МОЛЕТЕ СЕ И ЧИТАЈТЕ ГО СВЕТОТО ПИСМО

ПРАВОСЛАВНИ СОВЕТИ

Читајте го Светото Писмо зошто во него ќе го најдете животот вечен. Нашиот Господ Исус Христос,нашиот Владика и Творецот на ангелите и сите умни и чувствителни твари, поттикнат од големата Своја милост, добрина и љубов кои ги има кон нашиот род, ни ја дарува секоја зора за да Го славиме. Го читавме светото Евангелие, се помазавме со масло за да ни биде на корист и за Господ да ни се смилува заради молитвите на Владичицата наша Богородица и секогаш Дева Марија и сите Свети, да ни ги прости нашите гревови и да не удостои со Царството небесно, да се радуваме и да ги славиме Светата Троица.
Во дамнешни времиња беше еден човек по име Мојсеј. Тој од своето детство примал два дара од Бога во своето срце:љубов кон Бога и љубов кон своите брака. И ние благочестиви христијани треба да ги имаме овие две љубови, а тоа е и заповедта Господова: “Тоа е заповед да се сакате еден со друг како што и јас ве сакам вас”. Слушате ли, браќа мои, што Господ ни кажува: “Како што јас бев навредуван, биен, гладен и жеден, се распнав од љубов кон вас за да ве ослободам од рацете на ѓаволот, така и вие треба да го љубите Бога и своите браќа и да го дадете својот живот од љубов кон Бога и братот свој. Совршена љубов е да ги продадеш сите свои работи и да се продадеш во робови и се што добиеш да дадеш за милосрдие.
На исток беше еден владика од чија епархија одвеле во ропство сто луѓе, тој ги продал сите свои работи и ги откупил од ропството. Мегутоа, едно дете на една вдовица остана роб. Што тогаш стори владиката? Се избричи и отиде кај сопственикот кој го имаше детето и го замоли да го пушти, а него да го задржи за роб и така се случи. Поминал големи маки се додека Бог, заради неговото трпение и љубов, му дарува да прави чуда по кои го ослободуваат од ропство и тој повторно се врака во достоинството на архиереј. Таква љубов бара Бог од нас.
Дали меѓу нас има некој кој поседува таква љубов? Не! Немој себе да се продадеш во ропство, но продај ги работите свои и она што ке го добиеш, раздели го на оние што немаат. Не можеш такво нешто да направиш? Тогаш, дај половина или третина, или четвртина, но не можеш дури ни тоа да го направиш. Тогаш немој да го земаш лебот од својот брат и немој да го озборуваш. Како мислите, браќа, да се спасиме? Едно ни се чини тешко, а друго горко. Бог е милостив, но и праведен и има жезол железен, значи, ако сакаме да се спасиме треба да имаме љубов кон Бога и своите браќа.
Мојсеј постеше четриесет дена и светеше како ангел. Така и ние треба да постиме во среда зошто тогаш беше продаден нашиот Господ и петок зошто тогаш Го распнаа. Како што Мојсеј се учел на писменост така и ние треба да го изучуваме законот Божји. Ако нашите родители не учеле, треба да се учат нашите деца. Зарем не гледате дека нашиот народ подивел од необразованост и станал како животно? Затоа ве советувам да направите училишта и таму да го изучувате Евангелието и останатите свети книги.
Ја виде седобриот Бог неговата добра волја и го удостои да биде цар четириесет години на еврејскиот народ и го удостои да стане пророк. Што значи зборот пророк? Оној на кој се откриваат минатите и идните времиња. Така и ние, брака, кога правиме добри дела ,а немаме љубов и исполнети сме со омраза, тогаш немаме место кај Бога, но заедно сме со ѓаволот и заедно со него гориме во вечниот пекол.
Во дамнешните времиња злобниот ѓавол ги покажа сите свои злоби и ги раздвижуваше луѓето да се гордеат, да убиваат, да прават блуд, да прават работи кои не ги правеа дури ни неразумните животни, а најлошо од се да се поклонуваат на сонцето како на Бог, или на месечината, звездите или морето. И кога Бог одлучи да направи потоп и да го уништи светот, му нареди на Ное да направи кораб на земјата за луѓето да го прашаат зошто тоа го прави и тој да им зборува дека Бог ќе го потопи светот, а тие ќе му се исмејуваат. И така Ное почна да го прави својот кораб. Го прашуваа луѓето зошто го право коработ, а Ное им одговараше дека Бог ќе го потопи целиот свет, а тие му се исмеваа и зборуваа дека е луд. Зборуваа и се прашуваа што е со Бога што сака да го уништи светот… Ное продолжи да ја работи својата работа и за сто години го заврши својот кораб. Во она време се нашле само осум луѓе: добриот Ное и неговата жена со синовите и нивните жени. Му нареди Бог на Ное да го обложи коработ со катран за да не влегува дожд, а потоа да ги внесе сите животни, машко и женско, чисти и нечисти. Кога влегоа сите со своите синови, снаи и животни, го затворија коработ, а луѓето надвор седеа јадејќи и пиејќи, сите правејќи ѓаволски дела. Тогаш Бог го отвори небото и почна да врне дожд и во потоци да паѓа на земјата. И повикаа луѓето кон Ное: “Ное, отвори ни и ние да влеземе во коработ”, на тоа Ное им одговори: “Каде бевте сто години додека ви зборував дека Бог ке ја уништи земјата? Што сега да ви правам? Во адот нема покајување.” Така се потопи целата земја и водата ги покри сите брда и се издавија сите луѓе освен Ное и неговото семејство. Од нив повторно се наполни целиот свет како што кажува и Христос во Евангелието. Како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и со појавата на Синот Човечки. Како што во деновите на Ное луѓето не веруваа, и го исмејуваа се додека не дојде гневот Божји и потопот ја прекри целата земја, исто така, мои браќа христијани, и сега нема да веруваат луѓето. Зборовите кои ви ги зборувам не се мои, туку од Светиот Дух, а кој сака нека верува. Јас мојата обврска ја направив.
Страдав од една измама, браќа мои. Кога бев млад, зборував: “Сега нека грешам, а кога ќе остарам ќе се покајам и ќе правам добри дела и така ќе се спасам”. Сега остарев и гревот во мене остави длабоки корени и не можам сега да правам ниту едно добро дело. Внимавајте и вие да не настрадате од истата грешка, туку сега, додека уште имате време, правете добри дела и спасувајте се.
Триста години по воскресението Христово, Бог ни го испрати Свети Константин кој го утврди христијанското царство и христијаните го имаа тоа царство 1150 години. После тоа ги испрати Турците и тие ни владееја 400 години – за наше добро. Зошто Бог ги донесе Турците, а не некој друг народ? За наше добро зошто другите само ќе наштетеа на нашата вера, а на Турчинот дај му колку бара и прави што сакаш.
Господ кој сака да не сочува од зло, ни даде една мудрост која доколку ја сочуваме ќе не спаси. Која е таа мудрост? Што не сакаш да ти прават, не прави и ти на други. Како што не сакаш другите да те озборуваат и клеветат, немој ни ти другите. Сега ве советувам и големите и малите сите да направите по една бројаница и да ја држите во својата лева рака, а со десната да се прекрстите и да зборувате: Господи Исусе Христе, Сине Божји и Слово на Живиот Бог, заради молитвите на Богородица и сите Свети, помилуј ме мене грешниот и недостојниот слуга свој. Себлагиот Бог ни го дарува Чесниот Крст со кој ги благословуваме пресветите Тајни, да со Крстот го отвориме рајот и да ги гониме демоните, но треба да имаме раце чисти од грев. Тогаш ѓаволот се ужаснува и бега. Браќа мои, кога јадете и пиете не заборавете дека е добро и свето секогаш да се молите во зора, навечер и на полноќ. Послушајте браќа како треба да се крстите и што значи кога се крстите. Прво, како што Светата Троица се слават на небесата од ангелите, така и ти да ги собереш своите три прсти од десната рака и како да се вознесуваш на небото се поклонуваш ставајќи ја раката на главата (зошто главата го претставува небото) и велиш: Како што и ангелите на небото ги слават Светата Троица, така и јас како слуга ги славам и се поклонувам пред Светата Троица. Како што твоите три прста се одвоени, а сепак се заедно на раката, така се и трите Лица на Светата Троица – но еден Бог. Спуштајки ја раката на стомакот кажуваш: Ти се поклонувам и Ти служам, Господи, зошто прифати да се воплотиш во утробата на Богородица заради нашите гревови. Потоа ја ставаш раката на десното рамо и кажуваш: Те молам Господи да ми ги простиш гревовите и да ме ставиш на десната страна, со Твоите праведни. Потоа ја ставаш раката на левото рамо и зборуваш: Те молам Господи да не ме ставиш на Твојата лева страна, со грешниците. Потоа се поклонуваш до земја и кажуваш: Те славам Боже мој и ти служам зошто како што ти се положи во гроб така и јас ке се положам. Потоа се подигаш и со тоа всушност претставуваш воскресение и велиш: Те славам и Ти се поклонувам Господи зошто воскресна од мртвите за да ни даруваш живот вечен. – Тоа значи крстот.

Молитвата лек против негативно размислување

Моќта на молитвата кај монахот кој се моли потполно е исклучена мозочната кора, што е забележано само кај децата на возраст до три месеци кои се сигурни во близина на својата мајка. Како што растат луѓето, чувството на сигурност се повеќе се намалува, а се зголемува мозочната активност. Активноста се смалува единствено за време на длабок сон и молитва, а тоа добро влијае на луѓето.

Молитвата е моќен лек не само за регулирање на сите процеси во човечкиот организам, туку ја обновува и уништената структура на свеста.

Повеќето болести се предизвикани од негативни ситуации и умно потенцирани проблеми кои за време на молитвата се повлекуваат или дури потполно исчезнуваат.Старите Отци докажале дека по Литургијата и другите верски обреди се нормализира крвниот притисок и другите вредности измерени во крвта.

Еден монах раскажува дека и звукот на ѕвоната ги убива вирусите, а светата вода ги менува своите својства на излекување зависно од степенот на верување на верниците што всушност е само додадок на теооријата за „помнење на водата“.

Молете се,исповедувајте се,причествувајте се зборувајте што повеќе и отворено без срам без лаги со својот духовник кои секако ќе ви го покаже правиот пат во верата и патот на вистината која е од Господа.

This entry was posted in Написи. Bookmark the permalink.

Comments are closed.