ПСАЛМ ОД 41 ДО 50

Псалм 41
1 За началник на пејачи. Давидов псалм. Блазе му на оној кој мисли на бедниот, Господ ќе го спаси во ден на неволја!
2 Господ ќе го штити и ќе го запази жив, ќе му даде среќа на земјата, и нема да го предаде на волјата на непријателите.
3 Господ ќе го поткрепи на леглото при болест, болеста ќе му ја сврти во сила.
4 Јас реков: „Господи, смилувај ми се, исцели ми ја душата, зашто згрешив!”
5 Непријателите зборуваат зло за мене: „Кога ќе умре и кога ќе му го снема името?”
6 И ако дојде некој да ме посети, зборува со ласкање, собира злоба во своето срце, а надвор клевети.
7 Сите што ме мразат, шептат заедно за мене, измислуваат зло против мене:
8 „Лоша болест го кутна,” или: „Кога еднаш ќе легне, нема да стане.”
9 А и мојот пријател, во кого имав доверба, кој јадеше мој леб, ја крена петицата против мене.
10 Но Ти, Господи, смили ми се и крени ме, за да можам да им вратам.
11 По тоа ќе знам дека сум ти мил: бидејќи мојот непријател не ќе се весели над мене.
12 А мене ќе ме запазиш во мојата чесност, и ќе ме ставиш пред Твоето лице довека.
13 Благословен да е Господ, Израелевиот Бог, од века до век! Така нека биде! Амин!
Псалм 42
1 За началникот на пејачите. Учење за Кореевите синови. Како што кошутата жеднее за изворните води, така мојата душа копнее по Тебе, Господи.
2 Жедна е мојата душа за Бога, за живиот Бог: О кога ќе дојдам и кога ќе го гледам Божјото лице?
3 Солзите ми се храна дење и ноќе, додека тие постојано ме прашуваат: „Каде е Твојот Бог?”
4 Мојата душа се излева кога си спомнувам: како чекорев во мноштвото, предводувајќи ги кон Божјиот дом, со глас на радост и песни во свечена врвулица.
5 Зошто си ми, душо изнемоштена и зошто си жалосна во мене? Надевај се на Бога, зашто пак ќе Го славам моето спасение, мојот Бог!
6 Душата тагува во мене, затоа си спомнувам за Тебе, од земјата Јордан и Ермон, од гората Мисар.
7 Бездната повикува бездна со шумот на Твоите водопади; сите Твои води и бранови поминаа преку мене.
8 Дење, нека ми ја додели Господ Својата милост, а ноќе, ќе Го фалам, со молитвена песна, Бога на мојот живот.
9 Ќе му речам на Бога: „Стено моја, зошто ме забораваш? зошто обиколувам нажален, притиснат од непријателите?”
10 Коските ми се кршат од подигравката на непријателите, додека тие постојано ме прашуваат: „Каде е твојот Бог?”
11 Зошто си ми душо изнемоштена и зошто си жалосна во мене? Надевај се на Бога зашто пак ќе го славам мојот Спасител, мојот Бог!
Псалм 43
1 Боже! Суди ме право, и заштити го моето дело против нечесен народ. Избави ме од лукав и неправеден човек!
2 Зашто, Ти си Боже, моја крепост; зошто ме отфрлаш? Зошто одам натажен, притиснат од непријателите?
3 Испрати ги Својата светлина и вистина: нека ме водат нека ме одведат во Твојата Света Гора, во Твоите живеалишта.
4 Тогаш ќе му пристапам на Божјиот жртвеник, при Бога – моја величествена радост. Со псалтир ќе Те славам, Боже, О Боже мој!
5 Зошто си истоштена душо моја, и зошто липаш во мене? Надевај се на Бога, зашто пак ќе Го славам: мојот Спасител, својот Бог!
Псалм 44
1 За началникот на пејачите. Учење за Кореевите синови. Боже, со своите уши слушавме, нашите татковци ни раскажуваа, за делото што го направи во нивните дни, во стари времиња.
2 Со Својата рака ги протера многубошците, а нив ги посади, ги откорна народите, а нив ги рашири.
3 Со нивниот меч тие не ја зазедоа земјата, ниту нивната мишка им донесе победа, туку Твојата десница и Твојата мишка, и светлоста на Твоето лице, зашто ги љубеше.
4 Ти, о мој Царе и Боже мој, Ти му даде победа на Јакова.
5 Преку Тебе ги одбивме нашите непријатели, во Твоето име ги згазивме оние, што се кренаа против нас.
6 Не се надевав на својот лак, ниту мојот меч ме спасуваше.
7 Туку, Ти, Ти нè избави од непријателите, Ти ги засрами оние што нè мразат.
8 Се фалевме со Бога во секое доба и Твоето име го славевме секогаш.
9 А сега нè отфрли и нè засрами, и повеќе не излегуваш, Боже со нашите чети.
10 Ти остави да се повлечеме пред непријателите, и нè ограбија нашите мразители.
11 Нè даде како овци за колење, и нè растури меѓу народите.
12 Го продаде Својот народ за ништо, и не се збогати со продажбата.
13 Нè направи за срам меѓу нашите соседи, смеа и играчка за оние околу нас.
14 Засрамени сме меѓу народите, народите кимнуваат со главата над нас.
15 Мојата срамота секогаш ми е пред очите, и срамот ми го покрива лицето.
16 Заради навредливата врева на подбивачите, заради осветољубивите непријатели.
17 Сè тоа нè снајде иако не Те заборавивме, ниту го изневеривме Твојот Завет,
18 ниту нашето срце се одметна од Тебе, ниту нашата нога се отстрани од Твојот пат,
19 кога нè раздроби во престојувалиштето на шакалите и нè завитка со смртен мрак.
20 Ако го заборавиме името на нашиот Бог, ако ги кренавме рацете кон туѓ бог,
21 зар Бог не би научил за тоа? Зашто Тој ги знае тајните на срцето!
22 Но заради Тебе нè убиваат ден по ден, и ние сме им како овци за колење.
23 Разбуди се! Зошто спиеш Господи? Стани! Не отфрлај нè довека!
24 Зошто го криеш Своето лице, ги забораваш нашата беда и неволја?
25 Зашто нашата душа се распадна во прав, утробата ни се долепи до земјата.
26 Стани, помогни ни, избави нè заради Твојата љубов.
Псалм 45
1 За началникот на пејачите. На Шошан. Поука за Кореевите синови. Љубовна песна. Прекрасни зборови извираат од моето срце: својата песна му ја пејам на царот, јазикот ми е како трска на брзописецот.
2 Убав си, најкрасен меѓу човечките синови, милина ти се разлева по усните, заради тоа Бог нека те благослови довека.
3 Препаши меч на своето бедро, јунаку, наметни се со сјај и величество!
4 Јавни победнички во своето величие, заради вистината, кротоста и правдата, Твојата десница нека научува страшни нешта!
5 Остри се Твоите стрели, народи паѓаат пред Тебе, и царските непријатели ги напушта храброста.
6 Твојот престол, Боже, е до вечни векови, и праведен жезал – е жезал на Твоето Царство!
7 Ти ја љубиш правдата, а го мразиш беззаконието, заради тоа, Господ, Твојот Бог, Тебе Те помаза со масло на радоста, како никого од Твоите другари.
8 На смирна, алој и касија мирисаат твоите облеки, од дворците, од слонова коска, Те веселат псалтири.
9 Царските ќерки се меѓу твоите почесни, оддесно ти е царицата во офирско злато.
10 „Слушај ќерко, погледај, прислушни: заборави го својот народ и домот на татка си!
11 Ако ја посака царот твојата убавина, поклони му се скромно, зашто тој е твој господар.
12 Тирската ќерка доаѓа со дар, народните првенци ја бараат твојата наклонетост.”
13 Целата слава на царската ќерка е внатре, нејзините облеки се везени со злато.
14 Ја доведуваат при царот во облека со шарен вез, придружба и се девици – нејзините другарки.
15 Со веселба и радост ги доведуваат, влегуваат во царскиот дворец.
16 Твоите синови ќе ги наследат твоите татковци, ќе ги поставиш за кнезови на целата земја.
17 Од колено на колено ќе го навестуваат Твоето име, народите ќе Те фалат во вечни векови.
Псалм 46
1 За началникот на пејачите. За Кореевите синови. Песна за Аламот. Господ ни е засолниште и тврдина, секогаш проверен помошник во неволја.
2 Затоа не се плашиме кога земјата се лулее, кога бреговите се рушат во морето.
3 Нека бучат и беснеат морските бранови, нека треперат планините од нивната жестокост:
4 Реката и нејзините струи го веселат Божјиот Град, пресветиот шатор на Сèвишниот.
5 Бог е сред него, нема да се разлулее; Бог му помага од првите мугри.
6 И да беснеат народите, и да се распаѓаат царствата, штом Неговиот глас загрми, земјата се растопува:
7 Господ на Воинствата е со нас, Јакововиот Бог е наша тврдина!
8 Дојдете, видете ги Господовите дела, какви чуда Тој направи на земјата:
9 Ги прекрати војните до крајот на земјата, ги крши лаковите и ги ломи копјата, ги изгорува колите со оган.
10 Молкнете и знајте дека Јас Сум Бог, возвишен над народите, возвишен над целата земја.
11 Господ на Воинствата е со нас, Јакововиот Бог е наша тврдина!
Псалм 47
1 За началникот на пејачите. За Кореевите синови. Псалм. Ракоплескајте сите народи, воскликнувајте Му на Бога со радосен глас.
2 Зашто тоа е Господ – Сèвишен, страшен, Велик Цар на целата земја.
3 Народите ни ги покори, ги стави народите под наши нозе,
4 ни го избра наследството – славата на Јакова, кого го возљуби.
5 Бог влегува, со воскликнување, Господ – со трубни звуци.
6 Пејте Му на Бога, пејте Му, пејте Му на нашиот Цар, пејте Му!
7 Зашто Тој е Цар на целата земја, пејте Му на Бога песни фалбени!
8 Бог царува над народите, Бог седи на Својот свет престол.
9 Народните првенци се прибраа како народот на Авраамовиот Бог. Божји се сите властодржци на земјата, Тој е возвишен над сите нив.
Псалм 48
1 Песна. Псалм за Кореевите синови. Господ е величествен, предостоен за фала, во градот на нашиот Бог, Неговата Света Гора.
2 Величествениот рид, е радост на целата земја. Планината Сион на крајниот север, е град на великиот Цар.
3 Бог во нејзините дворци, се покажа како цврста тврдина.
4 Зашто, ете, царевите се сложија, нападнаа заеднички.
5 Штом видоа, се зачудија, и збунети почнаа да бегаат.
6 Таму ги опфати трепет, како болки на родилка,
7 како кога источниот ветер, ги крши тарсиските бродови.
8 Што чувме, сега гледаме: градот на Господа на Воинствата, градот на нашиот – Бог Бог го зацврстува довека.
9 Си спомнуваме Боже, за Твојата благост, среде Твојот Храм.
10 Како Твоето име, Боже, така и Твојата слава стигнуваат до крајот на земјата. Твојата десница е полна со правда.
11 Нека се весели Сионската Гора, нека се радуваат Јудините ќерки заради Твоите судови!
12 Обиколете го Сион и поминете преку него, пребројте ги неговите стражарници!
13 Погледајте ги добро неговите утврдувања; разгледајте ги неговите дворци: за да им раскажувате на идните поколенија;
14 Таков е Бог, нашиот Бог засекогаш и довека! Тој ќе не раководи дури до смрт!
Псалм 49
1 За началникот на пејачи. За Кореевите синови. Псалм. Слушајте го ова, сите народи, чујте, сите жители на земјата,
2 вие, деца на народот, и вие високо поставени, богати и бедни заедно!
3 Мојата уста ќе зборува мудрост, и моето срце разумни мисли.
4 Ќе го наведнам увото кон поучна приказна, ќе ја изнесам својата гатанка со китара.
5 Зошто да се палашам во несреќни денови, кога ме опкружи злобата на предавниците,
6 кои се надеваат на својот имот и се фалат со големо богатство?
7 Човек не може никако да го откупи брата си, ниту да му даде на Бога откупнина:
8 цената на животот е превисока и никогаш не ќе ја плати,
9 за да може да живее довека и да не ја види гробната јама.
10 Зашто, и мудрите умираат, гинат и лудиот и безумниот; своите богатства им ги оставаат на други.
11 Во себе мислат; нивните куќи ќе останат засекогаш, нивните станови од колено до колено, иако ги наречуваат земјите со свои имиња.
12 Но човекот со сета своја слава не ќе трае. Сличен е на животните што гинат.
13 Таков е патот на оние што се надеваат напразно, таков е крајот на оние што уживаат во своите зборови.
14 Како стада се збираат во Подземјето, смртта им е пастир; а добрите ќе владеат над нив во утрото. Нивниот облик ќе биде уништен, Подземјето ќе им биде живеалиште.
15 А мојата душа Бог ќе ја истрга од кан?ите на Подземјето и ќе ме прими милостиво.
16 Не бој се ако некој се обогати, и ако се зголеми имотот на неговиот дом:
17 кога ќе умре, ништо не ќе земе со себеси и неговото благо нема да слезе со него.
18 Ако се сметаше за среќен во животот, ќе се зборува дека ти беше добро!
19 И тој ќе дојде во собранието на своите татковци, каде не ќе ја види повеќе светлината.
20 Човекот кој живее неразумно, сличен е на животните што гинат.
Псалм 50
1 За началникот на пејачи. За Кореевите синови. Псалм. Слушајте го ова, сите народи, чујте, сите жители на земјата,
2 вие, деца на народот, и вие високо поставени, богати и бедни заедно!
3 Мојата уста ќе зборува мудрост, и моето срце разумни мисли.
4 Ќе го наведнам увото кон поучна приказна, ќе ја изнесам својата гатанка со китара.
5 Зошто да се палашам во несреќни денови, кога ме опкружи злобата на предавниците,
6 кои се надеваат на својот имот и се фалат со големо богатство?
7 Човек не може никако да го откупи брата си, ниту да му даде на Бога откупнина:
8 цената на животот е превисока и никогаш не ќе ја плати,
9 за да може да живее довека и да не ја види гробната јама.
10 Зашто, и мудрите умираат, гинат и лудиот и безумниот; своите богатства им ги оставаат на други.
11 Во себе мислат; нивните куќи ќе останат засекогаш, нивните станови од колено до колено, иако ги наречуваат земјите со свои имиња.
12 Но човекот со сета своја слава не ќе трае. Сличен е на животните што гинат.
13 Таков е патот на оние што се надеваат напразно, таков е крајот на оние што уживаат во своите зборови.
14 Како стада се збираат во Подземјето, смртта им е пастир; а добрите ќе владеат над нив во утрото. Нивниот облик ќе биде уништен, Подземјето ќе им биде живеалиште.
15 А мојата душа Бог ќе ја истрга од кан?ите на Подземјето и ќе ме прими милостиво.
16 Не бој се ако некој се обогати, и ако се зголеми имотот на неговиот дом:
17 кога ќе умре, ништо не ќе земе со себеси и неговото благо нема да слезе со него.
18 Ако се сметаше за среќен во животот, ќе се зборува дека ти беше добро!
19 И тој ќе дојде во собранието на своите татковци, каде не ќе ја види повеќе светлината.
20 Човекот кој живее неразумно, сличен е на животните што гинат.

This entry was posted in Псалми. Bookmark the permalink.

Comments are closed.