! 5. Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде. 6. Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине. 7. Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни, 8. Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово! 9. Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови, 10. Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици! 11. Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии! 12. Момчиња и девици, старци со децата заедно. 13. Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото, 14. Тој ја поткрева силата на Својот народ, Тој ги прославува своите свети, Израелевите синови – народ што Му е близок. Алилуја! Псалм 149 1. Алилуја! Пејте Му на Господа нова песна, и во собранието на светите, Неговата фала! 2. Нека Му се весели Израел на Својот Творец! Нека Му викаат радосно синовите на Сион на својот Цар! 3. Нека Го фалат Неговото име со веселба, нека Го слават со тапанче и псалтир! 4. Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките! 5. Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели! 6. Нека им бидат на устите слава кон Бога, а во рацете мечеви остри од двете страни, 7. за да извршат одмазда над народите, и казна над племињата; 8. за да им ги фрлат царевите во вериги, а благородниците во железни окови; 9. за да го извршат над нив одамна напишаниот суд – нека им биде на чест на сите Негови свети! Алилуја! Псалм 150 1.Слава на Бога! Фалете Го Бога во Неговото Светилиште, Фалете Го во величеството на небесниот свод! 2. Фалете Го заради Неговите силни дела, Фалете Го заради Неговата бескрајна величина! 3. Фалете Го со звуците на рогот, Фалете Го со псалтир и лира, 4. Фалете Го со игра и тапанче, Фалете Го со жичани инструменти и кавал, 5. Фалете Го со звучни кимвали, Фалете Го со воскликнувачки кимвали! 6. Сè што дише – Нека Го фали Господа! Алилуја! ПРЕД МАНАСТИРСКИ ВРАТИ
Кој тропа толку доцна во длабочината на ноќниот мир На портата затворена на светогорскиот манастир? „Веќе одамна помина вечерта и нема ноќ се зафаќа, Седи отци, калуѓери, отворете ми ја тешката врата. Светлина душата ми сака, а одмор моите нозе, Изморено е моето тело, уморни се моите нозе. Но крепка е волјата моја која ноќва кон вас ме води, Да го посветам животот на верата и на слободата да им годи. Ги презрев царските дворови, царската круна и облека, И сега еве светлина барам во скромниот манатстир до века. Отворете ми ја, чесни отци, тешката манастирска врата, И примете го царскиот син како најмлад од сите вас браќа. Зашкрипи тешката врата, а над неа бувот се тргна И со крештење ги разви крилата и се сокри во ноќта црна. А на прагот на храмот свет, каде Божјето име се слави, Со факел запален настојникот се јави. Тој факелот горе го крева, над својата глава света, И здогледа, чудејќи се, безопасно босо дете. Високо му е бледото чело, со измрсени густи коси, Но челото возвишено, божествена мудрост го краси. За рака го зема старецот, му го бакна бледото чело, И низ солзи прошепти: „Те примаме мило чедо“. Векови поминаа од таа ноќ чудесна, Векови поминаа и многу ќе поминат уште. Но тоа дете уште живее зошто живее неговата слава, Зошто тоа дете беше Растко, син на Немања, Свети Сава.ИСАИЈА,гл.10
1. Тешко им на оние што создаваат неправедни закони и пишуваат остри решенија, 2. за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите меѓу Мојот народ, за да ги направат вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците. 3. А што ќе правите вие во денот на посетата, кога смртта ќе дојде оддалеку? Кон кого ќе прибегнете за помош? Каде ќе го оставите богатството свое? 4. Без Мене тие ќе се превиваат меѓу окованите и ќе паднат меѓу убиените. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, раката Негова уште е протегната.
Братства
ОЧЕ НАШ
Молитвата „Оче наш“ е Господова молитва изговорена од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Според Светите Отци молитвата „Оче наш“ е скратено Евангелие, која секојдневно се кажува, најмалку трипати во денот: наутро, напладне и навечер, молитва со која се отпочнуваат сите богослуженија и молитвословија. Преведена е на сите можни јазици на кои е преведено Светото Писмо. Оваа молитва Господ ја кажал на самиот почеток на својата јавна проповед откако ги изговорил Заповедите на Блаженствата на прочуената „Беседа на гората“ во која ги изговорил основните поставки на Своето учење. Молитвата „Оче наш“ е образец како треба да се молат христијаните за разлика од еврејските првенци, фарисеите и книжниците. Господовата молитва има седум прозби и славословие. Првите три се однесуваат на Бог – Отецот, а другите четири на нас луѓето. Од сите прозби многу значајна е шестата која вели: „...и не не воведувај во искушение...“ Многумина велат како тоа Бог не воведува во искушение, ако Тој е Бог на љубовта, на мирот, на спасението? Бог не не воведува во искушение, но допушта искушенија и затоа Го молиме да не заштити од искушенијата. И самиот Господ, иако безгрешен, иако Божји Син, беше искушуван од сатаната. А искушението за вистинските верници значи челичење – да бидеме цврсти во верата. Знаеме од Светото Писмо какви искушенија имале праведниот Јов, патријархот Авраам кој бил спремен да го принесе на жртва својот син единец Исак и многу други примери.По оваа прозба е „...избави не од лукавиот...“ што значи дека првиот искушувач е ѓаволот, потоа светот, како и нашето тело кое постојано не распнува со своите страсти и прохтеви. Молитвата „Оче наш“ треба секој христијанин да ја знае на памет и во секое време и при нејзиното изговарање се стои исправено или се коленичи, се зависи од празникот и времето.A Morning Prayer by St Patrick
Lorica by St. Patrick (Lorica was a mystical garment or breastplate that protected the wearer from danger and illness. The word was attributed to this prayer because of the sections in it regarding protection from physical and spiritual enemies.) st patrickI arise today Through a mighty strength, the invocation of the Trinity, Through belief in the Threeness, Through confession of the Oneness of the Creator of creation. I arise today Through the strength of Christ’s birth with His baptism, Through the strength of His crucifixion with His burial, Through the strength of His resurrection with His ascension, Through the strength of His descent for the judgment of doom. I arise today Through the strength of the love of cherubim, In the obedience of angels, In the service of archangels, In the hope of resurrection to meet with reward, In the prayers of patriarchs, In the predictions of prophets, In the preaching of apostles, In the faith of confessors, In the innocence of holy virgins, In the deeds of righteous men. I arise today, through The strength of heaven, The light of the sun, The radiance of the moon, The splendor of fire, The speed of lightning, The swiftness of wind, The depth of the sea, The stability of the earth, The firmness of rock. I arise today, through God’s strength to pilot me, God’s might to uphold me, God’s wisdom to guide me, God’s eye to look before me, God’s ear to hear me, God’s word to speak for me, God’s hand to guard me, God’s shield to protect me, God’s host to save me From snares of devils, From temptation of vices, From everyone who shall wish me ill, afar and near. I summon today All these powers between me and those evils, Against every cruel and merciless power that may oppose my body and soul, Against incantations of false prophets, Against black laws of pagandom, Against false laws of heretics, Against craft of idolatry, Against spells of witches and smiths and wizards, Against every knowledge that corrupts man’s body and soul; Christ to shield me today Against poison, against burning, Against drowning, against wounding, So that there may come to me an abundance of reward. Christ with me, Christ before me, Christ behind me, Christ in me, Christ beneath me, Christ above me, Christ on my right, Christ on my left, Christ when I lie down, Christ when I sit down, Christ when I arise, Christ in the heart of every man who thinks of me, Christ in the mouth of everyone who speaks of me, Christ in every eye that sees me, Christ in every ear that hears me.