ЌЕ ЈА ЗАПОМНИШ ЛИ ТВОЈАТА ЦРКВА

ПЕТАР И ПАВЛЕ
ДАЛИ ЌЕ ЈА ЗАПОМНИШ ТВОЈАТА ЦРКВА КОГА ЌЕ ЗАМИНЕШ?
Како Православни христијани ние го гледаме светот како Божји дар, како Света тајна на Неговото присуство и како средство за соединување со Него. Затоа, ние можеме со благодарност да Му возвратиме на Бога како што слушаме во секоја Светата Литургија. Ние може да ја постигнеме секоја разумна цел преку нашата духовна поврзаност со нашата Црква, она што Бог го бара од нас, сеќавајќи се дека секоја добра работа и совршен дар доаѓа од горе.
НА СЕКОЈ ОД НАС БОГ НИ ДАЛ ТРИ ДАРОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ВОЗВРАТИМЕ НА БОГА. ТИЕ ДАРОВИ СЕ: ВРЕМЕ, ТАЛЕНТИ И БОГАТСТВО
НАШИОТ ПРВ ДАР ОД БОГА Е ВРЕМЕТО

што ние го поминуваме на земјата. Времето е скапа удобност во нашата култура. Сепак, ние сме благословени со многу луѓе кои го вклучуваат својот црковен живот во секојдневниот живот. Ние живееме со Бога постојано и изреката дека со Господ сите работи се можни често пати ни се остварува и докажува. Токму во моментот кога ќе помислиме дека нешто не може да се направи бидејќи нема време, еден од нас истапува и наоѓа време да ја понуди својата помош.
НАШИОТ ВТОР ДАР ОД БОГА Е ТАЛЕНТОТ
Во нашата заедница има многу таленти. Нашите таленти не прават кој и што сме во смисла на нашата личност, нашите вештини и интереси. Нашите таленти треба да ги употребиме во нашите дела за Бога како што ги употребуваме во секојдневниот живот. Во нашата заедница има луѓе кои се нудат да готват ручеци, вечери, да спремаат храна за разни настани и да готват за луѓе кога тие се болни. Има такви луѓе кои знаат да поправаат апарати во домаќинството, да помогнат при молерисување на куќи, на поплочување кујни, се што има потреба да се прави во едно домаќинство. Во заедницата има луѓе кои ја чистат нашата црква, пеат за време на богослужењата, читаат од Апостолските дела, служат во засолништето и ги пречекуваат луѓето кои доаѓаат на богослужењата. Има луѓе кои ги посетуваат болните, се молат за сите и нудат своја помош. Во заедницата има луѓе кои ги упатуваат младите во нашата вера и нашата култура. Во нашата заедница ние секогаш бараме начини да можеме да служиме и да нудиме меѓусебна помош.
НАШИОТ ТРЕТ ДАР ОД БОГА Е БОГАТСТВОТО
(пари, земја, добиток, обврзници, работа, уметност и други вредни предмети). Од овој список човек може да види дека тие се во суштина дарови од Бога. Ние ги имаме или ги добиваме само со Божја помош. Можеби мислиме дека ги имаме благодарение на нашата напорна работа, но се тоа може да се случи ако Господ ни даде добро здравје за да можеме да работиме. Може да мислиме дека многу вредиме зошто сме биле паметни во нашиот избор на светската работа, но тоа можело да се случи само ако Бог ни дал мозок со кој можеме да разбереме и работиме. Може си мислиме дека сме добиле дом благодарение на нашите напори, и повторно тоа можело да се случи само ако Господ ни дозволил да имаме работа со која ние можевме да заштедиме доволно пари да ја купиме куќата. Лесно е да се види дека се доаѓа од горе, ништо не доаѓа од долу.
-Како го цениме нашиот Господ Бог за се она што Тој ни го дал?
-Како ја покажуваме нашата благодарност кон нашиот Господ Бог за се она што Тој ни го дал?
-Како го величаме Бога за се она што Тој ни го дал?

Одговорот е едноставен. Ние возвраќаме на Бога за се она што ни го дарил со добри дела. Во нашата заедница, сите ние даваме пари за одржување на црквата и нашата културна сала. Сите кои имаат имоти, ги нудиме на црквата додека сме живи или откако ќе се упоколиме во Господа. Ако имаме уметнички дела, размислуваме за нивно подарување на црквата која ќе може да ги продаде и средставата да ги употреби во црквата. Се она што го добиваме и се што возвраќаме на Бога треба да биде направено со чиста и искрена љубов. Биди весел, тивок и доследен дарител зошто се доаѓа од горе. Нема ништо што му е потребно на Бога. Единствената работа која Бог ја бара од нас е да Го сакаме. Кој е подобриот начин да се покаже нашата љубов отколку да се подари одредена сума со која ќе се одржува нашата црква и чии врати ќе бидат секогаш отворени?
За оние кои сакаат да ги обноват своите заклетви за таа година, не е доцна да го направат тоа. За оние кои претходно не помислиле да дадат заклетва за помош, не е доцна да го направат тоа. Оние кои сакаат да го дадат своето наследство на црквата, не е доцна да го направат тоа.
Секој кој сака да донира за црквата е поканет да стапи во контакт со нашиот свештеник, со претседателот за финансии и секој разговор ќе биде во најголема тајност и доверливост.
ЗЕМЈАТА Е ГОСПОДОВА
Повеќето од нашите луѓе ги разбираат обврските како посвоени синови и ќерки на Господа и она што значи да бидеш приклучен во Телото на нашиот Господ Исус Христос.
Ние сфаќаме дека мора да го броиме времето, даровите и способностите кои ни ги дал Бог за време на нашиот живот на земјата.
Како благодарност на Божјиот благослов и заради тоа што не прифати како членови на семејството од Неговото Царство сосема е природно дека ние возвраќаме со нашиот прилог изразен на повеќе начини заради Неговата служба преку Светата Црква.
Финансиската помош е иста со години, минимална, а луѓето размислуваат да не дадат повеќе од минималното за „црковен данок“ и да не дадат воопшто од своето време и таленти. Ова ни покажува дека луѓето не се разбудени за да сфатат кои се нивните должности пред Бога и Неговата Света Црква. Истите луѓе само гледаат преку своето рамо за да најдат некој друг кој ќе ја преземе одговорноста – само не тие. Ние треба да ги прифатиме одговорностите како верници и да ги прифатиме Божјите предизвици како луѓе крстени во Телото Христово.
Како што сме одведени еден по еден до кршталната вода за да се облечеме во Христа, така ќе застанеме еден по еден пред Семоќниот Бог да одговараме за нашиот живот, така што секој од нас поединечно ќе биде повикан за да се оправда за дадените дарови на здравје, богатство и таленти да ги употребиме во овој свет.
Ние веруваме дека вистинскиот член на Светата Црква може да најде начин да ги вклучи своите имоти при прикажувањето на своите одговорности пред Господ.
Немојте да си претпоставувате дека волјата е важна само за оние кои се богати и имаат голем имот. Многумина мислат дека само оние кои имаат многу дарови да понудат треба да ја вклучат Црквата во своите тестаменти. Приказната што Господ ја кажа за сиромашната вдовица, чии две парички вределе повеќе одколку илјадниците што ги дал богатиот, бидејќи тоа било се што таа имала, треба да не потсети дека Господ ги благословува сите дарови кога тие доаѓаат од благодарно и великодушно срце.
Тестаментот ни помага да ја покажеме нашата благодарност и љубов кон Бога откако ќе се упокоиме. Како што сакаме нашите роднини и сакани да не понмат, така сакаме да бидеме запомнати од Светата Црква.
„За оние кои носат плодови и прават добрини во овој Храм“…
Со овие зборови ние се сеќаваме на луѓето кои ги понудија своите дарови на Бога во ектенијата која ја слушаме на секоја служба на Светата Литургија, вечерна или утринска.
Парохијата е каде вие градите пријателство за цел живот со оние кои се молат и се причестуваат од иста чаша при ист благословен олтар. Ова е црква во која доаѓаме со нашите таги и грижи, нашите среќни моменти, радосни мисли секоја недела и празник.
НЕКОЛКУ МИСЛИ ЗА КОИ МОЖЕТЕ ДА РАЗМИСЛУВАТЕ
Треба да дознаете од вашиот адвокат за начин кој ќе ви обезбеди да добиете најмал можен данок.
Животните осигурувања може да се наменат за Црквата по вашето упокојување.
Вашиот тестамент нема никаква врска со вашите приходи додека сте живи и секој православен христијанин треба да ги исфрли сите нехристијански суеверија поврзани со планирањето на времето кога ние нема веќе да бидеме на земјата.
Можете да подарите на Црквата во форма на процент од вашиот имот, пари, осигурување, берза, обврзници или животни осигурувања.
На ваков начин вие размислувате за иднината, за вечноста…

Нека Господ ни подари вечен живот на секој од нас.
+++Јован Хаџи

This entry was posted in Написи. Bookmark the permalink.

Comments are closed.